Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 54-годишник, во двор од куќа во Велес неовластено за продажба држел речиси 11 килограми опојна дрога опиум спакувана во повеќе помали пакувања. Дрогата му била пронајдена и одземена при ...

Синоќа во 21.30 часот на автопат А1 во близина на Граничен премин Богородица, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода З.В.(43) од Штип. Тој бил осуден на затворска казна во траење од седум години и две месеци за сторено кривично дело „разбојништво“, а бил баран по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Штип. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Штип за ...

Општина Ѓорче Петров и Македонската асоцијација за применета психологија – Симболикум (МАПП-Симболикум) потпишаа меморандум за соработка, кој ќе овозможи подобрување на менталната благосостојба на учениците. Целта на проектот, како што откри градоначалникот Александар Стојкоски, е создавање на систем за рано откривање на психолошките потреби на учениците, подобрување на нивната емоционална интелигенција и ментална отпорност (резилиентност), како ...

Холандските политичари реагираа на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе санкции против Меѓународниот кривичен суд, при што некои десничари побараа негово дислоцирање од земјата. Холандскиот министер за надворешни работи Каспар Велдкамп, најави дека Холандија жали за таквата одлука на Белата куќа. Холандскиот десничар Герт Вилдерс го поддржа Трамп за санкциите. Не може ли Меѓународниот кривичен суд да се пресели во Белгија ...

Продолжува период на стабилно и суво време, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. Кон средината на следната седмица се очекуваат локални врнежи, претежно од снег, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Утре по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најниската температура во текот на утрешниот ден се очекува да достигне минус ...

Вчера во 11.35 часот на улица „146“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Љ.(50) од Тетово поради основано сомнение дека на 01.02.2025 извршил кривично дело „тешка кражба“, при што од зграда во изградба, сопственост на Ф.Е.(50) од с. Милетино, тетовско, одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно ...

Генералниот секретар на ООН, Гутереш упати апел за мир во Конго откако бунтовниците поддржани од Руанда прогласија едностран прекин на огнот по заземањето на Гома. Владата на Конго негира дека уличните борби запреле. „Сакам да упатам посебен апел за мир. Илјадници луѓе се убиени, вклучувајќи жени и деца. Стотици илјади беа принудени да ги напуштат домовите во источниот дел на демократска република Конго. Хуманитарната ситуација во и околу Гома е ...

Сведокот Гоце Трајковски сакал да помогне да се најде Вања и затоа се јавил кај нејзиниот татко, со кого биле кумови, но долго време не комуницирале. На рочиштето за двојното убиство рече дека побарал од пријател кој имал допир со снимките од „сејф сити“ да му каже дали ја регистрирале некаде Вања и каде се движела. Добил одговор дека сите се чудат-како да е земена со хеликоптер. Сведокот посочи дека му бил сомнителен цитроенот кој бавно се ...

Експертската јавност согласна дека се потребни ригорозни казни во однос на сообраќајната деликвенција. Потребна е ефективна контрола и строги санкции, но пред сè функционален систем, рекоа говорниците на јавната расправа за безбедност во сообраќајот. Надежи има и во вклучувањето камери од безбеден град кога несовесните возачи во еден ден можат да добијат и по неколку казни. Забрзано се работи на мерките и казнивоста во сообраќајот, велат ...

Полупразни маркети, отсуството на редици на касите. Ваква беше сликата за вториот по ред најавен бојкот на маркетите поради високите цени. Минатиот петок по бојкотот, прометот во маркетите беше намален за речиси 50%. Едни се надеваат на уште подобар исход, други пак, не се големи оптимисти дека бојкотот ќе даде плод. Од Владата велат дека ги поддржуваат граѓаните, оти трговците си тераат по свое. Заменик-министерот за економија Марјан Ристески ...

Васил е психофизички здрав и во моментот на сообраќајката бил целосно пресметлив, вели неговиот адвокат Дуковски кој рече дека нема да се обидува на оваа карта да ја намали неговата одговорност за смртта на Фросина. Побара наместо на улица да му се суди во судница, без јавен линч. Вечерта пред несреќата, Васил го украл автомобилот на татка си за да оди на прослава и како што вели одбраната прв пат по 7 месеци пиел алкохол. Васил бил единствено ...

Со радост и насмевка, 29 велешки семејства од социјално ранливата категорија ги добија клучевите од новоизградената зграда. Не го криеја задоволството што од 40 апликанти, токму тие ќе се вселат во становите. Зградата е на пет ката, со површина на становите од 38 до 42 м2, инвестиција на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Започна да се гради во април 2021 година. Становите ги добија деца без родители или родителска ...

Повеќе од 240 дојави за поставени експлозивни направи ги вознемирија учениците во основните и средните училишта речиси на целата територија на Македонија. По итната евакуација на училиштата, брза интервенција и на МВР да провери сомнителни објекти. Некаде наставата беше прекината, а некаде продолжила откако заканите се покажале лажни. Директорка на основно училиште во Центар вели дека заканата стигнала преку стара е-пошта, а не службената ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарското прашање во врска со текот на реконструкцијата на студентските домови во Скопје, кои имаат значаен придонес за подобрување на студентскиот стандард, информираше дека во тек е реконструкција на два студентски дома, „Кузман Јосифовски-Питу“ и студентскиот дом „Стив Наумов“, за кои се очекува за година и половина од денеска или до 2026 година да ...

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа интерпелација за работата на 5-те членови на Судскиот совет кои ги избира Собранието. Побарана поддршка од сите опозициски партии. Неодамна владејачкото мнозинство не го прифати извештајот за работата на Судски за 2023. Европската Унија и јавноста постојано укажуваат на сериозни недостатоци во неговата работа во односот на независноста, транспарентноста и отчетноста, рече координаторот на пратеничката група на ...

Вчера во 16 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода З.К.(54) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, била пронајдена и одземена темно кафеава грутчеста материја, за која по извршеното вештачење во Одделот за форензички испитувања било утврдено дека е опиум со нето маса од 11 килограми. З.К. бил задржан во полициска станица, известен јавен ...

Советот на јавни обвинители едногласно ја отфрли жалбата на вишиот јавен обвинител Јован Цветановски против државниот обвинител Коцевски. Секој од осумте обвинители со свои аргументи образложил зошто не го поддржува колегата Цветановски во оваа фаза кога спрема него се води дисциплинска постапка, изјави за МТВ претседателката на советот Димитриеска. Цветаноски не ја добил одлуката, но вели разочаран е од постапките на советот кој го премолчил ...

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 34-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години, казниво според член 188 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 28.11.2024 година, во напуштен локал од градскиот трговски центар во Тетово, со употреба на сериозна закана со нож, насилно извршил полов однос со дете ...

Почина Игор Југ, осуденик за „27 април“ кој издржуваше 12-годишна затворска казна. Тој беше на прекин од издржување на казната поради влошената здравствена состојба. Осум години ги помина зад решетки. 54 годишниот Игор починал дома, на роденден на својата ќерка каде му се слошило и набргу починал. Во изминатиот период, Југ бараше слобода, со тврдење дека никој од осудените не е терорист ниту сторил терористичко загрозување на уставниот поредок и ...

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ поднесоа интерпелација за работата на петте членови на Судскиот совет, избрани од Собранието. Неодамна, мнозинството во законодавниот дом не го поддржа извештајот за работата на Судскиот совет за 2023-та, што како што велат од таму, е дополнителен показател дека се потребни реформи во судството. „Очекувавме дека досега, Судскиот совет сам ќе започне иницијатива за разгледување на извештајот. Имено член 100 ...

Управниот одбор на Заедница на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денеска ќе ја одржи 24 седница, на која на покана од ЗЕЛС ќе присуствува и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Како што соопштија од ЗЕЛС, во согласност со новиот Меморандум за соработка потпишан меѓу Владата на РСМ и ЗЕЛС (август, 2024 година) ќе се дискутира за натамошниот развојот на фискалната децентрализација во нашата земја, за можностите за јакнење ...

Најстудено утрово е на Попова Шапка со измерени -8 степени Целзиусови, а најтопло со 4 степени е во Гевгелија. Во Маврови Анови се измерени -5 степени, -4 Крушево, -3 Дебар, -2 степени во Крива Паланка, Охрид, Битола и Берово, -1 Претор, 0 Тетово, Прилеп и Виница, 2 степени во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Демир Капија, Струмица и Кавадарци и 3 степени во Скопје-Петровец и во Велес. Висината на снежната покривка во 7 часот на Попова Шапка е 30 ...

Во повеќе образовни установи во Скопје и во други градови во државата добиени се дојави за поставени експлозивни направи. МВР на терен, децата и наставниот кадар се евакуираа, се правеа проверки. Согласно досегашните активности, проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР. Оттаму велат дека надлежните служби преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на ...

Ремек-делото на класичната балетска уметност „Есмералда“ од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи, ќе се изведе вечер на сцената на Националната опера и балет со почеток во 20 часот, информираат од оваа установа. Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква“ од Виктор Иго, ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, во кореографија на реномираниот кореограф од ...

Светот и натаму го разбранува предлогот на Трамп за преселба на Палестинците и управување на Газа од страна на САД. „Имав историска средба со претседателот Трамп, што беше голема пресвртница за иднината на Израел. На оваа средба тој ја изнесе и својата идеја за Газа, за денот по Хамас. Мислам дека вреди добро да се слушне првата оригинална идеја што се покренува по години“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел. Државниот секретар Рубио ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска ...

Државниот секретар на САД вели дека е апсурдно да плаќаат давачки за транзит низ Панамскиот Канал, зона што се обврзани да ја заштитат во случај на конфликт. Изјавата следува откако претседателот на Панама, Мулино ги негираше тврдењата на Стејт Департментот дека е постигнат договор за бесплатен транзит на американските воени бродови низ преминот. „Имавме разговори и имаме очекувања што ги разјаснивме во тие разговори. Многу го почитувам тоа што ...

Преку електронскиот преглед на Платежната агенција земјоделците можат да ги добијат потребните податоци за поднесените барања за субвенции, односно за одобрување, исплатен износ и датум на исплата и измени и дополнувања на дадените податоци. За пристап кон пребарување на податоците потребно е да се внесе матичниот број за физичко лице или бројот на електронско барање за правниот субјект. Промени се очекуваат и кај авансирањето на субвенциите кои ...

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани престојува во работна посета на Атина, каде е предвидено да има средби со претставници на грчката Влада и Парламентот. Во рамките на посетата, министерот Муртезани, како што соопштија од МЕП, ќе се сретне со заменик-министерката за надворешни работи на Грција, амбасадорката Александра Пападопулу. Средбата претставува можност за размена на мислења по повеќе прашања, вклучително и за унапредување на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа ги посети полициските службеници кои учествуваат во обемната акција која МВР ја започна од вчера на силни сообраќајни акциски контроли низ главниот град. „Седумнаесет главни булевари и улици ќе се покриваат интензивно од страна на МВР во делот на сторени сообраќајни прекршоци од сите учесници во сообраќајот. Фокусирано сме булеварите бидејќи тие се црните точки каде најчести се случуваат ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.95
62%
1014
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
1.34
66%
1012
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
0.45
62%
1014
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
5.37
62%
1012
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
10.42
61%
1010
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 10ᴼ
0.99
76%
1014
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
4.92
51%
1010
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
3.13
67%
1013
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.19
54%
1013
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
3.58
83%
1006
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
2.24
67%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
8.24
76%
1008
Currency

61.53

Currency

55.1767

Currency

73.024

Currency

35.3694

Currency

39.4472

Currency

65.7987

Currency

7.64669

Currency

0.6798

Currency

0.3776

Currency

0.52479

Currency

1.41825

Currency

0.6438

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.49

Кобалт

42.99

Никел

15471.00

Рутениум

19869.16

Калај

33.08

Сребро

1035.04

Злато

102292.85

Бакар

9.30

Паладиум

30607.51

Платина

31331.12

Родиум

176025.34

Цинк

2.69