Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,40% во однос на одлуката од 22.04.2025 година. Од 29.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар), ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар), ...

Кардиналите во Ватикан на петта Генерална конгрегација по смртта на папата Франциск. На состанокот се утврдува датумот за почеток на конклавата, на која ќе се избира новиот папа. Според проценките таа би можела да почне на 5 или 6 мај, веднаш по завршувањето на деветте дена официјална жалост. Право на глас во конклавата имаат 135 кардинали кои се помлади од 80 години, од вкупно 252 колку што брои Колегиумот на кардинали. Поголемиот дел од ...

Изминатиов викенд полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, постапувајќи во делот на контролите на сообраќајот на патиштата низ земјава вкупно издадоа 1.570 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци повеќето по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, информираат од МВР. Притоа, заради непрописно паркирање издадени биле 216 платни налози, за возење со брзина поголема од дозволената 758 санкции, а пак по ...

Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18). Од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје денеска го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва ...

Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) денеска ќе го одбележи 28 Април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа и ќе го презентира Годишниот извештај за случени несреќи и повреди на работните места во 2024-та. Во парк во Аеродром, како и во минатите години, ќе бидат засадени дрвца во спомен на загинатите работници на работните места. Светскиот ден за безбедност и здравје при работа е востановен од Меѓународната ...

„Криминалните структури и ѓубрето во фудбалот целосно ќе бидат исчистени“, соопшти вечерва Фудбалската федерација на Македонија, откако ФК Гостивар го напушти теренот на натпреварот против Работнички во рамки на 29 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), следејќи го примерот на Воска која во минатото коло се повлече од теренот на дуелот против Вардар. „Очигледно е дека последните одлуки на Управниот одбор на ФФМ во кои јасно беше ...

Во Канада се одржуваат вонредни парламентарни избори, а анкетите покажуваат дека либералната партија на новоизбраниот премиер Марк Карни има мала предност пред конзервативците на чело со Пјер Полиев. Изборите беа распишани од Карни како итна потреба од силен мандат за да се спротивстави, како што тврди, на директната закана од американскиот Трамп. Односите меѓу Канада и САД нагло се влошија откако Трамп воведе царини за канадски стоки и предложи ...

Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштуваат од АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...

Шефот на Белата куќа вели дека украинскиот претседател сака да склучи мировен договор со Русија. Трамп тврди оти Зеленски побарал повеќе оружје и подготвен е да се откаже од Крим. Изрази разочарување во однос на руските напади врз Украина по дискусиите. Изјавата следува по историската средба за време на погребот на папата Франциск. Претходно, државниот секретар Рубио рече дека неделава ќе биде многу критична во обидот да се стави крај на ...

Прекинот на огнот во Газа се соочува со пречки, но напорите продолжуваат, изјави премиерот на Катар. Хамас во саботата соопшти дека испратил делегација на високо ниво во Каиро за да се обиде да го врати на вистинскиот пат примирјето. „Хамас е подготвен да ги врати сите заложници во замена за број на затвореници, но со услови што веројатно Израел не ги прифаќа, а Израел се фокусира на заложниците без јасен крај на војната. Затоа, кога немате ...

24 години од масакрот на припадниците на безбедносните сили во Вејце. Се случи на 28 април 2001 година за време на воениот конфликт во земјата, помеѓу селата Селце и Вејце на Шар планина во месноста Брезовица. Убиени беа четири припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ОВР Битола, Роберт Петковски, Игор Костески, Миле Јаневски, Бобан Трајковски, Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Бошко Најдовски и Кире Костадиновски. Во нападот беа ...

Во законодавниот дом денеска ќе се одржат 22 и 27 седница на Комисијата за прашања на избори и именувања. На продолжението на 22 седница на Комисијата на дневен ред се останати утврдување Предлог – одлука за именување на член на Комисијата за заштита на конкуренцијата, утврдување Предлог за избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, утврдување Предлог – одлука за разрешување и именување на претседател и ...

Во скопскиот Кривичен суд ново рочиште за убиствата на Вања и на Панче. На минатото судење сведочеше обвинетиот Љупчо Палевски. Денеска треба да продолжи со вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на другите обвинети. Во процесот против мене Обвинителството користи лажни сведоци, тврдеше првообвинетиот за двојното убиството Палевски. Рече дека критичниот ден бил во партиското седиште, снимал поткаст, и комуницирал на социјалните мрежи. ...

Уште Мартин и Борис останаа на лекување во болницата „Чам и Сакура“ во Истанбул. Тие се во стабилна состојба и закрепнуваат по повредите со кои се здобиле во пожарот во кочанската дискотека. Во истата болница биле хоспитализирани уште четворица млади кои излекувани се вратени во Македонија. И покрај сериозните повреди коишто ги имале лекарите успеале да ги спасат. Министерот Таравари ги посети пациентите, се сретна со родителите на двете ...

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ каде рано утрово во тешка сообраќајна несреќа загина 16-годишен возач на мотоцикл. Според првичните сознанија по увидот, 16-годишникот управувал без возачка дозвола и заштитна кацига, како и со брзина поголема од дозволената. На критичната локација, не успеал да избегне електричен тротинет со кој по коловозот ...

Вчера, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово и полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кратово ги лишиле од слобода А.М.(38) од Куманово, А.Р.(49) од село Ваксинце, општина Липково и З.Л.(60) од с. Страцин, кратовско, соопштија од МВР. При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници констатирале дека кај А.М., кој управувал патничко ...

Прилепските еко-активисти наредниов месец преку апликација на телефоните ќе ги детектираат дивите депонии во околината на Прилеп. Ќе се создаде база на податоци да реагираат надлежните институции и овластени фирми. Ова ќе биде прв пример вештачката интелигенција да помогне во справувањето со отпадот. Во Прилеп годишно се создаваат преку 30.000 тони отпад. Од инспекторатот велат дека работат по дојава. Во земјава секој граѓанин годишно создава ...

Со продажбата на уметнички дела преку аукција, собрани се над 30.000 евра од вчерашната хуманитарна акција организирана од „supportkocani“. Парите се наменети за повредените лица, од кои дел сè уште се на лекување. На наддавањето учествуваше и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, 50 политичари, многубројни бизнисмени, граѓани. Автор на најскапото дело кое беше продадено е на Михаил Корубин кое од почетна цена 120.000 денари достигна до ...

Најголем проблем за велешани е непрописното паркирање на возилата во Велес. Ги има по тротоарите, јавните површини. Лани од 8.200 прекршочни налози, кои сообраќајната полиција ги напишала поради сообраќајни прекршоци во велешко, 1.272 биле за грешно паркирани. Граѓаните се лути, затоа што наместо по тротоарите се движат по улица и не се чувствуваат безбедно. Но недостигот на пајак службата во Велес, ја ограничува работата на надлежните служби. ...

Жртви и повредени во канадски Ванкувер откако возач влета во толпа на фестивал на филипинската заедница. Полицијата соопшти дека маж од Ванкувер на околу 30 години е приведен. Очевидци велат дека виделе црн автомобил како неконтролирано се движи по улицата каде што во моментот имало стотици луѓе. Властите потврдија дека мажот и бил познат на полицијата. Истрагата е во тек и ја води одделот за криминал на полицијата во Ванкувер, која тврди дека ...

Шесто колено по ред Неџип Сефедини од село Трново со своето семејство ја негува традицијата за живот во потпелистерието. Неговите деца да живеат во здрава животна средина е клучната одлука да остане во рурална средина. Но, во селото се потребни итни промени за да не заминат сите млади. На Пеце Пановски, староседелец во селото децата одамна се иселиле. Причината е неурбанизацијата. Седумдесет проценти од младите заминале во Европските и во ...

Од денеска гробницата на папата Франциск во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим е отворена за верниците, соопшти Ватикан. Папата, кој почина на 88-годишна возраст на 21 април од мозочен удар, беше погребан вчера. На мисата во Светата Столица присуствуваа околу 250.000 луѓе, како и 170 странски делегации. Меѓу нив шефови на држави и влади, поранешни државници, политичари. Процесот за избор на новиот папа се очекува да почне по петти мај. ...

Десетици загинати и стотици повредени во силната експлозија и пожар во пристаниште во јужен Иран. Се стравува дека бројот на жртвите и натаму ќе расте, бидејќи многумина сè уште се заробени под урнатините. Се претпоставува дека причина за експлозијата е пратка со хемиски состојки што се користат за производство на ракетно гориво. Во гаснењето на пожарот во пристаништето Шахид Раџаи се вклучени хеликоптери и авиони. Експлозијата предизвикала и ...

Македонските граѓани сметаат дека најважниот проблем со кој се соочува земјава се економските фактори, нивото на приходи на граѓаните и растот на цените, покажа истражувањето на мкд.мк. Првпат во истражувањата криминалот и корупцијата се на второто место, веднаш зад нив е загадувањето на животната средина, а како голем проблем граѓаните ја посочуваат и состојбата во здравствениот систем. Во однос на лидерите на политичките партии, Христијан ...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун присуствуваше на церемонијата на лансирање на нов повеќенаменски разорувач. Воениот брод од 5.000 тони е опремен со најмоќно оружје и изграден е во рок од околу 400 дена. Новото моќно оружје ќе биде предадено на морнарицата и ќе влезе во служба на почетокот на следната година. „Безбедносната средина во нашата земја во моментов е многу сериозна“ истакна Ким и рече дека САД редовно распоредуваат стратешки ...

Куса средба во Ватикан на Трамп и Зеленски пред погребната церемонија на папата Франциск. Од Белата куќа велат, американскиот и украинскиот претседател имале многу продуктивен разговор. Трамп и Зеленски во Рим се сретнаа и со францускиот претседател Макрон и со британскиот премиер Стармер. Во меѓувреме рускиот претседател Путин објави дека украинските сили целосно се повлекле од Курск. По средбата на американскиот специјален претставник Виткоф ...

Вчера во 03.25 часот на ул. „7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.М.(28) од Прилеп, информираат од МВР. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му ...

Во Македонија застапеноста на жените во енергетиката не е на задоволително ниво. Тие сè уште се борат да ги разбијат оние стереотипи и традиционалните предрасуди дека енергетиката е машки сектор. Помала е вклученоста на жени во класичната енергетика, додека во новите сектори како обновливи извори, енергетска ефикасност и енергетски системи, жените се застапени со 32% на глобално ниво. За да има повеќе жени во енергетиката, од огромно значење е ...

Семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани излегоа на мирен протест, бараат правда за своите најмили кои загинаа во пожарот во кочанската дискотека и забрзување на постапките од страна на надлежните институции за брза и правична разрешница. Протестниот маршот го почнаа од Паркот на Револуцијата, се движеа кон Трговскиот центар, потоа кон Општина Кочани, каде беше изразен револтот кон институционалното работење, продолжија кон МВР. ...

Прилепскиот тутунопроизводител, Ристо Џамбазов, за десетина дена ќе го почне садењето на тутунот од годинашнава реколта. Лани произвел пет тони тутун и останува со производството на оваа извозна индустриска култура. Тутунарите ги добија и парите од субвенциите. На 14.500 производители им се исплатени близу 40 милиона евра за ланскиот род од 24.000 тони. Годинава се очекува зголемено производство на 27.000 тони тутун. Министерството распределува ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
51%
1016
weather icon

Белград

18ᴼ / 16ᴼ
2.68
69%
1016
weather icon

Загреб

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
83%
1018
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
51%
1016
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
6.84
39%
1013
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.51
96%
1017
weather icon

Атина

28ᴼ / 24ᴼ
3.09
55%
1009
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
77%
1013
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
53%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.12
65%
1012
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 13ᴼ
3.09
65%
1016
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
4.12
73%
1010
Currency

61.54

Currency

53.049

Currency

71.161

Currency

34.0967

Currency

38.3343

Currency

66.1638

Currency

7.40106

Currency

0.66042

Currency

0.36117

Currency

0.53051

Currency

1.29588

Currency

0.60762