На 01.10.2024 во 14.10 часот во с.Церово, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.С.(29) од с.Церово, информираат од МВР. -Тој бил пријавен од малолетничка од Тетово дека на социјални мрежи креирал неколку профили на нејзино име на кои поставил слики од малолетничката, кои без нејзина дозвола ги одзел од нејзиниот профил од една социјална мрежа, а потоа од неа барал да имаат сексуални односи доколку сака да бидат ...

И по пет дена од случајот на труењето со храна на учениците во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски” во Аеродром остануваат отворени многу прашања од граѓаните. Општина Аеродром официјално молчи. Освен информациите дека е извршена вонредна инспекциска контрола од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје – Скопје, дека се земени брисеви од ...

Вкупно 43 лица се хоспитализирани по пожарот во зграда во Чаир што избувна утрово. На Клиниката за токсикологија биле примени 31 пациент, од кои пет се задржани на болничко лекување. На Детската клиника биле примени 12 деца, од кои две се задржани на лекување. Сите пациенти се во стабилна состојба. Како што информира за МИА директорот на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев, таму денеска имало 31 пациент од кои пет се задржани на болничко ...

Поставена е лаќна Дневна карта за паркирање на ЈП Паркинзи на Општина Центар, информираат од претријатието. -Денес пријавена е поставена лажна Дневна Паркинг Карта (ДПК) при која се злоупотребени дизајнот и логото на ЈП Паркинзи на Општина Центар. На неа стои QR код кој треба да се скенира и да се изврши онлајн уплата за истата, а истиот води кон веб-адреса која нема поврзаност со ЈП ПОЦ и е со цел преку измама да се извлечат парични средства. ...

Според податоците на „Евростат” за 2023 година, младите во Европската Унија го напуштаат домот на своите родители на возраст, во просек – од 26,3 години. Просечната возраст се разликува меѓу државите-членки поединечно. Највисока просечна возраст е забележана во Хрватска. Во оваа балканска земја младите во просек остануваат со своите родители до 31,8 години. По Хрватска, висока просечна возраст е забележана и во Словачка (31 година), Грција ...

Со нова пешачка патека ќе се поврзуваат штипските приградски населби Балканска и Чардаклија. Како што истакна градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, активностите за изградба на патеката веќе се започнати а истата ќе се работи во две фази. Во наредниот месец се очекува да завршат градежните активности, патеката да биде поплочена со павер елементи, но и целосно осветлена. Тој најави дека ќе се работи и на локалниот пат од населба Баби до ...

Израелскиот министерот за надворешни работи, Израел Кац изјави дека на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш му е забранет пристапот во земјата поради, како што тој смета, неговата антиизраелска пристрасност. Кац рече дека го прогласил Гутереш за „персона нон грата“ во Израел. „Секој кој не може недвосмислено да го осуди грозоморниот напад на Иран врз Израел, како што тоа го направи речиси секоја земја во светот, не ...

Германскиот туроператор „Ер-ес-де“ ќе донесе 35.000 туристи следната година во земјава, почнувајќи од февруари. Како што најави денеска на заедничката прес-конференција со сопственикот на германската компанија Кристијан Франк, премиерот Хрисстијан Мицкоски истакна дека тоа за земјава ќе значи дополнителни 30 милиони евра директни трошења на овие гости кај нас, што заедно со сместувањето, транспортот и останатите трошоци, би можело да се дојде до ...

Поради вдишување на чад од пожарот во Чаир до 06:30 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување помош се јавиле неколку лица, од кои еден пожарникар и еден полициски службеник, информираат од Министерството за внатрешни работи. Оттаму дополнуваат дека во 06.30 часот од кровот на зградата биле симнати повеќе станари и ниту еден нив немал повреди. – На 02.10.2024 во 01:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар ...

Тоа што Владата ги остави децата со попреченост учебната година да ја започнат без образовни асистенти, изгледа како да не беше доволно. Околу 700 лични асистенти кои опслужуваат 1400 лица со попреченост, веќе неколку месеци не земале паричен надоместок. Поради ова, доколку заостанатите средства не се исплатат до петок, најавен е протест в сабота, се вели во соопштението од Левица. -Десничарскиот прагматизам од партиите на олигархијата уште ...

Голем пожар утрово избувнал во зграда во скопската населба Чаир. Според информациите на ЦУК, еден пожарникар бил однесен на Токсикологија поради големо количество вдишан чад. Од Центарот за управување со кризи пренесуваат дека според информациите на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје во периодот од 01:50 часот гаснеле запален магацин на неутврдена површина на улица „Прохор Пчински“ во Скопје. – Интервенцијата ја извршувале со 7 ...

Утрово од Обвинителството во Куманово до адвокатот Христијан Георгиевски стасало обвинението за двојното убиство во Кратово, кое се случи пред неколку месеци, а во кое тој ја застапува обвинетата. Обвинителството, вели Георгиевски, дало правна квалификација и тоа двојно убиство со умисла. -Ние како одбрана со тоа не се согласуваме и веќе составуваме приговор, сметајќи дека во конкретниот случај станува збор за истовремен противправен напад, кој ...

Жена од Македонија била на сезонска работа во Хрватска, каде се породила и веднаш по породувањето дала изјава дека не сака да го земе детето со неа во Македонија, бидејќи веќе имала доволно деца. По осум дена од раѓањето бебето било дадено во згрижувачко семејство во Хрватска. Вака ја започнува приказната хрватската телевизија Нова, во емисијата „Провјерено“, за македонската државјанка и нејзиното бебе, како и за згрижувачкото семејство, кое, ...

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот свесно ги повредил законските прописи при именување вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Радолишта. Иако Законот за основно образование предвидува дека вршител на должноста директор се избира ...

Папата Франциск вчера водеше молитвена миса во која побара прошка за пропустите на Католичката црква, вклучувајќи го и третманот на свештенството кон жените и жртвите на сексуална злоупотреба, додека католички водачи се подготвуваат за едномесечниот синод во Ватикан. На церемонијата во базиликата Свети Петар, сведочеше и жртва на злоставување која пред стотици бискупи рече дека скандалите со злоупотреба „ја разнишаа верата на милиони и го ...

Времето денеска ќе биде студено во текот на утрото, а преку ден сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната од 19 до 25 степени. Во Скопје утрото посвежо, а преку денот претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 25 степени. Според УХМР, во четврток ...

Скопје е градот кој ќе пречека 5000 љубители на танцот од најразлични страни на светот, кои ќе бидат дел од IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024. Од 9 до 17 октомври, очите на хип-хоп светот ќе бидат вперени во Македонија, која за првпат е домаќин да едно вакво големо и интернационално шоу. Љубителите на на хип-хоп културата, во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ ќе имаат можност да ги следат натпреварите во дисциплините ...

Фудбалерот на саудискиот клуб Ал Наср, Кристијано Роналдо, кој го постигна својот 904-ти гол на натпреварот против Ал Рајан, изјави дека во иднина не го интересираат личните најдобри резултати, објави денеска францускиот спортски весник Л’Екип. Роналдо во понеделникот постигна еден од двата гола против Ал Рајан во азиската Лига на шампиони. Португалскиот фудбалер, кој е петкратен добитник на Златната топка, изјави дека сега само сака да биде ...

Ребел Вилсон се ожени со Рамона Агрум минатиот викенд. Ребел и Рамона првиот заеднички одмор го поминале во Италија, па таму се одржала и свадбата, пренесува индекс.хр. Објавени се фотографии од свадбата на Сардинија. Девојките блескале во венчаници. Свадбата се одржала во кругот на најблиското семејство и пријателите. Нивната врска стана позната во јуни 2022 година кога Ребел објави нивна фотографија со натпис: „Мислев дека барам принц на ...

Покрај сето она што го поседува во имотната книшка, Саша Поповиќ минатата година ги шокираше сите со најавата за купување на гробно место и тоа на конкретен датум – неговиот роденден. -Не славам, бидејќи повеќе не славам педесетти. Последен пат славев кога имав 50 години. Сега ова е најтажниот ден за мене, бидејќи секоја година на 24 април сум една година постар и сѐ поблиску сум до парцела што сега ќе ја купам за три лица – рече Саша Поповиќ, ...

„Бендот на браќата Нуне“ е еден од најбараните, кога станува збор за семејните веселби. Дека тоа е така потврдуваат и дел од сватовите кои биле на свадба во Кочани, на која свирел овој бенд. Тие велат дека овој бенд направил невидена забава, а доказ за тоа е што задоволните гости ги накитиле со пари, па со право може да се каже дека тие повеќе пари земале од бакшиш отколку што биле платени за веселбата. Дека „Бендот на браќа Нуне“ го заслужува ...

Пејачот Харис Џиновиќ присуствуваше на закажаното рочиште со поранешната сопруга Мелина во врска со поделбата на имотот, а за Блиц се осврнал на разводот. Тој не сакал да ја коментира судската постапка, пишува Н1. „Не одговарам ништо на таа тема. Ова е процедурална расправа за развод. Бен Афлек двапати се разведуваше, што јас не би го направил“, изјави пејачот. На прашањето дали планира повторно да се жени, тој одговорил: „Не верувам“. Не знам ...

Инспирирани од вистинска животна приказна, триото Влатко Лозаноски -Лозано, Ена Цветковска и Лазар Цветковски создадоа уште едно музичко ремек дело, кое несомнено ќе допре до многумина кои живеат во нашата земја, но и нашинци кои се насекаде стационирани по овој свет… “Жолто Црвено” е насловот на ова најново издание за кое има и видеоспот, a на кој се потпишува познатиот режисер Даниел Јовески… “Да, песната е создадена според вистинска животна ...

Одборот на директори на групата „Меѓународни винарници за борба против климатските промени“ (IWCA – Interational Wineries for Climate Action) ѝ додели на винарската визба „Тиквеш“ сертификат за т.н. сребрено членство во оваа организација, во која членуваат 40-ина водечки светски винарници. „Тиквеш“ е единствена винарница од регионот која успеала да ги задоволи критериумите за членство во оваа група, а сега да добие и унапреден статус. ...

Легендарната македонска група „Меморија“ во пресрет на својот голем славенички концерт закажан за 16-ти ноември 2024 во арената „Борис Трајковски“ по повод 40 години од своето постоење, во етер пушти уште една нова, петта по ред песна насловена „За добро да е“. Овој пат во прашање е нова авторска песна, чиј автор е новиот гитарист на бендот Рубин Димковски, додека автор на текстот е Душко Темелковски, некогашниот пејач на прилепската група „Бен ...

Има напредок во реализацијата на автопатот од Кичево до Охрид, секојдневно се работи и очекувам првата половина од автопатот од селото Арбиново до Охрид, со исклучок на мал дел кај село Ботун, да биде пуштена во употреба до мај следната година, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски. Посочи дека до крајот на 2026 година ќе биде целосно пуштен во употреба овој автопат. „Наследивме катаклизмична состојба со инфраструктурните проекти. Конечно ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста согласно член 144 став 5 од Кривичниот законик. На 21 јуни, преку информатички систем, обвинетиот се заканил дека ќе стори кривично дело – Убиство од член 123 став 2 од Кривичниот законик за кое е пропишана затворска казна од најмалку 10 години, спрема ...

Насилничкото однесување на припадници на полицијата, ја покажа погубната страна на партизацијата на безбедносните служби во првите 100 дена од владеењето на Мицкоски и коалицијата. Вака денеска реагираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој на прес-конференција ги анализираше првите 100 дена од мандатот на Мицкоски и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. „Телохранители на Мицкоски кои тепаат полицајци стануваат команданти, а лица со ...

Првите 100 дена од изборот на новата Влада не беа лесни, но беа клучен период во кој многу работи станаа јасни – каде сме и каде треба да одиме и што е потребно за да стигнеме таму. Но, најважно покажавме дека сме одлучни и посветени да се справиме со предизвиците без разлика на опструкциите со кои се среќаваме и проблемите и стапиците што се поставени пред нас, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што истакна на денешната ...

Образованието не е само процес на учење и пренесување знаења, туку е извонредно животно патување кое не завршува никогаш, туку само се надоградува, се менува и се прилагодува со текот на времето. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) бил и ќе остане средина каде се зацврстува и унапредува научната мисла. Сега стоите на прагот на бескрајните можности. Одлуките што ги правите, ќе го обликуваат не само вашиот академски развој, туку и ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
62%
1026
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
55%
1029
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
47%
1029
weather icon

Софија

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
51%
1026
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
3.14
46%
1026
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
77%
1029
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
3.13
62%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
55%
1024
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
55%
1025
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
6.69
78%
1028
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.34
62%
1030
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1026
Currency

61.535

Currency

59.1338

Currency

73.6285

Currency

36.7398

Currency

41.0887

Currency

65.1326

Currency

8.22858

Currency

0.60279

Currency

0.38112

Currency

0.52401

Currency

1.64961

Currency

0.68528

Алуминиум

2.62

Кобалт

30.86

Никел

15226.00

Рутениум

15850.32

Калај

29.90

Сребро

1011.48

Злато

89636.05

Бакар

8.64

Паладиум

31314.83

Платина

32150.32

Родиум

149500.97

Цинк

2.73