
Скопје
35ᴼ /
35ᴼ



МВР информира за несовесен возач од кочани,кој ноќеска го уапсила полицијата со 1,86 промили во крвта. -На 19.05.2025 во 01.10 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишија од слобода Г.А.(53) од Кочани. При сообраќајна контрола на ул.„Димитар Влахов” е сопрено патничко возило „фолксваген” со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно ...
МВР информира дека уапсило несовесен возач од Тетово, кој возел со 111 км/час. -На 18.05.2025 во 09.57 часот, полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Х.А.(56) од село Голема Речица, тетовско. На бул.„Видое Смилевски Бато” во Тетово тој управувал патничко возило „бмв” со тетовски регистарски ознаки со брзина од 111 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 50 ...
По оставката на пратеникот Салим Сулејмани, партијата на Таравари, Алијансата за Албанците, во Собранието повеќе ќе нема пратенички група и координатор, кој ќе учествува на координативни состаноци. Алијанса останува со четири пратеници, со што не го исполнува формалниот критериум од минимум пет пратеници за да може да формира пратеничка група. Со оставката на Сулејмани, од заедничката листа на коалицијата Вреди, на негово место доаѓа педијатарот ...
Сакам пред сè да им честитам на момците! Секоја чест за момците Македонци. Како што и се договоривме да бидеме храбри, да не паднеме на ниеден притисок, тоа и го трениравме бевме мудри во текот на целиот натпревар и самите видовте дека не беше воопшто лесно со оглед на целиот притисок, истакна тренерот на Алкалоид Кире Лазаров во изјава за македонските новинари кои во Атина го следеа натпреварот со АЕК, по победата 25-29 на гостински терен, јави ...
Вчерашниот двочасовен прекин на снабдување со струја во половина држава го наметна прашањето за улогата на фотоволтаиците и влијанието врз енергетскиот систем не само во Македонија туку и во целиот енергетски поврзан регион. Стимулирањето на бизнисот со обновливи извор на енергија од страна на државата, оди во друга крајност, која нема да биде така поволна за инвеститорите. Факт е дека сè повеќе граѓани и бизниси во Македонија вложуваат во ...
Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова им ја честиташе победата на ракометарите на Алкалоид кои синоќа славеа на гостувањето кај АЕК во Атина со 29:25. – Честитки за витешката ракометна битка и победа на „Алкалоид“ над „АЕК“ во првиот натпревар на Европскиот куп. Горда сум на победниците! Особена благодарност до тренерот Кире Лазаров и главниот спонзор Живко Мукаетов! Така се бранат македонските бои! Триумфално влеговте низ ...
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. -На 29 април, во селото Вруток, обвинетиот се заканил дека ќе нападне врз животот или телото на службено лице – судија во Основниот суд во Гостивар. Заканите биле упатени во врска со вршењето на професионалните задачи кои судијата ги ...
На поранешниот американски претседател Џо Бајден му е дијагностициран рак на простатата, се вели во соопштението од неговиот кабинет во неделата. На Бајден, 82, му е дијагностициран рак на простатата во петокот откако посетил лекар поради уринарни симптоми. Ракот се карактеризира со Глисонов скор од 9, со метастази во коските, соопшти неговиот кабинет, што значи дека станува збор за поагресивна форма на болеста. Се истакнува дека Бајден и ...
Првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп во кој вечерва Алкалоид го совлада АЕК (29-25) во Атина го одбележа инцидент на теренот предизвикан од навивачите на грчкиот тим. Натпреварот одигран пред повеќе од 8.000 навивачи во олимписката „Сунел арена‘ беше во неколку минутен прекин, при водство на Алкалоид од 20-17 во 40 минута, откако предмет фрлен од навивачите на АЕК кон клупата на Алкалоид го погоди Дамјан Митев, јави дописничката на ...
Утринава во 5 часот и 7 минути и 5 часот и 16 минути регистрирани се земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани- Охрид -Струга, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерови локални магнитуди, ML3.4 и ML2.3, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот во 5 часот и 7 минути е почувствуван во Охрид, ...
Економијата е главна тема во САД, како земјата се наближува до конгресните избори во 2026 година. Впрочем, Трамп беше избран токму поради ветувањата дека ќе ги намали цените и ќе донесе ренесанса за американските работни семејства од провинцијата, која за него гласаше убедливо. Иако некои макроекономски показатели упатуваат на контролирана инфлација и зголемени плати во урбаните центри, реалноста за милиони Американци е значително потешка. ...
Застарените системи за пренос, нееднаквите инвестиции во технологии за паметни мрежи и ограничените капацитети за складирање на енергија ја зголемуваат изложеноста на регионот на Југоисточна Европа на големи нарушувања. Како одговор на очекуваната зголемена летна потрошувачка на електрична енергија на Балканот, кој претрпе еднодневен прекин во август минатата година, Институтот за енергетика на Југоисточна Европа (IENE) со седиште во Грција ...
По неколку часа без струја, поради прекин на снабдувањето нешто по 5 часот изутрината, електроснабдувањето е нормализирано. Компанијата Мепсо соопшти дека се работи за „регионален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни систем оператори поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија во текот на ноќните часови и викендите во овој период од годината“. Според објаснувањето, дошло до дефект и краткотраен испад на 110 kV ...
Австрија со 436 поени од жири и публика, победина 69. изданиенаИзброт за песнана Евровизија! Ова земја ја претставуваше Јохане Пич, познат под името Џеј Џеј со песната “Wasted Love”. Второто место го освои Изрел, Естонија со 356 гоосвои третото место. Австрија, Швајцарија, Франција, Италија и Холандија влегоа во топ пет од жири. Австрија доби 258, Швајцарија 214, Франција 180, Италија 159, Холандија 133 гласови од жири. Но, на крајот победникот ...
Поради чести одрони и влажни коловози на патните правци во поширокиот дебарски регион се препорачува многу внимателно возење. -Поради обилните дождови присутни во дебарскиот и долнореканскиот крај на патиштата има чести помали, но има и поголеми одрони од камен и земја. Вчера доцна попладне имаше одрон од околу 15 кубни метри од камен на патниот правец Дебар-Маврово, на делница Жировница-Трница, изјави за МИА Деар Лиманоски, раководител на ...
„Системот убива – институциите молчат“ беше мотото на денешниот, шести протестен „Марш за ангелите“ во Кочани што го организираа семејствата на починатите во пожарот во клубот „Пулс“. Токму поради молкот на институциите, на овој марш немаше јавно обраќање на никој од родителите на децата кои ги загубија животите во огнената стихија. Во долга колона, во која поддршка дадоа и членови на движењето „Кој е следен?“ и граѓани од други градови во ...
Со овации и смеа од почеток до крај публиката во преполната арена „Борис Трајковски” вечерва ги поздрави Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Љупчо Бубо Каров по првото шоу во живо со кое прославуваат 30 години К-15. Вечерта помина многу музика, смеа и емоции. На сцената се редеа некои од најлегендарните скечеви, но и неочекувани нови скечеви, со кои се коментираше и сегашната состојба во земјата – духовито, храбро и препознатливо по стилот на ...
За полагање на двата екстерни испита од годинашната државна матура, што ќе се спроведе на 31 мај и 11 јуни, пријавени се 15 004 кандидати. Од нив, 8816 ученици се од средните стручни училишта, 5966 од гимназиите и 222 од училиштата за уметничко образование. -Подготовките за организирање на државната матурата течат согласно предвидената динамика. Се прават последните подготовки за реализација на испитите, изјави за МИА Даниела ...
Првото и второто полуфинале на Евровизискиот натпревар говодеа Хејзел Бругер и Сандра Студер, а во финалето ќе им се придружи уште една колешка, третата водителка, Мишел Ханцикер. Мишел (48) е швајцарско-италијанска ТВ водителка и поранешна манекенка. Таа е најпозната по неуспешниот брак со Ерос Рамакоти (61). Тие се венчаа во 1998 година и беа во брак до 2009 година, иако официјално се разделија по четири години. За време на нивниот брак, Ерос ...
Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски е кандидат за најдобар фудбалер во хрватското првенство. Во пресрет на завршницата на првенството беа објавени номинациите, а конкуренција на Митровски, кој настапува за Вараждин, му прават Марко Ливаја (Хајдук), Тони Фрук, Ален Гргиќ (Славен Белупо) и Роберт Мудражија (Локомотива). Главен фаворит за наградата, сепак, е напаѓачот на Хајдук, Ливаја, кој оваа сезона има 18 погодоци и 9 асистенции, а ...
Историски ден за Македонија! Денеска остварив средба со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер. На средбата постигнавме согласност за договор за стратешко партнерство на Македонија со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, напиша премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук по средбата во Тирана со британскиот премиер. – Ова преставува стратешки договор кој ја позиционира државата во редот на интересите и делувањето на една ...
Џастин Бибер конечно проговори за гласините што го поврзуваат со американскиот рапер Шон Комбс, попознат како Диди, само неколку дена откако почна судењето на поранешниот музички магнат под обвинение за сексуални злосторства. Диди (55) се соочува со низа кривични пријави, па меѓу обожавателите, откако почна сѐ тоа, се проширија стравувања дека Бибер (31) можеби бил една од жртвите раните свои години во музичката индустрија. Сепак, канадскиот ...
Иницијативата „Кој е следен“ денеска пред Основното јавно обвинителство побара правда за настраданите во пожарот во Кочани. Од иницијативата поставија бело платно на кое беа испишани имињата на загинатите и повредените во пожарот. – Поминаа два месеца од најголемата трагедија во нашата историја. Најголемата трагедија која се случи пред наши очи. Денес го потсетуваме Основното јавно обвинителство, го потсетуваме системот, ја потсетуваме јавноста ...
Условите кои им се нудат на повредените пациенти од несреќата во Кочани и натаму се на незадоволително ниво. Сведоштвата на преживеаните од „Пулс“ се дека се лекуваат во импровизирани услови во кочанската болница и дека персоналот е пред колапс Во едно од сведоштвата се вели дека една докторка лекува и третира 128 пациенти со тешки изгореници по главата и телото, во една операциона сала, во импровизирани услови, без специјална када, со кофи и ...
Загина работник, кој работел на изградба на трговски центар во Охрид. -На 16.05.2025 во 09.24 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош Охрид е пријавено дека при изведување градежни работи во трговски центар во изградба во Охрид паднал и се повредил работникот Ѓ.Д.(58) од Охрид. Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо” во Охрид каде им подлегнал на повредите. Увид на местото на настанот вршат јавен обвинител и полициски екипи, информираат ...
Основниот суд Тетово денеска ги прогласи за виновни поранешните директори на Клиничката болница Тетово обвинети за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со пожарот во модуларната болница на 8 септември 2021 година во кој 14 луѓе ги загубија животите. Тие добија по година и шест месеци ефективна затворска казна. Правното лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово беше прогласено за одговорно за сторено кривично дело „предизвикување ...
Министерството за здравство информира дека уште четворица пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани се враќаат од странство и ќе бидат задржани под опсервација на Клиниката за пластична хирургија и Клиниката за хируршки болести „Св.Наум Охридски”. Поконкретно, еден од пациентите пристигна во тек на вчерашниот ден од Софија, двајца пациенти се враќаат денес од Белград, а четвртиот пациент треба да пристигне утре од Софија, со што во ...
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжи денеска во Основен Кривичен суд Скопје во фаза на доказна постапка. Во текот на рочиштето, Палевски презентираше службени белешки од видео-докази од камерите на Хотел Романтик, кои, според неговото образложение, потврдуваат учество на три лица, а не четири во грабнувањето на Панче Жежовски. Тој образложи дека согласно доказот, виш инспекторот и началник во СВР Велес, Стојан Кујанџиоски, кој ги ...
Основното јавно обвинителство Скопје спроведе истражна постапка и поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за кривично дело – Полов напад и силување согласно член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. -На 21 февруари вечерта, со умисла и на сила, спротивно на јасно изразената волја на жртвата, ја присилил на полов однос. Делото го извршил во автомобил, на паркинг во Сопиште, така што најпрво без согласност започнал да ...
МВР информира за врснико нсилство во училиште во беровско. -На 15.05.2025 во 16.00 часот во Полициската станица Берово, Д.Т.(48) од село Русиново, беровско, пријавила дека во периодот од 2021 година до денеска, во основното училиште во кое учи во селото, две соученички во повеќе наврати физички ја напаѓале, ја полевале со вода и упатувале закани на нејзината малолетна ќерка. Според пријавеното, настаните биле пријавувани кај одговорните во ...