Стопанската комора смета дека новиот гувернер Трајко Славески ќе ги исполни очекувањата на бизнисот и дека Народната банка раководена од него ќе продолжи да работи самостојно и професионално. Како што рече денеска претседателот на Комората Бранко Азески, за бизнисот е многу важна стабилноста на курсот и девизните резерви да бидат поставени на национално ниво. Комората од Славески очекува и продлабочување на соработката со реалниот сектор, ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер за економија и извоз Герет Томас денеска во Лондон го потпишаа Договорот во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни објекти, со кој земјава добива на располагање историски најголем обем на средства од пет милијарди фунти за реализација на капитални проекти. -Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство го гледаме како нешто што ќе ја доведе ...

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за предлогот Трајко Славески да биде иден гувернер, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Во изјава за медиумите дадена при денешната посета на Желино, Мицкоски рече дека согласно Уставот обврска на претседателот на државата е да го даде предлогот за гувернер. – Тоа е одлука на претседателот на државата, не е одлука на Владата. Согласно Устав, претседателката на државата го поднесува тој ...

Обвинителството денеска објави дека поднело две посебни обвиненија поврзани со скандалот на Клиниката за онкологија, кои ја отвораат една од најсериозните истраги во македонското здравство. Како што изјави шефот на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски, предметот е поделен на два дела – едниот ги опфаќа финансиските злоупотреби, а вториот третманот на пациентите. Првото обвинение се однесува на економското работење на клиниката и опфаќа две ...

Истрагата која се води за трагичниот настан во Кочани, треба да заврши за десетина денови, најави јавниот Обвинител Љупчо Коцевски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Јавното обвинителство. По завршување на истражните дејства, одбраната ќе има можност за увид во доказите, а обвинителниот акт се чека да биде готов во средината на јуни. – Засега толку можеме. И вчера и во моментов се распрашуваат сведоци, осомничени, ...

Премиерот Христијан Мицкоски е убеден дека ќе се изнајдат решенија и дека Европската унија ќе најде механизми за земјава да го добие заслуженото место во Унијата. Во изјава за медимите дадена денеска од Желино, Мицкоски рече дека како држава ќе продолжиме да се однесуваме проевропски и дека Владата нема дилеми дека треба да гради добри односи со сите соседи, вклучително и со Бугарија, но дека нема да дозволи ултиматуми. – Јас сум прагматичен ...

Иако предлогот за избор на гувернер на Народната банка на Македонија сѐ уште не е доставен до пратениците, предложениот кандидат Трајко Славевски нема да добие поддршка од опозицијата, најави координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, Оливер Спасовски. – Сметаме дека изборот е исклучиво теснопартиски, не е избор којшто ќе понуди експерт на позицијата гувернер на Народната банка, што било традиција во изминатите години. Од ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2025 година, изнесува 44 763 денари и во однос на истиот месец лани е повисока за 10.5 %, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 15.8 %, Рударство и вадење на камен за 14.1 % и Административни и помошни услужни дејности за 12.5 %. Зголемување на ...

Руските сили во текот на ноќта соборија 35 украински дронови кои летаа кон Москва, соопшти Министерството за одбрана. Од синоќа во 21:00 часот до 0:00 часот, системите за противвоздушна одбрана уништија и пресретнаа вкупно 105 украински дронови, од кои 35 летаа кон главниот град на Русија, се наведува во соопштението. Поради нападите, московските аеродроми беа привремено затворени. Градоначалникот на рускиот главен град Сергеј Собјанин изјави ...

Кумановските пожарникари гаселе пожар на патнички автомобил во близина на граничниот премин Табановце, соопштија денеска од полицијата и од противпожарната единица. Вчера во 23:10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот пред граничен премин Табановце настанал пожар во патничко возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки во движење, управувано од Д.П.(23) од Куманово. Пожарот го изгасила екипа на територијалната противпожарна ...

Бидете спокојни, таква работа кај нас ќе нема, рече премиерот Христијан Мицкоски во врска со шпекулациите дека со договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство во земјава предвиден е и прием на мигранти. Според премиерот Мицкоски, договорот е јасен и таква работа нема. -На ова прашање одговор даде амбасадорот на Обединетото Кралство кој што беше многу јасен, а тој одговор е дека апсолутно нема таква работа. А таа тема се наметна ...

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, заедно со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, спроведоа координирана акција врз основа на наредби издадени од Основниот кривичен суд Скопје. Предмет на истрагата се сомнежи за сторени кривични дела: злоупотреба на службена положба и овластување, примање поткуп и противзаконито посредување. Претресите беа извршени на ...

Земјотрес со јачина од 6,1 степени утрово го погоди грчкиот остров Крит, соопшти Американскиот геолошки институт (УСГС). Земјотресот се случил на длабочина од 68,9 километри, со епицентар лоциран на околу 58 километри североисточно од малиот град Елунда. Локалните жителите за грчките медиуми изјевиле дека земјотресот траел невообичаено долго. Сепак, перцепираното времетраење на земјотресите не е нешто што официјално го бележат агенциите за ...

Универзитетот во Белград се согласи и им презентираше на студентите документ во кој се предлага решение за кризата. Деканката на Филолошкиот факултет во Белград, Ива Драшкиќ Виќановиќ, за Инсајдер изјави дека сега се чека одговорот на студентите по состанок што го имале во понедленикот со 31 декан, ректори и студенти, претставници од сите факултети. Според неа, „пет или шест часа“ разговарале за сите аспекти на моменталната состојба на ...

Петтата рунда преговори меѓу САД и Иран за иранската нуклеарна програма ќе се одржи в петок во Рим, објави денеска министерот за надворешни работи на медијаторот Оман. Бадр ал-Бусаиди ја објави информацијата на својот профил на „Х“. САД и Иран минатиот месец почнаа клучни разговори, со посредство на Оман, за нуклеарната програма на Иран. Тие преговори имаат за цел да склучат нов договор што би го спречил Иран да се здобие со нуклеарно оружје во ...

Во морскиот дел на 12 наутички милји југозападно од малиот грчки остров Гавдос биле откриени и спасени 47 мигранти, кои се пренесувале со чамец, јави дописничката на МИА од Атина. Од Крајбрежната служба на Грција информираа дека мигрантите биле спасени од брод на Фронтекс, по што биле префрлени на патролен брод на грчката служба и безбедно пренесени на пристаништето на островот. Малиот остров Гавдос се наоѓа јужно од Крит и е најјужната точка на ...

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, ги прими учениците од СОУ „Славчо Стојменски” – Даниел Христов, Иван Костевски и Марио Ванчоски, кои беа дел од македонскиот тим на најпрестижната и најтешка Олимпијада по хемија – Менделеев, што се одржа во Бразил. Во конкуренција од 192 учесници од 39 држави ширум светот, македонските ученици постигнаа извонреден успех, освојувајќи два бронзени медали. Особено се истакна Марио Ванчоски, кој успеа ...

Двајца вработени во израелската амбасада, маж и жена, се застрелани пред Еврејскиот музеј во центарот на Вашингтон. Полицијата го именуваше осомничениот како Елијас Родригез од Чикаго, Илиноис. Тој е приведен, јави Би-Би-Си. Двајцата биле застрелани околу 21:05 часот по локално време додека излегувале од настан во Еврејскиот музеј. Жртвите засега не се јавно идентификувани. Шефицата за домашна безбедност на САД, Кристи Ноем, вети дека „ќе го ...

Тоа е нешто што повеќето луѓе го прават барем еднаш дневно, а долго дискутирано прашање е: Дали е подобро да се туширате наутро или навечер? Застапниците на утринското туширање ќе кажат дека е јасен победник, бидејќи ви помага да се разбудите и да го започнете денот освежени. Од друга страна, посветените поддржувачи на вечерното туширање тврдат дека е подобро да се „измие денот“ и да се опушти пред спиење. Но, што всушност вели истражувањето? ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова до Собранието го достави предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка. -При донесувањето на одлуката, Претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот. Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати, велат од Кабинетот на ...

Истражување во Велика Британија открива дека речиси 70 отсто од младите на возраст од 16 до 21 година се чувствуваат полошо за себе по времето поминато на социјалните мрежи. Половина би поддржале „дигитален полициски час“ кој би го ограничил пристапот до одредени апликации и веб-локации по 22 часот, додека 46 отсто рекле дека повеќе би сакале да бидат млади во свет без интернет. Една четвртина од испитаниците поминуваат четири или повеќе часа ...

Унапредување на регионалната безбедност, зајакнување на подготвеноста на НАТО како и поддршка на одбранбените планови на Алијансата е целта на мултинационалната вежба „Immediate Response 25“ која од 26 мај до 9 јуни ќе се одржи на армискиот полигонот Криволак. Како што информираше денеска началникот на генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски оваа вежба е една од најголемите досега во државава во која ќе учествуваат околу 2200 војници од ...

Најактуелно прашање денес беше кој ќе биде новиот гувернер на Народна банка. Сите сме во исчекување, но, името на гувернерот засега го знае само претседателкта Гордана Силјановска Давкова, бидејќи тоа е нејзин избор. Ние ќе почекаме до утре, бидејќи, како што информираат собаниските служби, пликото со предлогот на претседателката е веќе на пријавница ама нема кој да го земе, бидејќи е завршено работното време. -Предлогот е доставен до пријавница ...

Најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп помладиот, денеска во Катар изјави дека е можно еден ден да се кандидира за претседател, и додаде дека „таа можност постои“, јавија британските медиуми. -Значи, одговорот е – не знам, можеби некогаш. Знаете, тој повик е тука. Секогаш ќе бидам многу активен во однос на тоа да бидам гласен поддржувач на овие работи. Мислам дека мојот татко навистина ја промени Републиканската ...

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко најави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе ја посети Москва. Тој додаде дека сè уште е рано да се зборува за конкретен датум на посетата на Ким на Русија. Руденко претходно соопшти дека се подготвува посета на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Пјонгјанг, со цел продолжување на стратешкиот дијалог помеѓу двете земји. Русија и Северна Кореја минатата година ...

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип во рамките на одбележување на 18 години од своето постоење денеска организираше панел дискусии на тема партнерства и соработки. Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски рече дека целта е промоција на партнерствата и соработките со локалната заедница, бизнис секторот и меѓународните институции. -Универзитетот и соработката која ја имаме воспоставено сите овие 18 години не значи само јакнење на локалната ...

Престедателката Гордана Сиљановска Давкова одлучила кој ќе биде идниот гувернер на Народната банка, но јавоста ќе го дознае неговото име, како што рече денеска, откако предлогот ќе биде испратен до Собранието. – Никогаш не се кажува прво во јаноста, туку се испраќа до органот и Собранието одлучува. Тоа денеска ќе биде финализирано пред за заминам за Италија, рече Сиљановска Давкова во изјава за новинарите по денешниот Форум за културна ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не го знае името на новиот гувернер на Народната банка, но најави дека ќе се сретне со претседателката на државата која се очекува во текот на денот да го достави предлогот до Собранието. – Не го знам името. Веднаш по овој настан ќе имам средба со претседателката и претпоставувам дека ќе го дознаам името, изјави Мицкоски при денешната посета на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Прашан дали ...

Владата е стабилна, силна, има речиси двотретинска поддршка во рамки на Парламентот и очекувам да продолжиме со коалицијата Вреди од онаму каде што излезе поранешниот министер за здравство, изјави премиерот Христијан Мицкоски по посетата на ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство Скопје. Прашан кои функционери од Алијанса остануваат со партијата Вреди, Мицкоски рече дека тоа се стратешки теми за коишто ќе се разговара дополнително. – Бидејќи следат ...

Дел од минатите раководства на АД МЕПСО барале мито од инвеститорите и тоа во моментот се истражува. Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека наскоро ваквите тврдења ќе бидат обелоденети во јавноста. – Најголемиот конзум што го има Македонија е во зима, отприлика втората половина од јануари меѓу 18 и 20 часот и тоа е 1,5 гига. Техничкиот капацитет на мрежата е двапати поголем, но во моментот има проекти и барања од 9,5 гига односно трипати ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
3.09
23%
1007
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
2.57
27%
1005
weather icon

Загреб

22ᴼ / 20ᴼ
2.57
81%
1005
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
2.06
37%
1011
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
1.27
19%
1006
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
0.87
83%
1005
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
5.14
48%
1011
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
5.66
37%
1010
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
3.09
26%
1009
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 33ᴼ
3.13
24%
1009
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
2.57
82%
1007
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
3.6
37%
1012
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641