
Скопје
35ᴼ /
35ᴼ



Македонското друштво „Илинден“-Тирана, го актуализира барањето албанските власти, 21 мај да се прогласи за Ден на националните малцинства во оваа земја. Се додава дека друштвото во 2022 година испратило барање до тогашната претседателка на албанскиот законодавен дом, Линдита Никола, во кое стои дека 21 мај е и Светски ден на културната различност за дијалог и развој, па поради тоа оценуваат дека тоа е најсоодветен датум. Како што изјави за МИА, ...
Германската полиција уапси пет насилни десничарски екстремисти кои вршеле и планирале напади врз азилантите, соопшти денеска Германското обвинителство. Групата наречена Последен бран на одбрана (Letzte Verteidigungswelle) формирана е во април 2024 година и е осомничена за најмалку два напада во источна Германија изминатите месеци. Групата планирала подметнувања пожари и напади со експлозив врз центрите за барателите на азил и врз објекти на ...
На моите европски пријатели им говорам, а и на (Емануел) Макрон му кажав, ако велите дека ЕУ е филозофија, а не само машинерија или недовршена симфонија без Западниот Балкан, тогаш морам да ве потсетам дека филозофија без вредности и принципи нема. Вредностите и принципите се вградени во вашите конститутивни акти, дека ќе го почитувате културниот и националниот идентитет на секој народ, дигнитет и интегритет на секој човек, тоа е темелот на ЕУ. ...
Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ денеска излезе со јавна осуда за нов случај на насилство врз животни, во кој според нивните информации и сведоштва од очевидци, млад штрк бил свирепо измачуван од страна на група деца во Гевгелија. Од „Анима Мунди“ информираат дека инцидентот е регистриран од безбедносни камери, а видеата кои циркулираат на социјалните мрежи ја потврдуваат суровоста на чинот. Животното било фатено, тепано и ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Порта Македонија се обрати на состанокот на Генералната асамблеја на Европската рута на Светите Кирил и Методиј. Во своето обраќање министерот истакна дека Македонија не само географски, туку и духовно и културолошки е длабоко вградена во мисијата на светите браќа и нивните ученици, соопшти Министерството за култура. – Реализацијата на Генералната асамблеја токму овде е симболично и ...
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика денеска заминува на турнеја низ Западниот Балкан, во чии рамки в петок ќе престојува во Скопје, јави дописникот на МИА од Брисел. Како што соопшти Европската служба за надворешни работи, Калас во Скопје ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. Дополнително, Калас и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски ќе го отворат првиот Дијалог за безбедност и ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, погрешно го проценил своето влијание врз рускиот претседател Владимир Путин, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус. – Претпоставувам дека тој погрешно ја проценил својата преговарачка позиција, изјави Писториус за германското радио ДЛФ, коментирајќи ја иницијативата на Трамп да го убеди Путин да прифати безусловно 30-дневно примирје во Украина. Европската унија во меѓувреме работи на следниот ...
Италијанските и албанските власти уапсија 52 лица во координирана операција насочена против трговија со кокаин и хероин меѓу Балканот, Северна Европа и јужниот италијански регион Пуља, јави новинската агенција Анса. Полицијата во денешната акција запленила имот вреден милиони евра, а осомничените се соочуваат со обвиненија за меѓународна трговија со дрога, перење пари и злоупотреба на службена положба, се вели во извештајот. Операцијата била ...
Стејт департментот донесе одлука за одобрување на можна продажба на хеликоптери AW-119Kx и придружна опрема на Босна и Херцеговина за проценета цена од 100 милиони долари. Агенцијата за одбранбена безбедносна соработка го издаде потребниот сертификат со кој го извести Конгресот за оваа можна продажба, објавено е на веб-страницата на Стејт департментот. Босна и Херцеговина побара набавка на хеликоптери AW-119Kx, квалификација и обука на пилоти, ...
Ве известуваме дека упативме Барање за доставување на податоци согласно Тарифниот систем за продажба на електрична енергија до компанијата ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, како универзален снабдувач со електрична енергија. Во согласност со Тарифниот систем бр. 01-2437/1 од 17.11.2023 година, побаравме од ЕВН доставување на низа информации од суштинско значење за транспарентноста на процесот на формирање на цените на електричната енергија, меѓу кои се: ...
Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Пробиштип, ноќеска 10 минути по полноќ во Пробиштип, го лишиле од слобода О.Т. (39) од Пробиштип. Како што соопшти МВР, при сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „опел мерива“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,55 промили алкохол во крвта. Тој е ...
На Граничен премин Табановце, вчера утрото полициски службеници го лишиле од слобода Ц.З.(47) од Унгарија. При гранична контрола и преглед во возилото со унгарска национална ознака, кое го управувал, над ветробранско стакло во тапацир пронајдена и одземена е марихуана. Како што информираат од МВР, увид извршила екипа од СВР Куманово, а дрогата е одземена за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, во консултација со јавен ...
Израелските власти синоќа објавија дека 93 камиони со хуманитарна помош на ОН влегле во опколениот и од војна разорен палестински Појас Газа. Министерството за одбрана соопшти дека е испорачано брашно за пекари, храна за бебиња, медицински материјали и лекови. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот изјави дека по два и пол месеци блокада на Газа поради меѓународен притисок, ќе дозволи влез на мал број камиони со хуманитарна ...
Обилни дождови предизвикаа поплави долж источниот брег на Австралија, сериозно погодувајќи ги помалите градови на околу 250 километри северно од Сиднеј, каде што жителите беа заробени на покриви, јавија денеска локалните медиуми. Меѓу најтешко погодените се градот Тари во винскиот регион Хантер Вали и градот Вингам на средниот северен брег, пренесе ДПА. Австралиската телевизија Еј-Би-Си информира за „поплави на невидени нивоа“, опишувајќи ...
Се очекува да биде објавен предлогот за нов гувернер на Народната банка од страна на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Мандатот на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска истекува утре, но законот пропишува таа да ја врши функцијата до изборот на нов гувернер. Претседателката Сиљановска-Давкова вчера изјави дека името на новиот гувернер ќе биде познато наскоро. Меѓу тројцата најсериозни кандидати за оваа функција се споменуваат ...
Сообраќајот на експресниот пат А3 Штип – Кочани, од клучка Крупиште до клучка Кочани, ќе биде пренасочен денеска од 9 до 12 часот, во кој период ќе се изведуваат технички активности, најави Министерството за внатрешни работи. Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе го пренасочува сообраќајот во тој период на стариот пат Штип – Кочани. МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат ...
Под раководство на предметниот обвинител што постапува во предметот под кодно име „Бункер“, единиците на МВР од рано утринава вршат претреси на пет локации во Скопје. Акцијата е резултат на обезбедени докази во рамките на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон“. Со повеќе информации обвинителството ќе излезе во текот на денот. Апсењата и претресите се вршат во повеќе куќи во околината на ...
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер над 60 километри на час и изолирана појава на град. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе ...
Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа барање од денеска (21 мај), до евентуалното постигнување договор, да бидат отстранети од понатамошно агрегирање на нивните содржини. По добиените известувања и предлог договори од страна на агрегаторите на вести, за преземање содржини без надомест, во вторникот на 20 мај, во организација на Здружението ОНЛАЈНМЕДИА.мк, претставници на поголема група ...
Зорица Брунцлик не крие дека пораснала во сиромаштија, дека целото свое богатство го заработила сама, а вилата ја опремила по свој вкус. -Бевме навистина сиромашни како семејство, некој што делеше едно јајце на четири дела со уште тројца браќа. И потоа се доведувате во ситуација каде што можете да јадете колку јајца сакате и сите околу вас – рече Зорица во една емисија и додаде: -Децата често ми велат: „Зошто го повторуваш тоа цело време?“. ...
Брисевите земени од кинеската вселенска станица Тиангонг открија траги од бактерија која не е пронајдена на Земјата, со карактеристики кои можат да и помогнат да функционира во стресни услови стотици километри над површината на планетата. Истражувачите од вселенската биотехнолошка група Шенжу и Пекингскиот институт за архитектура на вселенски летала ја именуваа откриената бактерија по станицата – niallia tiangongensis – и истакнуваат дека ...
Кина ќе обезбеди 500 милиони долари за Светската здравствена организација (СЗО) во следните пет години, изјави денеска кинескиот вицепремиер Лиу Гуожонг. На состанок на СЗО во Женева, тој вети поддршка од Кина за СЗО, по неодамнешната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да ја повлече својата земја од организацијата, што ќе доведе до нагло намалување на нејзиното финансирање. „Светот во моментов се соочува со последиците од ...
По четври пат во Струмица ќе се одржи Струмица интернационал класик фестивал, кој ќе се одржи од 2-10 јуни. Денес на средбата со новинарите бе изнесени детали од тоа што ќе се случува нфестивалот. -Просто не ми е веројатно дека четврти пат се одржува, бидејќи во државава недостасуваат манифестации од култура, поточно од класиката. Оваа година имаме гости од дома и странство, од Бугарија, Германија и Чешка. Сакаме да направиме добар гест за ...
Мозочниот удар не се случува секогаш ненадејно – многу пати вашето тело испраќа крици за помош, но малкумина ги слушаат. Ако знаевте дека имате еден месец да спречите катастрофа, дали би ги игнорирале знаците? Прочитајте внимателно. Секоја информација може да ви го спаси животот – или животот на некој близок до вас. Што е мозочен удар? Мозочниот удар е медицинска итна состојба , која се јавува кога протокот на крв во мозокот е прекинат поради ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е отворен за понатамошни преговори со Москва, но повтори дека украинските војници нема да се повлечат од териториите кои Русија ги анектираше. – Ако Русија постави услов нашите војници да се повлечат од нашата земја, тоа значи дека не сакаат примирје ниту крај на војната“, рече Зеленски вчера, откако американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговараше со рускиот колега Владимир ...
Унгарскиот парламент денеска го поддржа предлогот на владата за повлекување на земјата од Меѓународниот кривичен суд (МКС). За одлуката со која Унгарија по 23 години се откажува од Римскиот статут и се повлекува од Меѓународниот кривичен суд, гласаа 134 пратеници, 37 беа против, а седуммина воздржани. Владата, поднесувајќи го предлогот, наведе дека судот станал политичка организација, отстапувајќи од својата првобитна цел. Иако земјите членки на ...
Шефот на француската дипломатија Жан-Ноел Баро денеска изјави дека не е доволно тоа што Израел го олесни пристапот до хуманитарна помош за Појасот Газа. Тој додаде дека Израел не смее да поставува никакви пречки за испорака на помош за Појасот Газа. Лидерите на Велика Британија, Канада и Франција вчера се заканија со воведување на санкции против Израел доколку не ја запре новата воена офанзива во палестинската енклава и не ги укине ...
Доколку Русија не се согласи на целосен и безусловен прекин на огнот во Украина, тогаш Европската Унија ќе го засили својот притисок врз неа, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас при пристигнувањето на двојниот Совет за надворешни работи во Брисел. Калас истакна дека ЕУ истото го очекува и од САД, кои најавија дека Русија ќе се соочи со последици доколку не се согласи на безусловно ...
Во Шпанија денеска неколку часа беа нарушени телефонските комуникации и интернет врските поради дефект на шпанскиот телекомуникациски оператор „Телефоника“ (Telefonica), што предизвика и проблеми при повикување на итните служби во повеќе региони. Во Шпанија на 28 април имаше голем дефект во електричната мрежа, поради што земјата, но и Португалија останаа без електрична енергија неколку часа. Властите сè уште не ги утврдиле точните причини за ...
ВРТ, телевизиска станица на холандски јазик во Белгија, изрази загриженост во врска со натпреварот за песна на Евровизија. ВРТ ја повикува Европската радиодифузна унија да обезбеди целосна транспарентност во врска со гласањето на публиката во овогодинешното финале на Евровизија. „Немаме индикации дека броењето на гласовите не е извршено правилно, но бараме целосна транспарентност од ЕБУ. Прашањето е дали сегашниот систем на гласање е чесен одраз ...