
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Ни претставува чест да споделиме дека уметничката директорка на МТФ „Војдан Чернодрински“, Ана Стојаноска, на претстојното 63. издание на МЕСС (Меѓународен фестивал на мали и експериментални сцени во Сараево), ќе биде член на жирито на официјалната програма. Еден од најпрестижните фестивали во регионот ќе започне утре, на 30 септември (сабота), а ќе трае до 8 октомври во Сараево. Стојаноска ќе ги оценува претставите заедно со Марина ...
ВИТАМИНКА ГО ПОДДРЖУВА ПРОЕКТОТ „ЕКОЛОГИЈА ПРЕКУ ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА“, ПОСТАВЕНИ СЕ ДВЕ ПОВРАТНИ ВЕНДИНГ МАШИНИ Прехранбената индустрија Витаминка, активно ја поддржа реализацијата на проектот „Екологија преку иновативна технологија“ на Ротари клубот Прилеп и Пакомак, покажувајќи ја на дело спсотвената општествена одговорност. Со поддршка од компанијата, за проектот се набавија и поставија две повратни вендинг машини за пластична ПЕТ ...
После повеќе од 10 години обезбедено е ново возило за транспорт на храна, за дечињата од ЈОУДГ „Наша иднина“ Прилеп! -Со ова возило, кое што е по сите стандарди ќе се подобрат значително условите и навремената испорака на оброците за сите 1320 дечиња сместени во 6 објекти на градинката. Локалната самоуправа заедно со раководството на ЈОУДГ „Наша иднина“, продолжува да инвестира во подобрување на условите за згрижување на децата и нивниот ран ...
Во најновата колумна за “РАДИО ПЕЛА”, новинарот Зоран Момироски се осврна и на конкурсот за Државната комисија за одлучување во управна постапка од работен однос во втор степен, каде меѓу 35 лица кои аплицирале е и екс министерот за транспорт и врски, Горан СУгарески. -ПОСТОЈАТ ЛУЃЕ КОИ ЕДНОСТАВНО НЕ МОЖАТ ДА ЖИВЕАТ БЕЗ ФУНКЦИЈА И БЕЗ МНОГУ ПАРИ. ОСОБЕНО АКО ГО НЕМААТ ОНА ПРВОТО- ФУНКЦИЈА ЕДНОСТАВНО ЗАПАЃААТ ВО ТЕШКА ДЕПРЕСИЈА КОЈА ЗА ЖАЛ Е ...
Караванот “Македонијо во срце те носиме” синоќа беше во Прилеп, на огромна радост на прилепчани. На преполниот плоштад “Методија Андонов – Ченто”, публиката уживаше во стиховите на „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“…, но и гласовите на Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, ...
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) синоќа казнил и пломбирал уште пет маркети ширум земјава кои не ја испочитувале одлуката за ограничување на цените на дел од прехранбените производи за кои Владата одлучи дека ќе се продаваат по „гарантирана цена“ до 30 ноември. За ова на својот профил на Фејсбук информира првиот човек на Пазарен, Горан Трајковски. „Казнети се и затворени пет маркети во Кавадарци, Гостивар, Куманово и Тетово“.Во повеќе ...
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска во Собранието го обвини вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ дека ѝ праќал бакнежи и намигнувања од неговото пратеничко место. „Како не вие срам, ужас сте. Нека ве сликаат како праќате бакнежи. Лигав еден. Вака може да се однесувате само дома, бакнежи и намигнување само дома вицепремиеру“, почна да вика Стојановска од говорницата, по што настана метеж. Потпретседателот на Собранието, ...
Доколку добиете електронска порака во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски која изгледа како судска покана, не наседнувајте бидејќи станува збор за измама во меѓународни рамки. Од МВР информираат дека деновиве имале пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, во која во вид на наводна покана за суд, примачот на пораката се известува дека е ...
На 27.09.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, врз основа на наредба за претрес од Основен суд – Битола, извршиле претрес во дом во с.Дихово, битолско, сопственост на Ф.Ј.(29) од истото село. При претресот се пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, дробилка и предмети со остатоци од прашкаста материја, за кои е утврдено дека припаѓаат на неговиот брат В.Ј.(23). По документирање на случајот против ...
На 27.09.2023 полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Л.(26) од Прилеп. При претрес во неговиот дом на ул. “Гостиварска” во Прилеп, спроведен врз основа на наредба од Основен суд Прилеп, пронајдени се и одземени кутија со цветови од растението Cannabis, шеснаесет опаковки со бела грутчеста материја, дваесет опаковки со марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Лицето е приведено во полициска станица Прилеп и по ...
Македонската репрезентација во традиционално карате беше најуспешна на ИТКФ Меѓународниот куп “ Хидетака Нишијама” одржан викендот во Неа Мудања, Грција. Македонските каратисти освоија вкупно 47 медали од кои 12 златни, 13 сребрени и 22 бронзени медали во сениорска-младински, јуниорска-кадетска конкуренција како и во најмалата категорија за деца. – Најуспешни кај децата беа: Камелија Недев, Матеј Мангаровски, Филип Недев, Лука Крстевски и ...
Д-р Христијан Трпчевски од Болница “Плодност” од Битола и д-р Синиша Трпчевски од Кlinicum Wels Аustrija, беа на 15 дневна едукација во клиниката Хаген-Хаспе во Германија, кај д-р Јачек Кочижевски. -„Herr Dr. med. dr hab. Jacek Kociszewski (неговата полна титула) е многу искусен и познат надвор од границите на Германија, како гинеколог-уролог, кој несебично го пренесува неговото знаење на сите, кои ја посетиле оваа клиника. Неговиот тим има ...
На 22.09.2023 и 23.09.2023, ТППЕ со сите свои расположливи средства и човечки ресурси (10 возила и 40 пожарникари), од кои некои пожарникари беа и без престан на терен (повеќе од 24 до 32 часа), успеа да се справи со неколку пожари на отворен простор од поголеми размери, при тоа заштитувајки и спасувајки 11 населени места и повеќе од 6 манастири и 5 цркви без направена материјална штета – стои во соопштението од Територијалната противпожарна ...
Со цел да ги подобриме условите за работа во сите училишта во нашиот град и населените места и да изградиме поквалитетен образоваен систем во првите две години од нашиот мандат, како Локална самоуправа од Буџетот на Општина Прилеп одвоивме над 50 милиони денари за инвестициии во сите основни и средни училишта во општина Прилеп – стои во денешното соопштение од општината. -Благодарение на беспрекорната соработка помеѓу Општината и директорите на ...
Православните верници денеска го одбележуваат Крстовден – празник на Чесниот Господов крст. Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Крстана, Кристина, Кристијан… Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст. За подостоинствено ...
Стопанска комора на Македонија преку Регионалната комора Прилеп е информирана дека е подготвена Одлука во општината, за финансирање на нови 33 административни вработувања за идната 2024 година, согласно проекциите на буџетската градска каса за следната година – стои во соопштението од СКМ. Соопштението во целост го објавуваме во продолжение: -Ваквото функционирање со кое наместо средства за капитални инвестиции се планираат непродуктивни ...
Компанијата Кожувчанка од Кавадарци се приклучува во реализација на швајцарскиот проект воден од М6 Едукативниот центар, за образование за вработување во нашата држава. Овој месец, на 20-ти, на настан во Кавадарци повеќе компании од приватниот сектор, помеѓу кои и Кожувчанка ДОО, го најавија своето партнерство со кое ќе помогнат во развој на стручниот кадар кај нас. На панел дискусијата “Патека кон прогресот: Вклучување на приватниот сектор во ...
Пратеникот од владејачката СДСМ, Мартин Костовски е разочаран од конфликтите во партијата и бара единство. „Социјалдемократи другари и другарки или ќе се држиме сите заедн еден до дру, или ќе потонеме сите еден покрај друг… Време е за помирување и обединување“, напиша Костовски на својот фејсбук профил. Објавата на Костовски, познат како долгогодишен приврзаник на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со кого заедно соработуваат во ...
Во среда, на 27ми септември, се празнува Крстовден (Воздвижение на Чесниот Крст). На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Ерусалим. Обиколувајќи ја Светата Земја Св. царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христос. Некој старец Евреин, по име Јуда, единствен знаеше за местото каде што се наоѓаше Крстот, па принуден ...
На огласот за именување членови за Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, се пријавиле 35 лица, а Маркукуле вчера ексклузивно објави кој се’ се пријавил да членува во оваа престижна државна комисија, која е надлежна за решавање по жалби против решенија донесени во управна постапка во прв степен од страна на министерствата, другите органи на државната управа, организации утврдени со закон ...
Попладнево околу 14:30ч. возило марка “Мерцедес” се запали на паркингот пожади општинската зграда во Прилеп. Вработените во општинската администрација веднаш пријавија во ТППЕ Прилеп, но двајца од нив веднаш реагираа и користејќи противпожарни апарати од општинската зграда, спречија ширење на пожарот и поголема катастрофа. Во период од денот кога паркингот е преполн со возила, многу лесно можеше да дојде до ширење на пожарот на останатите ...
Поради засега непознати причини, попладнево избувна пожар на депонијата “Алинци” во близина на Прилеп. Црни облаци од чад предизвикаа загриженост кај граѓаните, кои и така се жалеа на непријатна миризба во градот во изминатите 2 месеци. За среќа, како што информираат од ЈКП “Комуналец” Прилеп, пожарот се става под контрола со помош на вработените во претпријатието и екипа на Територијалната противпожарна единица. -Ве информираме дека пожарот ...
Сообраќајот на пругата Скопје – Битола – Скопје е во прекин поради тоа што се уништени околу 1000 прагови на повеќе локации од пожарите во битолско-прилепскиот регион. Од Железници информираат дека интензивно се работи на отстранување на дефектот и оспособување на сообраќајот. -Поради овие причини, сообраќајот на релацијата Скопје-Битола-Скопје ќе биде во прекин од денеска па сè до оспособување на пругата за одвивање на безбеден сообраќај, се ...
Владата денеска треба да донесе одлука за намалување на цените на пијалоците. До крај на неделава се очекува да биде завршена анализата со владините мерки да бидат опфатени и хигиенските производи. За непочитување на гарантираните цени на прехранбените производи, што е во сила од минатата недела, веќе се затворени маркети. Како што најави министерот за економија Крешник Бекшети, денеска ќе има одлука за намалување на цените на безалкохолните и ...
Дел од прилепски основци и средношколци, како и наставници, оние кои имаат афинитети за изучување на јазици, доброволно, ќе имаат можност да го изучуваат кинескиот јазик, кинеската култура и обичаи. Ова, благодарение на воспоставената соработка на Општина Прилеп со амбасадата на Република Кина и Институтот за кинески јазик „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ – Скопје. Претставници од Институтот за кинески јазик „Конфуциј“ ...
По Штип, Битола и Велес караванот „Македонијо во срце те носиме“ оваа среда (27 септември) патува во Прилеп. Концертот е со почеток во 20:00 часот, а ќе се одржи на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“. И овој пат публиката ќе ужива во стиховите на „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“… отпеани од Бојана ...
Eкипата на РК Прилеп стигна до втората првенствена победа во ракометната Супер лига, откако викендов на домашен терен победи против Вардар Неготино. Крајниот резултат на семафорот беше 30:22, но тоа сепак не го отсликува сето она што се случуваше на теренот. Иако прилепчани го имаа приматот на фаворити и публиката очекуваше и уште повисок триумф на овој натпревар, гостите од Неготино го држеа резултатот во егал последните десетина минути, кога ...
Рашко-призренската епархија денеска објави ново соопштение во кое се наведува дека српскиот владика Теодосиј го посетил Бањскиот манастир каде игуменот Данило го информирал за вчерашните и денешните случувања во манастирот и околината. „Во текот на денот ЕУЛЕКС и косовската полиција дојдоа во манастирот да истражат. Во манастирските конаци и црквата, кои се наоѓаат во внатрешноста на ѕидовите на манастирот и кои беа заклучени за време на сите ...
Нов милионски тикет во „Sport Life” – Струмица, со помош на големиот Фибоначи бонус на добивката од 610% . Ова шесткратно зголемување на добивката, редовниот играч на „Sport Life“ го остварил со уплатени 50 денари, а освоил неверојатни 1.795.145 денари. Дури 1,5 милион денари се од бонусот на добивката, која инаку би изнесувала 300.000 денари. За милионскиот тикет, нареден со 23 натпревари од изминатиот петок и викендот, најдраматичен бил ...
Домот на културата “Марко Цепенков” во Прилеп синоќа беше домаќин на одличен концерт кој го приреди “Љубојна”. На малата сцена, публиката уживаше во уште еден извонреден настап на нашиот најпознат етно-музички состав, кој одново ги освои срцата на сите присутни. Повеќе од 20 години „Љубојна“ работи на проекти што се засноваат на истражувања на македонската музика и култура. Таа стои зад повеќе проекти, перформанси, прави музика за филмови и од ...