СВР Битола – Отсек за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против Џ.Р., полициски службеник во Полициската станица Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при вршење на семејно насилство“, казниво по член 130 став 2 од Кривичниот законик. На 29.01.2024 во Битола, Џ.Р. физички ја нападнал неговата невенчана сопруга и ѝ нанел телесна повреда. Исто така, Одделот за внатрешна контрола, ...

Прилепчаните Матеј Чатлески и Ице Трајкоски ќе боксуваат на спектакуларен боксерски настан во главниот град на Албанија Настанот “ЧЕЛИЧНА ТУПАНИЦА” во Тирана, Албанија, закажан на 22 март 2022 година, претставува вистинско боксерско воодушевување. Ова е момент кога тројца македонски боксери ќе настапат во рингот со цел да го докажат својот потенцијал. Ице Трајкоски ќе се бори во својата петта професионална борба против боксер од БиХ, додека ...

Македонија располага со фудбалски таленти, а такви деца има и во Третата фудбалска лига. Доказ за тоа е дерби натпреварот помеѓу Росоман и прилепско Големо Коњари, на кој домаќините ги изненадија прилепчани и славеа со 3:1. Победата на овој натпревар ја најави Стефан Костовски, кој во 65-та минута со маестрален удар стрелаше за 2:1. Со овој пораз клубот од прилепско сега е на втората позиција со 25 бода после 12 одиграни кола. Пред нив со еден ...

Општина Прилеп и Здружението на граѓани „ПРИЛЕПСКИ МЕЧКАРИ“, како организатори на годинешното 22 издание на Kарневалот „ПРОЧКА 2024“, се подготовуваат за одржувањето на оваа значајна манифестација, која во изминатите години постигна голем успех во поглед на промоција на градот Прилеп во пошироки рамки. Активностите ќе започнат на 15.03. со отворање на изложба, богатство од креации на маски/сурати, изработени од учениците во основните и средните ...

Откако стана јасно како ќе изгледа гласачкото ливче за претседателските избори, парламентарните се враќаат во фокусот особено откако вчера, опозицискиот лидер Мицкоски речи си ги официјализираше носителите на листи со кои ВМРО-ДПМНЕ ќе се натпреварува на изборите. Тој ќе ја предводи листата во првата изборна единица, во двојка ќе биде потпретседателот Мисајловски, пратеникот Ковачки во тројка, Александар Николоски во четворка и пратеничката ...

По повод одржувањето на меѓународниот карневал „Прочка 2024“, работното време на угостителските објекти во градот се продолжува за 2 часа, согласно чл.23 од Законот за угостителска дејност: „Советот на општината, односно Советот на градот Скопје, за одредени туристички, културни и друг вид манифестации, содржани во годишните програми, можат да го продолжат работното време најмногу за два часа, за угостителските објекти од ставот 1 на овој член, ...

Американскиот актер и борач Џон Сина ја шокираше публиката на Оскарите со тоа што на сцената се појави целосно гол, а неговиот изглед потсетуваше на Адам. Вака, тој го објави победникот во категоријата за најдобра костимографија. Статуетката отиде во рацете на костимографите на филмот „Кутрите“, филм кој славеше и во категориите сценографија и шминка и фризура. Причината за ова беше потсетување на моментот од пред 50 години, кога на сцената на ...

Клубот за естетско ритмичка гимнастика “АВАНТГАРД” – Прилеп зеде сериозен замав со успеси со свои учеснички (грации) на интернационални натпреварувања. Прилепскиот клуб оваа дисциплина ја развива рамо до рамо со познати клубови од Балканот и пошироко, кои работат повеќе од 30 години. Нашите прилепски грации веќе 8 години континуирано се стекнуваат со успеси, а така беше и не последниот Интернационален куп “Евитакуп” кој се одржа во Свилајнац, ...

На 24ти април и 8ми мај ќе победи чесна и намачена Македонија – порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, откако денеска беше официјално објавено дека тој ќе биде носител на изборната листа на партијата во изборната единица 4. -Ќе победиме заедно со секој еден од вас што е против криминалот и корупцијата, што сака средена држава и силна економија ! Ја имам честа да сум НОСИТЕЛ на листата на ВМРО-ДПМНЕ за ЧЕТВРТАТА ИЗБОРНА ...

На 11.03.2024г. околу 00:10часот, во ОВР Прилеп било пријавено дека во двор од куќа на ул. “Борка Стеваноски” во Прилеп, сопственост на Б.В. (40) од Прилеп, било опожарено неговото патничко возило марка “опел инсигниа” со прилепски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од сопственикот, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од ОВР Прилеп, а за настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот – ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и предложи притвор за 27-годишник со двојно македонско и австралиско државјанство, за кого постои сомнение дека сторил – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 10 март, на крстосница меѓу улиците „Партизанска“ и „Михајло Андоновски“ во Битола, осомничениот во видно алкохолизирана состојба ...

Сите три блока од РЕК „Битола“ од сношти се исклучени и моментално функционираме благодарение на струјата од увоз – пишува на својот Фејсбук профил Универзитетскиот професор од Битола, Дејан Трајковски. Неговиот ФБ статус во целост го пренесуваме во продолжение: -Добрата вест е што барем следните 2-3 дена РЕК „Битола“ нема да произведува загуби за државниот буџет, бидејќи увозната електрична енергија, по средна цена од околу 72 евра/MWh (базен ...

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, најави дека тој ќе биде носител на пратеничката листа во Изборната единица 1 на претстојните парламентарни избори. За Изборна единица 2 носител на листата ќе биде Владо Мисајловски. Во Изборната единица три носител ќе биде сегашниот пратеник Драган Ковачки. Во Изборната единица 4 носител ќе биде потпретседателот на партијата и пратеник Александар Николовски. Во Изборната единица 6 носител ќе биде ...

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (08/09/10.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 220 возачи, меѓу кои 164 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 24 мерки за возење под дејство на алкохол, 18 санкциии за управување без возачка дозвола, 11 мерки за непрописно паркирање… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните ...

Денеска се навршуваат 22 години од смртта на Илија Милчин – едно од најголемите актерски имиња на македонската актерска сцена. Милчин е роден во Прилеп во 1918 година. Завршил право на Софискиот универзитет во 1942 година. Во периодот од 1944 до 1947 година работел како драматург, а потоа како глумец и режисер во Македонскиот народен театар во Скопје. Бил уметнички раководител и режисер на Обласниот македонски народен театар во Горна Џумаја, ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. -Во периодот од август до крајот на декември 2023 година, осомничениот во стан на улицата „Прилепска“ во Битола, во повеќе наврати вршел полови дејствија врз 14-годишно ...

Празниците и кај христијаните и кај муслиманите не значат само да ја наполнете својата трпеза и да се нагостите со семејството. Религијата и кај едните и кај другите подучува да го споделуваме тоа што го имаме и да помагаме на оние на кои им е најпотребно. Газда Мине Рамовиќ од село Десово го знае тоа, па затоа во месецот на Рамазан во неговиот маркет “Табако”, лебот ќе биде бесплатен за сите, и тоа во неограничени количини. За таа цел ...

На 10.03.2024 во 12.30 часот во с.Долно Српци, општина Могила, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Т.Н.(35), Б.Џ.(37), С.Р.(20), А.Р.(23), А.Р.(45), Е.Б.(32), Д.Д.(24), Е.К.(24) сите од Прилеп и Р.В.(61) од с.Мажучиште, прилепско. Тие биле затекнати при извршување на кражба во објект на ЗИК „Пелагонија“. Од нив биле одземени патничко возило „фолксваген венто” со прилепски регистарски ознаки, патничко возило „фолксваген ...

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати. Согласно последната одлука, цената на дизелот се намали за 1 денар, а бензините поскапеа за половина денар. Ова се актуелните цени на горивата: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни и поројни, над 20 литри на метар квадратен, проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец, над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната од 13 до 18 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне и во ...

Овој светител пострада од Агарјаните во 1727 година. Како што пишува на кивотот во кој се чува неговата чесна глава, во тој период од нивното владеење, Агарјаните имаа свиреп обичај за време на тридневното празнување на празникот Рамазан насилно да приведуваат во својата исламска вера некои од поробените христијани. Во страв и трепет пред нивниот незадржлив гнев, незаштитените и угнетени христијани се сокриваа кој како умееше и можеше. Раката ...

Ракометарите на РК Прилеп останаа непоразени и на тешкото гостување во Куманово, откако во драматична завршница Христи Бикоски донесе голем бод за избраниците на Боби Мојсов. Иако прилепчани имаа водство во речиси сите 30 минути од првото полувреме, а на пауза се замина со 12:14, домаќините со мини серија во вториот дел дојдоа до изедначување (17:17), а неколку минути подоцна и до водство. И кога сите мислеа дека Прилеп ќе го доживее првиот ...

„Несомнено еден наставник мора и треба да одржи час без да има учебник пред него, но недостатокот на учебници е проблем за учениците и е проблем за родителите. Ние на часот можеме и без учебник да предаваме но што ќе се случи со учениците кога ќе дојдат дома и треба да го повторат и продлабочат она кое го научиле за време на часот. Ние честопати им даваме и дополнителни материјали и тоа го правиме постојано. Но во недостаток на учебници ние ...

Под влијание на циклонска активност утре попладне, во текот на ноќта и во вторник времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен и пороен дожд, над 20 литри на метар квадратен, проследени со силен ветер, над 70 километри на час и појава на грмежи. Во Скопје утре попладне, во текот на ноќта и во вторник ќе преовладува променливо облачно време со ...

Дополнителниот заменик министер за земјоделство шумарство и водостопанство вчера беше во работна посета на општина Битола. При посетата остварени се повеќе средби со земјоделци од с. Велушина и с. Кравари каде што се разговараа актуелните состојби и проблемите со кои се соочуваат изминатиов период. -Во 2016 година во Македонија под пченица биле некаде околу 80.000 ха, а во 2022 година површините паѓаат на 70.000 ха, што значи 10.000 ха помалку. ...

Видео снимка на еден Канаѓанец го прикажува моментот кога Боинг 777 беше погоден од гром веднаш по полетувањето. Според Националната метеоролошка служба, повеќето авиони се удирани од гром најмалку еднаш годишно. Сепак, ваков инцидент ретко се фаќа на видео, пишува Business Insider. Итан Вест изјави за CBC News дека гледал авиони на меѓународниот аеродром во Ванкувер во неделата кога видел еден од неговите омилени авиони: Боинг 777-300ER. ...

Живееме во време кога како никогаш досега сме преокупирани со работни овбрски, со брзање да стигнеме секаде, да обезбедиме денар повеќе и подобар живот за себе и своето семејство. Па не е ни случајно што во една ваква трка со времето, многу често се случува готвењето да го ставиме во втор план. Ако ги прашате прилепчани пак, тие ќе ви речат дека одамна заборавиле што е тоа готвење, а зошто е тоа така? Епа Прилеп си ја има “Ана Марија”, кетеринг ...

Секој човек остава трага во нашиот живот. Но, некои луѓе не само што оставаат трага, туку ни се водилка, затоа што дале бројни совети и цели генерации насочувале и подготвувале за идните фази во животот – напиша на ФБ штипскиот градоначалник Иван Јорданов, кој вчера на 8-ми Март со мало внимание ја посети својата класна раководителка. -Денешниот ден го посветив на жената која на многу генерации помогна да го изберат вистинскиот правец, од ...

Наместо со 20 километри на час, која беше максималната дозволена брзина на движење на возовите на пругата Велес-Скопје, отсега возовите на оваа делница ќе сообраќаат со „неверојатни“ 50 километри на час, бидејќи, како што соопшти МЖ Инфраструктура, завршена е санацијата на пругата. „Сектор ЗОП Скопје во изминатиот период работеше на замена на дрвени колосечни прагови и шини на делот меѓу станиците Рајко Жинзифов и Велес. Замената е завршена и ...

Ракометарите на РК Прилеп денеска со почеток од 17часот, го играат петтиот натпревар од плеј-аут разигрувањето на ракометната Супер лига. Избраниците на тренерот Боби Мојсов се наоѓаат пред првиот посериозен предизвик, а тоа е гостувањето во Куманово, каде на прилепчани ќе им бидат потребни бодови за останување на првото место на плеј-аут табелата, а со тоа борба до крајот за сигурен опстанок во лигата. Освен службено добиениот триумф против ...

Скопје

7ᴼ/7ᴼ
1.54
81%
1015

Белград

13ᴼ/11ᴼ
4.63
54%
1011

Софија

12ᴼ/9ᴼ
2.57
55%
995

Сараево

11ᴼ/11ᴼ
0.28
58%
1014

Љубљана

11ᴼ/6ᴼ
1.03
85%
1000

Атина

17ᴼ/11ᴼ
3.6
65%
1015

Тирана

9ᴼ/9ᴼ
1.54
81%
1018

Подгорица

15ᴼ/14ᴼ
1.03
72%
1018
Currency

61.5161

Currency

57.1177

Currency

72.1028

Currency

37.1059

Currency

42.1843

Currency

63.3539

Currency

7.90283

Currency

0.61687

Currency

0.3772

Currency

0.52643

Currency

1.76281

Currency

0.68476

Алуминиум

2 $

Кобалт

558 $

Никел

524887 $

Рутениум

24115 $

Калај

27 $

Сребро

785 $

Злато

70609 $

Бакар

8 $

Паладиум

31906 $

Платина

28698 $

Родиум

150321 $

Цинк

76077 $