Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 83,00 ден/литар. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за ...

На 03.12 и 04.12.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце било констатирано непочитување на законите кај пет патнички возила-комби, кои вршеле меѓународен превоз на патници. При контрола на петте возила, сите со струмички регистарски ознаки, управувани од А.С.(42), П.Ч.(24), Д.А.(35), В.Ј.(23) и Н.Г.(23), сите од Струмица и струмичко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници ...

Во 2023 година, земјоделците со своите бизнис планови, ќе може да аплицираат за грант од 10.000 евра, најави министерот за земјоделство Љупчо Николовски на прес конеференција ,,За бизнис план во земјоделството е предвиден грант до 600.000 денари. Јавниот повик ќе трае цела година. Земјоделците не мора да брзаат и кога ќе бидат подготвени може да се јават на повикот,, рече Николовски. Тој уште еднаш потсети дека од наредната година има нов модел ...

Заврши доизградбата на патот до Ума. Со афалтирањето на преостанатите 800 метри од патот, од крстосницата на патот Гевгелија-Смрдлива Вода до Ума, по повеќе од една деценија целосно се заокружува оваа сообраќајница. Изградбата на последната делница од патот за Ума чини 6.700.000 денари, од кои 1,5 милион денари се средства од Буџетот на Општина Гевгелија, а преостанатите се обезбедени од Бирото за регионален развој, преку проектната програма на ...

АД ЕСМ на 03.12.2022 година произведe 12.797 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи. Во Термоелектраните произведени се 8.472 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.325 MWh. Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 3.940 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, ...

Советниците на „Стига е“ бараат трите струмички општини Струмица, Боислово и Ново Село да ги стават на дневен ред точкит со кои секоја општина треба да донесе одлука дека на нејзина територија нема да се отвораат индустриски капацитети од Г1 тешка загадувачка индустрија. Иницијативата е поттикната од проблемот со отворањето на рудникот Иловица-Штука и засега иако има поднесено барање од советниците, не е ставена на дневен ред на општините ...

Вечерва завршуваат сервисните и ремонтните активности на генераторот и на другата опрема во ТЕЦ Неготино, и утре во 7.30ч почнуваат активностите за ставање на електраната во функција на производство информира ЕСМ. „Во договорот со економскиот оператор кој ги изведуваше работите беше наведен 15 декември како датум за завршување на зафатите. Но, со засилен интензитет на работа на економскиот оператор, и зголемен ангажман на вработените рокот е ...

Ќе бидат потребни години за да се вратат цените на енергијата на нивоата пред војната во Украина, изјави шефот на една од најголемите светски енергетски фирми за Би-Би-Си. Франческо Стараче од Енел рече дека намалувањето на цените зависи од новите извори на енергија како што се обновливите извори на енергија и топлинските пумпи. Владите ширум Европа трошат милијарди помагајќи им на бизнисот и домаќинствата да за сметките за енергија. Тие, исто ...

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими денеска, на заедничка прес-конференција, го претставија Предлог-буџетот за 2023 година, оценувајќи го како буџет за сигурност, стабилност, кој ќе одговори на кризата и постави основи за понатамошен економски раст. „Предлог-буџетот за 2023 година е основата за нашата визија за стабилна, економски просперитетна и напредна Република Северна Македонија, идна земја членка на ЕУ. ...

Координативното тело на приватните превозници утрово го блокира булеварот „Илинден“ од семафорите кај Владата до семафорите кај МИ-ДА во двата правци, но само десните ленти од коловозот. Дали протестите и блокадите ќе продолжат за време на викендот, приватните превозници не кажуваат, но нагласуваат дека секако ќе продолжат од понеделник ако нема решение на проблемот и дека тие ќе се радикализираат. „Пред Градското собрание утре ќе бидат ...

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, , оствари работна средба со амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Хиронори Савада, чија посета се должеше во врска со донираниот нов рендген-апарат на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност во Гевгелија, од страна на Јапонската амбасада. На средбата, исто така, стана збор и за можностите за продолжување на соработката. Градоначалникот Сарамандов му посака добредојде на јапонскиот амбасадор, притоа ...

И годинава Струмица ќе има празничен изглед, но, скромен. Така најави градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов. Тој за Канал ВИС рече дека градот треба да има новогодишно руво, ама за него нема да издвојат голема сума пари. Ќе се украсува во рамки на ланскиот буџет. Околу 400 илјади денари ќе чини празничната магија на струмичани. Оваа година исто така ќе се постави и божиќниот базар на плоштадот со што ќе се организираат повеќе ...

Одборот за нематеријално културно наследство на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО), чие седиште е во Париз, денеска на состанок во Мароко го вклучи националниот пијалок на Србија „Шљивовача“, односно ракијата од слива на листата на светско нематеријално културно наследство! Општествените практики и знаењата поврзани со подготовката и употребата на традиционалната ракија од слива се официјално ...

Бесплатни онлајн обуки за дислексија за наставниците од струмичко. Ова е договорено на средбата со претставник на Здружението за дислексија „Ајнштајн“ од Скопје. Градоначалникот Костадинов објави дека потпишале Меморандум за соработка со ова здружение, бидејќи не е мал бројот на ученици во општината кои се соочуваат со дислексија и тешкотии во учењето. Дислексија е состојба каде што постојат тешкотии при читањето и разбирање на прочитаното. ...

Се укинува воведувањето на проресивното оданочување, кое требаше да започне од 1 јануари 2023. Ваквата одлука е донесена по состаноците со деловната заедница. Ковачевски рече дека нема да има зголемување на персоналниот данок, данокот на добивка и ДДВ, но дека ќе се зголеми даночната ефикасност. Ковачевски потврди дека штедните влогови и депозити нема да се оданочуваат и понатаму. „Оданочувањето ќе се воведува во повеќе етапи во интерес на ...

Недела нема да им се одземе на најголемиот дел работници во државата. Ова е одлуката на мнозинството судии од Уставниот суд. Портпаролката на Уставен, Кристина Беловска, денеска на пресконференција соопшти дека Уставниот суд на денешната седница одлучил да не поведе постапка за преиспитување на законското решение со кое недела беше прогласено за неработен ден за најголем дел од работниците. Всушност, уставните судии одлучиле да не се прифати ...

Агенцијата за финансиска поддршка ја реализираше исплатата за две подмерки од интервентниот фонд. -Станува збор за исплата на финансиска поддршка за произведена и продадена зелка кај регистрирани откупувачи за период од 13.04.2022 година до 07.05.2022 година. По овој основ 1.630 корисници се финансиски поддржани за нивното производство со 41.7 милиони денари. Висината на финансиската поддршка изнесува 3 денари / килограм. -Исто така, исплатена е ...

Советот на општина Струмица даде зелено светло за физибилити студијата з апоставување на фотоволтаични централи од страна на ЈПКД Комуналец една со инталиран капацитет од 406 киловат часови додека другата со инталиран капацитет од 2,2 мегават часови. Паралелно Советот со 12 гласа за донесе одлука за започнување на постапка за креидитрање за реализација на физибилити студии за поставување на фотоволтаични централи во Комуналец. Опозициската ВМРО ...

„Ветивме и ќе го реализираме патот од Добрашинци до Нова Маала Работите на терен се при крај и во наредниот период ќе следува асфалтирање на овој патен правец. Општина Василево продолжува да се развива. Реализирање на ветените проекти како Градоначалник се и остануваат мој приоритет. Капитален проект од големо значење за овој дел од општина Василево. Општината мора да се стабилизира финансиски од наследените долгови, но во ниту еден момент ...

Првиот човек на општина Струмица Костадин Костдинов објави дека се чистат повеке канали кои во случај на врнежи од дожд непречено би ги апсорбирала најдојдените води ,,Во моментот се чистат каналот „Крушевска Република“ се чисти на потегот од улицата „Климент Охридски“ до уливот во реката Тркања и атмосферските канали во населеното место Муртино. Чистењето ќе продолжи на реката Тркања во опфатот на селото Градско Балдовци и отворениот дел од ...

Синџирот кина „Шоукејс синемас“ (Showcase Cinemas) спроведе анкета за да дознае од граѓаните на Велика Британија кој е нивниот омилен божиќен филм. Филмот Home Alone („Сам дома“) од 1990 година доби 19 отсто од гласовите во анкетата спроведена пред празничната сезона. Дејството во филмот им е познато на многумина. Осумгодишниот Кевин Мекалистер останува сам дома откако неговото семејство заминува на патување без него. Во неговиот дом се ...

Денеска и во следните три дена ќе биде изменет сообраќајниот режим на улиците „Серменинска“ и „Никола Карев“ во Гевгелија. Се гради атмосферската канализација во тој дел од градот, па поради тоа граѓаните ќе возат во поинакви услови. Се апелира до учесниците да го пренасочат сообраќајното движење, согласно наведениот календар на активности: – вторник (29.11.2022 г.), од 08:00 до 16:00 ч., вадење на постоечки асфалт со утовар и транспорт до ...

Три семејства до Гевгелија ќе станат згрижувачи. Ова е резултатот од кампањата што летово ја спроведе Министерството за труд и социјална политика во сите градови во Југоистокот. Да се промовира згрижувањето како хумано и општествено добро, да се истакнат предностите за згрижувачкото семејство, но и за децата кои се згрижуваат. Тоа беа главните пораки што ги испраќаше тимот од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства при СОС-Детско село. На ...

Сè повеќе Европејци сè потешко врзуваат крај со крај поради растот на цените кои ги намалуваат нивните приходи, се наведува во извештајот на Европската статистичка служба. Уделот на граѓани кои имаат потешкотии да ги покријат основните трошоци е зголемен во вториот квартал во однос на претходните три месеци во осум од 10-те земји на Европската Унија опфатени со истражувањето, објави Евростат. Намален е само во Словенија и Финска. Податоците до ...

Да се едуцираат децата, но и родителите да внимаваат на воспитувањето за да се превенира насилството помеѓу врсниците во училиштата. Ова е темата на трибината што во подрачното училиште Сандо Масев во селото Баница ја организираше стручната служба во ова училиште. Директорката Драгица Спасова вели дека децата можат многу да променат во своето однесување, ако правилно се насочуваат. Стручната служба во ова училиште ќе организира и работилници со ...

Насилството не смее да биде табу тема и треба да се пријавува, затоа што никој не смее да трпи насилство. Ова се пораките од трибината на која претставници на повеќе институции и организации зборуваа на оваа тема. Жртви се и жените и мажите, велат од подрачното министерство за правда, кое за жртви на семејно насилство обезбедува бесплатна правна помош. Сепак, бројот на жени е несразмерно поголем. Причина е и лошата економска ситуација на жените. ...

Германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмајер, утре ќе допатува во официјална посета на земјата. На официјалната страница на германскиот претседател се наведува дека посетата е со фокус на ситуацијата во регионот, влијанието на војната во Украина и тековната поддршка на Германија за перспективите на земјата за пристапување во ЕУ. Ова е прва посета на Штајнмаер во Македонија. Во Скопје се планирани политички разговори на 29 и 30 ноември, меѓу ...

Откупот на тутунот годинава стартува со 30 проценти повисока цена во однос на лани, а се очекува да бидат откупени 21 илјади тони тутун, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по средбата со тутунопроизводителите во Прилепскиот регион. Покрај повисоката откупна цена, како што рече, има и повеќе склучени договори, поголемо планирано количество на откуп и има подобар квалитет на тутунот, што според него, оди во прилог на успешен откуп со ...

Вечерва се одржа хуманитарен настан на Елеуса Фондација на кој се презентираа активностите на организацијата од изминатите девет месеци. Преку кратки видеа фондацијата ги запозна своите соработници, поддржувачи, но и струмичката јавност со организираните хуманитарни и едукативни настани. Вечерашниот хуманитарен настан е организиран со цел да се соберат средства за подготовка на пакети со храна и средства за хигиена за граѓани кои се во социјален ...

Процесот за снабдување со поевтина електрична енергија за клучните субјекти по одлуката на Владата тече непречено и без никаков застој, и сите пријавени кои исполнуваат услови ќе добијат електрична енергија од ЕСМ Продажба од 1 декември, информираат од таму. „ЕСМ Продажба“ ги отфрла неоснованите изјави од страна на одредени претставници од стопански асоцијации во кои без аргументи и надвор од вистината се критикува процесот и се изнесуваат ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1016
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
84%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1016
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1016
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
0.82
89%
1014
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
2.06
92%
1016
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
1.54
73%
1012
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
87%
1013
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
94%
1013
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
2.57
83%
1014
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 11ᴼ
1.34
75%
1014
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
5.66
82%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52