Општинската изборна комисија (ОИК) во Битола потврди дека до 15 часот на гласање излегле 24.243 гласачи или 31,45 проценти од електоратот. Според Единствениот избирачки список, право на глас имаат 77 253 избирачи кои се распределени на 170 гласачки места. Во текот на вчерашниот ден во Битола гласаа 134 немоќни и болни лица, 86 затвореници во битолскиот затвор и 83 лица сместени во битолските домови за стари лица, информираше Игор Талевски, ...

Јувентус попладнево претрпе пораз од Комо на гостински терен со 2:0 во седмиот натпревар од сезоната 2025/26 во Серија А. Головите ги постигнаа Марк-Оливер Кемпф и Нико Паз, кој исто така имаше и асистенција. Комо ја продолжи својата серија без пораз во италијанското првенство на пет натпревари – две победи и три нерешени резултати. Екипата на Сеск Фабрегас е на 5. место со 12 бода. Јувентус го претрпе првиот сезонски пораз во Серија А, откако ...

Додека низ САД се одвиваат масовни анти-Трамп протести „БЕЗ КРАЛЕВИ“, Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth social објави видео креирано од вештачка интелигенција на кое се претставува со круна на главата како пилотира со борбен авион на кој пишува KING TRUMP (Кралот Трамп) додека буквално фрла измет врз американските граѓани кои демонстрираат. Trump posts AI video showing him literally dumping shit on America pic.twitter.com/qZ2ZC6s8EW ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им нареди на израелските шефови на безбедносните служби да „преземат решителни мерки против терористичките цели во Појасот Газа“ по денешните напади во Рафа. Кабинетот на премиерот соопшти дека Нетанјаху ја издал наредбата за време на состанокот со министерот за одбрана Израел Кац и раководителите на разузнавачките служби Шин Бет и Мосад. Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека палестинските ...

По речиси четврт век непрекинато присуство на човекот во орбитата, Меѓународната вселенска станица (ISS) ќе биде деорбитирана во 2030 година и контролирано ќе биде спуштена во изолиран дел од Пацификот, соопшти НАСА. Од ноември 2000 година, ISS е симбол на меѓународна соработка меѓу САД, Европа, Канада, Јапонија и Русија. Во неа се изведени над 4.000 експерименти и објавени повеќе од 4.400 научни трудови, со откритија што го променија ...

Сите изборни органи да ги следат насоките од ДИК и да не ги попречуваат медиумите во извршувањето на нивната работа на терен. На медиумските работници од Македонија не им е потребна акредитација од ДИК за да ги следат изборите, туку тие се идентификуваат едноставно со беџот издаден од нивната новинарска куќа или од новинарските здруженија во државата, апелира портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани. Тој напомена дека ДИК неколку ...

Во Општина Чашка до 13 часот на 30 избирачки места гласале 2500 гласачи или 40 проценти од вкупно запишаните 6141 во избирачкиот список. Како што информира за МИА претседателот на ОИК Чашка, Ридван Лимани, на сите избирачки места гласањето се одвива непречено и без инциденти. Во Општина Градско до 13 часот, на 11 избирачки места, гласале 789 гласачи или 26,01 процент од вкупно запишаните 3038 гласачи во единствениот избирачки список. Како што ...

Одлуката на кралот Чарлс III да го лиши принц Ендру од последните кралски титули ја преобликува не само неговата иднина, туку и положбата на целото семејство Јорк, пишува Би-Би-Си. Сара Фергусон останува без титулата војвотка Поранешната сопруга на Ендру, Сара Фергусон (66), сега го губи правото да го користи титуларното име Сара, војвотка од Јорк и повторно ќе биде позната само по своето моминско презиме – Фергусон. Кралскиот коментатор Ричард ...

За време на отворањето на музејот Лувр во Париз изутрината се случил грабеж, соопшти француската министерка за култура Рашида Дати на својот профил на мрежата Икс. „Поради грабежот, донесена е одлука културната установа, музеј Лувр да се затвори за посетители од вонредни причини“, се вели во соопштението за медиумите објавено од музејот на таа социјална мрежа, пренесува дневниот весник „Фигаро“. Француските медиуми известуваат дека тројца ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синер доби рекет направен од чисто злато по освојувањето на егзибицискиот турнир „Сикс Кингс Слем“. Наградата на турнирот во Ријад, Саудиска Арабија, тежеше приближно 3 кг. Рекетот е вреден 250.000 евра. Трофејот му го врачи Турки Ал-Шеик, советник на Кралската канцеларија на Саудиска Арабија. Во 2024 година, слична награда му беше доделена и на Рафаел Надал. Вчера Синер го победи Шпанецот Карлос Алкараз (6:2 и 6:4) ...

Излезеноста на локалните избори до 13:00 часот е 20,12 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Гласањето се одвива без проблеми и засега од ОИК или избирачките одбори.до ДИК нема никакви дојави за евентуални нерегуларности или неправилности Како што информира портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, до 13:00 часот се пристгнати податоци од 3 207 избирачки места. Вкупниот број запишани избирачи од кои се пристиганти податоците ...

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, стана најдобар стрелец во регуларната сезона на МЛС. Триесет и осумгодишниот Аргентинец постигна 29 гола на 28 натпревари. Тој има и 19 асистенции. Ноќеска Меси му даде три гола на Нешвил во победата од 5:2. Играчот на Лос Анџелес, Денис Буанга, е втор. 30-годишниот Габонец постигна 24 гола на 30 натпревари. Англичанецот од Нешвил, Сем Сариџ, е трет со 24 гола (по 34 натпревари), но има помалку асистенции ...

Граѓанките и граѓаните кои се соочуваат со пречки при остварување на своето право на глас можат да пријават изборни нерегуларности во ЦИВИЛ на следниве начини: 📧 Е-пошта: monitoring.civil@gmail.com 💬 Порака на Фејсбук (не во коментари, туку преку Messenger) 📞 Телефон: 02 5209 176 🖥️ На располагање е и ОНЛАЈН ПРИЈАВА на изборните нерегуларности. 🔒 ЦИВИЛ ја гарантира доверливоста на податоците и заштитата на изворите. Извор: Цивил Медиа ...

Руската Федерација употреби речиси 50 ракети, над 3.270 ударни беспилотни летала и 1.370 наведувани воздушни бомби против Украина оваа недела, објави украинскиот претседателот Володимир Зеленски на Фејсбук, пренесува Укринформ. „Украина никогаш не барала војна. Се согласивме на безусловно примирје, баравме можности за мир и постојано му нудевме на светот начини да ги запреме нападите на небото, на копно и на море. Но, Русија е таа што постојано ...

Излезеноста на локалните избори до 11:15 часот е 9,38 проценти, објави Државната изборна комисија (ДИК) – До 11:15 часот пристигнати се податоци од 3.139 избирачки места на кои од вкупно запишани 1 645 583, гласале 154 275 граѓани, односно 9,38 проценти, рече на прес-конференција портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска. Како што посочи, до ДИК досега нема информации од избирачките одбори за евентуални проблеми или непријатности. ...

Басистот и еден од основачите на американскиот бенд Limp Bizkit, Сем Риверс, почина на 48-годишна возраст, објави групата на социјалните мрежи. Во објавата стои дека Риверс не бил „само басист“, туку „душата во звукот“ на Limp Bizkit. „Од првата нота што ја отсвиревме заедно, Сем донесе светлина и ритам што никогаш нема да бидат заменети. Неговиот талент беше без напор, неговото присуство незаборавно, неговото срце огромно“, напишаа членовите на ...

Изборниот тек од локалните избори во Дебар и Центар Жупа се одвива нормално, со зголемена излезеност на граѓаните, кои го остваруваат нивното граѓанско право, потврдуваат од општинските изборни комисии. Во општина Дебар, до 11 часот гласале 981 лица или 5 отсто од вкупно запишаните 19.762 граѓани со право на глас. Зголемена излезеност е забележана и во општина Центар Жупа, каде до 11 часот од вкупно запишаните 7.551 гласале 369 или 4,8 отсто. ...

До 11.00 часот на 80. Избирачки места во Општина Штип на гласање излегле 4.500 граѓани или 10,89 проценти од вкупниот број на избирачи, вели за МИА претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК), Виктор Вацев. -Гласањето се одвива во најдобаред ред, немаме пријавено никакви неправилности од страна на избирачите или од страна на Избирачките одбори. Гласањето на Локалните избори во Штип се одвива во мирна атмосфера, вели Вацев. Во централното ...

Папата Лав Четиринаесетти денеска ќе прогласи седум нови светци на Католичката црква, вклучувајќи три калуѓерки, соопшти Ватикан. Ова е втората церемонија на канонизација со која претседава папата Лав Четиринаесетти од неговиот избор за поглавар на Римокатоличката црква на 8 мај, по смртта на папата Франциск, пренесува парискиот весник „Фигаро“. Како што наведува Ватикан, папата денеска ќе канонизира седум нови светци, вклучувајќи го првиот ...

Излезеноста во Крива Паланка до девет часот изнесува 5.15 отсто, во Кратово 5.13 отсто, додека во Ранковце 5.96 отсто од вкупниот број гласачи запишани во избирачкито список го оствариле своето право на глас до 9 часот. Во овие три општини изборнито процес започна навреме и гласањето се одвива непречено. Во Општина Крива Паланка се гласа на 47 избирачки места, а во единственито избирачки список се запишани вкупно 16534 граѓани. Во Кратово се ...

Излезеноста во Куманово, според податоците на Државната изборна комисија до 9 часот е 2, 75 проценти. Како што претходно соопшти ДИК, а потврди и претседателката на ОИК Куманово, Кристина Цветковска на едно избирачко место во село Живиње, каде има 12 гласачи поради немање електрична енергија согласно изборниот законик, ДИК донел одлука гласањето на ова избирачко место да продолжи со УВ ламба и УВ спреј, додека екипите не го санираат проблемот со ...

За време на предизборниот молк, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 20 пријави за нарушување на изборниот молк од кои шест на подрачје на СВР Скопје, четири на подрачје на СВР Куманово, потоа СВР Велес – три, по два настани на подрачје на СВР Охрид, СВР Штип и СВР Битола и еден на подрачје на СВР Струмица. По преземени мерки не се потврдени пријавите за 15 настани, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Покрај ...

Холивуд поделен околу бојкотот на израелските филмски институции: Бардем, Рафало и Никсон против студијата Ворнер и Парамаунт Во Холивуд повторно се разгорија тензии околу израелско-палестинскиот конфликт, иако неодамна беше постигнат прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Дел од познатите актери и уметници ја поддржаа иницијативата за бојкот на израелските филмски институции, додека други остро ја осудија, создавајќи јасна линија на поделба во ...

Излезеноста за локалните избори до 9 часот во Струга и Струшко е 2,2 отсто, додека во Вевчани 5,02 проценти, информираат претседателите на општинските изборни комисии Минир Жута и Менка Кукоска. Изборниот процес во двете општини, според нив, тече непречено. Во Струга се гласа на 101 избирачко место, а право на глас имаат 61.956 лица, додека во Вевчани своето законско право ќе го остварат 2.090 лица на три избирачки места. Избирачките места беа ...

Непречено се одвива изборниот процес во Прилеп и во општините во регионот – Крушево, Долнени и Кривогаштани, информираат од општинските изборни комисии. До 9 часот во Прилеп на гласање излегле 3,46 проценти од запишаните 62.053 граѓани со право на глас. Во Крушево до 9 часот гласале 4,89 проценти, во Долнени 2,8, а во општина Кривогаштани, своето право на глас до 9 часот го оствариле 3 проценти од избирачите. Во Прилеп денеска се гласа за еден ...

Заменичката генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска од денеска до вторник ќе престојува во посета на Јужна Кореја. Како што соопшти Прес-службата на НАТО, денеска на првиот ден од престојот, Шекеринска ќе ја посети демилитаризираната зона меѓу Јужна и Северна Кореја, по што во Сеул ќе има средба со извршни директори на компании од одбранбената индустрија. За утре се предвидени средби на Шекеринска со јужнокорејските министри за ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски утрово го оствари своето право на глас во основното училиште „Песталоци“ во Скопје, при што изјави дека гласањето на локалните избори започнало на сите избирачки места низ државата. -Денес е ден на демократијата. Македонските граѓани ќе можат да го остварат своето право на глас во рамки на мирни, фер и демократски избори, рече Тошковски. Тој информираше дека гласањето е започнато на сите избирачки ...

Непречено се одвива изборниот процес во општините Дебар и Центар Жупа, но вообичаено за утринските часови со слаба излезеност. Според Рилинд Хаса, претседател на ОИК-Дебар до 9 часот правото на глас го искористиле 242 гласачи или еден отсто од вкупно запишаните 19.762 лица, во единствениот избрачки список. Споредено со минатите локални избори, во октомври 2021 година, излезеноста е помала за 0,75 отсто. Претседателот на ОК-Центар Жупа, Неџип ...

Гласањето во Делчево започна навреме на сите 34 гласачки места од вкупно 36 избирачки места во општината. Според информациите од Општинската изборна комисија (ОИК), до 9 часот наутро своето избирачко право го оствариле 683 гласачи, што претставува 4,7 проценти од вкупно 14.503 запишани гласачи. Од ОИК информираат дека гласањето се одвива во мирна, фер и демократска атмосфера, без пријавени неправилности. Од ОИК Делчево напоменаа дека гласачите ...

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека планот за одбрана од „заканите“ од САД е готов по завршувањето на воените вежби во четири држави. САД распоредија седум воени бродови во Карипското Море и еден во Мексиканскиот Залив како дел од операција за која велат дека е насочена кон борба против трговијата со дрога, насочена кон Венецуела и претседателот Мадуро. Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, рече дека одобрил тајни ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
100%
1028
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
0.0
94%
1027
weather icon

Софија

1ᴼ / -3ᴼ
1.03
66%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.64
73%
1029
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.28
98%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
2.24
85%
1029
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
65%
1029
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1029
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
5.14
100%
1027
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
95%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
3.09
81%
1029
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Паладиум

52470.02

Рутениум

29192.88

Сребро

2128.87

Калај

42.35

Родиум

258009.74

Бакар

10.93

Алуминиум

2.90

Платина

61733.50

Кобалт

58.42

Цинк

3.03

Злато

139470.53

Иридиум

145787.60