Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека радикалното движење Хамас би можело да стане политичка партија доколку ги прифати принципите на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), која го признава Израел и го поддржува решението за две држави. – Хамас сè уште има можност да стане политичка партија доколку ги прифати принципите на ПЛО, која го признава Израел, ги почитува неговите меѓународни обврски и го поддржува решението за две ...
Македонскиот шаховски шампион Алкалоид забележа победа со 6:0 над Ипотитис Родос, вчера во второто коло на Европскиот клупски куп што се одржува на грчкиот остров Родос. – Зад резултатот се крие многу интересен меч со одлична борба! На сите табли се играше храбро и борбено, со добро подготвени системи на отворања. На првите пет табли играа најдобрите млади грчки интернационалци, а на шестата нивниот тренер, кој е ветеран, со титула на ...
Во фоајето на Националната опера и балет вечер од 19 часот премиерно ќе биде изведен мултимедијален настан „Дон Кихот во Скопје“, кој опфаќа концерт, изложба на уметнички слики и скулптури и промоција на книга. Проектот е инспириран од култната приказна за славниот витез Дон Кихот на Мигел де Сервантес. Настанот е организиран од Амбасадата на Шпанија во Скопје по повод националниот ден на Шпанија – 12 Октомври. -Светска премиера ќе доживее ...
Во Скопје вечер во 20 часот, во „Холидеј Ин“ ќе се одржи премиерата на документарниот филм „Вратете ни го чаламот“ посветен на најголемите успеси на македонски кошаркарски клуб „Работнички“. За ова информира градоначалникот на Општина Центар од СДСМ, Горан Герасимовски. Тој посочува дека документарниот филм зборува за историјата, за успесите, но и за сите оние кои никогаш не се откажаа од „Работнички“, без разлика на времињата, резултатите или ...
Концертот „Македонски сновиденија“ на Националниот џез оркестар, под диригентство на Владимир Николов, ќе го отвори 25. издание на „Есенски музички свечености“. Концертот ќе се одржи на 25 октомври во 20:00 часот, во малата сала на Македонската филхармонија. Овој проект претставува ново поглавје во работата на Националниот џез оркестар – првпат од неговото формирање оркестарот подготвува нови обработки на македонски народни песни, како и ...
Министерството за култура и туризам информира дека е завршена постапката за избор на изведувач за реализација на проектот за реконструкција на објектот на Универзална сала во Скопје. Денес е донесена Одлука за избор на најповолен понудувач по јавната набавка за „Изведба на градежни и градежно-занаетчиски работи и ентериер на објект Универзална сала во Скопје – по принцип на изградба Клуч на рака“. По завршување на законските рокови за ...
Месечината се раѓа повторно – чиста, тивка и полна со ветување. Во знакот на Вагата, таа не учи на рамнотежа: меѓу срцето и разумот, меѓу желбата и мирот. Денес е ден кога универзумот нè потсетува дека новите циклуси почнуваат само ако се ослободиме од старите. Отворете се за љубов, правда и меки зборови. Почнете го денот со намера – и светот ќе ви ја одрази вашата светлина. ♈ Овен Новата Месечина го насочува вниманието кон односите. Денес ќе ...
Утре (22 октомври) ќе се одржи дванаесетчасовен мултимедијален фестивал „Хаус оф Три“ (House of 3) на три сродни и препознатливи локации во центарот на Скопје — во „Три Кичен&Бар“ и во ноќните клубови „Клуб 1212“ и „Станица 26“. Почнувајќи во 18 часот, па сè до 6 часот наутро, ова трето издание на фестивалот, нуди настапи на интернационални гости и локални диџеи, винил маркет, поп-ап шоп со локални брендови и вкусна храна. Организаторите на ...
Николас Саркози стана првиот француски поранешен претседател кој оди во затвор, откако почнува да отслужува петгодишна казна за заговор за финансирање на својата изборна кампања со пари од починатиот либиски диктатор Моамер Гадафи, пренесува Би-би-си. Откако нацистичкиот колаборационистски лидер од Втората светска војна, Филип Петен, беше затворен за предавство во 1945 година, ниту еден поранешен француски лидер не бил зад решетки. Саркози, кој ...
Македонската Влада полека, но сигурно, ги спроведува агендите поврзани со малцинствата, безбедносните прашања, коридорите и другите прашања, со што има одреден напредок, но засега се уште ни недостига вистински пробив за напредок на европскиот пат, изјави известувачот на Европскиот парламент за земјава, австрискиот европратеник Томас Вајц. – Северна Македонија се уште е блокирана од Бугарија. За жал, има многу прашања поврзани со идентитетот што ...
Нападите со беспилотни летала врз Русија во текот на ноќта на 21 октомври предизвикаа штета и повредија еден човек во руската Брјанска област и друг во Ростовската област, тврдат властите, пренесува Кијив Индипендент. Три автомобили беа оштетени, покрај надворешноста на две станбени згради во рускиот град Клинци како резултат на напад со украински беспилотни летала, изјави гувернерот на Брјанската област, Александар Богомаз, во објава на ...
Премиерот Христијан Мицкоски заедно со владина делегација ќе учествува на Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, што денеска и утре ќе се одржува во Лондон. Како што соопштија од владината прес-служба, премиерот Мицкоски, заедно со вицепремиерот Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска, како и министерот за евроинтеграција ...
Претседателот Трамп во понеделникот го критикуваше австралискиот амбасадор во САД додека седеше спроти него, откако еден новинар го праша американскиот дали претходните коментари на амбасадорот во Вашингтон влијаеле врз неговите ставови за администрацијата на премиерот Ентони Албанезе. Се чинеше дека Трамп не го препозна австралискиот амбасадор на масата, но откако се претстави, Трамп брзо ги кажамшто мисли за него. „И јас не те сакам и ...
Пишува: ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Специјално за медиумската платформа на ЦИВИЛ Две важни работи се случија со малата Алта банка од Србија по последното објавување на текстот за неа во ЦИВИЛ. Поводот го знаеме – Комисијата за хартии од вредност не ја прифати понудата на оваа банка во првиот обид да ја преземе Стопанска банка – Битола. А според објавата во ЦИВИЛ – од втор пат – истото тело не нашло причина да не ја прифати истата, откако за таа солуција ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со успешните настапи на турнирите. Таа синоќа во првото коло на ВТА Челинџер турнирот во италијанскиот град Роверето ја елиминираше домашната тенисерка четвртата носителка Нуриа Бранкачо, совладувајќи ја со 2:0 во сетови (6:4 и 6:3) за 67 минути игра. Наградниот фонд на турнирот е 115.000 американски долари. Во првиот сет македонската тенисерка прва направи брејк и поведе со 4:2 во гемови, но ...
Поранешниот американски претседател Џозеф Бајден го заврши циклусот на радиотерапија за агресивен рак на простата и покажува охрабрувачки знаци на напредок, објавија денеска американските медиуми. Портпаролката на Бајден, Кели Скали, потврди за Си-Би-Ес Њуз дека поранешниот претседател, кој следниот месец ќе наполни 83 години, вчера завршил неколкунеделна радиотерапија во Центарот за радиологија и онкологија Пен во Филаделфија во процесот на ...
Водите на Северниот Пацифик го забележаа своето најжешко лето досега, а мистериозен морски топлотен бран ги збунува климатолозите, покажа анализа на Би-Би-Си. Температурите на површината на морето од јули до септември беа за повеќе од 0,25°C потопли од претходниот рекорд поставен во 2022 година, што е огромен пораст на површина околу десет пати поголема од Средоземното Море. Иако е познато дека климатските промени ја зголемуваат веројатноста за ...
Причината за падот на фуникуларот во Лисабон на почетокот на септември, кога загинаа 16 луѓе, бил неисправен кабел, покажаа резултатите од официјалната истрага. Во несреќата, жичницата „Елевадор да Глорија“ на 3 септември удри во зграда откако излета од шините, а во прелиминарниот извештај португалското Биро за истрага на воздушни и железнички несреќи (GPIAAF) наведува дека кабелот што ги поврзувал двете кабини не ги исполнувал стандардите ...
Градоначалникот Горан Герасимовски, информира дека денеска испратил допис до Управниот одбор на ЗЕЛС за одржување на итна седница кадешто ќе побара да се најде решение за проблемот со сметот како на територија на Центар, така и на градот Скопје. „Утрово пуштив допис до Управниот одбор на ЗЕЛС, се слушнав и со директорката на ЗЕЛС, побарав итна седница на ЗЕЛС кадешто ќе се побара решение на овој проблем. Изминатите пет дена комуналното ...
Санае Такаичи влегува во историјата како прва жена на чело на Владата на Јапонија, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. – Како прва жена премиерка на Јапонија, Вие создавате историја. Се радувам на блиската соработка со Вас за натамошно продлабочување на единственото партнерство меѓу ЕУ и Јапонија, напиша таа на X. Јапонскиот парламент утринава ја избра ултраконзервативната Такаичи за прва претседателка на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека би бил подготвен да им се придружи на Доналд Трамп и Владимир Путин на предложениот самит во Унгарија доколку биде поканет, пренесува Би-би-си. Претседателите на САД и Русија објавија во четврток дека планираат да одржат разговори за војната во Украина во Будимпешта, евентуално во наредните недели. Во коментарите објавени во понеделник, Зеленски им рече на новинарите: „Ако станува збор за ...
Едно лице загина и најмалку девет се тешко повредени откако торнадо синоќа погоди област северно од Париз. Префектурата Вал-д’Оаз рано утрово соопшти дека едно лице починало, четири лица се во критична состојба, а уште пет се во сериозна состојба по невремето во Ермон, во северните предградија на Париз. Локалната временска апликација Météo Express објави снимка која покажува торнадо како соборува три крана. – Ненадејно и невообичаено интензивно ...
Санае Такаичи стана првата жена избрана на функцијата премиер на Јапонија, јави јапонската новинска агенција Кјодо. Поранешната министерка за внатрешни работи, која беше одговорна за економската безбедност, освои мнозинство од гласовите на пратениците, влупно 237, во Претставничкиот дом со 465 места во парламентот на земјата. Такаичи е лидерка на владејачката Либерално-демократска партија, која вчера склучи коалициски договор со Партијата за ...
На „Златна лира“ – Фестивал на музичките уметници на Македонија вечер од 20 часот во Музејот на македонската борба концерт ќе одржи „Трио Анимато“, кое го сочинуваат пијанистката Светлана Димитриевска и флејтистките Даниела Неделковска и Симона Марочковска-Манојловска. Како што информира организаторот – Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ), на програмата на концертот се композиции од Алексеј Шор, Трајко Прокопиев и Франц Доплер. ...
Холивуд зад завесата – Ралф Фајнс како Амон Гет – нацистички командант во Шиндлеровата листа: вистини за една улога што не избледува Кога во 1992 година Раф Фајнс се појавил на аудицијата за филмот Schindler’s List, режисерот Стивен Спилберг наводно бил восхитен и вознемирен во исто време. Во јавноста со децении кружи приказната дека, по неговото читање на сцената, Спилберг излегол од просторијата, се вратил блед и рекол: „Мислам дека штотуку го ...
Германскиот филмски режисер Вернер Херцог ги сними „Фицкаралдо“ (Fitzcarraldo) и „Гризли-човекот“ (Grizzly Man), меѓу десетиците свои филмови и документарци. Во својата работа, честопати патувал на оддалечени места и важи за еден од германските режисери со светска слава, а сега вели дека сакал да патува и во Вселената, па дури можеби и да снима филм на Марс, иако, тоа на негови 83 години „може да биде тешко“, признава. – Патувањето до Марс е ...
Од центарот на Млечниот Пат пристигнува необјасниво сјаење што веќе со децении ги збунува научниците. Новата студија сугерира дека ова дифузно зрачење со гама-зраци можеби потекнува од најголемата космичка тајна — темната материја, или пак од ротирачки неутронски ѕвезди, пишува Индипендент. Истражувачите од Универзитетот „Џонс Хопкинс“ направиле карта на распределбата на темната материја во Млечниот Пат. Нивните симулации покажуваат дека во ...
Во градот Тамбасасајама, во западна Јапонија, осум печурки од видот мацутаке, одгледувани токму во тоа подрачје, беа продадени за 850.000 јени (околу 4.800 евра) на наддавање по првата берба оваа есен, објави денеска „Мајничи шимбун“. Според гласилото, печурките имале должина од 6,5 – 11 сантиметри и тежина од вкупно 263,5 грама, што ги прави најтешките од првите сезонски печурки откако пазарот отворен 2018 година. Иако печурките мацутаке обично ...
Скопје гласаше за визија, за конкретни проекти и за одговорно работење, порача денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, по вчерашното гласање во првиот круг од локалните избори и посочи дека Скопје избра иднина. -Од дното на моето срце, сакам да ви се заблагодарам за секој глас, за секој разговор, за секоја подадена рака и за огромната доверба што ми ја дадовте во првиот круг од овие ...
Поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од Локалните избори 2025, а врз основа на извештаите од извршениот мониторинг над изборното медиумско претставување, Советот на Агенцијата на денешната 15 седница одлучи да поведе прекршочни постапки против ТВ 24 Вести и ТВ Вистел, соопштија од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Како што појаснуваат оотаму, двете телевизии на 19 октомври при известувањето за време на вториот ...