Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја пречека претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета на земјава, во рамки на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан. Во Владата, како што е најавено, во тек е билатерална средба. Не се предвидени изјави за новинарите. Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека од претстојната посета на Скопје на Фон дер Лајен и средбата со неа очекува ...
Сметам дека во Ѓорче Петров треба да се случат промени на подобро поради состојбата во која се наоѓа Ѓорче денес. Јас и мојот тим имаме неколку клучни проекти за Ѓорче Петров во иднина да биде со еден хуман развој и да се менува на подобро, вели во дебата на МРТ кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Костадин Ацевски. – Детектираме реални проблеми и нудиме реални, конкретни и практични решенија. Ние го замислуваме Ѓорче како чиста ...
Координаторот на пратеничката група на Демократската партија, Газмент Барди, изјави дека во име на опозицијата доставиле барање до парламентот за покренување постапка за разрешување на шефот на државата, Бајрам Бегај. Барди го обвини Бегај за „сериозни и континуирани кршења на Уставот“, истакнувајќи дека барањето се заснова на обемен материјал што документира седум важни непочитувања на Уставот, кои според опозицијата сериозно го нарушуваат ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, по едномесечна пауза, повторно се појави во Окружниот суд во Тел Авив за да сведочи во судскиот процес за корупција. Судењето на Нетанјаху беше одложено поради еврејските празници и неговото патување во Њујорк на 80-тото заседание на Генералното собрание на Обединетите нации. Израелскиот јавен радиодифузен сервис КАН објави дека министрите и членовите на Кнесетот од партијата Ликуд на Нетанјаху ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, откако во јавноста се појавија фотографии од ресторан во Охрид на поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски со политичките противници, кратко коментираше: „Јас можам само да го цитирам поранешниот председател со неговата позната изјава ‘Или си СДСМ или не си’“, рече Филипче на денешната прес-конференција. Како што претходно објавивме, екс лидерот на СДСМ, некогашен премиер и претседател на ...
Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска ја посети депонијата „Дрисла“, каде што го најави почетокот на работите за изградба на заштитна ограда околу депонијата, проект со кој се реализира барањето на жителите на селото Батинци за заштита од кучињата скитници и расфрланите отпадоци. Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, Меџити, во ...
Во Седиштето на НАТО во Брисел денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски учествуваше на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО на кој присуствуваа министрите за одбрана на сите 32 сојузници, соопштија денеска од Министерството за одбрана. На состанокот министрите за одбрана се осврнале на повеќе теми поврзани со безбедноста. Тие заеднички ја потврдиле определбата за имплементација на обврските преземени на Самитот во Хаг во јуни оваа ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, предупреди дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ за само 14 месеци ја направи државата со највисок јавен долг во Западен Балкан. „Во последниве 14 месеци, државата се задолжи за над 1,86 милијарди евра – една милијарда од Унгарија, 836 милиони преку аукции на домашни хартии од вредност. Во најава се нови 950 милиони евра надворешно задолжување и 70 ...
Последните две книги поезија од македонскиот поет Тихомир Јанчовски – „Пристоен предлог и други песни“ и „Пеколот е мало место“ в сабота на пладне ќе бидат промовирани во Цреша Бар. Промотор ќе биде Дарко Лешоски, а стихови ќе читаат авторот Тихомир Јанчовски и Зоран Тортевски. Македонскиот поет, професор, преведувач и колумнист Тихомир Јанчовски завршил Општа и компаративна книжевност на УКИМ. Досега има објавено петнаесет книги поезија, три ...
Се воспоставува наградата „Роксан Стојанов“ за млади балетски уметници со цел да се охрабрат идните македонски таленти, информираат денеска Танц фест Скопје и Францускиот институт во Скопје. Наградата се воспоставува на иницијатива на примабалерината Роксан Стојанов, ѕвезда на Париската опера. Овој натпревар во организација на Културниот центар Интерарт во соработка со Амбасадата на Франција во Северна Македонија и Францускиот институт во Скопје ...
Метан – невидлив гас што ја загрева планетата, излегува од пукнатини на морското дно кај Антарктикот, додека областа се затоплува. Нови протекувања, имено, „се откриваат со зачудувачка брзина“, според научниците, што предизвикува стравувања дека предвидувањата за глобалното затоплување можеби биле потценети. Огромни количини на метан лежат на крајниот југ на планетава, коишто се создале во текот на илјадници години под морското дно. Тој невидлив ...
Руската армија започна комбиниран напад врз градот Суми, гаѓајќи нестанбени зони, како резултат на што беше нарушено снабдувањето со електрична енергија и вода, објави началникот на Регионалната воена администрација, Олег Григоров, пренесе Укринформ. -Непријателот изврши комбиниран напад врз Суми. Има удари кои не се во станбениот сектор. Засега нема жртви, рече Григоров. Тој истакна дека се утврдува обемот на штетата и дека надлежните служби ...
Израелската армија денеска соопшти дека едно од четирите тела предадени од Хамас не му припаѓало на израелски заложник, како што претходно беше објавено, објави ДПА. Генетскиот тест во Националниот институт за судска медицина покажа дека едно тело пренесено доцна во вторникот не се совпаѓа со ниту еден од исчезнатите починати заложници, соопшти ИДФ, пренесе германската агенција. Израелските медиуми сугерираат дека може да станува збор за тело на ...
Аналитичарите Дритон Зенку и Урим Салиу во изјава за Фронтлајн велат дека во Чаир и Тетово се очекуваат изненадувања, а резултатите ќе ја одредат иднината на коалициите и самата политичка сцена Неделните локални избори во општините со мнозинско албанско население – Гостивар, Чаир, Струга, Дебар, Тетово, Липково, Сарај, Арачиново и Студеничани – според политичките аналитичари, ќе имаат значење што далеку ги надминува рамките на локалната власт. ...
Со нашата поддршка за Украина вршиме притисок врз рускиот претседател Владимир Путин и помагаме за зајакнување на украинските капацитети со цел земјата да може да одврати каква било руска агресија во иднина, а со тоа јасно придонесуваме и за зголемување на нашата сопствена безбедност, изјави генералниот секретар на НАТО на почетокот на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел, на кој учествува и македонскиот министер за одбрана Владо ...
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска на прес-конференција зборуваше за проблемот со недостиг на вода во повеќе делови од Скопје, особено во повисоките зони. Таа посочи дека загубите на питка вода во системот се алармантни и дека потребен е сериозен, системски пристап. „Проценките се дека околу 60 проценти од питката вода се губи во системот за водоснабдување. Дел од загубите доаѓаат поради застарената ...
Во заедничка соработка меѓу Железници Инфраструктура, Архитектонскиот факултет и Градежниот факултет ќе се започне со проектирање за целосна реконструкција на Меѓународната железничка станица Скопје. Ова денеска го најавија директорот на ЈП Македонски железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, деканот на Градежен факултет, проф. д-р Јосиф Јосифовски и деканот на Архитектонски факултет, проф. д-р Анета Христова Поповска. Како што истакна ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја бранеше новата политика на Министерството за војна, со која се ограничува движењето и известувањето на акредитирани новинари во Пентагонот. Трамп изјави дека е загрижен бидејќи „високи генерали шетаат наоколу со новинари до нив, кои им поставуваат прашања и можат да направат грешка што може да биде трагична“. Новинарите имаа рок до синоќа во 23 часот по македонско време да ги прифатат новите правила – ...
Од 16 до 18 октомври, љубителите на новиот звук ќе се сретнат во Јавна соба и МНТ, каде ќе се одржи „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“ – тридневен музички настан, кој носи современа фузија на електроника, поп, поезија и трап. Фестивалот започнува утревечер, 16 октомври, во 21 часот во Јавна соба, со настап на Александар Велики, кој ќе го отвори фестивалот со динамичен концертен настап со интелигентна мелодичност и танцова атмосфера. Истата вечер ќе ...
Од утре, ќе има мирни јавни собири и блокади на кружниот тек кај двојниот мостот на улицата „Стево Теодосиевски“. Блокадите ќе траат по еден час секој ден, во периодот од 15:15 до 16:15 часот, се додека не започне судењето. Ова го најавија родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“ од 16 март, од 26. „Марш за ангелите“ одржан денеска пред Основниот суд во Кочани, испровоцирани од тоа што, според нив, адвокати на осомничените изјавиле дека ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека размислува да им го одземе правото на некои американски градови да бидат домаќини на натпревари за Светското првенство во 2026 година. Американскиот лидер ги наведе проблемите со криминалот во Бостон како пример. – Ги сакам луѓето од Бостон. Знам дека натпреварите се распродадени, но имате лош градоначалник. Ако некој работи лошо и мислам дека условите се небезбедни, ќе го повикам Џани Инфантино, ...
Лансиран пред неколку години, „Чет-ГПТ“ го предизвика „бумот“ на вештачката интелигенција и сега има околу 800 милиони корисници неделно. Американската компанија „Опен-АИ“ сега најави понуда на својот четбот, со содржина ориентирана кон возрасни, според изјавата на извршниот директор Сем Алтман. Новитетот може да пристигне веќе во декември. „Во декември, додека поцелосно го воведуваме ограничувањето на возраста и како дел од нашиот принцип ...
Од Владата имаме директна подршка за општина Гостивар од некаде 540 милиони денари или над 9 милиони евра за улици во општината во рамки на двата повици, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Гостивар. Тој заедно со министерот за здравство Азир Алиу извршија увид во инфраструктурни проекти што се реализираат со подршка на Владата. “Драго ми е што проектот за подршка на локaлната самоуправа се ...
Светскиот клупски шампион Барселона со вечерашното гостување во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе биде четвртиот шпански ракометен клуб што играл во Битола. Првиот дуел на Пелистер со шпански тим воедно е првиот настап на битолчани на европската ракометна сцена кои како прв македонски клуб во 1986 година во тогашната ИХФ европска ракометна лига ги одмерија со Атлетико од Мадрид. Битолчани во двомечот не успеаја да го минат првото коло, но како ...
Уште едно издание на Скопскиот џез фестивал со исклучително богата и квалитетна програма. Сите концерти се одржуваат во Националната опера и балет, а придружната програма, проекциите на документарните филмови во Кино Фросина, МКЦ. Билетите се во продажба онлајн на mktickets.mk а пред самите концерти и на билетарницата на НОБ. Програма: 16 октомври | НОБ | 20:00 ANDRZEJ JAGODZIŃSKI TRIO NATIONAL JAZZ ORCHESTRA with SIGI FEIGL & LUIS BONILLA ...
Американскиот претседател Доналд Трамп постхумно го одликуваше десничарскиот активист Чарли Кирк со највисокото цивилно признание во САД – Претседателскиот медал на слободата. Кирк, кој требаше да наполни 32 години на денот на церемонијата, беше застрелан на универзитетски кампус во Јута на 10 септември. Неговата сопруга Ерика Кирк ја прими наградата во негово име, во градината на Белата куќа. Трамп го нарече Кирк „вистински американски херој“, ...
САД поништија визи на неколку странски државјани поради изјави поврзани со нападот врз десничарскиот активист Чарли Кирк, соопшти Стејт департментот. Визи се укинати за државјани на Германија, Мексико, Аргентина, Јужна Африка, Бразил и на Парагвај. Стејт департментот наведе дека визите се укинати поради нивните онлајн коментари по повод смртта на Кирк. Германски државјанин ја прослави смртта на Кирк и се обиде да го оправда неговото убиство, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се закани дека ќе ја повлече поддршката за Аргентина доколку аргентинската внатрешна политика на претстојните избори не се движи во насока на САД. Тој, на вчерашната средба со претседателот на Аргентина во Вашингтон, посочи дека САД нема да „губат време“ да бидат дарежливи кон Буенос Аирес ако Хавиер Милеи победи на изборите. Според Трамп, противникот на Милеи, кој е „екстремно крајно левичарски“ ќе ...
И покрај најавите дека Израел денеска ќе го отвори граничниот премин Рафах помеѓу Појасот Газа и Египет, границата останува затворена. Според неименуван израелски владин претставник во тек се подготовки за отворање на граничниот премин Рафах, но само за влез и излез на жителите на Појасот Газа. Израелските власти вчера најавија дека граничниот премин ќе биде затворен, а хуманитарната помош ќе биде намалена бидејќи Хамас не ги предал телата на ...
На саемот на книга во Франкфурт, кој годинава се одржува од денеска до 19 октомври, писателката Билјана Црвенковска ќе се претстави на два настана, односно на две читачки промоции со германското издание на нејзиниот прв роман за возрасни, „Девет приказни за госпоѓица Сит“ (Die Neun Monde Der Miss Sith). Како што информираат од Чудна шума/ИД-Концепт консалтинг и дизајн, романот кој е во издание на реномираниот германски издавач „Мителдојчер ...