Скопје
-4ᴼ /
-4ᴼ
Претставата „Малата Фрида“ во режија на Аница Томиќ, а во изведба на Градскиот театар „ЖАР ПТИЦА“ од Загреб, Хрватска ја освои Гран при наградата на 4. Издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, што се одржа од 15 до 18 октомври годинава. – Претставата е топла, духовита и со визиелно раскошна сценографија и костими, раскажува приказна за тешките денови на малата Фрида Кало, која им зборува на децата на јасен и ...
Одѕивот на локалните избори до 09.15 часот е три отсто, а гласале 41 890 граѓани, објави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко, споделувајќи податоци од 2672 избирачки места (76,91 процент) во кои се запишани 1.394.158 граѓани. Тој повтори дека сите гласачки места се отворени навреме и оти гласањето се одвива без проблеми. – Досега во ДИК немаме јавување за текот на гласањето за ниту едно избирачко ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа најави дека повторно ќе се кандидира за нов мандат на претстојните избори. Во разговор за израелскиот Канал 14, Нетанјаху истакна дека планира да се кандидира за премиер на следните избори. Тој изрази увереност дека ќе победи на парламентарните избори, кои се очекува да се одржат наесен 2026 година. Како лидер на десничарската партија Ликуд („Унија“), Нетанјаху го држи рекордот со најмногу години на ...
Можеби ви изгледа магично кога ќе прочитате хороскоп, но зад секоја реченица стои вистинска работа со движењето на планетите. Астролошката прогноза не е случајна – таа е комбинација од астрономски податоци, симболични значења и интуитивен превод на јазик кој сите можеме да го разбереме. Месечината како главен показател За дневните хороскопи најважна е Месечината. Таа се движи брзо и на секои два до три дена влегува во нов знак. Токму затоа ...
Голем број демонстранти се собраа синоќа на протести под слоганот „Без кралеви“ (No kings) ширум Соединетите Американски Држави. Протести се одржаа во Њујорк, Вашингтон, Чикаго, Мајами и Лос Анџелес, и немаше инциденти, објавија денеска американските медиуми. Според организаторите, протестите беа мирни. Голем број луѓе излегоа на улиците на градовите и местата низ САД вчера за да го изразат своето незадоволство од политиките на американскиот ...
Кина ги обвини САД за кибер напади врз Националниот центар за време, институција задолжена за генерирање, одржување и емитување на стандардното време во Кина, пренесуваат денеска кинеските медиуми. Официјален Пекинг ги обвини САД за кражба на тајни податоци и инфилтрирање во центарот предупредувајќи дека овие кибер напади би можеле да ги нарушат комуникациските мрежи, финансиските системи, снабдувањето со електрична енергија и меѓународното ...
Летовите од и кон аеродромот во Минхен во Германија синоќа привремено беа прекинати поради пријави за „сомнителна“ активност, јави ДПА. Контролата на воздушниот сообраќај го прекина воздушниот сообраќај на аеродромот во Минхен за половина час околу 22:00 часот по локално време, изјави портпарол на полицијата за ДПА. Уште едно кратко затворање на пистата следеше еден час подоцна. Неколку лица претходно пријавиле во полиција дека виделе нешто ...
Протести на повеќе од 2.600 локации наречени „Без кралеви“ (No kings) се закажани да се одржат денеска низ сите 50 американски држави, масовна мобилизација против политиките на претседателот Доналд Трамп за имиграција, образование и безбедност, за кои организаторите велат дека ја туркаат земјата кон автократија. Вториот ваков протест од ваков обем, во градовите, предградијата и малите градови низ САД по сличните во јуни, се смета за мерка за ...
Авганистан и Пакистан се согласија за итен прекин на огнот за време на разговорите што ги организираше Катар, соопшти изутринава Министерството за надворешни работи на Катар. Договорот следи по продолжувањето на примирјето меѓу двата јужноазиски соседа по една недела жестоки судири. Министерството за надворешни работи на Катар соопшти дека Авганистан и Пакистан се согласиле за примирје за време на вчерашните разговори со посредство од Катар и ...
„По изборите, Максим Димитриевски и ЗНАМ одат во политичка пензија. Нивниот рејтинг паѓа. Ги чека пораз и во Центар и во Куманово“, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче вечерва од големиот граѓански собир под мотото „Се бориме за нашиот дом“ во Куманово. Филипче нагласи дека пропаднаа обидите на Мицкоски и ЗНАМ да го поделат СДСМ. „Сакам да им испратам и јасна порака на сите добронамерни социјалдемократи, многу од нив наши другари и ...
Навреме се отворени сите избирачки места и процесот на гласање за Локалните избори се спроведува без проблем, соопшти изутринава Државната изборна комисија (ДИК). Гласањето почна во 7 часот, а ќе трае до 19 часот. Се гласа на 3 474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани. На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно ...
Државната изборна комисија (ДИК) првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии во рок од 12 часа по завршувањето на изборите. Општинските изборни комисии првичните резултати од изборите треба ги објават во рок од 7 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од избирачките ...
Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Покрај телефонски, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и лично во сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, ...
Од стаклото што го насочи Галилео до златото што го рашири Веб – човештвото гледа сè подалеку, низ времето и светлината, во потрага по своето место меѓу ѕвездите. ФронтКосмос VII дел: Приказната за телескопите Од кога човекот првпат погледнал кон ѕвездите, сонот бил ист — да ги види поблиску. Од тогаш па до денес, од стаклото на Галилео до огледалата на Џејмс Веб, телескопите не се само инструменти, туку врати кон длабокото време. Тие ни го ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 18 степени. Како што најавува УХМР, следува период на стабилно време, освен ...
Попладнево во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“ по дождливо време и според вообичаената маршрута, но без давање официјална изјава од нив, што досега беше начин на комуникацијата на родителите на починатите со јавноста. Преку испишаните пораки на транспарентите, тие и денеска за трагедијата во „Пулс“ ги обвинија институциите, од кои бараат правда и праведно судење. Десетина минути беше блокиран сообраќајот на улицата „Стево Теодосиевски“, ...
Од вкупно 8.856 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори, до 20:30 часот гласале 7.935 гласачи. Од вкупно 2.162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, до 18:30 часот гласале 1.400 гласачи, соопшти вечерва Државната изборна комисија (ДИК). Во установите за вонсемејна грижа до 18:30 часот од 442 лица сместени во овие установи гласале 297 гласачи. – Гласањето за сите овие категории на ...
Израел денеска ги врати телата на 15 Палестинци во Газа, со што вкупниот број на вратени лица се искачи на 135, соопшти денеска Министерството за здравство на Појасот управуван од Хамас. Според договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп, Израел требаше да ги врати телата на 15 Палестинци за секој вратен починат израелски заложник, објави „Тајмс оф Израел“. Претходно денеска, канцеларијата на ...
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ги искажа своите очекувања за спринтот на Големата награда на САД. – Квалификациите поминаа добро. Сè помина добро, но нè очекува тесна битка во спринтот. Сепак, мислам дека токму тоа сакаме да го видиме. Задоволен сум од пол-позицијата. Најважното нешто во спринтот е добриот почеток. Патеката е доста широка на првата кривина, па се надевам дека сите ќе можат да покажат добро темпо, изјави Верстапен за „F1 ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет привлече внимание на социјалните мрежи поради вратоврската во боите на руското знаме што ја носеше на средбата меѓу претседателите на Украина и САД, Володимир Зеленски и Доналд Трамп. Хегсет се појави на средбата носејќи вратоврска во боите на руското знаме – бела, сина и црвена – и марамче во боите на американското знаме, а комбинацијата на овие бои, кои ги симболизираат знамињата на двете земји, ...
Раководното тело на Формула 1 ја прогласи претстојната трка за Големата награда на САД на патеката во Тексас за ризична поради високите температури. Ова е втора трка по ред што е прогласена за опасна поради топлината, по трката во Сингапур пред две недели. Се предвидува дека температурите ќе надминат 31 степен Целзиусов претстојниот викенд во Остин што е индексот на топлина кој Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) го користи за да ...
Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп објавува отворен повик за учество на второто издание на пичинг-форумот „Драмолетање“, кое ќе се одржи за време на 60. издание на фестивалот во јуни 2026. По успешното прво издание на форумот „Драмолетање“, кое овозможи простор за афирмација на нови автори и современи драмски текстови, продолжуваме со нов циклус посветен на развивање на македонската современа драма и поврзување на ...
„Месечината го шепоти балансот, а срцето одговара со светлина.“ Месечината овој викенд се движи од Девица кон Вага, подарувајќи ни мост меѓу редот и убавината, меѓу логиката и срцето. Венера и Сонцето се во Вага — носат нежна хармонија, потреба за мир, за љубов што не повредува. Марс и Меркур во Скорпија додаваат страст и длабочина, потсетувајќи нè дека вистинската поврзаност не е секогаш лесна, но секогаш вреди. Јупитер во Рак го шири домот на ...
Жител на кавадаречкото село Ваташа бил приведен рано наутро поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес. -Денеска во 2:45 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го приведоа 33-годишниот А.Ѓ. од село Ваташа, кавадаречко, затоа што, заедно со други лица, уништувал плакати на политичка партија во Кавадарци и кавадаречко. А.Ѓ. е задржан во полициска ...
Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа, соопшти Државната изборна комисија. Вкупно 8.848 болни или немоќни лица, како што велат од ДИК, можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори. Со почеток во 7:00 часот во 14 казнено поправни установи, своето право на глас ...
Двата македонски аеродроми Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид во првите девет месеци опслужиле вкупно 2.585.096 патници што е зголемување од шест отсто во однос на истиот период минатата година. Бројот на летови, пак, во истиот временски период е зголемен за три отсто, односно двата аеродроми опслужиле 20.141 летови од почетокот на годината до септември. Како што информира денеска ТАВ Аеродроми, за овој ...
Иран објави дека повеќе не е обврзан со ограничувања на својата нуклеарна програма, откако денеска истече меѓународниот договор што ја регулира таа програма, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата. Отсега натаму, „сите одредби (од договорот), вклучително и ограничувањата на нуклеарната програма на Иран и поврзаните механизми, се сметаат за комплетни“, се вели во соопштението. Спогодбата, потпишана во 2015 година од Иран, ...
Локалните избори на 19 октомври 2025 година ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Право на глас имаат 1 832 415 граѓани запишани во Избирачкиот список. На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници, што е зголемување од 10 кандидати споредено со тие во 2021, кога имало 299. Најмногу кандидати за градоначалници – 683 имало на ...
Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека за време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната кампања. Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и ...
На премиерата на новата драма на Рајан Марфи „Сѐ е дозволено“ (All’s Fair) што се одржа во Лос Анџелес, Ким Кардашијан ги привлече погледите во елегантен метално-сјаен фустан без ракави. Тоалетата, направена со рефлектирачка ткаенина во сјајна сребрена нијанса, совршено ја следи линијата на телото и фигурата на глумицата. Елегантните детали, пак, дополнително ја збогатија силуетата, давајќи му на фустанот луксузен и софистициран изглед. Ким го ...