Скопје
-4ᴼ /
-4ᴼ
Кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, д-р Шабан Салиу, во видео обраќање упатува порака до жителите на оваа скопска општина дека ќе стави крај на понижувањето и по добивањето на довербата за градоначалник веднаш ќе започне со системска акција за чистење на отпадот, се вели во соопштението од ДСР, што МИА го објавува интегрално. „Секој здив во Шуто Оризари денес носи понижување. Миризбата од ѓубрето ни ја понижува секоја улица, ни ги гуши ...
Европската фудбалска унија (УЕФА) почна нова истрага против Јувентус поради можни прекршувања на правилата за финансиски фер-плеј, поради кои италијанскиот клуб веќе доби суспензија од европските натпреварувања во сезоната 2023/24. „Во врска со параметрите на правилата за приходи, на ден 18 септември, како што е вообичаено во слични случаи, Јувентус доби известување од УЕФА за отворање постапка поради можното надминување на финансискиот лимит за ...
„Диши, диши – јавно здравје во хаотичен град“ беше последното предавање во рамки на кампањата на овие локални избори на професорот Горан Марковски, независен кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“. Од Независни заедно, истакнуваат дека овие настани имаат за цел да вклучат граѓани и стручни лица да зборуваат и разменуваат идеи на конкретна тема. На овој час се дискутираше за аерозагадувањето како ...
Списокот на изневерени очекувања од Муцунски и Митески е голем, во Долно и Горно Лисиче денес не е реализиран ниту еден проект од многу ветените проекти на Муцунски пред четири години. Недостигот на основни инфраструктурни инвестиции зборува за сериозен неуспех на ВМРО-ДПМНЕ во овој дел од општина Аеродром, изјави д-р Александар Трајановски, кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Аеродром. „Посебен срам е што и по четири години, патот меѓу ...
Денот започнува со Месечината во Девица, во фаза на опаѓање — симбол на ослободување и внатрешно расчистување. Вселената нè повикува да го средиме и видливото и невидливото, да ги исчистиме мислите, домот и срцето. Девицата е знак на ред, грижа, совесност и тивка добрина. Денес е време да ги препознаеме малите нешта што создаваат хармонија: уреден простор, внимателен збор, топла мисла. Ова е ден кога душата бара чист воздух, нежност и искреност. ...
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, во подкастот „Каде се парите?“ истакна дека градот мора веднаш да се фокусира на три приоритети решавање на проблемот со отпадот, воспоставување функционален јавен транспорт и спроведување брзи мерки за намалување на загадувањето на воздухот. „Мора да се среди отпадот, да се воспостави систем за интегрирано управување со отпад, мора да се реши јавниот транспорт и мора да се спроведат ...
Јавното претпријатие „Лајка“ денеска одбележува пет години од своето постоење, период во кој, како што посочуваат од претпријатието, со голема посветеност и љубов кон животните е создадена институција што го покажува хуманиот потенцијал на системот. – ЈП „Лајка“ е живо сведоштво дека и во ограничени услови – со труд, посветеност и заедничка волја може да се создаваат успеси, среќни судбини и вистински промени. Во изминативе години ја ...
Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори, што треба да се одржи в недела на 19 октомври. Политичките партии, независните кандидати и коалиции уште денеска имаат можност да се претстават себе си и своите визии и програми за локалните избори. Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кој ќе трае до завршувањето на изборите. Од понеделник 20 октомври ќе почне кампања за оние ...
На 19-ти октомври, граѓаните со едно гласање, ќе и дадат нов правец на историјата. Ова, во интервју за ТВ Шења, го изјави кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, и уште еднаш направи паралела помеѓу денот на гласањето со 13-ти август, стои во соопштението на кандидатот на НАИ за Чаир, што МИА го пренесува интегрално. „Затоа реков, 19-ти октомври е ‘вториот 13-ти август’. Како што денес сите прашуваат ‘каде беше на 13-ти август’, ќе ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) во пресрет на „Локални избори 2025“ континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, информираат од МВР. -Согласно направените проценки и воспоставените планови на денот на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на локациите на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки, со цел зголемена ...
ФИФА одговори на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој се закани дека ќе го исклучи Бостон од листата на градови домаќини за Светското првенство во 2026 година. Трамп ја критикуваше градоначалничката на Бостон, Мишел Ву, за уличните немири и изјави дека би можел да му предложи на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да ги премести натпреварите доколку смета дека градот е небезбеден. – Безбедноста, секако, е одговорност на ...
Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ Будимпешта подготвува сцена за нов дипломатски триаголник: Москва – Вашингтон – Кијив. Трамп и Путин во мировно-калкулантска кореографија за Украина кај лицемерот Орбан, додека Зеленски бара вистински мир. Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека разговарал телефонски со рускиот претседател Владимир Путин и дека постигнале договор за подготовка на средба меѓу двајцата лидери во Будимпешта, Унгарија. Целта на ...
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, во интервју за емисијата „360 степени“ истакна дека најголем приоритет во нејзината програма е воспоставувањето на БРТ-системот – брз и еколошки јавен превоз што ќе го реши сообраќајниот метеж и загадувањето во главниот град. „Скопје мора да има јавен превоз кој навистина функционира. Проектот за БРТ е подготвен, средствата се обезбедени и првата линија, од Ѓорче Петров до Аеродром, ...
Најдобрите тенисери во светот, Шпанецот Карлос Алкараз и Италијанецот Јаник Синер, втора година по ред ќе играат за наградата од шест милиони долари на егзибицискиот турнир „Слемот на шесте кралеви“ во Ријад. Синер го победи Алкараз со 6-7 (5), 6-3, 6-3 во финалето на минатогодишното инаугуративно издание на турнирот за да ја освои најголемата награда во историјата на тенисот. Алкараз в сабота ќе има шанса да му се реваншира на Италијанецот, ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска објави дека им наредил на Израелските одбранбени сили (ИДФ) да постават физички маркери по должината на таканаречената „жолта линија“ во Појасот Газа – територијата на која ИДФ се повлече како дел од сегашниот прекин на огнот со Хамас. Кац рече дека маркерите јасно ќе ја обележат границата на израелската воена контрола и ќе послужат како предупредување до Хамас и жителите на Газа дека „секое ...
Италија наскоро ќе има своја кибер армија, изјави италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето, цитиран од италијанските медиуми. -Италија ќе има кибер армија за да го брани својот суверенитет во дигиталната сфера на исто ниво со копното, морето, воздухот и вселената, рече Кросето во видео обраќање емитувано на технолошки настан. „Мора да се создаде почетна структура што може да смета на 1.200-1.500 лица, од кои повеќето ќе бидат оперативни, ...
Кандидатката за градоначалничка на Општина Битола од редовите на движењето „Поинаку“, Габриела Илиевска, на својот Фејсбук профил објави дека кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ објавува навредливи и недолични коментари насочени кон неа. Имено, кандидатот за советник Љупчо Петровски коментирал под објава на актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски: „Го прогласувам нусето Габриела за умрено!“ На ваквиот коментар реагираше ...
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде се очекува локално да наврнат и над 25 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, се наведува во соопштението од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до15 степени. Во Скопје претежно облачно со повремени ...
Американскиот претседател Доналд Трамп попладнево објави дека го завршил телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, на кој, меѓу другото, се разговарало за состанок меѓу двајцата претседатели во Будимпешта, Унгарија каде би се дискутирале можностите за крај на војната меѓу Русија и Украина. -Се согласивме дека следната недела ќе има состанок на нашите советници на високо ниво. Првичните состаноци на Соединетите Американски ...
Холивудските легенди Роберт де Ниро и Ал Пачино се појавија заедно во новата низа реклами за јакните на италијанско-францускиот моден бренд „Монклер“ (Moncler). Кампањата наречена „Потопло заедно“ снимена е во Њујорк, САД. Тоа не е само промоција на облеката, се вели, туку и на вредностите како што се блискоста и довербата. Пораката на кампањата е да се пренесе топлината што доаѓа не само од облеката, туку и од меѓучовечките односи преку ...
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски вечерва пред граѓаните на општина Ародром вети дека проблемот со Вардариште ќе биде решен и оти до крајот на негобиот мандат Вардариште ќе биде модерен парк. Исто така, вечерва на митингот во Аеродром, Ѓорѓиевски најави дека кејот на Вардар ќе биде направен до Долно Лисиче. Тој пред присутните истакна дека Аеродром е срцето на модерно Скопје, општина полна со живот, со ...
Кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Мартин Костовски, денеска обвини дека се нападнати членови на неговиот изборен штаб, oд страна на кандидатот за советник од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Самет Салиевски. Костовски, во видео објавено на неговиот фејсбук-профил, кое е снимено пред полициската станица во Куманово, oбвинува и дека лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, е хистеричен и уплашен. „Денеска се случи немил настан во ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче вечерва во Тема на денот на Сител Телевизија рече дека СДСМ води фер и чесна кампања, иако од ВМРО-ДПМНЕ говорат поинаку. Филипче смета дека партијата на власт нема проекти за фалење, па затоа обвинува, а доказ за тоа се проектите на спотови пред 4 години кои денес не се реализирани „Ги разбирам обвинувањата и сметам дека станува избор за еден дел од кампањата во којшто дури мислам дека имаме и обврска ...
„После година и пол од Владата на ВМРО–ДПМНЕ, граѓаните не видоа ниту една реформа, а немаат и ниту еден конкретен бенефит“, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во „Тема на денот“, на телевизија Сител. „Што видовме, која реформа е направена? Каков бенефит видоа граѓаните од било што од оваа влада -нема една работа“, рече Филипче. Тој нагласи дека ВМРО‑ДПМНЕ нема политики ...
Мицкоски во интервју за Канал 5, рече дека не гледа ништо невообичаено во средбата на градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков со поранешниот претседател на државата и лидер на СДСМ Бранко Црвенковски. – Тоа предизвика вознемирување во редовите на СДСМ и актуелниот претседател на СДСМ Венко Филипче кој во време на Владата на ВМРО кога јас бев советнк на тогашниот премиер тој беше советник на тогашниот министер за здравство. Нема да навглегувам во ...
Манекенката Јасмин Тукс го отвори овогодишното Модно шоу на „Викторија’с сикрет“ (Victoria’s Secret) покажувајќи го своето трудничко стомаче. Супермоделката, која го очекува своето второ дете со сопругот Хуан Давид Бореро, излезе на пистата со насмевка, носејќи ги своите препознатливи златни „ангелски крилја“ украсени со светлосни ефекти. Крилјата, како што пишува порталот „Кликс“, совршено го надополнуваат мрежестиот фустан што го нагласува ...
Кинеската технолошка компанија со седиште во Шенжен, „ТП-Линк“ презема чекори кон следната генерација безжична поврзаност. Имено, оттаму објавија дека успешно е тестиран ран прототип на „Ви-фи 8“ хардвер, нарекувајќи го „клучна пресвртница“ во развојот на оваа технологија. Иако тестот е строго доверлив, „ТП-Линк“ соопшти дека е потврдена функционалноста на пренос на податоци и сигнали на „Ви-фи 8“ – што ја докажува одржливоста на технологијата ...
Европа прифаќа тренд почнат многу порано во Америка – теренците. Имено, уделот на теренски возила, меѓу најпродавани возила воопшто, за 2019 година изнесувал 38,2 отсто, а оваа година, за првите шест месеци таа бројка веќе достигна 56 отсто. За споредба, во Кина, продажбата на теренци е 46 насто од вкупната продажба, а во САД доминираат со 59,6 отсто, што не е недостижно наредната година за Европа. Следат 10 најпопуларни модели што доминираат на ...
– Населбата Лисиче заборавена четири години: празни ветувања, нула реализирани проекти. Измина целиот мандат на Муцунски и Митески во Општина Аеродром, а жителите на Лисиче сè уште живеат со истите проблеми што беа ветени дека ќе се решат во 2021 година. Наместо реализација, гледаме само празни зборови и неисполнети обврски. Во програмата беше ветена целосна реконструкција и обнова на улиците во населба Лисиче, со конкретно наведено решение за ...
Со соопштение до јавноста се обратија роодителите и семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „ПУЛС“ – Кочани, веднаш откако Основниот кривичен суд од Скопје денеска објави дека судењето започнува на 19 ноември во судница во КПУ „Идризово“. Во, пожарот во кочанската дискотека загинаа 63 лица, а над двеста завршија со тешки телесни повреди. Во врска со кривично-правниот предмет К.бр. 1872/25, поврзан со трагичната несреќа ...