Македонија е обоена во црвено, ВМРО-ДПМНЕ ја има убедливо најголемата победа на локални избори кога било досега, со историски резултат, оцени денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Посочи дека со резултатите од првиот круг на вчерашните локални избори опозициската СДСМ во Скопје е петта политичка партија и оти тоа е јасна порака до лидерот Венко Филипче за оставка какок морален чин. Порака, како што рече, е испратена и до ...

Скопјани мои најмили, ви благодарам од сѐ срце, за сите кои го дадоа својот глас, сите волонтери и активисти, сите кои агитираа, споделуваа и крајно веруваа дека Скопје заслужува повеќе. Она кое го изградивме во изминатите недели е показател дека искреноста и креативноста и понатаму допираат до луѓето, се вели во изјавата на Амар Мециновиќ од Левица. „Почнавме со замисла дека политиката може повторно да делува човечки. Сега кога веќе дојдовме до ...

Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), на локалните избори 2025 во Северна Македонија гласале вкупно 884.851 избирач, од кои 53.713 гласачки ливчиња се неважечки – што претставува речиси 6,1 проценти од вкупниот број на гласови. Само во Град Скопје биле евидентирани 12.270 неважечки ливчиња, што е повеќе од една петтина од сите неважечки гласови на ниво на држава. Високиот број повторно го отвора прашањето за изборната ...

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, пред новинарите во заедничката база Ендрус, изјави дека администрацијата на Трамп ќе продолжи да го следи патот кон мир во Украина, без разлика колку време ќе трае, според дописникот на Укринформ. „Ќе продолжиме да одиме по патот на мирот, без разлика дали ќе ни требаат уште неколку месеци, уште неколку недели или, не дај Боже, подолго од тоа, ќе продолжиме да работиме на тоа“, рече Венс. Тој додаде дека ...

Голем број апликации, веб-страници и социјални мрежи, вклучувајќи ги „Снепчет“ (Snapchat), „Дуолинго“ (Duolingo) и „Роблокс“ (Roblox), од утрово не работат, како дел од дефектот на интернет услугата на трговскиот гигант „Амазон“ (Amazon). Повеќе од 5.000 корисници на „Снепчет“ пријавија проблеми, а „Амазон веб сервисис“ (Amazon Web Services) соопшти дека има „зголемени стапки на грешки и доцнења на повеќе услуги во регионот САД-ИСТОК-1“, како и ...

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска ги демантираше изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети. – Претседателот на САД гордо кажува дека ја бомбардирале и уништиле иранската нуклеарна индустрија. Многу добро, продолжете да сонувате!, објави Хамнеи на платформата Икс. Во израелскиот напад врз Иран во јуни се придружија и САД, кои ги бомбардираа иранските нуклеарни ...

Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), на локалните избори 2025 во Северна Македонија гласале вкупно 884.851 избирачи, од кои 53.713 гласачки ливчиња се неважечки – што претставува речиси 6,1 проценти од вкупниот број на гласови. Само за Град Скопје биле евидентирани 12.270 неважечки ливчиња, што е повеќе од една петтина од сите неважечки гласови на ниво на држава. Високиот број неважечки ливчиња повторно го отвора ...

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во октомври се зголемени за 467 денари во споредба со септември, покажуваат податоците што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија. Според пресметките на ССМ, синдикалната минимална кошница за октомври изнесува 65.544 денари и во споредба со септември изнесуваше 65.077 денари е зголемена за 467 денари. Најзначаен пораст е забележан кај трошоците за храна и пијалоци, кои во октомври ...

Економијата на ЕУ во првата половина од 2025 година оствари подобри резултати од очекуваните, со што, и покрај скромниот раст, се очекува таа да остане отпорна и континуирано да создава работни места поддржани од силната домашна побарувачка, поволните услови за финансирање и силниот европски пазар на трудот, наведува претседателот на Еврогрупата, Паскал Донохју во Извештај доставен до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во пресрет ...

Шпанската Влада соопшти дека ќе ѝ предложи на Европската Унија трајно да го укине поместувањето на часовникот и преминот на зимско сметање на времето, што треба да се случи наредниот викенд, наведувајќи дека тоа е „застарена пракса“, пренесуваат денеска шпанските медиуми. Како што се наведува, оваа промена веќе не придонесува за заштеда на енергија, а истовремено предизвикува негативни последици врз здравјето, јави телевизијата РТВЕ. Во видео ...

Од денеска до 24 октомври во Кинотеката ќе се одржува 16. ЕХО – Фестивал на планински филм, кој вечер ќе биде отворен со полскиот филм „Последната експедиција“ (The Last Expedition) на режисерката Елиза Кубарска – инспиративна приказна за жени алпинисти кои тргнуваат по трагите на изгубените хероини од Хималаите. Покрај проекцијата, обраќање ќе има и писателката Ана Камињска од Полска, која е автор на книгата „Ванда – приказна за силата на ...

Според првичните неофицијални податоци од Државната изборна комисија (ДИК), владејачката ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број гласови за советници на вчерашните локални избори. Според резултатите објавени на веб-страницата на ДИК, обработени се 3.471 од вкупно 3.474 избирачки места, што претставува 99,91 отсто од вкупниот број. ВМРО-ДПМНЕ добила поддршка од 301.919 гласачи, додека опозицискиот СДСМ освои 125.824 гласови. На третото место е ...

Делегација на Хамас предводена од Халил ал Хаја денеска во главниот град на Египет, Каиро ќе разговара со претставници на Египет и Катар за примирјето и ситуацијата по војната во Појасот Газа. Средбата ќе се одржи еден по серијата израелски напади врз Појасот Газа, што беше преземена како одговор на нападот врз израелските војници во Рафа. И Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за непочитување на примирјето. Египет и Катар подолг период ...

Денот кога вселенската прашина стана вест, кога една архитектонска икона ги отвори вратите, кога поетот на бунтовниот јазик се роди, а статистиката ни напомена дека секој број е човечка приказна. Наука и космос — „Рака до астероидот“ 20 октомври 2020: Мисијата OSIRIS-REx на НАСА, успешно ја допре површината на астероидот Бену и зеде примерок од неговата прашлива кора. За неколку секунди контакт, млазови азот раздвижија древна материја стара ...

Најпосетуваниот музеј во Франција, Лувр, ќе остане затворен и денеска по вчерашниот грабеж, соопшти портпаролот на музејот. Францускиот министер за правда, Жералд Дарманен, призна дека имало безбедносни пропусти во заштитата на Лувр, кои им овозможиле на крадците вчера да украдат кралски накит среде бел ден од познатиот париски музеј. – Она што е сигурно е дека потфрливме, бидејќи луѓе успеале да паркираат лифт за мебел во центарот на Париз, да ...

Локалните избори од 19 октомври 2025 година поминаа во мирна и демократска атмосфера, а албанскиот политички блок излезе од нив со мешан биланс – симболични победи, стабилна база и зголемена потреба за внатрешна консолидација. Според првичните резултати, коалицијата ВЛЕН постигна важни успеси во клучните општини Чаир и Тетово каде што кандидатите Изет Меџити и Билал Касами, освоија убедливи победи уште во првиот круг. Од друга страна, ...

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, најави дека се зголемува зборот на хигиничари кои денеска ќе работат во две смени, сабајле и навечер со цел одржување на хигиената на највисоко ниво. Тој, потенцираше дека и механизацијата што се изнајмува целосно се пушта во погон. „Утрово, но и од она што го видовме викендов повторно е хаотично со сметот. Уште денеска се фаќаме за работа, продолжуваме со одржување на хигиената на највисоко ...

Првото коло од Европскиот клупски куп во шах донесе очекуван резултатски расплет, при што најдобро рангираните екипи, меѓу кои е и македонскиот шампион ШК Алкалоид, стартуваше со победа од 5,5:0,5 против Дарданија. За овој настап на Родос, Грција, екипата имаше две промени во однос на тимот од 2024 година, и тоа на петтата и на шестата табла, каде што настапија Абиманју Пураник и Тони Лазов, при што обајцата имаа успешно деби со освојување цел ...

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи на трката за Големата награда на САД возена синоќа во Остин. Холанѓанецот стартуваше од пол-позицијата и водеше на целата дистанца. Ландо Норис од Мекларен заврши втор, 7,959 секунди зад победникот. Шарл Леклер од Ферари заврши трет, 15,373 секунди зад него. Лидерот во табелата на возачите во Формула 1, Оскар Пјастри, заврши петти. Пјастри останува на првото место во Генералниот поредок со 346 поени. ...

Метју Пулет, театарски експерт од Франција, во Битола приреди серијал работилници за млади на тема „Дигитална уметност и театарски вештини за подобро учење“. Работилниците ги следеа ученици по француски јазик од Битола кои низ креативни работилници и специјално креирана апликација Faune, се здобија со поинакво дигитално уметничко искуство и пристап кон учењето на јазикот. Во рамки на проектот се одржаа работилници за професорите по француски ...

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази увереност дека експонатите украдени од Лувр ќе бидат пронајдени и оти сторителите ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Макрон на X напиша дека кражбата извршена во Лувр е напад врз ценетото културно и историско наследство на Франција. Францускиот претседател изјави дека се преземаат сите активности за фаќање на сторителите и враќање на експонатите, и дека целиот процес го води канцеларијата на ...

Украина не планира да отстапи никакви неокупирани територии на Русија како дел од мировниот договор за завршување на целосната војна, изјави претседателот Володимир Зеленски за емисијата „Meet the Press“ на NBC во интервју емитувано на 19 октомври. Како што пренесува Кијив Индипендент, коментарите доаѓаат кратко време по последната средба на Зеленски во Белата куќа со американскиот претседател Доналд Трамп, кој ги повика Русија и Украина веднаш ...

Партиските штабови на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни препукувања за резултатите на локалните избори. – СДСM на овие локални избори доживеа историски дебакл. СДС во главниот град отиде до таму да не може да влезе ниту во втор круг. Во главниот град Скопје се дури четврти, пред нив трети се дури и Влен. СДС предводена од Венко Филипче го изгуби во прв круг и бастионот Струмица. ВМРО-ДПМНE пак ја освои Струмица во прв круг. Граѓаните и во бастионот ...

Резултатите од изборите 2025 носат интересни трендови на политичката сцена. Иако ВМРО-ДПМНЕ останува најголема партија според број на освоени гласови, споредбата со минатогодишните избори покажува драматичен пад од над 134.000 гласови, или 30,8% помалку. Уште посериозен е ударот за ЗНАМ, која и покрај учеството во власта бележи пад од над 18.000 гласови, односно 32,3%, што ја прави партијата со најголема загуба на поддршка процентуално. ЗНАМ ...

Англичанецот Греам Потер е назначен за нов селектор на шведската фудбалска репрезентација. Договорот на 50-годишникот ќе трае до крајот на квалификациите за Светското првенство во 2026 година, објави Шведската фудбалска асоцијација. Данецот Јон Дал Томасон поднесе оставка од функцијата селектор на шведската репрезентација по поразот (0:1) од Косово на 14 октомври. Тој беше првиот странски тренер во историјата на тимот. По четири кола, Шведска ...

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на вчерашниот прв круг од локалните избори доминира во вкупно 53 општини, Коалицијата ВРЕДИ во 9, СДСМ и Коалицијата во 8, Националната алијанса за интеграција во 5, а Движење ЗНАМ, Демократската партија на Турците, Унија на Роми, Група избирачи Менди Ќура и Група избирачи Азем Садиќи во по една општина. Според првичните резултати на ДИК по обработени 99,94 отсто од гласовите, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ...

Според првичните резултати од обработени 99,93% од гласовите во Советот на Град Скопје најмногу советници ќе има ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата 18 советници. По шест советници ќе имаат Коалицијата ВРЕДИ, Националната алијанса за интеграција и Левица. СДСМ ќе има пет, а еден советник ќе има и ЗНАМ. Во 45 члениот совет на Градот Скопје влегуваат и Ристо Пенов од Искуство за успех и Јана Белчева Андрееска и Марјан Калевски, како независни. Во Скопје ќе ...

Денес Месечината сјае во знакот на Лав, а Сонцето сè уште престојува во Вага, создавајќи совршен спој меѓу страст и хармонија, изразување и мир. Ова е ден кога срцето сака да зборува, да се истакне, да биде слушнато и да ја сподели својата светлина. Можеби ќе почувствуваме зголемена потреба за признание, но и нежност кон оние што ни се блиски. Ден исполнет со топлина, гордост и малку драма – но токму таа драма го прави животот вистински театар ...

По преброени 99% од гласовите, се потврдува она што СДСМ го говореше, а тоа дека оваа власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на овие избори ќе изгуби огромен број на гласови, соопштуваат од СДСМ. „Споредбените анализи со изборните резултати од минатата година покажуваат дека ВМРО–ДПМНЕ и ЗНАМ имаат изгубено по речиси една третина од гласовите. Падот на ВМРО-ДПМНЕ е фантастични 135.000 или 30,8% од гласовите, а ЗНАМ паѓа од 56.200 на 38.034 гласови, ...

Македонскиот народен театар, со претставата „Народен пратеник“ настапи на 42. Интернационални театарски средби „Брчко Дистрикт“ во Босна и Херцеговина. -Салата беше исполнета до последното место – повеќе од 400 гледачи уживаа во изведбата со очигледно воодушевување, наградувајќи ја тимската актерска игра со неколкуминутен стоечки аплауз и овации, кои создадоа силна емотивна врска меѓу сцената и публиката, велат од МНТ. Селектор на годинашните ...

Повик

1 ден - МРТ
weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1027
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1024
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
92%
1024
weather icon

Софија

2ᴼ / -3ᴼ
0.0
66%
1028
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.04
91%
1028
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
100%
1023
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.79
78%
1024
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
81%
1024
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
2.06
87%
1025
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
95%
1027
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
96%
1025
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
3.09
81%
1027
Currency

61.5417

Currency

52.3678

Currency

70.0914

Currency

34.7469

Currency

38.017

Currency

65.8137

Currency

7.42978

Currency

0.65936

Currency

0.33821

Currency

0.5247

Currency

1.22623

Currency

0.57482

Платина

59937.34

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Родиум

255598.44

Паладиум

50830.33

Цинк

3.03

Алуминиум

2.88

Сребро

2049.55

Злато

138322.05

Калај

41.29

Бакар

10.76