Од 16 до 18 октомври, љубителите на новиот звук ќе се сретнат во Јавна соба и МНТ, каде ќе се одржи „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“ – тридневен музички настан, кој носи современа фузија на електроника, поп, поезија и трап. Фестивалот започнува утревечер, 16 октомври, во 21 часот во Јавна соба, со настап на Александар Велики, кој ќе го отвори фестивалот со динамичен концертен настап со интелигентна мелодичност и танцова атмосфера. Истата вечер ќе ...

Една од нашите најуспешни интернационални модели Горјана Кулишевска–Џоја веќе со години работи за многу светски брендови и дизајнери, а неодамна настана и соработката со врвниот бренд за козметика L’Oréal. Оваа козметичка компанија во соработка со модната куќа Муглер ја содаде линијата L’Oréal x Mugler, а како есклузивно лице на оваа козметичка линија е познатата Кендал Џенер, Но во новата кампања се појавува и нашата грациозна убавица Џоја. ...

Скопје повторно ќе биде на мапата на регионалната модна сцена со концепт што не само што прикажува стил, туку го редефинира Од 29 октомври до 5 ноември 2025, градот ќе го живее 31-то издание на Fashion Weekend Skopje powered by UNIBank – најзначајната модна платформа во земјата, која повеќе од една деценија го поврзува светот на дизајнот, индустријата и културата. Под слоганот „Одржлива мода и креативна традиција – развој на иновативни практики ...

На 10 и 11 октомври Штип ќе биде центарот на бесконечен стил, градот ќе добие едно од најочекуваните случувања – Shtip Fashion Days 2025 Публиката ќе има можност да ужива во ексклузивни ревии на врвни македонски дизајнери и поголеми брендови, но и да ги запознае новите млади таленти кои ќе ја обликуваат иднината на модната сцена. На настанот ќе присуствуваат и специјални гости, јавни личности и инфлуенсери, што дополнително ќе го подигнат ...

Од 10 до 12 октомври, приземјето на Скопје Сити Мол ќе оживее со боите, мирисите и енергијата на Есенскиот базар. На едно место ќе се сретнат 20 талентирани современи занаетчии, кои ќе се претстават со уникатни креации – од еко производи, рачно изработен накит и кожни аксесоари, чанти, преку дрвени садови и украси, епоксидни уникати и рачно насликана керамика, до ароматични свеќи и природна козметика. Есенскиот базар „Креативна есен во срцето ...

По повод 100 години од раѓањето на грчкиот композитор Микис Теодоракис, на 8 октомври во Националната Опера и Балет во Скопје, со почеток во 20 часот, ќе се одржи свечен концерт во организација на Баги Комуникации, а во соработка со Амбасадата на Грција во Северна Македонија. Микис Теодоракис (1925–2021) е еден од најголемите композитори на 20 век. Неговото име е нераскинливо поврзано со музиката за филмот „Гркот Зорба“, која стана светска ...

Детскиот саем Kid Expo 2025 ги отвора вратите за највозбудливиот забавен викенд за деца и возрасни, овој викенд – 4 и 5 октомври во големиот СЦ Борис Трајковски. Два дена исполнети со игра, музика, танц, спорт, креативни работилници и многу изложувачи. Посетителите ќе можат да уживаат во богата програма која се одвива на пет локации: Експо Зона, Големата сцена, Креативниот ринг, Спортскиот ринг и Фуд корт. На Големата сцена децата ќе имаат ...

Македонската манекенка Ивана Манас која веќе со години работи на светската модна сцена, според информацијата од нејзината матична модна агенција Моделс ИН Менаџмент, имаше чест и привилегија да ја отвори ревијата на докажаниот бренд Тokyo James. Таа беше првиот модел на ревијата на овој бренд за колекцијата за пролет-лето 2025, а која се прикажа на последната Модна недела во Милано. -Ивана Манас претходно работеше на ревии на светски дизајнери ...

Кинотеката на Р.С. Македонија, во соработка со Гете-Институт Скопје и „Бич филм фестивал”, организира еднодневна презентација и работилница посветена на филмското образование, како дел од европскиот проект ФилмЕД (FilmED). Настанот ќе се одржи на 24 јули 2025 година, со почеток во 18:00 часот, на бродот Армада во Охрид, во рамките на фестивалот. Целта на настанот е да поттикне отворена дискусија и размена на искуства на тема „Филмот како ...

H&M Hennes & Mauritz AB (H&M), меѓународниот моден бренд познат по тоа што нуди мода и квалитет по најдобра цена на одржлив начин, со задоволство го најавува отворањето на својата четврта продавница во Северна Македонија, на 17 јули, во 10 часот, во трговскиот центар Палма Мол во Тетово Продавницата, која ќе се простира на 1.817 квадратни метри на два ката, ја претставува амбицијата на H&M да создаде инспиративна средина каде ...

По повод роденденот на ТМФ/УКИМ – Скопје, на 19 јуни во аулата на факултетот се одржа традиционалната ревија на студентите од Институтот за текстилно инженерство. Под менторство на професорката Лидија Георгиева, годинава тие изработија дизајни на тема „Одбери ја твојата бајка“. -Во околности на различни перцепции за реалноста, каде што се преплетуваат илјадници реални и виртуелни можности за да се доживее и да се раскаже некоја лична приказна, ...

Нашата манекенка Горјана Кулишевска позната како Џоја зад себе има долгогодишна домашна и интернационална кариера. Пред две недели престојуваше во Белград каде сликаше нов едиторијл за српското издание на модниот магазин Elle. Целото снимање и фотографирање се случи во реновираниот хотел „Бристол“ во Белград, а зад објективот беше познатиот фотографски двоец Данило и Шарон. -Грациозна и префинета нашата Џоја совршено се вклопи во гламурозниот ...

Посветувајќи се на виталноста на летото и скулпторската уметност, капсулната колекција H&M Studio Pre-Summer 2025 е наменета за жената која не само што сака висока мода, туку и моќен израз на сила, сјај и самодоверба. Курираниот избор вклучува костими за капење и додатоци со архитектонски елементи – аголни исечоци, асиметрични линии и вградена корсети – кои ги истакнуваат природните облини. Капсулната колекција H&M Studio Pre-Summer ќе ...

Денеска во Скопје, во Младинскиот културен центар, се отвора „YES ФЕСТИВАЛ” – фестивал за книжевноста за деца и детската креативност во организација на издавачката куќа „Чудна шума”, а главниот фестивалски дел наменет за деца и млади ќе трае од 26 до 28 мај. Фестивалот трае од 17 до 21 часот, а на отворањето, покрај редовната програма со креативни работилници за деца, публиката ќе има можност да проследи три промоции на книги од македонски ...

Ако овие неколку денови размислувавме за тоа каде би можеле да водат златните покани кои се проширија низ Скопје и со тоа започнаа многу разговори во светот на модата, сега официјално го имаме и одговорот на прашањето. Златните покани, се официјалните покани за првиот ексклузивен свадбен саем The Haute Wed Gala организиран од страна на модните брендови Atelier Per Sempre и Signori, а како главни спонзори се појавуваат Смарагд и Божиновски. ...

Францускиот институт во Скопје и Фестивалот Танц фест имаат чест да ве поканат на затворањето на 21. издание на Танц фест со иновативната и интерактивна танцова претстава MYSELVES, на француската група K. DANSE. Настанот ќе се одржи во вторник, 13 мај, во 20 часот, во Македонскиот народен театар. Оваа извонредна танцова претстава е дијалог помеѓу танчерот и неговите повеќекратни идентитети, отелотворени во визуелно и звучно единство. Танцовата ...

Во петокот вечерта во присуство на одбрани гости и најблиските пријатели нашиот супер модел Ана Калачоска овој пат во вистинска венчаница го изговори судбоносното Да. -Нејзината кариера како модел започна уште во далечната 2004 година кога потпиша договор со светска агенција NAMES во Милано. Калачоска беше навистина една од нашите први манакенки која покрај успесите во Европа реши да се обиде и во далечната Азија – се потсетува нејзиниот ...

Последниве неколку дена, во Скопје се зборува за мистериозни златни покани кои кружат низ градот. Изгледаат интересно, будат љубопитност, но не откриваат многу. Овие покани, иако златни, не појаснуваат која е нивната намена. Златните мистериозни покани пристигнуваат до своите приматели со специјална испорака. Покрај нив има и писменце, кое повторно, самото по себе е целосна мистерија. Писменцето се состои од интересен текст што наликува на ...

„Црвен се барјак развева“ e изложба која ја обработува македонската народна борбена поезија и нејзината интерпретација во ликовните дела на македонските уметници. Изложбата ќе се одржи во Националната галерија на Република Македонија, во објектот Чифте Амам во Скопје, со свечено отварање на 09.05.2025 година во 19:00. Автор на изложбата е Проф. Д-р Кирил Пенушлиски, познат македонски историчар на уметност. По повод изложбата, ќе биде печатена и ...

Women in Tech Macedonia, во партнерство со Metergram, со гордост го најавува настанот Моќта на иднината: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила“, динамичен настан што ќе ги обедини визионерите, инженерите, ентузијастите и професионалците од индустријата за да ги истражат најновите иновации што ја обликуваат иднината на електричната мобилност. Како што електричните возила стануваат сѐ поприсутни, потребата од напредна, ...

Првиот понеделник во месецот мај традиционално е резервиран за Мет Гала – најважниот моден настан во годината, хуманитарен гала настан кој на едно место, во њујошкиот музеј Метрополитен, ги собира важните ликови во модата, шоубизнисот, културната сцена, спортот… Годинешната тема на настанот и на изложбата која ќе се случи во Институтот за костими при музејот, е Superfine: Tailoring Black Style, со фокус на машката мода, поспецифично на ...

Од 8 до 11 мај, во Паркот на Франкофонијата во Општина Центар, Скопје ќе биде домаќин на првото издание на Скопје Фуд Парк – урбано гастрономско катче на отворено што обединува улична храна, пијалоци, музика и забава за сите генерации. На едно место ќе се соберат некои од најинтересните улични храни и гастро ентузијасти кои ќе понудат креативни и вкусни деликатеси. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во вкусна храна со придружба на жива ...

Шестото издание на Скопскиот Градски Фестивал, што ќе се одржи од 13 до 19 мај, ја продолжува својата мисија да гради културна сцена со јасна уметничка визија и интегритет, преку програма што обединува музика, книжевност и визуелна уметност, спојувајќи домашни автори и изведувачи со уметници од Словенија, Грција и Европа. -Програмата не е составувана според трендови, туку вредности. Секој артист е избран врз основа на квалитет, оригиналност и ...

На 11 мај на Школка со почеток во 11 часот, ќе се одржи настан за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој како и нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството, во организација на Аутизам ААМК. Тоа е наш шести по ред инклузивен настан во наша организација од 2018 година. Како и претходните така и овојпат повторно тоа ќе биде една голема игротека со многу разновидни игри, работилници, едукативно, музичко, ликовно катче и ...

Би сакал/а твоите фотографии да ги види целиот регион? Вон рамката. Пријави се на бесплатна менторска програма „OUT OF FRAME“ во Скопје и разви го својот фотограафски стил! Ако си млад(а) фотограф/ка од Северна Македонија (21-35 години), амбициозен/на да развиеш своја професионална кариера во полето фотографијата, бараш квалитетно менторство, контакти и видливост – тогаш оваа програма е за тебе. Центарот за развој на фотографија од Белград, во ...

Fashion Weekend Skopje powered by UNIBank го слави своето 30. издание – не само како моден настан, туку како сцена на културата Третиот ден на Моден викенд Скопје беше и финишот на модната манифестација што го одржа своето 30-то издание кое сезонава беше поддржано од УНИБанка како генерален партнер и со нDiamond Residence Carat West Office како локација на настанот. Последниот ден на FWSK30 беше во знакот на новата колекција на дизајнерката ...

Fashion Weekend Skopje powered by UNIBank го слави своето 30. издание – не само како моден настан, туку како сцена на културата Ако првиот ден започна со изложба што го слави заедништвото преку уметност, продолжи со студентски ревии што се похрабри од било кој тренд и заврши со регионални дизајнери што носат визија, не само облека, вториот ден беше потврда дека ова не е само модна недела – туку културен полигон каде што модата не е само да се ...

Модата како огледало, заедницата како сцена – започна 30 јубилејно издание на Моден викенд Скопје Под слоганот „Community” вчеравечер започна јубилејното 30-то издание ма Моден викенд Скопје (Fashion Weekend Skopje powered by UNIBank), во годинешната локација – Diamond Residence Carat West Office. Модниот настан беше отворен со изложбата „Community” курирана во соработка со Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) со која 15 уметници, ...

УНИКАТЕН МУЛТИМЕДИЈАЛЕН КУЛТУРЕН НАСТАН ВО МАКЕДОНСКИОТ КИЦ ВО ЗАГРЕБ – ЕТНО КОНЦЕРТ НА ГРУПАТА „БАКЛАВА“ И ИЗЛОЖБА „МАКЕДОНСКИОТ РУБИН – МОЌНИОТ ЗРАК НА НАШЕТО СРЦЕ“ Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб во среда, 23 април, загребската публика ќе има ексклузивна можност да проследи уникатен мултимедијален културен настан во рамките на кој ќе биде отворена изложбата „Македонскиот рубин – моќниот зрак на нашето срце“ и ќе биде ...

Колекцијата Magda Butrym x H&M лансирана со гламурозен настан исполнет со цвеќиња во Њујорк, на кој присуствуваа и Iris Law, Nara Smith, Irina Shayk, Amelia Gray и Chloe Sevigny Розата, карактеристичен симбол на стилот на дизајнерката Магда Бутрим, е во срцето на нејзината колекција за H&M. Во чест на оваа долгоочекувана соработка, дизајнерката и H&M го трансформираа иконскиот One Hanson Place во Бруклин во прекрасен простор ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
88%
1006
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
6.69
69%
997
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
7.2
87%
996
weather icon

Софија

14ᴼ / 12ᴼ
1.03
62%
1006
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
2.59
74%
1004
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
5.66
95%
997
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
0.89
87%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
60%
1007
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
5.66
94%
1005
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
85%
1005
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
4.02
92%
995
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
5.14
77%
1010
Currency

61.6217

Currency

53.1582

Currency

70.8814

Currency

34.5636

Currency

37.941

Currency

66.5532

Currency

7.45065

Currency

0.65307

Currency

0.34785

Currency

0.52534

Currency

1.26468

Currency

0.60441