Во пожар што избувна ноќеска околу 00:20 часот во зграда „Брод“ на улицата Булевар Македонија во Делчево, целосно изгоре еден стан. Во настанот нема повредени, но едно лице било пренесено во Општата болница во Делчево од екипа на Итна медицинска помош за понатамошен преглед. На местото на настанот интервенираа три противпожарни возила и екипи од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Делчево, како и припадници на полицијата. Според ...

Арбен Таравари, лидерот на крилото на Алијанса за Албанците, синоќа на собирот со граѓани „Се среќаваме во Гостивар, посочи дека Ваљбон Лимани, актуелниот в.д градоначалник на општина Гостивар ќе биде кандидатот за уште еден мандат. Таравари во обраќањето во центарот за култура „АСНОМ“ ги разреши дилемите околу кандидатурата на Валбон Лимани, испраќајќи јасна порака до оние кои, како што рече се обидуваат ја попречат. – Ви кажувам оттука, Валбон ...

Поранешниот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричич, во емисијата „Само интервју“ се осврна на предлог амандманот на ЕПП во Европскиот парламент, во Извештајот пред терминот „македонски јазик“ да се додаде „модерен“. Според Маричиќ, во преговарачката рамка јасно пишува македонски јазик и дека тоа прашање е затворено. „Јас мислам дека може на крајот да излезе дека ова е експеримент кој ќе заврши на штета на Македонија. Се надевам дека нема ...

Џелал Хоџиќ: Гледам голем сеир на социјалните мрежи за гафовите на Гордана Сиљановска-Давкова, но мислам дека работата воопшто не е за смеење. 1. Дали има друг претседател на било која држава во светот, кој не разликува дали се среќава со потпреседател на САД или со државниот секретар на САД? 2. Дали има претседател на било која држава во Европа, а да не го знае името на потпреседателот на САД? 3. Дали има друг претседател на било која друга ...

Доцна во вторникот, во пресрет на клучниот самит што ќе заклучи генерациска инвестиција во одбраната на НАТО, профилот на Доналд Трамп на Truth Social беше исполнет со една фотографија: долга порака потпишана со „Марк Руте“, напишана во стилот на Трамп и преполна со подлизурни пофалби за американскиот претседател. „Вечерва летате кон уште еден голем успех во Хаг“, гласеше пораката на Руте. „Европа ќе плати на ГОЛЕМ начин, како што треба, и тоа ...

Прво изградба на болниците во Штип и Кичево, а потоа и нов клинички центар во Скопје, најави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратеничко прашање. Премиерот Мицкоски посочи дека со кредитот од стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе се вложат над 200 милиони евра за изградба и реконструкци на клинички болници. – Сакам да споменам дека повеќе од 200 милиони евра од кредитот ќе бидат инвестирање во ...

По правило, сите се согласуваат оти дека сите деца треба да бидат сакани и третирани подеднакво. Сепак, сè уште има многу родители кои повеќе му се посветуваат на едно од своите деца, иако не сакаат да го споделат тоа со другите, па дури ни да си признаат себе. Тој факт дека родителите имаат омилено дете, само означува дека тоа е природна и вообичаена појава, покажуваат психолошките истражувања. Зошто за еден родител, едно од неговите / ...

26 јуни е Ден на знамето на Кримските Татари, ден во чест на домородното население на Крим и нивниот национален симбол. Знамето го симболизира единството и континуитетот на генерациите Кримски Татари и нивната постојана борба за слобода и самоопределување. Денот на знамето е воспоставен во 2010 година од страна на самоуправата на Кримските Татари во Украина. Самото знаме е сина ткаенина со жолта тамга (хералдички амблем) во горниот лев агол, што ...

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА На овој Ден на знамето на Кримските Татари, не само што оддаваме почит на национален симбол — туку упатуваме повик за правда. Вилен Темерјанов, новинар и граѓански активист од кримскотатарско потекло, и понатаму е во затвор под контрола на руските окупациски власти. Неговиот „престап“? Тоа што ја зборува вистината за животот под окупација. На овој ден, кога Кек бајрак (Kök Bayraq), светлосиното знаме со златна тамга, се вее ...

Додека нечии последни мавтања со крилјата и звуци на птичјата песна одекнуваат над шумите, мочуриштата и морските гребени, научниците предупредуваат дека доколку не се преземат итни мерки за зачувување, повеќе од 500 видови би можеле да бидат изгубени засекогаш наредниве 100 години, според напис објавен во списанието „Нејчр“ за екологија и еволуција (Nature Ecology and Evolution). Нивното исчезнување би било тивка трагедија за природата, бидејќи ...

Неодамнешните напори да се охрабрат луѓето да јадат инсекти се осудени на пропаст поради преголемото јавно незадоволство од идејата, што го чини малку веројатно тоа дека инсектите ќе им помогнат на луѓето да се откажат од еколошки деструктивната навика за јадење месо. Тоа го потврдуваат и новите научни испитувања. Написот е објавен во списанието „Нејчр“ за одржливо земјоделство (‘Nature npj Sustainable Agriculture’). Одгледувањето и јадењето ...

Шпанскиот социјалистички премиер, Педро Санчез, ги обнови своите отворени критики за израелското водење на војната во Газа, велејќи дека територијата е во „катастрофална ситуација на геноцид“ и апелираше до ЕУ веднаш да го суспендира договорот со Израел, пренесе британскиот Гардијан. Зборувајќи со новинарите пред самитот на ЕУ во Брисел, Санчез го спомена неодамнешниот извештај за човекови права од дипломатската служба на блокот, кој, како што ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска побара одложување на судското рочиште во процесот кој се води против него за наводна корупција, наведувајќи ги „регионалните и глобални случувања“ од 12-дневната војна на Израел со Иран, како и континуираните борби во Појасот Газа. – Со почит го молиме Судот да нареди откажување на рочиштата на кои премиерот требаше да сведочи во следните две недели, напиша адвокатот на Нетанјаху во барањето за ...

Од ветените жетви на Цветан Трипуновски останаа само празни ниви, понижени земјоделци и влошена состојба во македонското земјоделство, се нагласува во соопштението од СДСМ. И денес, наместо конкретна поддршка и решенија, Трипуновски продолжи со политички манипулации, лажни изјави и бегство од реалноста во која живеат земјоделците. Фактите говорат јасно: -Цената на оризот за една година е намалена од 40 на 25 денари за килограм. -Жетвата на ...

216.594 лица „Во наведениот период се издадени 216.594 пасоши на бугарски државјани за кои постои информација дека имаат и државјанство на Македонија“, изјавил Митов. Добивањето бугарски пасош е основно право на секој бугарски државјанин, загарантирано со закон, и тоа може да биде ограничено само во случаи предвидени со законот, пишува БГНЕС. Правната рамка која го регулира издавањето пасоши на бугарски државјани е содржана во неколку членови ...

Состојбата на Блискиот Исток, европската одбрана, поедноставувањето и измените на Изборниот закон на ЕУ биле главни теми на дискусија меѓу претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола и лидерите на земјите членки на блокот на почетокот на денешниот Самит на Унијата во Брисел. На прес-конференција по нејзиното учество на Самитот, Мецола истакна дека ги информирала лидерите на ЕУ за нејзината посета на Обединетите Арапски Емирати и за ...

По прв пат во Тетово се одржува Балканското првенство во одбојка на песок за играчи до 22 години. Натпреварите се играат на градскиот плоштад овие три дена од 25 до 27 јуни. Покрај македонската репрезентација учествуваат уште одбојкари и одбојкарки од Албанија, Косово, Турција, Романија и Молдавија. – Ова е еден од најдобрите моменти па да се организира еден ваков спорт и од самиот интерес на граѓаните на граѓаните на Тетово излегува дека ова ќе ...

Во големиот избор нови фитнес-трендови, „јапонската одечка вежба“ добива сѐ поголема популарност последниве месеци… Новиот „Тик-ток“ тренд е едноставен, но интензивен облик на одење којшто, ако е редовен, ветува бројни и видливи здравствени придобивки – вклучително и намалување на крвниот притисок, објави „Индекс“ (Index). Што претставува „јапонското одење“? Оваа вежба се заснова на наизменично брзо и бавно одење коешто трае вкупно 30 минути. ...

Потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Ана Чупеска алармираше дека власта покажува отсуство на свест за неопходноста од итно спроведување на реформската агенда, особено кога станува збор за судски реформи, што директно ја компромитира нашата европска перспектива. Главна замерка упати до Министерството за правда, за кое рече дека како клучен ресор за судски реформи, одбива соработка, игнорира експертиза и системски ...

Најмалку 29 ученици загинаа денеска во стампедо што следеше по експлозија во средно училиште во главниот град на Централноафриканската Република, Банги, соопштија локалните власти. Во соопштението се додава дека најмалку 260 лица се повредени и се лекуваат во болници. Министерството за образование соопшти дека експлозијата се случила додека над 5.000 ученици од шест други училишта ги полагале своите завршни испити во испитниот центар лоциран во ...

Екипите на кумановската подружница на „Национални Шуми“ го изгасија пожарот во Липковско над селата Ваксинце и Лојане, што избувна пред три дена, информира денеска заменик на генералниот директор на ЈП „Национални Шуми“, Кире Михаилов. Пред еден час, површината ја скениравме со дронови, увидовме дека нема веќе чад, ниту во внатрешноста, што значи дека може да потврдиме дека пожарот целосно е ставен под контрола, изјави Михаилов. Тој кажа дека ...

Виетнам спроведе законска реформа со која се укина смртната казна за осум кривични дела, веројатно поштедувајќи го животот на тајкунот од областа на недвижностите, затворен во врска со најголемиот случај на финансиска измама во земјата. Правната реформа ја укина смртната казна за осум кривични дела, вклучувајќи обид за соборување на владата, оштетување на државната инфраструктура, производство и продажба на фалсификувани лекови, водење војна, ...

Во завршна фаза е изработка на официјална потрошувачка кошница за четиричлено семејство, со цел да се дефинираат реални социјални и економски мерки без простор за манипулции, соопшти министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Кои производи ќе ги содржи таа и нејзиниот износ ќе биде соопштено откако ќе се формира Економско-социјалниот совет (ЕСС). На прес-конференција за отчет за работата во изминатата година, Дурмиши посочи дека кошницата ќе ...

За кандидатите кои сакаат да бидат дел од независните листи има едно решение кое Уставниот суд го укина, по што политичките партии предложија ново решение. Како што знам, тие не се сложуваат со тоа решение, се очекува овој Закон да се донесе, ако не се донесе, има опција тој да биде повлечен и да се седне со нив да се разговара за сите страни да бидат задоволени, изјави денеска претседателот на Собранието Африм Гаши по неформалната средба со ...

Уставниот суд укина делови Методологијата за описот од 2021 година кои се однесуваат на „резидентно“ и „нерезидентно“ население бидејќи оцени дека не се во согласност со темелната вредност на нашиот уставен поредок- владеењето на правото, како и оти директорот на Државниот завод за статистика ги пречекорил своите надлежности и со подзаконски акт извршил категоризирање на резидентно и нерезидентно население, за што нема законско овластување. ...

Пратеничката група на Левица поднесе интерпелација против републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски поради нефункционалност и политички влијанија врз работата на Основното јавно обвинителство, информираше денеска на прес-конференција пратеникот од редовите на Левица Сашко Јанчев. Како што појасни, интерпелацијата се темели на четири основи – селективна истрага за пожарот во Кочани; политичко влијание во работата на Обвинителството; ...

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска изјави дека е неопходно да се направи разлика помеѓу ставовите на Бугарија и останатите земји членки на Европската Унија кои го признаваат македонскиот идентитет и јазик, кога станува збор за билатералните прашања. Според него, за нас е добредојдено сè што прави разлика помеѓу билатерална позиција на Бугарија, и заедничка позиција на сите земји членки на ЕУ, со тоа што би се издвоило што е ...

Очекуваме во наредниот период да се намали увозот на храна, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, на новинарско прашање на прес-конференцијата на која даде отчет за сработеното во првата година од мандатот. Според Трипуновски, има сериозни резултати од првичните чекори што биле преземени изминатата година, а најголем дел од земјоделското производство има прогрес во квантитетот и откупната цена. ...

Не е коректно за едно ново законско и суштинско решение да се кажува и прејудицира дека нема да има своја употреба. Законот е готов и откако ќе се добие сублимат и став од Венецијанската комисија ќе се најде пред пратениците, рече денеска Горан Минчев, министер за јавна администрација во одговор на прашање од пратеникот Елми Азири за предлог законот за правична застапеност. Азири кој е дел од коалицијата Европски фронт од говорницата во ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша билатерален договор со Советот на Европа во Палатата на Европа во Стразбур за создавање Специјален тунрибал за злосторство агресија против Украина, пишува Укриноформ. „Ова е навистина важен чекор. Денес го започнуваме процесот на создавање трибунал што ќе ја суди Русија за нејзината агресија против Украина. Секој воен злосторник мора да знае дека ќе има правда – а тоа ја вклучува и Русија. Сега ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
4.12
23%
1005
weather icon

Белград

33ᴼ / 33ᴼ
1.54
26%
1003
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
0.0
75%
1005
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
2.06
35%
1008
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
3.71
17%
1005
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
3.09
81%
1005
weather icon

Атина

34ᴼ / 30ᴼ
5.14
46%
1010
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
4.63
40%
1011
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
5.14
37%
1009
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 33ᴼ
2.68
27%
1008
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
86%
1006
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
4.63
22%
1011
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641