
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Актуелниот шампион на Вимблдон Шпанецот Карлос Алкараз избори полуфинале откако денеска го совлада Британецот Камерон Нори со 3:0 во сетови (6:2; 6:3 и 6:3). Ова беше воедно 19-та победа во низа за Алкараз на Вимблдон, кој е двократен победник на овој турнир во последните две години. Британецот Нори во денешното четвртфинале немаше шанси против вториот тенисер на светот, но сепак оствари многу добар пласман со настапот во завршницата на ...
Гувернерот на Тексас, Грег Абот изјави дека во поплавите што ја погодија американската сојузна држава загинаа 109 луѓе, а 161 се водат како исчезнати. Тој додаде дека продолжуваат спасувачките операции по исчезнатите лица, чиј број е многу поголем од првично објавените процени. Голем број туристи не се пријавени во хотели туку кампуваат на брегот на реката Гвадалупе, која се излеа на 4 јули. Абот најави и дека претседателот на САД, Доналд Трамп ...
Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која било управувано возилото, објави денеска шпанската Цивилна гарда. Иако вештачењето сè уште е во тек, истражителите најавија дека одделно ќе ги анализираат „трагите оставени од едното тркало на возилото“, но дека сè укажува дека брзината ...
Македонија, која ги преживеа балканските војни од 90-тите години на минатиот век без масовно насилство и во која живеат различни луѓе и различни етнички и религиски групи кои успеа да изградат мирно општество, некогаш беше предводник во регионот, кога пред 20 години заедно со Словенија го започнаа пристапниот процес кон ЕУ, изјави вечерва австрискиот европратеник Томас Вајц во обраќањето пред Европскиот парламент во текот на дебата за Неговиот ...
Патувањата од аеродромите во Германија станаа значително поскапи во услови на континуирано слаба понуда на летови и високи даноци и такси, а нискобуџетните превозници, исто така, го следат овој тренд, покажа истражувањето на Германскиот центар за воздухопловство и вселенски патувања –ДЛР (DLR). Авионските билети во еден правец без багаж чинат во просек помеѓу 67 и 130 евра, пресмета ДЛР во анализата во која беа вклучени четири водечки ...
Власта предводена од ВМРО ја носи државата до нова национална срамота. Охрид, еден од најзначајните симболи на македонскиот идентитет, култура и природно богатство, е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство благодарение на неспособноста, неодговорноста и урбанистичкиот дивјачки порив на оваа власт, реагираат од СДСМ. „Во најновиот нацрт документ на УНЕСКО, јасно се посочува дека властите во Северна Македонија не ги ...
Граѓанската иницијатива „Support Kocani“ попладнево соопшти дека е пристигната втората донирана пратка компресивна облека за повредените во пожарот што се случи на 16 март, годинава. Од „Support Kocani“ информираат дека облеката веќе е доставена во Општата болница во Кочани. – Во оваа пратка се вклучени 43 парчиња компресивна облека, изработени по индивидуални мерки за 17 повредени лица. Облеката беше испорачана во Македонија во понеделник ...
Истакнат командант на Хамас Мехран Мустафа Баџур е убиен денеска во израелски воздушен напад во северниот крајбрежен град Триполи во Либан, соопшти израелската војска. Според ИДФ, Баџур во последниве години извршил бројни напади врз Израел. За време на војната, тој ги предводел ракетните напади од Либан кон Нахарија, Кирјат Шмона и други израелски градови. – Баџур служеше како еден од клучните команданти на Хамас во Либан, и како дел од неговата ...
Преговорите за соработка на претстојните локални избори и со ЗНАМ и со ВРЕДИ одат во добра насока, оцени денеска премиерот Кристијан Мицкоски. Најави дека со ЗНАМ ќе имаат посебни листи за советници, а онаму каде ќе имаат кандидат едните, другите нема да излезат со свој. Според него, можно е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата уште во прв круг да ги поддржат и кандидатите на ВРЕДИ во некои општини, со цел да биде поразена ДУИ. Тој нагласи дека што се ...
Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 30 дена на цела територија на државата поради зголемената појава на пожари. Портпаролката на Владата Марија Митева попладнево на прес-конференција соопшти дека одлуката е донесена врз основа на денешната седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот со кризи. – Ова на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејствување на сите ...
Последниот ден од германското првенство во велодромски велосипедизам во Дуденхофен беше прекинат откако двајца натпреварувачи прелетаа преку заштитната ограда и се удрија во група гледачи, повредувајќи седуммина од нив, од кои двајца потешко. Несреќата се случи во полуфиналната серија кога двајца велосипедисти, движејќи се со брзина од 60 километри на час излетаа од патеката во последната кривина и се удрија во група гледачи. Седум гледачи се ...
Белгискиот велосипедист Јаспер Филипсен денеска успешно е опериран, ден откако ја скрши клучната коска во тешка несреќа за време на третата етапа од годинешниот Тур Де Франс. Филипсен имаше контакт со францускиот велосипедист Брајан Кокар и притоа падна со десната страна од телото на асфалтот. Победникот на првата етапа принудно ја напушти трката и веднаш беше транспортиран во болница. „На Филипсен синоќа во болницата Аризона Херенталс успешно ...
Англискиот прволигаш Нотингем Форест ја прифати понудата од Њукасл за услугите на крилниот напаѓач Антонио Еланга во износ од 55 милиони фунти, објави денеска Би-Би-Си. Дваесетитригодишниот Еланга дојде во Нотингем Форест во 2023 година од Манчестер Јунајтед, во трансфер вреден 15 милиони фунти. Шведскиот крилен напаѓач одигра вкупно 82 натпревари и постигна 11 голови за Нотингем Форест. За шведската репрезентација досега одигра 22 натпревари и ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова одговарајќи на новинарско прашање за отстранувањето на македонскиот јазик и идентитет преку амандман излобиран од бугарски пратеници, вели дека тоа го докажува демократскиот дефицит во ЕУ, вклучувајќи го и Европскиот парламент, којшто, вели, треба да биде дом на европските граѓани. -Не сум шокирана, иако сум длабоко разочарана тоа го кажав, особено од природата на некои амандмани, па и од дискусиите, не ...
До 12:30 часот регистрирани се 10 пожари на отворен простор, од нив активни се девет, а еден е локализиран, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според ЦУК, активни се пожарите во општина Прилеп – с. Бешиште (приземен во мешана шума), општина Македонски Брод 1 – помеѓу с. Црешнево и с. Слатин (дабова шума и грмушки), општина Македонски Брод 2 – с. Самаково (лесно запалив материјал), општина Велес – поранешна фабрика Порцеланка (ниска ...
Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ за кандидирање на Орце Ѓорѓиевски – актуелен градоначалник на општина Кисела Вода – за прв човек на Скопје, предизвика бурни реакции во јавноста. Граѓаните, наместо ентузијазам, чувствуваат загриженост: дали неуспешниот модел од Кисела Вода ќе се прошири на ниво на главен град? Од Кисела Вода до Скопје – извоз на неуспехот Според достапните податоци, Ѓорѓиевски реализирал едвај 20% од ветеното во својот мандат во Кисела ...
Пишува: ЕРОЛ РИЗАОВ Кога нашиот премиер Христијан Мицкоски размислува секогаш паѓаат генијални идеи. Кога, пак, претскажува големи потфати без да размислува, тие се уште подобри, би рекол ингениозни и историски кои остануваат во колективното памтење. За неки негови визии за иднината на Македонија тешко е простосмртен човек со скромен умствен капацитет да одреди дали се само еднодневно генијални, или пак вековно историски. Во секој случај ...
Европскиот парламент денеска со 572 гласа „за“, 42 „против“ и 67 „воздржани“ го одобри постепеното воведување на Системот за влез и излез (ЕЕС) на надворешните граници на ЕУ, со што се отвора патот за старт на неговата имплементација од на есен. Откако ќе стапи во функција, системот ќе ги регистрира податоците, вклучувајќи име, вид на патна исправа, време и место на влез и излез и биометриски податоци – фотографија и отпечатоци од прсти, на ...
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува сите пензионери со ниски примања да се пријават за еднократна финансиска помош од 2.500 денари, на јавниот повик што ќе биде објавен утре, 9 јули. Право на пријавување имаат сите кои примаат старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија, при што месечниот износ не смее да го надминува износот од 26.157 денари, односно просечната пензија исплатена во мај 2025 година, ...
Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе Обвинителен предлог против осум лица вработени во КПУ Затвор Скопје. – Врз основа на прибраните докази првообвинетиот како директор на установата и двајца полициски службеници како соизвршители сториле продолжено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од нив еден ...
Премиерот Христијан Мицкоски жали што во 21 век на талибански начин од Извештајот за напредокот на земјава во ЕП се сака да се извадат македонскиот идентитет и јазик, кои како што нагласи, првпат се споменуваат во изминатите 35 години, но вели, добро е што граѓаните конечно можат да ги видат резултатите од политиките на претходната влада. – Авантурата од 2022 година пред се инспирирана од Бујар Османи, а поддржана од политички незнајковци како ...
Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“, по сценарио и режија на Гоце Цветановски, е официјално селектиран на 11. Светски филмски фестивал во Монтевидео, кој се одржува од денеска до 9 јули. Уругвај е петта држава од Латинска Америка каде што ќе биде прикажан филмот, по Бразил, Аргентина, Еквадор и Венецуела. -„Јон Вардар против Галаксијата“ е научно-фантастична комедија која веќе ја освои публиката на ...
Град Скопје предупредува на алармантната состојба со снабдувањето со питка вода, особено во услови на високи температури и суша. Според нивната објава, капацитетот на природниот извор Рашче и дополнителниот бунарски систем е недоволен да одговори на рекордната потрошувачка на вода во градот. „Водата е ПРИРОДЕН РЕСУРС, не се произведува во фабрика, извира од природата. Не е до мрежата, не е до цевките, едноставно од природниот извор на градот и ...
Флавио Коболи од Италија успеа да се избори за своето прво Грен слем четвртфинале откако го победи финалистот од 2017 на Вимблдон, Хрватот Марин Чилиќ со 3:1 во сетови. Во изедначен меч Коболи го клучните моменти имаше поуспешна завршница на поените во однос на Чилиќ. Во првите два сета Коболи имаше по еден брејк и двата сета ги доби со идентични 6:4 во гемови. Во третиот сет Чилиќ ја врати неизвесноста откако беше подобар во тај брејкот со 7:4 ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац нареди да се изгради огромен камп за 600.000 раселени Палестинци во јужниот дел на Појасот Газа. Тој додаде дека изградбата на кампот има за цел да ја ослабе власта на Хамас над населението во палестинската енклава. Предвидено е во кампот да бидат сместени стотици илјади Палестинци кои во моментот живеат во шатори во реонот на Ал Маваси. Кац посочи дека кампот ќе биде изграден за време на 60-дневниот ...
Најголем губитник на годинашниов Вимблдон е Григор Димитров од Бугарија, кој во осминафиналето против најдобриот играч на светот Јаник Синер од Италија при водство од 2:0 во сетови (6:3 и 7:5) во третиот сет при резултат 2:2 во гемови поради повреда мораше да го предаде мечот. Последниот поен во мечот го освои Димитров со ас сервис, но притоа се повреди и поради болки во пределот на десното рамо го предаде мечот. Во двата часа игра Димитров ...
Македонската рекордерка во маратонско трчање Адријана Поп Арсова Рашиќ, која потекнува од Виница, успеа да обезбеди пласман на Светското првенство во атлетика „Токио 2025“. Со ваквиот успех таа стана првата атлетичарка во историјата на македонската атлетика која ќе настапи на три последователни светски првенства – „Орегон 2022“, „Будимпешта 2023“ и „Токио 2025“. Поп Арсова успеа да го оствари критериумот за учество и се најде меѓу најдобрите 100 ...
Од синоќа во 21:50 часот сообраќајот на ГП Блаце, во двата правца се одвива нормално за патнички моторни возила, наизменично за камиони шлепери, додека за товарни возила со церади движењето е се уште забрането, соопшти утрово АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги ...
Европскиот парламент ја повторува својата целосна поддршка на континуираната и доследна посветеност на Северна Македонија за приклучување кон ЕУ и на потребните трансформативни промени што се потребни за исполнување на критериумите за пристапување, ја пофалува посветеноста на земјата на европската интеграција и ги охрабрува континуираните напори за унапредување на реформите усогласени со ЕУ и покрај предизвиците и неуспесите што го тестираа ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа потпиша извршна наредба со која се пролонгира стапувањето во сила на така наречените реципрочни американските царини до 1 август. Претходниот рок за завршување на трговските преговори за царините истекува денеска. Трамп потврди дека ќе ги воведе царините од 25 проценти за стоки од Јапонија и Јужна Кореја од 1 август, доколку дотогаш не се постигне договор. Тој посочи и дека планира да воведе царини од ...