
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09% во однос на одлуката од 29.8.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат во просек: зголемување кај бензините за 0,396%, кај дизелот има намалување за 0,764%, кај екстра лесното масло исто има ...
Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи, врз основа на своите законски надлежности, интензивно преземаат дејствија за испитување на наводите за евентуално сторени кривични дела поврзани со третманот на пациенти и работата на Клиниката за онкологија. -Во тоа целосно соработуваат и помагаат и раководството на Клиниката за онкологија, но и друг лекарски и медицински персонал. Јавното обвинителство ја уверува јавноста дека сите ...
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за ...
Можноста дваесет пратеници да побараат свикување нова седница не е и обврска за претседателот на Собранието да свика седница, изјави претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на почетокот на денешната нова 125. седница одговарајќи на барањето на пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ да се свика продолжение на 123. седница за да се гласа за уставните измени. – По однос на барањето, мислам дека основот не ...
Злоупотребата на цитостатици и терапија на клиниката за Онкологија е мега криминал со смртни последици, злосторничко здружување за кражба на лекови од пациенти со канцер за продажба на црно. И тоа е невозможно без политичка поддршка и обезбедена неказнивост. Клиниката за Онкологија е единствена во светот што поседува КАТО систем за контрола на терапиите, а што 6 години не го користи, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Системот за ...
Претставници на семејствата на 14 луѓе кои го загубија животот во пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември 2021 година преку јавни протести ќе бараат да има ново обвинение. -Очекуваме ново обвинение. Ние од почетокот бараме правда и очекуваме правда, но во оваа држава се гледа дека нема правда. Но излегува вистината кој е крив. Јас спомнав неколку пати дека не се овие тројца, имаат нешто вина ама има и поголем синџир. Тие од ИРЛ ...
Последните случувања на Клиниката за онкологија во Скопје, каде што медиумите открија дека се краделе терапии за болни од рак и се продавале на црниот пазар, а на дел од пациентите наместо вистински лекарства им се давал физиолошки раствор, очекувано доминираа на денешната седница на Собранието, прва по летните одмори на пратениците, ако се изземе онаа на 18 август за уставните измени. Ова прашање, кое изминативе денови предизвика лавина ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишник за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 4 септември, осомничениот влегол во маркет на булеварот „АСНОМ“ и веднаш се упатил во просторот кај касата и ја отворил. Сопственичката на продавницата, која работела и како ...
Според дневниот ред објавен на официјалната страница на Собранието, пратениците треба да разгледаат повеќе точки, меѓу кои и Предлог на закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија зa меѓународен воден транспорт во Oхридското Езеро, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за железничкиот систем, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на ...
По едномесечна истрага полицијата откри кој го вееше знамето на „Голема Албанија“ за време на посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Тетово на 11 август. Според МВР, знамето го веел А.М. (21), кој е германски државјанин. Во координација со Основното јавно обвинителство – Тетово, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 319 од Кривичниот законик до надлежното обвинителство за натамошно постапување. Овој инцидент предизвика ...
По отворената предистражната постапка на Јавното обвинителство околу написите дека онколошката терапија наменета за пациенти на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија се препродавала на црниот пазар, докторот Никола Пановски во утринската емисија за Телевизија 24 вели дека тешко ќе биде да се докаже како, односно дали биле користени скапите ампули. Микробиологот упати и критики до власта дека на раководни позиции поставува ...
Македонската православна црква и нејзините верници денеска, 28 август, го слават празникот Успение на Пресвета Богородица, еден од најголемите христијански празници посветени на Богородица, која во народот е позната како Голема Богородица. Ова е значаен христијански празник, не само кај православните, туку и кај католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Празникот ја одбележува земната смрт на Богородица ...
Денеска (27.08.2023) од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп е лишен од слобода и задржан во ПС ОН Прилеп Е.Р. (30) од с.Дебреште, командир на ПО Ропотово, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ односно поради основи на сомнение дека на 19.08.2023 на свадба кај негови роднини во семејна куќа во с.Дебреште пукал од огнено оружје, соопштува МВР. ОВР Прилеп презема мерки за расчистување на случајот во ...
Бугарија нема причина да ја промени позицијата кон Македонија, а сега преговорите се меѓу ЕУ и Скопје, порача бугарскиот премиер Николај Денков. Во интервју за бугарски „24 часа“ кажа дека Софија очекува Скопје да ги исполни обврските преземени од францускиот предлог, односно без промена на Уставот, бугарското вето ќе остане. На прашањето дали бугарскиот став кон Македонија ќе се смени затоа што некои политичари во Скопје се надеваат дека може ...
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,31 % во однос на одлуката од 21.8.2023 година. Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се намалува 1,00 денар/л, а малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува 0,50 денаери/л. Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се зголемува ...
Девојка од Прилеп на возраст од 18 години загина во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, кај селото Долнени. Според информациите од полицијата, девојката била сопатничка во автомобил „голф“ со кој управува нејзин врсник од село Пешталево. Покрај неа, во автомобилот имало уште една 18-годишна девојка. Несреќата се случила синоќа околу 22 часот кога тие со автомобил „голф“ излетале од патот. ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во првото коло на последниот грен слем годинава „УС Опен“ ќе игра против 85 тенисер во светот, Александр Милер од Франција. Моментно најдобриот тенисер на светот Карлос Алкараз се наоѓа во втората половина од жрепката. Потенцијален дуел меѓу Алкараз и Ѓоковиќ е можен само во финалето. Во третото коло Ѓоковиќ би можел да се сретне против својот сонародник Ласло Ѓере кој на стартот ќе игра против Американецот Брендон ...
Тетовскиот градоначалник Биљал Касами на социјалната мрежа Фејсбук објави покана од Основен суд Тетово, од каде бараат претставник на општината да дојде на судско рочиште на 15 септември поради сторен прекршок при пречекот на косовскиот премиер Курти, односно неспроведување на Законот за употреба на грбот, знамето и химната. На Фејсбук-профилот, Касами само на албански јазик напишал дека тоа претставува обид за заплашување и молчење. Уште еден ...
Овен Вашето поле во странство, патување и професионален развој ги нагласува овие теми. Ве очекува успех во кариерата. Успешно ќе го решите проблемот поврзан со партнерот. Слободниот Овен може да запознае интересна личност под знакот Вага. Главоболка. Бик Денеска ќе се најави подобра деловна динамика. Можни се повеќе парични текови. Биковите кои и денес се во врска може да имаат проблеми со партнерот, а потоа следи решение на чувствително ...
ОВЕН Во потрага сте по слобода, но исто така барате и сигурност. Што и да се случува во вашиот љубовен живот е прилично комплицирано и потребна ви е јасност. Не сте отворени за нови изненадувања. Сакате вистина но вашиот партнер не е подготвен да ви ја каже. БИК Вие сте на врвот кога е во прашање склучувањето на нови договори. Сакате да ја зацврстите врската со вашите соработници но некако не ви оди од рака. Пред да го осудите партнерот за нешто ...
ОВЕН Целиот ваш труд денеска ќе делува како попуст, но не грижете се за затоа што успехот ќе дојде набрзо. Некои работи не се онакви какви што изгледаат. Не можете да си дозволите да преземете ризик околу некоја ситуација. Можностите кои доаѓаат кон вас треба да бидат детално разгледани. БИК Вашите емоции денеска ќе делуваат напнати и премногу изразени, тоа може да предизвика себичен впечаток кај другите. Но себичноста не секогаш мора да се ...
Овен Состанокот или расправијата со една личност ќе ве исцрпи. Чувствувате мала резигнација, бидејќи деловните настани не одат во посакуваната насока. Ќе ви годи средба со блиска личност. Некој во вас започнува синџир на позитивни асоцијации и поттикнува нови емотивни желби. Нема потреба да се оптоварувате со „тешки мисли“. Бик Ако претрпите неуспех, променете ја вашата деловна позиција во насока што подобро одговара на вашиот интерес. Кога се ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално процесите ќе бидат во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. УХМР информира дека ќе продолжи периодот на многу топло време. Насекаде ќе биде ...
79.- Во катастрофалната ерупција на Везуф, вулкан во јужниот дел на Италија, од лавината и од пепелта наполно биле затрупани градовите Помпеја и Херкуланум. 1540.- Умрел италијанскиот сликар Пармиџанино, портретист кој тежнеел да ги изрази внатрешните особености на својот модел. 1572.- Во ноќта, токму на празникот Свети Вартоломеј, во Париз и во цела Франција почнал невидениот колеж на хугенотите, оној дел од населението кој го прифатил ...
1270.- Умре францускиот крал Луј Деветти, кој во текот на владеењето од 1226 успеа значително да ја зајакне ослабената кралска власт. Ги предводеше Шестата и Седмата крстоносна војна. 1530.- Роден е Иван Четврти Василевич – Грозни, руски цар, приврзаник на автократизмот и на јакнењето на царското самодржавие. Концентрирајќи ја во свои раце целата власт, настојуваше со сите средства да ги уништи болјарите, а кметовите што поцврсто да ги врзе за ...
1346.- Во битката кај Креси, во северна Франција, најпознатата битка во Англо-француската стогодишна војна (1337-1453), велшките стрелци катастрофлано ги поразиле француските тешки оклопници. Според некои извори, Англичаните тогаш првпат употребиле и огнено оружје. 1676.- Роден е англискиот државник Роберт Волпол, прв британски премиер (прв по прогласувањето на Обединетото Кралство). Претседател на владата бил од 1721 до 1742 година, најдолго во ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, попладне во југоисточните делови со услови за краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб претежно јужен ветер. UV=8. Температурата ќе достигне до 38 степени Целзиусови. Во Скопје и во околината сончево и многу топло со мала облачност и слаб југозападен ветер. Според синоптичарите и в понеделник ќе биде топло со температура до 37 степени, а мало заладување започнува ...
55 п.н.е.- Римскиот конзул Гај Јулиј Цезар ја започнал инвазијата на Британскиот остров со 10.000 војници на Седмата и Десеттата легија. 1576.- Од епидемијата на чума што ја зафатила Венеција умрел Тицијан Вечели, прочуен италијански сликар, основач на Венецијанската сликарска школа. Автор е на голем број слики кои претежно ги прикажуваат животот и обичаите на Венецијанската Република. Роден бил меѓу 1487 и 1490 година. 1664.- Умрел шпанскиот ...
Ромелу Лукаку ќе се врати во Серија А. Белгиецот реши да го одбие Јувентус и да се пресели во Рома, тврди британски „Телеграф“. Челси и Рома треба да го финализираат договорот во наредните денови. Рома го сака Лукаку на позајмица, но не сака во договорот да биде вметната клаузулата за откуп на неговиот договор по завршувањето на сезоната. Лукаку цело лето тренира со младиот тим на Челси, а според англиските медиуми тој ниту еднаш не се сретнал ...