Денеска е Св. Емилијан Исповедник. Во првата половина на деветтиот век свети Емилијан беше епископ во градот Кизик, во времето кога во Византија царуваше иконоборецот Лав Ерменецот. Поради цврстото држење до православното учење за почитувањето на иконите, епископот Емилијан, како и многу православни епископи беше принуден да ја напушти својата катедра и испратен во прогонство. Во прогонство проживеа уште пет години, трпејќи многу маки и ...
Светите маченици Аникита и Фотиј Царот Диоклецијан еднаш го посети градот Никомидија со зла умисла да ги истреби наполно христијаните. Па кога почна бездушно да ги истизава и мачи, пред него застана Свети Аникита, којшто беше еден од градоначалниците, и смело ја исповеда пред царот својата вера во Господ Исус Христос, Бог воплотен во тело заради нашето спасение. При ова Аникита уште и ги разобличи идолите како глуви и неми камења на коишто еден ...