
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Ал-Итихад работи напорно за да го доведе Мохамед Салах од Ливерпул. Главната причина е караницата меѓу Карим Бензема и тренерот Нуно Еспирито Санто. Португалскиот стручњак не го гледа Бензема во неговите тактички замисли и никогаш не бил за негово доведување, а двајцата имале жестока караница во изминатите денови. Тоа го принуди шампионот од Саудиска Арабија брзо да се сврти кон Мохамед Салах. Сепак, Ливерпул останува на цврстиот став, дека ...
Нов дуел од македонското ракометно вечно дерби Вардар – Еурофарм Пелистер треба да има на 6 септември, и тоа како дел од ракометниот Супер Куп. Пред да го играат мечот од Супер купот, екипата на Вардар ќе одигра и два натпрревари против Рајн Некар од квалифкациите за Лига Европа. Еурофарм Пелистер пак ќе настапи на „Турнирот на пријателство“ во Истанбул. Тое турнир со учесници од СЕХА лигата, а во полуфиналето битолчани ќе се сретнат со Веспрем. ...
Со победата од 0:1 против Селта со голот на Џуд Белингем во 81. минута, Реал Мадрид го задржа перфектниот ефект и по третото коло од Ла Лига. Сепак, тренерот Карло Анчелоти беше лут по победата. Причината за ова е што Лука Модриќ не го изведе пеналот за Реал во 68. минута, туку му го препушти на Родриго. Бразилецот изнуди удар од белата точка, но потоа брилијантно му го одбрани Иван Виљар, голманот на Селта. „Позната е хиерархијата на ...
Ферстапен извозе круг со време 1:10,567 минути и за пола секунда беше побрз од Ландо Норис, додека на третото место се најде Џорџ Расел. Во првите десет се најдоа и Албон, Алонсо, Сајнц, Перез, Пјастри, Леклер и Сарџент. Денешните квалификации тргнаа со дожд во кои првиот возач на Ферари, Леклер висеше за да влезе во вториот циклус, а откако патеката почна да се суши во вториот дел, сепак беше недоволно сува за да се користат суви гуми, па ...
Според англиските медиуми, тој веќе ги известил челниците на „црвените“ дека ќе се пресели во Ал Итихад, кој му понудил дури и поголема плата од Кристијано Роналдо (200 милиони евра по сезона). Ливерпул во овој случај би заработил повеќе од 100 милиони евра, што за управата на клубот е предобра понуда за да биде одбиена, без разлика за кој фудбалер. Салах има уште две години од договорот со премиерлигашот, но тренерот Јирген Клоп пред дуелот со ...
Српскиот голман Ѓорѓе Петровиќ се пресели од Њу Ингланд револушн во Челси за 14 милиони фунти и треба да му биде конкуренција на Роберт Санчез. Петровиќ привлече големо внимание, откако беше номиниран за најдобар голман во МЛС-лигата за 2022 година, а со „сините“ потпиша договор до 2030 година. „Се сретнав со тренерите во хотелот пред мечот со Лутон и чекам да направам нов голем чекор во кариерата. Едвај чекам да заиграм на ‘Стемфорд бриџ’“, ...
Челниците на Рома викендов отпатуваа за Лондон на директни преговори со „сините“, по што дводневните преговори вродија со плод, па Челси на крајот ја прифати понудата од пет милиони евра за едногодишна позајмица. За трансферот да биде комплетиран неопходно ќе биде и Лукаку да се согласи на намалување на платата од 7,5 милиони евра што му следи според договорот со Челси, а Белгиецот веќе најавил во разговор со Жозе Мурињо дека е подготвен да го ...
Во натпреварот од 3. коло против Шефилд Јунајтед одигран попладнево, Халанд го отвори резултатот во 63. минута. Во првото полувреме од средбата Норвежанецот не реализираше пенал погодувајќи ја стативата. Сити го одби натпреварот со 2:1. Во натпреварот од 1. коло против Барнли (3:0) Халанд постигна два погодока. Така Халанд, кој беше најдобар стрелец минатата сезона со 36 гола, сега го дели водството со Таиво Авонији (Нотингем Форест), Соли Марч ...
За 25-годишниот Холанѓанец и актуелен светски првак ова беше 46 победа, 11 во тековната сезона и деветта по ред со што го изедначи рекордот рекордот на четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел по бројот на победи во низа (9 победи, 2013 година). Возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, заврши на второто место со заостанување од 3,744 секунди назад трет беше возачот на Алпин, Пјер Гасли (+7.058). Клупскиот колега на Верстапен, Серхио ...
Деловен авион кој летал од Москва кон Санкт Петербург се урна во средата, при што загинаа сите 10 патници и членови на екипажот. Шефот на платеничката војска Вагнер, Евгениј Пригожин бил на листата на патници, соопштија руските власти. Според непотврдени новинарски извештаи, авионот му припаѓал на Пригожин. Руската агенција Тасс, повикувајќи се на официјални извори соопшти дека во авионот се превезувале тројца пилоти и седум патници. Авионот се ...
Откако беше потврдено дека шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин загина во авионска несреќа во близина на Москва, на социјалните мрежи се појави снимка од наводни членови на руската платеничка група кои најавуваат одмазда. – Многумина зборуваат што ќе направи „Вагнер“ во оваа ситуација. Ќе кажеме само едно – тргнуваме. Чекајте не, истакна еден член на „Вагнер“. Претходно беше објавено дека конвој возила на „Вагнер“ се движат од Белорусија кон ...
Портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер, соопшти дека САД немаат индиции дека авионот на шефот на руската паравоена група „Вагнер“ Евгениј Пригожин, што се урна во средата во руската област Твер, бил соборен со ракети земја-воздух. -Оценуваме дека таквите информации се неточни, рече Рајдер и додал дека Пентагон верува дека Пригожин е мртов, но дека тоа се уште не е потврдено, пренесува Гардијан. „Јасно е дека знаеме дека групата „Вагнер“ има многу ...
Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, рече дека нема никого да подложува на тортура, зборувајќи пред неговата денешна средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Мицкоски вчера кажа дека владата откако не успеала да испорача тоа што презела како обврска, оди по светот и ја моли меѓународната заедница да доаѓа во Скопје да прави тортура врз ВМРО-ДПМНЕ за да ги натера ...
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се предаде синоќа во затвор во округот Фултон, Џорџија, како дел од судењето против него за обид за кражба на резултатот од изборите во оваа сојузна држава по претседателските избори во 2020 година. Судијата и окружниот обвинител се согласија судењето да почне на 23 октомври во забрзан процес. Трамп пристигна со голема колона обезбедување од тајната служба, пријавувањето траеше 30 минути, бидејќи ...
Владимир Путин потпиша нов декрет со кој се бара од платеничките групи, вклучително и без водачот Вагнер, да се заколнат на верност на руската држава.Претседателската извршна наредба која стапи на сила вчера ги опфаќа платениците, доброволците и сите кои се вклучени во „специјална воена операција“. Оваа одлука има за цел да формира „духовни и морални основи за одбрана на Руската Федерација, нејзината независност и устав“, се наведува во ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека војната во Украина не може да се запре со „мировен план“ и чекање нешто да се случи. „Прво, мора да има итен и безусловен прекин на огнот“, нагласи Орбан на конзервативниот фестивал Транзит во унгарското село Тихани. „Првата грешка на Европа беше глобализацијата на оваа војна. Единствената земја која на денот на избувнувањето на војната рече дека треба да се локализира е нашата. Стратегијата на Западот ...
Албанскиот државјанин Бесник Николи, инаку познат како „Нико“ или „Ел Гордо“ е уапсен во Санта Марта, обвинет за поврзаност со колумбиските шверцери со дрога. Бил баран во повеќе од 180 земји и се смета за цел со висока вредност од француските власти, Европол и Интерпол. – Обвинителството и полицијата во Санта Марта (Магдалена) го уапсија албанскиот државјанин Бесник Николи, познат како алијас „Нико“ или „Ел Гордо“, кој од октомври 2021 година ...
Нема загинати македонски државјани во пожарите во Грција, само есен граѓанин е повреден, возач на камин чија приколка се опожари додека минувал низ подрачјето зафатено со пожари во близина на Александропулис, соопшти Министерството за надворешни работи. „Со загриженост и внимание ја следиме актуелната вонредна состојба во Грција, настаната како разултат на последните шумски пожари, кои резултираа со човечки жртви и други големи загуби. Во оваа ...
МВР на Косово во соработка со македонската полиција, денеска во Косово го уапси Алил Демири (38) осуден на доживотен затвор за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро во 2012 година. Оттогаш е всушност тој во бегство и од 2012 година се бара со меѓународна потерница, исто како и Африм Исмаиловиќ, кој уште не е најден. Демири е осуден за кривично дело „Тероризам”. Тој, според информациите добиени од косовската полиција, ќе биде изведен пред ...
Демири, кој вчера беше уапсен од косовската полиција по меѓународна потерница распишана од македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) денеска е ослободен, потврди неговиот адвокат Бесник Бериша. Ниту од МВР ниту од Министерството за правда не сакаа да ја коментираат оваа информација. Македонија бара екстрадиција за Демири затоа што тој заедно со уште пет други е правосилно осуден на доживотна казна затвор за петкратното убиство кај ...
Министерот за цивилна заштита Василис Кикилијас изјави дека имало неколку обиди „ѓубрињата пиромани“ да подметнат нови пожари на планината Парнита, северозападно од Атина. Стотици пожари беснеат во земјата во кои загинаа најмалку 20 лица оваа недела. „Вршите злосторство против земјата“, рече Кикилијас. „Ѓубрињата пиромани подметнуваат пожари кои ги загрозуваат шумите, имотот и, пред сè, човечките животи“, рече Кикилијас за време на телевизиски ...
Во полиција е пријавено силување кое се случило во Охрид. Во СВР Охрид, вчера во 16.30 часот, 42-годишна жена од Германија, со престој во Охрид, пријавила дека на 21 и 22 месецов во Охрид, А.О.(46) од Република Турција, со престој во Кичево, извршил обљуба врз неа. Полицијата работи на расчистување на случајот. Последниов месец имаше повеќе пријави за силување. Во полицискиот билтен стои дека скопјанец пријавил дека неговата малолетна ќерка била ...
Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, , кој престојува во Македонија, синоќа имаше работна вечера со македонскиот премиер , министерот за надворешни работи, и вицепремиерот за европски прашања. На вечерата присуствуваше и американската амбасадорка Ангела Агелер. Ескобар денеска ја продолжува посетата на државава со средби со премиерот Димитар Ковачевски и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ...
„САД биле, се и ќе бидат во текот на сите клучни процеси за демократски напредок на државата од независноста до денес и се поддржувачи на остварувањето на целите НАТО и ЕУ“, истакна премиерот Димитар Ковачевски по средбата со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар. „Нов договор нема да има“, порача Ковачевски појаснувајќи дека со веќе постоечката преговарачка рамка имаме целосна ...
Од нив 32 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час. Како што соопшти МВР, 223 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 271 надвор од населено место. – Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни ...
Полициски службеници од Полициската станица Кочани вчера околу 19 часот го лишиле од слобода Н.Г.(18) од Кочани. -Тој се сомничи дека околу 14.40 часот во својот дом со остар предмет нападнал и повредил 15-годишник од Кочани, а според неговото кажување, тоа го направил поради расправија за девојка. Малолетникот бил пренесен во Општа болница Кочани каде му била укажана лекарска помош, инфирмира МВР. Н.Г. бил задржан во полициска станица и по ...
Секторот за внатрешни работи Скопје, односно Единицата за безбедност на патниот сообраќај на 27/28.08.2023 поради снимање на музички спот од страна на Друштво за продукција и услуги „Мелем продукција“ ДООЕЛ, Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје. Во периодот од 23.00 часот на 27 август до 06.00 часот на 28 август затворен за сообраќај во двете насоки на движење ќе биде бул.„Илинден“, на потегот од крстосница ...
Повеќе од јасно е дека без темелни и суштински реформи во судскиот систем, владеење на правото, развој и јакнење на демократијата и одговорноста, како и силна и неселективна борба против криминалот и високата корупција, тешко ќе се движиме кон Европската унија. Обидите на Ковачевски, Османи и Маричиќ, со манипулативни настапи да обезбедат поддршка за уставните промени не успеаја, затоа што граѓаните препознаваат дека власта не ја говори ...
Ковачевски нека не ја држи Македонија во заложништво, неговата фотелја не е поважна од иднината на граѓаните, оставка па избори. Ковачевски треба да се соочи со реалноста и да си поднесе оставка веднаш, за да може што побрзо да одиме на избори и да почнеме да ги решаваме проблемите на граѓаните, велат во соопштение д ВМРО-ДПМНЕ. Јасно е веќе дека уставни измени под бугарски диктат нема да се случат и јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема да оди против ...
Железничкиот сообраќај во државава и денеска е во прекин поради бојкотот на машинскиот и извршниот персонал во ЖРСМ Транспорт. Причина за бојкотот, што почна вчера попладне, е неисплатениот втор дел од платата за јули годинава. Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал, за МИА изјави дека од стартот на бојкотот не сообраќаат ниту патничките ниту товарните возови. Досега, како што вели, не се реализирани предвидените ...