За еден месец имало 161 санкција за непрописно вградени фолии, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи. Во периодот од 1 до 31 јули, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спровел сообраќајни контроли на територија на државава за санкционирање возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. – При контролата, санкционирани се 161 учесник во ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за здравство Азир Алиу и Марија Вук претседателка на НВО САНО – Здружение кое им помага на децата со канцер, денеска на Клиниката за детски болести во Скопје, ќе го најават воведувањето на формалното основно образование во болнички услови за деца на долготрајно лекување. На Клиниката за детски болести се лекуваат дечиња со тешки болести, меѓу кои и канцер, кои досега не можеа да ...

Собранието денеска го распиша огласот за избор на нов прв човек на антикорупционерите. Рокот за аплицирање на оваа позиција е десет дена, додека понатамошните фази од постапката се утврдени во Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Во наредните денови ќе бидат познати и имињата на кандидатите кои ќе влезат во конкуренција за замена на сега веќе поранешната претседателка на антикорупциска Татјана Димитровска, која си поднесе ...

Ова е видео снимка од дивеење по скопските булевари, на која се гледа група млади луѓе кои небезбедно управуваат со автомобил – едниот од нив е качен на хаубата на возилото додека во позадина ечи музика, а се гледаат и другите лица како играат. Откако снимката стана вирална на социјалните мрежи реагираше и МВР – оттаму велат дека лицата биле приведени, со нив бил извршен информативен разговор во станица, а против нив ќе бидат поднесени и ...

Ненадејна поплава што предизвика порој од кал погоди населено место во хималајскиот регион во северна Индија, каде што четири лица загинаа, а околу 100 се водат како исчезнати, објавија денес локалните власти. „Ситуацијата е сериозна. Добивме извештаи за четири смртни случаи и околу 100 исчезнати. Се молиме за нивна безбедност“, изјави државниот министер за одбрана Санџај Сет. Видео снимките што ги објавија индиските медиуми покажуваат порои од ...

Поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридор 10д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на Експресниот пат А1, делница Градско – Дреново. Измените, како што соопшти АМСМ, важат од 04.08.2025 до 16.09.2025 година, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. АМСМ информира дека во целост е отворен за сообраќај државниот пат А1 ...

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во северните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе ...

Се ближи стартот на учебната година, а со него и подготовките за враќање во училишните клупи. Новиот школски почеток значи и нов удар по семејниот буџет. Овие се најнеопходните училишни материјали за старт на чебната година. Чанта, тетратки,пенкала и останат прибор. Посетивме просечна книжарница за да провериме колку би чинел ваков основен пакет, составен од: еден ранец, една тетратка, пенкало, сет линеари, кутија за пенкала и боици. Според ...

Синоќешното невреме кое ја зафати Македонија, предизвика големи материјални штети. Поплавени улици, паднати дрвја, оштетени возила од градот. Што покриваат осигурителните полиси во вакви случаи. Во краток разговор со една од осигурителните копании за Алсат велат дека, авто-огдоворноста која што е задолжителна, не покрива материјални штети, во неа може дополнително да се вметнат само стаклата на возилата но и за тоа треба доплата, а и ...

Полициските власти продолжуваат да собираат докази во врска со антиалбанските скандирања на 2 август во спортската сала во Куманово, за време на кошаркарскиот натпревар помеѓу Македонија и Романија. Според Алсат, полицијата ги повикала на информативен разговор лицата идентификувани од безбедносните камери, како упатуваат ксенофобични скандирања во присуство на шефот на државата. Меѓу повиканите, според Алсат, се и двајца неформални водачи на ...

По присвојувањето на заслугите за отворањето на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, кандидатот на ДУИ за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, преку пропагандни спотови во рамките на кампањата три месеци пред изборите, се обидува да ги присвои заслугите и за други важни проекти за граѓаните на оваа општина. Таков е случајот со Гинекологијата во Чаир, која според Османи пред да стане министер била само бетонска конструкција, но тој ја ...

Билатералните односи меѓу Македонија и Шпанија дополнително ги зајакнуваме преку отворање на авиолинијата Скопје-Мадрид и претходно воспоставената линија Скопје-Барселона, истакнале на денешната средба вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз, соопшти Министерството за транспорт. Двете авиолинии, информирал вицепремиерот, се дел од владината програма за развој на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на Фејсбук објави дека нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание на социјалните мрежи. – Овој случај нека биде потсетник дека секое непромислено однесување ќе биде санкционирано, порача Тошковски. По видео записот што беше споделен на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни работи соопшти дека се поднесени пријави против лицата кои дивееја со автомобил по ...

ДУИ ги откри имињата на уште четири кандидати кои ќе се натпреваруваат на локалните избори во октомври. Во Кичево ќе се натпреварува актуелниот градоначалник, како и во општина Липково. Името на кандидатот во Чашка и Студеничани е исто така одлучено. Во меѓувреме, раководството на ДУИ одлучи да го поддржи независниот кандидат Енвер Пајазити во општина Брвеница. Списокот на кандидати за Градот Скопјe, општините Боговиње, Пласница и Долнени ќе ...

Тетовска Шкендија е на прагот на уште една голема европска вечер. Шампионите излегуваат на теренот на стадионот во Скопје, каде што ќе се соочат со Карабак од Азербејџан, во рамките на третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Момците на тренерот Јетон Беќири имаат за цел да го продолжат својот европски сон, по сензационалната елиминација од Стеауа Букурешт во претходното коло. Иако квалификацијата во групната фаза е веќе сигурна, ...

Осуденик за убиство, со убоди од стаклено шише, усмртил осуденик за семејно насилство при тепачка во психијатриската болница во Бардовци. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил во раните утрински часови, односно речиси еден час по полноќ, откако во Психијатриската болница во Скопје во собата на судскиот оддел настанала тепачка меѓу две лица – едниот од Неготино, а другиот од скопското село Љубанци. По ...

Коалицијата ВЛЕН, преку соопштение за медиумите, нагласува дека пратеникот на ДУИ, Блерим Беџети, е архитект на неказнивоста за злосторствата против Албанците. По реакциите во врска со антиалбанските скандирања во спортската сала во Куманово и неказнивоста во претходните години, ВЛЕН нагласува дека токму Блерим Беџети како поранешен министер за правда, заедно со Сашо Мијалков, ги назначуваа и избираа судиите и обвинителите, кои потоа молчеа, ...

Во меѓувреме, претседателот на Собранието Африм Гаши ги осуди антиалбанските скандирања на кошаркарскиот натпревар во Куманово, нагласувајќи дека навредите и изразите на омраза не го претставуваат духот на спортот, духот на граѓаните и вредностите врз кои е изградена државата. „Кога спортот, кој треба да биде мост на единство, се претвора во сцена на омраза и поделба, сите треба да застанеме за момент и длабоко да размислиме за тоа што се ...

Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи, преку соопштение, ги повика сите граѓани и навивачи да ги поддржат своите групи во духот на спортскиот дух, без говор на омраза, без навреди врз основа на лична, етничка, верска или друга припадност што не се совпаѓаат со спортските натпревари и што се спротивни на законот. Министерството за внатрешни работи нагласува дека во рамките на обезбедувањето спортски натпревари без пречки и мир, ...

Неспортски е да се злоупотребува спортскиот терен за „вежбање“ говор на омраза, навредување и сатанизација со отровни убиствени зборови – проектили! По толку изгубени човечки битки на спортските терени, мора да кажаме јасно и гласно: Никогаш повеќе, каде и да сме, со кого и да се натпреваруваме, нема да дозволиме спортскиот терен да прерасне во гладијаторска навивачка арена, порачува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по скандирањата на ...

Против пет лица, меѓу кои еден возач и еден сопственик на транспортна компанија, до Основното јавно обвинителство е поднесена кривична пријава за сторени кривични дела: криумчарење и прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама. Како што информира Управата, во моментот кога првоосомничениот, возач на транспортна компанија, се обидел да направи примопредавање на цигарите во количина од 171 штека за што требало да му бидат ...

3,69 е просечната оценка на двата државни матурски испити што се одржаа во јуни. Министерката за образование, Весна Јаневска, изрази задоволство што успехот е поголем од минатата година кога просечната оценка беше 3,26. Како што рече Јаневска, просечната оценка за мајчин јазик достигна 3,68, математика 4,14 и англиски јазик 3,65. Државниот испитен центар проценува дека постигнатите успеси не се должат на полесни прашања, туку на подобро ...

Беким Сали од коалицијата ВЛЕН преку прес-конференција објави дека од државниот буџет се издвоени 47,5 милиони евра за изградба на кичевската болница, која со децении е недовршена. Според Сали, проектот предвидува изградба на модерна болница која ќе им обезбеди квалитетни и достоинствени услуги на граѓаните од тој регион. „Инвестицијата од 47,5 милиони евра во Кичево ќе овозможи изградба на регионален центар со европски стандарди, со нова ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека извршило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во исто време, тој е осомничен и за – Одземање или уништување службен печат или спис од член 390 став 1 од Кривичниот законик. ...

Второто авионско третирање против комарци за 2025 година на територијата на општина Кавадарци ќе се спроведе утре со почеток од 6 до 7 часот, соопштија од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. – Третирањето ќе го изврши фирмата ДВТ „Аероклуб Скопје“ ДОО Чучер Сандево. Се известуваат сите граѓани, како и пчелари дека во периодот на третирање и 3-4 часа подоцна да ги затворат кошниците-сандаците со пчели, заради можноста од ...

На 04.08.2025 во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.Д.(24) и В.М.(29), двајцата од Битола. Околу 19:00 тие биле затекнати при купопродажба на дрога, односно во моментот додека В.М. му продавал марихуана на М.Д, која била пронајдена и одземена. Подоцна, со наредба на Основен суд Битола, бил извршен претрес во домот на В.М., при што биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја, банкноти во различни ...

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, кој е кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Чаир, изјави дека ако ја добие изборната трка, на вицепремиерското место ќе го замени Беким Сали. Меџити во изјава за медиумите рече дека во ВЛЕН се согласиле оти Сали е најкомпетентната, најподготвената и најискусната личност за извршување на должноста прв вицепремиер на Владата. Беким Сали беше на функцијата министер за здравство од 17 ...

Во првите два месеца од годинава земјава вкупно извезла стоки во вредност од 75 650,4 милиони денари или 1,229 милијарди евра што е за 1,6 отсто повеќе отколку во истиот период во 2024 година. Во јануари и февруари годинава во земјава, пак, вкупно се увезени стоки во вредност од 112 862,3 милиони денари или 1,834 милијарди евра, што е за 4,9 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Со тоа трговскиот дефицит во првите два ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска Михајловска денеска ќе одржат прес-конференција во врска со полагањето и резултатите од државната матура во јунскиот испитен рок во учебната 2024-2025 година. Првиот од двата екстерни испита од годинашната државна матура – мајчин јазик и литература кој е задолжителен за сите матуранти, се полагаше на 31 мај, а вториот кој е изборен за ...

Полициски службеници од ОВР Македонски Брод вчера во 11:35 часот го привеле 54-годишниот В.С. од Македонски Брод, откако при сообраќајна контрола било утврдено дека управувал возило под дејство на алкохол. Возилото „Југо“ со прилепски регистарски ознаки било запрено кај локална патна контрола, а по извршен алкотест, кај возачот биле измерени 2,39 промили алкохол во крвта. Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
94%
1021
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
82%
1022
weather icon

Загреб

14ᴼ / 7ᴼ
1.54
65%
1024
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
1021
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.7
86%
1021
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
100%
1025
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
1.34
73%
1019
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
100%
1020
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
88%
1020
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
77%
1019
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
2.68
71%
1021
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
0.0
100%
1020
Currency

61.6038

Currency

52.8468

Currency

70.9593

Currency

34.3595

Currency

37.689

Currency

66.6453

Currency

7.41691

Currency

0.65209

Currency

0.35097

Currency

0.52569

Currency

1.26189

Currency

0.5983