Се надевам нема да гледаме премногу билатерални прашања коишто ќе го попречат процесот на проширување на ЕУ во иднина. Jа поттикнуваме Северна Македонија да оди напред кон отворање на првиот Кластер што е можно побрзо, како и да ги усвои уставните измени што беа договорени, изјави денеска финскиот министер за европски прашања Јоаким Странд, на заедничката прес-конференција со министерот за европски прашања Орхан Муртезани. Странд нагласи ...

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека нема да има „златен билет“ за населување во Обединетото Кралство, во рамките на плановите што бараат бегалците да го „заслужат“ своето право на долгорочен престој. Владата планира да ги укине автоматските права за семејно обединување за оние на кои им е доделен азил во Велика Британија и да ги промени условите за долгорочно населување. Новите апликации за постоечкиот пат за семејно обединување на ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц остро реагираше кон Виктор Орбан за време на средбата на лидерите на Европската унија во Копенхаген во средата, обвинувајќи го унгарскиот премиер дека ги попречува дискусиите за безбедносните потреби на блокот. Судирот се случи за време на разговорите за тоа како ЕУ може подобро да се брани од заканите од Русија и да ја поддржи Украина, според лица запознаени со расправата, кои зборуваа под услов на ...

Францускиот претседател Емануел Макрон jа повика Европа да преземе координирани мерки против таканаречената руска флота во сенка и да го следи примерот на неговата земја во ограничувањето на бродовите што се користат за кршење на западните санкции. Франција моментално истражува брод со знаме на Бенин, кој е меѓу стотиците стари танкери на црната листа на Европската Унија поради помагање на Москва да ги заобиколи ограничувањата за извоз на ...

Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност и заинтересираност по изборите да се преземат конкретни чекори за надминување на спорот со Бугарија, изјави денеска министерот за европски прашања Орхан Муртезани на заедничката прес-конференција во Скопје со неговиот фински колега Јоаким Странд. Муртезани нагласи дека веќе има конкретни размислувања како тоа да се направи, но не сакаше да открие повеќе поради тоа што во моментов тече ...

Седумдесет и деветгодишен жител на Велес ќе биде првото лице во државата што казната ќе ја издржува дома со електронска алка на глужд. Пресудата, донесена од Велешкиот суд, предвидува три месеци куќен затвор; барањето на осудениот за одлагање на извршувањето е одбиено. Управата за извршување санкции (УИС) најави дека, по изработка на индивидуална програма од пробациски службеник, ќе биде поставена опремата за електронски надзор и ќе започне ...

Јавно ги прашувам Османи и Ахмети да одговорат дали ќе направат влада со „албанофобот“ Мицкоски, праша Изет Меџити, кандидат за градоначалник на општина Чаир од ВЛЕН. -Цело време стојат пред врата и со кого сакаа да направат влада? Токму со Мицкоски. Јавно ги прашувам дали ќе престанат или ќе продолжат да стојат пред вратата на ВМРО-ДПМНЕ и пред Мицкоски да го молат, и без претседател на Собрание, со помалку министри, како што кажуваат и ...

Алармантно лоша е состојбата на Клиниката за онкологија, нема терапија, нема реагенси за испитувања, а дел од апаратите за зрачење не работат. Пациенти во животно загрозувачка состојба, се оставени сами на себе, принудени да купуваат лекови од странство и да плаќаат приватно за дијагностички анализи, изјави денеска на прес-конференција Eлена Радеска од Комисијата за здравство на СДСМ. „Додека граѓаните бараат спас, раководството на клиниката ...

Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека за неговата земја, војната во Украина „не е апстрактна“ и дека Полска се соочува со повеќекратни обиди за нелегално преминување на полската граница со Белорусија „секој ден“, со некои напади врз нејзините војници, вклучувајќи и жртви. „Ова е наша војна, и ако Украина изгуби, тоа значи наш неуспех“, нагласи полскиот премиер во говорот пред панел на Самитот на Европската политичка заедница во ...

Битка на контроверзни идеи за изнаоѓање начин да се протурка приклучувањето на Украина кон Европската Унија (ЕУ) од една страна, и необични сојузништва за да се спречи истото, од друга, му претходат, а ќе бидат дел и од денешниот собир на лидерите на земјите членки на ЕУ во главниот град на Данска, Копенхаген, каде треба да се разговара за ова прашање. Линијата која се залага за наоѓање решение за влезот на Украина во ЕУ, условно кажано ја ...

На граѓанската трибината „ Се бориме за нашиот дом”, во Македонски Брод, претседателот на СДСМ д-р Венко Филипче, истaкна дека слоганот и кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, всушност го покажуваат нивното вистинско лице и намери – целосна партизација на државата. „Јас се чудам и на нивниот слоган „Твој човек”. Но кога ќе размислам, ова е најискрената кампања што ја имале досега. Тоа е кампања дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде „твојот човек” кој ќе ти заврши ...

Неколку стотици средношколци денес блокираа училиште во Бордо, како дел од протестот свикан од синдикатите, скандирајќи повици до францускиот претседател Емануел Макрон да поднесе оставка, а беа пријавени и други блокади на средни училишта во Монпелје. Протестните маршеви започнаа во Марсеј во 10:30 часот, како и во Нант, објави BFM TV. Досега нема блокирани средни училишта во Париз, а што се однесува до универзитетите, штрајкот е ...

Октомвриската полна месечина ќе биде најголемата и најсветлата месечина оваа година, воедно и првата супермесечина за оваа година. Таа ќе се појави во вторник, на 7 октомври 2025 година, во 5:48 часот. Оваа полна месечина е позната и по името „Месечина на жетвата“. Зошто баш „Месечина на жетвата“? Името потекнува од земјоделските традиции во северната хемисфера и се однесува на полната месечина која е најблиска до есенската рамноденица. Оваа ...

Илон Маск објави дека развива конкурент на Wikipedia преку неговиот стартап за вештачка интелигенција xAI, кој има намера да го нарече Grokipedia. Маск, сопственик на платформата за социјални медиуми X, рече дека новата услуга ќе биде големо подобрување во однос на воспоставената онлајн енциклопедија, чии записи се креирани и уредувани од волонтери. Маск долго време ја обвинува Wikipedia за политичка пристрасност, тврдејќи дека е левичарска. ...

Превенцијата во рана возраст е клучна за одбегнување на злоупотребата на штетните материи како алкохол, цигари и дрога, а образованиот процес е најдобар начин за превенција и одбегнување на злоупотребата на штетните материи, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во рамки на регионалната работилница „Јакнење на соработката меѓу медиумите, експертите и институциите за подобри политики за контрола на тутунот и заштита на ...

Во пресрет на претстојните локални избори, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) апелира да се исполнат препораките од донесените мислења со кои се утврдува дискриминација врз различни групи граѓани во процесот на остварување на избирачкото право. Комисијата во допис до медиумите потсетува дека на 9 ти август 2021 година „утврди директна дискриминација извршена од страна на ДИК и индиректна дискриминација која ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера присуствувала на прием организиран од кралот на Данска, Фредерик Десетти и кралицата Мери Елизабет, во пресрет на седмиот состанок на Европската политичка заедница во Копенхаген, каде што шефицата на државата ќе земе свое учество. На приемот, како што пишува Сиљановска-Давкова во објава на Фејсбук, имала прилика да поразговара со францускиот претседател Емануел Макрон, со бугарскиот премиер ...

Филипче го демантира Венко, по стапките на неговиот ментор како што Зоран го демантираше Заев. Политичката недоследност и дволичност на Филипче оди до таму што предлага „црвени линии“ за заштита од францускиот предлог за кој пред една година самиот го прогласи за дипломатска победа, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Самиот Филипче на 1 октомври 2024 година на прес-конференција изјави дека францускиот предлог е победа и голем успех на ...

Шарл Леклер верува дека потоплите услови на трката за Големата награда на Сингапур ќе му одговараат на Ферари, откако тимот имаше проблеми во Баку и заврши со пласман на осмото и деветото место. Возачот од Монако призна дека резултатот во Азербејџан бил разочарување, но нагласи дека уличната патека „Марина Беј“ би можела да донесе поинаква слика. „Ќе биде потопло, тоа е сигурно. Нашиот болид доста се мачи кога е ладно, а во такви услови ...

Момците на Јетон Беќири тренираа на стадионот во Ваљекас, каде денес ќе се сретнат со Рајо Ваљекано во рамките од првото коло на Конференциската Лига. „Ни следи важен натпревар за нас како клуб, како стручен штаб, како фудбалери и за сите кои се вклучени во Шкендија. Овој меч е историски во однос на нашето деби во Конференциската лига, а и затоа што ќе играме против екипа од еден многу респектиран шампионат. Не би било коректно да издвојам ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика лидерите на Европската Унија да ги здружат силите за заедничка одбрана, соопшти синоќа кабинетот на Зеленски. Во соопштението се вели дека Зеленски, на пат кон Данска, каде што вчера се одржа неформален самит на шефовите на држави или влади на ЕУ, рекол дека Русија секогаш извршува хибридни напади и дека затоа Европа и Украина мора да дејствуваат обединето и силно, објави Укринформ. Според ...

Американската вселенска агенција НАСА денес стави околу 15.000 од своите 18.218 државни службеници на неплатен одмор и ги суспендираше повеќето од своите активности, откако американската федерална влада беше официјално затворена поради неуспехот да се донесе буџет во Конгресот. Според планот за континуитет на работењето на НАСА, агенцијата ќе ги исклучи сите небитни системи првиот ден, ќе ги обезбеди објектите и ќе издаде формални наредби за ...

Министрите за финансии на Г7 изјавија дека ќе преземат заеднички чекори за зголемување на притисокот врз Русија, насочени кон оние кои продолжуваат да ги зголемуваат своите купувања на руска нафта и оние кои го олеснуваат заобиколувањето на санкциите наметнати врз Русија. Министрите за финансии на Г7, исто така, изјавија дека се согласиле за важноста на трговските мерки, вклучувајќи ги царините и забраните за увоз и извоз, во напорите да се ...

Сите основни и средни училишта, како и градинките на грчкиот остров Закинтос, денес беа затворени од локалните власти поради бурното време што го погоди западниот дел од земјата. Нападот на лошо време започна синоќа, бидејќи силни бури ги погодија островите, а предупредување до населението да биде особено внимателно беше испратено и во Ахаја, Илија и Месинија. Поради лошото време, на север од Крф, автомобил што превезувал британско семејство ...

Облачно и студено време со врнежи од дожд – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Врнежите на повеќе места ќе бидат пообилни, а на планините дождот ќе преминува во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од 1 до 11 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 3 до 13 степени. Времето во Скопје ќе биде облачно и студено со повремен дожд, повремено ...

Технологијата за поврзување преку интернет долго време практично не постои во Европската Унија. Според Европската комисија, таа во статистиката се појавуваше до 2015 година, на пример во Луксембург и Португалија. Во раните денови на интернетот, препознатливиот звук на поврзувањето со модем беше секојдневна појава за милиони корисници ширум светот. Пристапот до интернет се остваруваше преку телефонска линија, позната како „dial-up“. AOL сега ...

Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) започна со целосна реконструкција на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во склоп на комплексот „Куќа на фудбалот“. Главниот зафат опфаќа обновување на теренот број еден, каде се поставува нов тревник со современа дренажа. Паралелно, уреден е и паркинг простор, како и пристапот до трибините на вториот терен. Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, изјави дека со овие инвестиции центарот добива нов ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Неготино во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистински избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, порача дека поддршката на овие избори и единствената алтернативата е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која значи одење напред и градење на иднината, а другите се СДС и ДУИ, потпомогнати од Левица, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски ...

Од утре почнува грејната сезона 2025/2026 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ. – Грејната сезона официјално започнува на 15 октомври, но согласно регулативата може да почне и порано, односно од 1 октомври, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12˚С. Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, за 2 октомври е ...

Вечерва цела Македонија живее за дербито – Вардар против Пелистер! Видеолотарија Касинос Австрија, како горд спонзор на црвено-црните, е со Вардар и во оваа голема битка. Видеолотарија Касинос Австрија со гордост го поддржува македонскиот ракометен шампион РК Вардар, кој вечерва во рамки на 5. коло од Супер Машка Лига во ракомет, го игра големото дерби против својот вечен ривал, РК Еурофарм Пелистер. Натпреварот ќе се одржи во 19:00 часот во ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
36%
1015
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
5.14
45%
1016
weather icon

Загреб

19ᴼ / 16ᴼ
2.06
39%
1018
weather icon

Софија

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
42%
1014
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
6.99
46%
1013
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 17ᴼ
1.54
40%
1018
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
4.12
39%
1014
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
37%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
39%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.6
35%
1012
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 16ᴼ
7.2
47%
1015
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
67%
1015
Currency

61.6317

Currency

52.6828

Currency

71.0562

Currency

37.583

Currency

38.4534

Currency

66.9932

Currency

7.7178

Currency

0.69429

Currency

0.32976

Currency

0.52422

Currency

1.17288

Currency

0.55935

Цинк

0.00

Калај

50.34

Паладиум

46843.64

Рутениум

53788.20

Алуминиум

3.59

Сребро

2399.81

Бакар

12.11

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Злато

151336.48

Родиум

326330.08

Платина

64365.79