Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Членовите на Комисијата за надзор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) кои имаат безбедносен сертификат ќе ја посетат АНБ и ќе ги разгледаат документите кои ќе им бидат доставени, беше одлучено на матичната собраниска комисија. Членот на Комисијата и пратеничка на СДСМ, Славјанка Петровска, истакна дека како претставник на СДСМ и опозицијата ќе го поддржи надзорот на АНБ и АР. Таа потенцираше дека е ...
Американскиот претседател Доналд Трамп без збор ги игнорирал прашањата од новинарите за руските дронови во Полска, додека излегувал од ресторан во Вашингтон. Притоа пропалестински протестирачи го исвиркале и опколиле неговото обезбедување. На социјалните мрежи веќе кружат снимки од, како што ја нарекуваат корисниците, „вечерата на Трамп која му преседна“, каде може да се види како поранешниот американски лидер се упатува кон возилото, без да ...
Се уште е активен пожарот на депонијата Дрисла, што избувна вчера во 15:15 часот. Во централниот дел на депонијата гори поголема количина отпад, при што се испушта густ чад кој се чувствува и во пошироката околина, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов преку видео изјава од терен соопшти дека скопските пожарникари во текот на целата ноќ се обидувале да го ...
Собраниската комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред е Предлогот за заклучок за вршење на надзор над работата на АНБ. Со Комисијата треба да претседава претседателот на Комисијата Скендер Реџепи, според договорот што го постигнале членовите на Комисијата, а за тоа го информирале и претседателот на Собранието Африм Гаши. Седницата на ...
Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост и алармира до јавноста дека Северна Македонија се соочува со отворена офанзива на злогласниот проект „Српски свет“. Овој проект сè почесто се манифестира на официјален начин, со присуство и, за жал, со благослов на државни претставници на нашата земја, се наведува во соопштението од ДУИ. Во текстот се додава: По прославите во Битола, каде високата делегација на Србија заедно со ...
Полска не презентираше докази дека беспилотни летала од руско потекло биле соборени над територијата на таа земја, изјави денес вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш. „Ги сметаме обвинувањата за неосновани. Не се презентирани докази дека овие беспилотни летала се од руско потекло“, изјави тој за РИА Новости. Исто така и рускиот амбасадор во Варшава, Сергеј Андреев, изјави дека Полска никогаш не доставила докази дека ...
Голем број европски лидери изразуваат поддршка за Полска по нарушувањето на нејзиниот воздушен простор од страна на руски беспилотни летала во текот на ноќта. Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека нападот е едноставно неприфатлив и го осуди на најсилен можен начин. „Ја повикувам Русија да стави крај на оваа безобѕирна ескалација. Повторувам за полскиот народ и нивната влада дека ја имаат нашата целосна поддршка. Наскоро ќе разговарам ...
Познати се шесте директни патници на Мундијалот, како и селекцијата која што ќе игра бараж, по завршените јужноамериканските квалификации. До почетокот на последното коло речиси никој не веруваш во вакво сценарио, но во фудбалот честопати се случуваат чуда. Венецуела имаше бод предност во однос на Боливија и домашен дуел против веќе пласираната Колумбија, додека „зелените“ ги чекаше натпревар со Бразил. Овие две селекции се бореа за седмото ...
Москва го оценува израелскиот напад врз главниот град Катар како грубо кршење на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи. „Русија оценува дека она што се случи е грубо кршење на меѓународното право и Повелбата на ОН, напад врз суверенитетот и територијалниот интегритет на независна држава, како чекор што води кон понатамошна ескалација и дестабилизација на ...
Издиша наводната афера на власта. Случајот со АНБ кој го спремаа за пред избори и требаше да биде некакво оружје против СДСМ, но им испукна како бомба во раката.Власта бега од декласификација на документите и се плаши јавноста да ја дознае вистината, се вели во соопштението од СДСМ. Во текстот се додава: Очигледен е стравот на премиерот Христијан Мицкоски од содржината на документите што треба да ја докажат неговата приказна за наводно следење. ...
ЈО и Коцевски повеќе од година и пол не покренале ниту една постапка против поранешни функционери иако постојат индиции и сомнежи за огромен криминал и корупција. Јавноста има право да знае што се случува со случајот рекет 2 и зошто јавниот обвинител Коцевски се уште го прикрива, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението се додава: Коцевски да не молчи за случајот Рекет 2 во кој се вплеткани поранешните од СЈО, Катица Јанева, Лиле ...
Цените на нафтата денес пораснаа за околу еден процент, Брент на 67 долари за барел, а американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) над 63 долари за барел. Зголемувањето следеше по извештаите за експлозии во Доха, главниот град на Катар, по што Израел тврдеше дека високи лидери на Хамас биле цел, објави Trading Economics. Катар, клучен посредник во конфликтот меѓу Израел и Хамас, кој исто така е домаќин на претставници на таа ...
Новоизбраниот премиер на Франција, Себастијан Ле Корнеј, беше член на шест последователни влади откако претседателот Емануел Макрон дојде на власт во 2017 година, и оттогаш имаше неколку функции, а неодамна беше министер за вооружените сили. Ле Корнеј (39) беше државен секретар во Министерството за еколошка и инклузивна транзиција (2017-2018), министер делегат за локални власти (2018-2020) и министер за прекуокеански територии (2020-2022). ...
Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека разговарал со генералниот секретар на НАТО Марк Руте, откако повеќе од десетина беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор за време на руските напади врз Украина, јави ДПА. „Го информирав генералниот секретар на НАТО за моменталната ситуација и мерките што ги презедовме против објектите што го нарушија нашиот воздушен простор. Одржуваме постојан контакт“, посочи Туск во објава на ...
Пожарот на депонијата „Дрисла“ утринава сè уште е активен, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во гаснењето на овој пожар вчера интервенираа десет противпожарни возила, а беше направен и противпожарен појас за да не се дозволи огнот да тргне кон блиската трева, грмушки и шума од горната страна на депонијата. Покрај овој пожар, активни се уште три други. Во Општините Липково и Гази Баба кај селата Никуштак и Булачани горат ...
Јавниот увид во податоците од Избирачкиот список за Локалните избори 2025 завршува утре на полноќ, а два дена подоцна на 13 септември на полноќ завршува рокот за доствување на листите за кандидати за градоначалници и за советници. На 29 септември започнува изборната кампања за локалните избори закажани за 19 октомври. Ќе се гласа во 80 општини и Градот Скопје на 3480 избирачки места. Граѓаните јавниот увид можат да го направат денеска до 20 ...
ВЛЕН секој ден докажува дека е единствената сила што донесе нов дух и позитивна атмосфера во секоја албанска општина. Од Чаир, Тетово, Гостивар, Струга и Липково до најоддалечената населба, мобилизацијата на граѓаните е без преседан, а плебицитарната победа на 19 октомври сега е јасно видлива, наведуваат од ВЛЕН. Во соопштението се додава: Граѓаните ја разбраа разликата помеѓу работата на ВЛЕН и измамите на ДУИ/АКИ. „Референдумот“ што го ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да има телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин или оваа недела или почетокот на следната недела. „Да, тоа ќе се случи“, изјави тој вчера за новинарите, осврнувајќи се на можен телефонски разговор со рускиот лидер, додавајќи дека тоа би можело да се случи „оваа недела или почетокот на следната недела“, објави Би-Би-Си. Трамп, исто така, рече дека е посветен на решавање ...
Руски беспилотни летала влегоа во полскиот воздушен простор на пат кон Украина, а полските воздухопловни сили употребија оружје против беспилотните летала, изјави денес полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш. Полската војска соопшти дека влегувањето на беспилотни летала во воздушниот простор на земјата за време на рускиот напад врз Украина претставува „чин на агресија“ што ја загрози јавната безбедност и бараше соборување на ...
Постојаната мисија на Јужна Кореја, која претседава со Советот за безбедност на ОН во септември, соопшти дека телото ќе се состане денес за да разговара за израелскиот напад врз Катар. „Состанок под точката на дневен ред „Ситуацијата на Блискиот Исток“ е закажан за утре во 15:00 часот по локално време, изјави мисијата за новинарите синоќа.“ Дипломатски извор изјави за ТАСС дека вонредниот состанок на Советот е побаран од Алжир, Пакистан и ...
Состојбата со поплавите во Менхенгладбах, во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, брзо се влошува. Противпожарната служба известува дека неколку улици во Оденкирхен/Гајстенбек и Нојбек се под вода и затворени за сообраќај. Погодена е и улицата Валднилер Штрасе, пишува списанието „Феникс“. Градот објави на својот Инстаграм канал дека наставата во основното училиште „Еспенштрасе“ е откажана откако е поплавена помошна просторија. Уште ...
Сончево и топло време со мала до умерена облачност – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за денеска. Ќе дува слаб до умерен, а на места, вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од 8 до 18 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 26 до 35 степени. Времето во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до ...
До 20:00 часот вечерва на територијата на земјава се евидентирани вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои четири активни, два се под контрола, а 18 се изгаснати. Активни се четири пожари и тоа во село Никуштак, во село Булачани (нискостеблеста деградирана и дабова шума), во Депонија Дрисла (ѓубре), во село Татеши (борова шума) и во населбата Еленкамен (ниска вегетација). Под контрола се ставени пожарите во беровско на Дрџински рид, во ...
Хамас објави дека неговата преговарачка делегација го преживеала израелскиот напад врз главниот град на Катар, тврдејќи дека Израел се обидел да ги убие нивните преговарачи. „Потврдуваме дека непријателот не успеа да ја убие нашата преговарачка делегација“, се вели во соопштението. Се додава дека нападот „несомнено потврдува дека Нетанјаху и неговата влада не сакаат да постигнат никаков мировен договор“. Во истото соопштение, Хамас наведува ...
На брифинг во Белата куќа, портпаролката Каролин Ливит изјави дека израелскиот напад врз Доха, кој погоди комплекс каде што престојуваа високи лидери на Хамас, „не придонесува за израелските или американските цели“. Сепак, таа додаде дека претседателот Доналд Трамп сè уште верува дека елиминацијата на Хамас е „достојна и легитимна цел“. Ливит нагласи дека Катар е близок сојузник на Соединетите Американски Држави и дека Трамп се чувствува многу ...
Собраниската комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање утре во 10 часот ќе одржи седница на чиј дневен ред е Предлогот за заклучок за вршење на надзор над работата на АНБ. Според договореното, со неа треба да претседава претседателот на Комисијата Скендер Реџепи. Ваков договор постигнале членовите на Комисијата, а за тоа го информирале и претседателот на Собранието Африм Гаши. – Самите ...
Полска ќе ја затвори границата со Белорусија на полноќ по локално време во четврток поради воените вежби „Запад“ што се одржуваат во Белорусија, изјави полскиот премиер Доналд Туск, а Литванија исто така најави зајакнување на безбедносните мерки на границата со Белорусија и Русија. Воените вежби „Запад-2025“, што ќе се одржат во Западна Русија и Белорусија, предизвикаа загриженост кај соседните земји, членки на НАТО – Полска, Литванија и ...
Францускиот амбасадор во Израел, Фредерик Журн, изјави дека кампањата на Франција за признавање и собирање поддршка за признавање на палестинска држава е од суштинско значење за поддршката на арапските земји во разоружувањето на палестинската милитантна група Хамас. „Нашето признавање на Палестина беше клучен лост што го искористивме заедно со Саудиска Арабија за да ги ангажираме муслиманските и арапските држави да прифатат идна нормализација ...
Македонија мора да продолжи по европскиот пат, активно, со резултати и визија, порачал претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во рамки на работната посета на Париз, Франција. Тој посочил дека целта на посетата е да ги промовира и брани националниот интерес и позициите на Македонија. При тоа нагласил дека СДСМ веќе работи на проактивен пристап, а тоа, како што рекол, значи конкретни решенија и иницијативи за ...
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Штип, по целосно спроведена истражна постапка и обезбедени докази, поднесе обвинение против суспендираниот шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи за пет кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ од член 143, како и кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 1 од Кривичниот законик. Како што информираат од ОЈО, обвинетиот, во периодот од ...