Во Старата скопска чаршија започна реализацијата на проектот за обнова и модернизација на инфраструктурата, со инвестиција од над 28 милиони денари, соопшти градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Меџити информира дека бил на терен во Старата чаршија за непосредно да го проследи почетокот на работите, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните што Општина Чаир ги реализира во овој историски дел на Скопје. Работите веќе се во ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, изврши увид во градежните активности за реализација на еден од најзначајните проекти за ревитализација на Старата скопска чаршија. Работите влегоа во првата фаза, која опфаќа изградба на нова водоводна и канализациска мрежа. Во следните фази ќе следуваат реставрација на калдрмата, поставување ново осветлување во традиционален стил и уредување на јавниот простор, со цел модернизација на ...

