Во сообраќајната несреќа што вчера се случи на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Мавровска крстосница, учествувале девет возила – пет мотоцикли и четири автомобили, а повредени се шест лица. Министерството за внатрешни работи денеска излезе со детали за возраста на повредените лица. Со тешки телесни повреди, како што велат од МВР, се здобиле четири лица од Скопје кои биле со мотоцикли „кавасаки“, „сузуки“ и „јамаха“. Едниот ...

До 29 септември, поточно до почетокот на кампањата за локалните избори, сите возила во државна сопственост ќе треба да ги заменат регистарските таблички со нови, специјални таблици во боја, а сѐ со цел да се спречи злоупотребата за партиски и приватни цели. Ова денеска го соопшти директорот на службата за општи и заеднички при Владата, Ивица Томовски, истакнувајќи дека станува збор за околу 7.000 до 7.500 државни возила. Тој упати нов повик до ...

Вечерва во Битола фудбалски спектакл. Младата репрезентација на Македонија под рефлектори на стадионот „Петар Милошевски“ ја пречекува селекцијата на Италија во квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство. За првпат на легендарниот битолски стадион во минатото наречен „Под Тумбе Кафе“, а сега по македонската голманска легенда, ќе светнат рефлекторите. Овој меч се очекува со нетрпение во градот на конзулите, а најавено е дека во ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) навремено ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во Европската Унија, кои треба да стапат во сила од 12 октомври 2025 година. Целта е да се избегнат застои на граничните премини и да се овозможи непречено движење на патниците. Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, вели дека МВР е во постојана комуникација со европските партнери. Според првичните најави, ...

Неексплодирана авионска бомба од Втората светска војна, пронајдена за време на ископувањата во центарот на словачката престолнина, Братислава, беше безбедно деактивирана денес во 10:45 часот и подоцна ќе биде транспортирана на безбедна локација, соопшти словачката полиција во објава на социјалните мрежи. На жителите на блиските згради, на кои им беше наредено да се евакуираат утрово, им е наложено да се вратат во своите домови, објави ...

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез, доби дополнителна суспензија од три натпревари во МЛС лигата за инцидентот по финалето на Лига купот против Сиетл на 31 август. По поразот на неговиот тим (3:0), уругваецот се скара со противничкиот терен, а потоа плукна по член на тренерскиот штаб на противникот. Како резултат на тоа, Суарез ќе ги пропушти лигашките натпревари против Шарлот (13 септември), Сиетл (16 септември) и Ди Си Јунајтед (20 ...

Рускиот претседател Владимир Путин нема да ја заврши војната во Украина освен ако не е принуден да го стори тоа, а нашата единствена опција е да го зголемиме притисокот врз Москва, изјави денеска шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, пред Европскиот парламент. „Путин нема да ја запре војната освен ако не е принуден“, им рече Каја Калас, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, пред европратениците, ...

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 отсто во споредба со претходната одлука. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 76 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 78, ЕУРОДИЗЕЛ БС ...

Автомобил марка „бе-ем-ве“, сопственост на Ѓорѓи Галетановски, претседател на градската организација на СДСМ во Скопје, ноќеска е опожарен. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека возилото било паркирано на улицата „Иван Козаров“ во скопската населба Кисела Вода. Од опожареното „бе-ем-ве“ биле зафатени уште две возила со скопски регистарски ознаки, едното „опел“ во сопственост на Е. К. (30) и „форд“ на А. М. (47). Од МВР велат ...

Да оставиме простор до крајот на неделата односно до понеделник, чинам дека сите институции ќе одговорат. Ова денес го изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, во врска со владината одлука за замена на регистарските таблички на возилата во државна сопственост со специјални црвено-жолти таблички кои се воведуваат за полесно распознавање на возилата. Рокот за смена на табличките е 15 септември, но Томовски ...

Во јавноста излезе нов скандал за криминалното владеење на СДС и ДУИ, а судско обвинителскиот систем го крие и заташкува. Судството со доверба на ниво на статистичка грешка од 2% продолжува да тоне, а Љупчо Коцевски на чело на ОЈО продолжува верно да им служи и да ги штити криминалците кои го изгласаа, СДС и ДУИ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението се додава: „Информациите говорат дека постои Рекет 2 и дека Основното јавното ...

Европскиот парламент во рамки на овонеделната сесија во Стразбур денеска ќе дебатира и за состојбата во Појасот Газа. Според најавите од ЕП, се очекува во дебатата да стане збор за одговорот на ЕУ за справување со лошата хуманитарната состојба во Газа, пред се со гладот, потоа да се реафирмира потребата од ослободување на сите заложници, како и да се изрази поддршка на напорите за постигнување конечен мировен договор на Блискиот Исток според ...

Дека времињата се многу неизвесни го докажуваат најновите записи за цената на златото, каде што цената на унца од 31,1 грам веќе се искачи на речиси 3.600 долари. Во последниот месец вредноста на златото се зголеми за 6%, додека вредноста на биткоинот падна за 4%. Оваа година, златото порасна за повеќе од 35% – двојно повеќе од биткоинот, чија вредност моментално е над 110.000 долари (94.400 евра). Следната важна информација за скапоцените ...

Израелската војска им нареди на жителите на градот Газа да се евакуираат во пресрет на нова офанзива, што следува ден откако таа се закани со урагански напади ако Хамас не ги ослободи преостанатите 48 заложници. Заземањето на градот со околу милион жители ги усложнува напорите за прекин на огнот н крај на речиси двегодишната војна. Наредбата за евакуација предизвика паника и хаос меѓу жителите на градот, зашто никаде во енклавата не е безбедно. ...

Владата на САД вчера објави операција за спроведување на имиграцијата во Чикаго, интензивирајќи го својот судир со демократските лидери во американската држава Илиноис. Одделот за внатрешна безбедност на „X“ напиша дека „Операцијата Мидвеј Блиц“ ќе биде насочена кон „криминални нелегални странци“. Не даде детали за тоа како ќе се спроведуваат рациите. Градоначалникот на Чикаго, демократот Брендон Џонсон, напиша на „X“ дека градот не бил ...

Обвинителството го започна увидот по пожарот во виничката фабрика „Макпрогрес Винчини“, кој на 6 септември избувна во фабриката за кондиторски производи во Виница. Од Обвинителството најавија и дека увидните дејствија ќе продолжат и во наредните денови, бидејќи во делови од фабриката огнот и натаму се уште не е целосно изгаснат. „Увидните дејствија ќе продолжат и следните денови, бидејќи во дел од магацините за суровини и готови производи се ...

Амбасадата на Соединетите Американски Држави преку објава на Фејсбук упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на државава. – Честит ден на независноста! Urime Dita e Pavarësise! Оваа година е особено значајна бидејќи одбележуваме и 30 години дипломатски односи меѓу нашите земји. Во текот на три децении, изградивме силно партнерство – работејќи заедно во дипломатијата, безбедноста, образованието, културата и друго, се посочува ...

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Појасот Газа ќе биде срамнет со земја доколку Хамас не се предаде и не ги ослободи заложниците што ги држи речиси две години. „Доколку терористите на Хамас не го положат оружјето и не ги ослободат сите заложници, тие ќе бидат уништени, а Газа ќе биде срамнета со земја“, вели Кац во објава на социјалната мрежа Икс. Израелската војска (ИДФ) нареди дека палестинските цивили во сите делови од ...

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, жестоко реагираше на изјавите на Александар Вучиќ, кој членовите на Европскиот парламент што присуствуваа на протестот во Нови Сад ги нарече „олош“. Според Кос, ваквиот однос кон европските претставници открива „сомнително разбирање на демократијата“ и дополнително го нарушува меѓународниот углед на Србија. „Имаме проблем во Белград. Кога европратениците се навредуваат на таков начин, тоа ја доведува ...

По примерот на европските и светските медицински центри, Клиничката болница „Аџибадем Систина“, од 9 септември, започнува нов пристап на наплата за здравствените услуги. Со овој модел, цената за иста услуга во болницата ќе има две ценовни категории и ќе зависи од изборот на специјалистот, кој ги изведува прегледот или интервенцијата. Поделбата на докторите е направена во согласност со академската титула, долгогодишното клиничко искуство, бројот ...

Денот на независноста – 8 Септември не е само симболичен датум, туку момент на историска пресвртница за нашиот народ, кога се крена јарболот за независноста. Ова денеска од централната прослава во Македонската филхармонија под слоганот „Од сон до реалност, за вечност“, по повод 34 години од осомостојувањето на државата го порача премиерот Христијан Мицкоски. „8 Септември не е само датум и никако случајност, туку континуитет на жедта на еден од ...

Државното обвинителство денеска соопшти дека е почнат увидот во фабриката „Макпрогрес“ Виница каде во пожар изгореа производствен погон и две магацински простории. – Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започна увидот по настанатиот пожар во фабриката „Макпрогрес-Винчини” во Виница. Увидните дејствија ќе продолжат и следните денови, бидејќи во дел од магацините за суровини и готови производи се уште има жаришта кои тлеат. ...

Во текот на изминатото деноноќие на територија на цела држава биле регистрирани 33 пожари на отворен простор, од кои два се активни, два се под контрола, а 29 се изгаснати. Активни пожари има во село Никуштак, општина Липково и на територија на општина Студеничани, кај селата Варвара и Драчевица, каде е зафатена мешана шума и ниска вегетација. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола се ставени пожарите во општина ...

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе назначи нов премиер во следните денови, откако актуелниот премиер изгуби доверба на гласањето во долниот дом на парламентот. Премиерот Франсоа Бајру денеска формално ќе му ја поднесе оставката на Макрон. Кој и да биде избран како негов наследник ќе треба да состави влада и да најде начин да протурка буџет во силно поделено Национално собрание – задача што веќе ги урна претходните двајца премиери. Иако ...

Сончево и топло време со мала до умерена облачност е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде од 8 до 17 Целзиусови степени, а дневната од 24 до 34 степени. И во Скопје времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 16 степени ...

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран ноќеска во југозападниот брег на островот Евија во Грција, соопштија од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Земјотресот се случил 27 минути по полноќ по локално време, а епицентарот бил на 37 километри североисточно од Атина и на 14 километри од градот Неа Макри. Земјотресот, според ЕМСЦ, бил на длабочина од 10 километри. Потресот, пропратен со силен звук, ...

Откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера во Белата куќа потврди дека е „подготвен за втората фаза од санкциите врз Русија“ поради војната во Украина, денеска стигна одговорот на Кремљ. На прашањето за коментарите на Трамп, Кремљ рече дека Европа и Украина прават сè што можат за да ги привлечат САД во својата орбита. Тие додадоа дека никакви санкции никогаш нема да можат да ја принудат Русија да го промени својот став. Трамп изрази ...

Најмалку 14 лица беа убиени, а десетици повредени во немирите во главниот град на Непал во понеделник, објави државната телевизија, откако полицијата испука солзавец и гумени куршуми врз демонстрантите кои се обидуваа да го нападнат парламентот поради затворањето на социјалните медиуми и корупцијата. Некои демонстранти влегоа во парламентарниот комплекс пробивајќи барикади, изјави локален функционер, палејќи амбулантни возила, фрлајќи предмети ...

Добре дојдовте во „Затворот во мене“, лажен затвор кој се наоѓа на мирните ридови во Хонгчон, Јужна Кореја. Уште од неговото отворање во 2013 година, овој необичен центар привлекува илјадници гости кои сакаат да избегаат од секојдневието. За разлика од класичните велнес-програми, овој „затвор“ нуди радикално различна детоксикација – тишина, без контакти, со самонаметната дисциплина. По пристигнувањето, гостите ги предаваат своите мобилни ...

Шест лица загинаа во пукање на автобуска станица во предградие на Ерусалим. Тамошната полиција соопшти дека се убиени и двајца напаѓачи, опишувајќи ги како „терористи“, пренесува Ројтерс. Службите за итни случаи соопштија дека околу 20 лица се повредени, а најмалку пет се во тешка состојба. Израелските власти информираа дека напаѓачите биле Палестинци. Според полицијата, застрелани и убиени се двајца напаѓачи, како и дека подоцна е уапсено и ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1027
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.97
79%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 7ᴼ
1.19
98%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.89
87%
1029
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1029
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
2.57
86%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.24
95%
1029
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Бакар

10.93

Калај

43.15

Сребро

2105.58

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Цинк

3.04

Злато

139298.91

Паладиум

53788.20

Родиум

258813.51

Алуминиум

2.92

Кобалт

58.42

Платина

62683.26