
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Ова ќе бидат осми локални избори по ред од независноста на државата. Утрешниот ден всушност е и последниот рок за распишување на изборите кои, според најавите треба да се одржат на 19 октомври, а доколку има втор круг за градоначалници гласањето ќе биде на 2 ноември. На локалните избори, граѓаните ќе бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје. Вкупниот буџет за одржување на локалните избори 2025 изнесува 9 милиони и 760 ...
ВЛЕН го повикува Бујар Османи јавно да одговори зошто нема никаква документација за потрошени над 120 милиони денари од буџетот на Министерството за надворешни работи и зошто нема податоци што е направено за толку огромна сума пари? „Зошто не постои отчет за овие средства, ниту трага од тоа што останало по завршувањето на самитот на ОБСЕ? Овие прашања се за пари на сите граѓани, за пари кои требало да се користат за училишта, подобро здравство, ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 20 минути, на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува ...
Очниот притисок игра клучна улога во одржувањето на здравјето на очите, бидејќи овозможува рамнотежа и стабилен проток на очната водичка, којашто непрекинато се лачи. Зголемениот очен притисок е чест проблем, којшто обично не предизвикува никакви симптоми во почетната фаза. Лицето првично не чувствува болка, нема никакво намалување на видната острина, ниту забележува промени во видното поле. Како што болеста напредува, се јавува постепено ...
Пожарникарите во јужна Франција денеска продолжуваат со борбата со огромниот шумски пожар што успеаја да го стават под контрола синоќа, но не се очекува целосно да биде изгаснат во следните неколку дена. Пожарот – најголемиот на францускиот медитерански брег во последните најмалку 50 години – изгоре 17.000 хектари вегетација за нешто повеќе од 48 часа и одзеде еден живот во департманот Од. -Пожарникарите ќе останат силно мобилизирани на местото ...
Коалицијата ВЛЕН денеска во Гостивар го претстави Себаедин Даут како свој кандидат за градоначалник на претстојните локални избори во октомври. Од ВЛЕН порачаа дека со оваа одлука го нудат „најдостојниот кандидат“ и ја гарантираат изборната победа во секој дел од градот. Од партијата истакнаа дека Даут е познат по својата чесност, отвореност во комуникацијата и способност да обединува различни општествени групи, ветувајќи дека со него на чело, ...
Судот кој со децении не го осудува говорот на омраза и расистичките антиалбански скандирања, брзо осуди граѓанин кој беше фатен со црвено-црно знаме со карта на „Голема Албанија“ и натписот „Автохтон“. Како што дознава Алсат, станува збор за 38-годишниот Мухамед Местани со германско државјанство, но по потекло од Тетово, кој беше протеран од земјата откако беше осуден на 2 години условна казна затвор, под обвинение за поттикнување меѓуетничка ...
Коалицијата ВЛЕН, преку соопштение, кандидатот на ДУИ за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, го нарекува синоним за сомнителни тендери во времето додека бил министер за надворешни работи. Повикувајќи се на извештај од Државниот завод за ревизија, ВЛЕН истакнува дека се констатирани неправилности при организацијата на Самитот на ОБСЕ во 2023 година во Скопје. „Според ревизорскиот извештај: Повеќе од 120 милиони денари се потрошени без ...
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, денес му рече на германскиот канцелар Фридрих Мерц дека е разочаран од неговата одлука да воведе ембарго за извоз на оружје за Израел, оценувајќи дека оваа одлука ќе ја награди палестинската милитантна група Хамас. „Наместо да ја поддржува праведната војна на Израел против Хамас, кој го изврши најстрашниот напад врз еврејскиот народ од Холокаустот, Германија го наградува тероризмот на Хамас со воведување ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц објави дека неговата влада ќе го запре целиот извоз на оружје и воена опрема во Израел што може да се користи во Појасот Газа, како одговор на планот на Израел да го заземе градот Газа и следствено целата енклава. „Германија нема да одобри извоз на воена опрема во Израел до понатамошно известување доколку постои можност таа да се користи во Газа“, рече Мерц во изјава дадена неколку моменти по објавувањето на ...
На Клиниката за неврологија за нов директор е поставен д-р Игор Кузмановски, а на Клиниката за кардиологија д-р Даница Петкоска Спирова, потврдија од Министерството за здравство за МИА. -Министерот за здравство, Азир Алиу за нов директор на Клиника за неврологија го именуваше д-р Игор Кузмановски, а на Клиниката за кардиологија за нов директор е именувана д-р Даница Петкоска Спирова. Новоименуваните директори ја извршуваат оваа функција ...
Пијан Штипјанец синоќа ја усмртил својата 84-годишна мајка во семејниот дом. Станува збор за 54-годишен маж кој синоќа под дејство на алкохол со остар предмет ја усмртил сопствената мајка. Убиството го потврдија и од полицијата. “Денеска во 04.15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 54-годишниот С.З од Штип. Тој се сомничи дека околу 02.00 часот во семејниот дом во Штип со остар предмет и нанел убодна рана на ...
Над 2000 м/2 е површината на новата градинка „Бамби“ која денеска беше пуштена во употреба. Според раководството на оваа установа, 350 деца ќе имаат можност да се едуцираат и развиваат во овој објект кој ги исполнува најсовремените услови за учење. „Овој нов објект на градинката ‘Фидани’ има капацитет од 350 деца, со 21 просторија изградена и опремена според современи европски стандарди, каде секој детал е осмислен за да обезбеди што ...
На 08.08.2025 СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против А.Ф. (57) од Штип поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ по чл.396 ст.1 ст.3 ст.4 и ст.5 од КЗ. На 13.02.2025 од страна на полициски службеници од СВР Штип, врз основа на издадена судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории на А.Ф., како и во деловен објект во Штип. При ...
Во текот на ова лето на територијата на Општините Чашка и Велес е забележано значително намалување на бројот на шумски пожари во споредба со претходната година. Според информациите од ЈП „Македонски шуми“, Подружница Шумско стопанство „Бабуна“ Велес, оваа сезона се регистрирани само два пожари – еден над селото Богомила во Општина Чашка и друг во атарот на селата Иванковци, Џидимирци и Крушје во Општина Велес. Раководителката Жаклина Гушева ...
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески вели дека со одржливи стапки на економски раст од 5 до 6 отсто годишно, земјава може значително да го скрати времето потребно за економска конвергенција со Европската Унија – од неколку децении на 15 до 20 години. -Според сегашните податоци, БДП по глава на жител кај нас е на ниво од 42 отсто од просекот на ЕУ. За побрзо затворање на тој јаз е потребен значително повисок раст од европскиот. Само со ...
Горан Георгиевски и Ромео Костадиновски се разрешени од функциите потпретседатели на Сојузот на стопански комори на Македонија на седница на Управниот одбор на ССК. Како што соопшти денеска Сојузот на стопански комори на Македонија, Георгиевски и Костадиновски како претставници на компании членки се исклучени од членството во Сојузот на стопански комори на Македонија. – Врз основа на ова, овие лица повеќе немаат никаква поврзаност со ССК, ниту ...
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши денеска ја промовираше „училишната кошничка“ што вчера ја донесе Владата. Мерката која ќе важи од 15 август до 15 септември 2025 година, предвидува намалување на цените на школскиот прибор за најмалку 10 отсто во трговијата на големо и 15 проценти во трговијата на мало. Како што соопшти Дурмиши на прес-конференција, мерката важи за сите видови продавници кои продаваат училишен прибор – книжарници, ...
Првиот заменик-премиер, Изет Меџити, кој и официјално е кандидат на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, реагира на критиките од неговиот противкандидат Бујар Османи во врска со дивоградбите и урбанистичките проблеми во Чаир. Меџити рече дека најмалку може да критикува Бујар Османи, кој живее во куќа изградена без дозвола. „Сите може да зборуваат, но најмалку Бујар Османи може да зборува за дивоградби, бидејќи куќата во која живее ...
Израел прави грешка со одобрувањето на плановите за окупирање на градот Газа, изјави денеска британскиот премиер Кир Стармер.Британскиот лидер го повика Израел да ги преиспита плановите за нова офанзива. Стармер ги даде овие забелешки откако воениот кабинет на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги одобри плановите за операција за заземање на градот Газа. Британскиот премиер рече дека Израел треба да дејствува во насока на деескалација, а не ...
Двајца психијатри со различна дијагноза за Раде Трајковски Штекли – судијата Илија Трпков повторно го одложи рочиштето за нелегална трговија со дрога. Вештак ангажиран од одбраната заклучил дека Штекли не може да ги следи рочиштата бидејќи веќе три години имал имагинарен учител, халуцинирирал, а дома поставил и камера од страв дека го следи албанска мафија. Од друга страна, вештачењето нарачано од обвинителството покажало дека Трајковски може да ...
Др. Мухамед Муртези ќе биде носител на советничката листа на ВРЕДИ за Општина Чаир, соопшти денеска првиот заменик претседател на Владата и кандидат за градоначалник, Изет Меџити. -Дефинирано е, носител на листата за советници во Општина Чаир е д-р Мухамед Муртези, личност која доаѓа надвор од политиката, тој е додадена вредност на ВЛЕН. ВЛЕН некаде ќе излезе со независни кандидати, во овој случај излегува со Мухамед Муртези, кој доаѓа од ...
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје упати апел до граѓаните за рационално користење на водата за пиење, поради енормно зголемената потрошувачка која надминува 350.000 метри кубни дневно. Од претпријатието нагласуваат дека ваквото зголемено и неконтролирано трошење на вода, особено во летниот период, сериозно ја нарушува стабилноста на водоснабдителниот систем. Како последица, системот работи со намален притисок, а делови од ...
Вчера попладне 75-годишна македонска државјанка била извлечена без знаци на живот на плажата Созополи во општина Неа Пропонтида, во близина на првиот крак на Халкидики, веднаш ѝ била укажана прва помош од екипа на итната медицинска служба, по што била пренесена во болница, но лекарите констатирале смрт, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека крајбрежната управа на Неа Муданија била информирана дека ...
Полициски службеници од СВР Охрид вчера го лишиле од слобода З.Н.(41) од Охрид, кој се сомничи дека во атарот на охридското село Горно Лакочереј предизвикал пожар на поле со нискостеблеста вегетација и ожнеана нива. Како што соопшти МВР, при преземени мерки и извршен преглед, полициските службеници кај него пронашле запалка која била одземена за натамошна постапка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа во видео обраќање изјави дека е потребно поголемо европско влијание во тековните преговори меѓу САД и Русија за прекин на војната во Украина. -Сите одлуки што треба да се донесат за да се заврши оваа војна и да се обезбеди безбедноста, всушност влијаат на цела Европа, рече украинскиот претседател. Зеленски додаде дека тековниот конфликт е војна на Русија не само против Украина, туку и „во Европа ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека примирјето меѓу Русија и Украина „зависи“ од рускиот претседател Владимир Путин. -Зависи од него, им рече Трамп на новинарите кога го прашаа дали рокот за Путин да се согласи на примирје е сè уште на сила. Ќе видиме што има да каже. Сè зависи од него. Многу сум разочаран, додаде Трамп. На прашањето дали Путин мора да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да се сретне со ...
Летните одмори донесоа речиси нова организација во Клиничкиот центар во Скопјe. Додека дел од лекарите се на одмор, нивните колеги вршат здравствени прегледи на пациенти на кои им е потребна помош. Алсат го посети Клиничкиот центар каде, за време на кратка пауза од работа, сретнавме неколку здравствени работници кои оценуваат дека даваат се од себе за да ги извршат сите посети. „Во нашата институција, во нашиот центар, сме многу добро ...
До 9 август се очекува Собранието официјално да ги распише локалните избори за октомври. Во меѓувреме, партиите и коалициите ги потврдија повеќето кандидати со кои ќе се натпреваруваат. Во албанскиот политички блок, трката ќе се води помеѓу два блока, коалицијата ВЛЕН, која е на власт, и Европскиот фронт, кој го смени името во Национална алијанса за интеграција. И покрај фактот дека албанските партии немаат гласачко тело за да го освојат Градот ...
Израелскиот кабинет за безбедност одобри план за заземање на градот Газа, објавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.Во соопштението се вели дека израелската војска ќе се подготви да ја преземе контролата врз градот Газа. Одлуката, донесена рано утрово, означува нова ескалација во 22-месечната офанзива на Израел, која започна како одговор на нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. ...