Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Водата за пиење во Скопје поскапе за три денари по кубик. Поскапувањето е во просек околу 40 денари, што значи ако едно домаќинство плаќало 1000 денари вода сега ќе плаќа 1040. Граѓаните веќе ги добиле покачените сметки за вода, дел од нив сметаат дека требало да има покачување – додека дел велат дека покачувањето е многу. Прашање: Ги добивте ли новите покачени сметки за вода? -„Да“ Прашање: Големо ли е покачувањето? -„20-30 денари.“ „Дома ...
Русија во текот на изминатата ноќ го започна „најголемиот напад“ врз постројките за производство на гас во Украина од почетокот на инвазијата во 2022 година, користејќи 35 ракети и 60 дронови, објави денеска украинскиот државен оператор Нафтогас. Руската војска објави дека извршила „масовни напади со високопрецизно оружје“ врз воено-индустриските компании во Украина, „гасната и енергетската инфраструктура што го поддржува нивното ...
Вработените во „Флораком“ и „Луна“, кои се фирми ќерки на „Паркови и зеленило“ од понеделник повторно ќе излезат на протест доколку денеска не ја добијат августовската плата. Вработените денеска повторно беа на двочасовен протест на булеварот „Илинден“, а доколку нивните барања денеска не бидат исполнети најавите се дека од понеделник размислуваат за радикализирање на протестите. Стојанче Кашиковски, претседател на Синдикатот на работниците ...
Некои европски земји веќе сериозно се подготвуваат за мрачно сценарио и дури им изготвија водичи за преживување на своите граѓани во случај на конфликт. Во услови на зголемени тензии меѓу Западот и Русија, во медиумите повторно се појави темата за комплетите за преживување во екстремни итни ситуации. Европската Унија покрена иницијатива со која ги повикува граѓаните на земјите членки да подготват сетови за преживување за 72 часа во случај на ...
Група нуркачи пронајдоа над 1.000 монети од бродолом покрај источниот брег на Флорида. Монетите се откриени летово, во остатоци од брод што бил дел од историската „Флота со богатство“, во чиј состав влегувале шпански бродови што потонале во јули 1715 година, кога стотици морнари, заедно со скапоцениот товар, во вредност од над 400 милиони долари, исчезнале во океанот. Во соопштението, претставниците на „1715 Fleet – Queens Jewels“, овластена ...
„Нови сојузи на автократиите се формираат против нас и ја напаѓаат либералната демократија како начин на живот“, рече Мерц пред публиката во Сарбрикен, на француската граница, каде што беше присутен францускиот претседател Емануел Макрон. „Глобалниот економски поредок се рекреира. Се креваат царински бариери, а себичноста расте“, рече тој. „Ова исто така нè ослабува економски.“ „Години нерегулирана, ненасочена миграција во Германија ја ...
Русија изврши големи воздушни напади врз некои од главните украински постројки за производство на гас, предизвикувајќи критична штета во некои случаи додека Украина се подготвува за зима. „Во текот на ноќта, Русија лансираше 35 ракети и 60 беспилотни летала врз инфраструктурата на државната компанија ‘Нафтогаз’ во регионите Харков и Полтава“, изјави главниот директор на компанијата Сергеј Коретски, додавајќи дека тоа е најголемиот напад врз ...
Филмот „Сите го викаат Реџо“, во режија на Ибер Деари, ја освои наградата за најдобра режија на престижниот Меѓународен фестивал во Тирана (TIFF). Во образложението на жирито стои дека во уметноста на филмот, режисерот мајсторски ги обединува креаторите и гледачите, водејќи ансамбл актери за да создадат живописни ликови, надополнети со префинета визуелна композиција. -Во комплексниот жанр на комедијата, неговата острина открива длабочини зад ...
Судијката Диана Груевска Илиевска ќе го води судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, соопштија денеска од Основниот кривичен суд Скопје. -Согласно АКМИС – системот е распределен на понатамошно постапување кај судијата Диана Груевска Илиевска од одделот Кривично полнолетни. Станува збор за судија со 19 – годишен судиски стаж во сите оддели на овој суд, како и претходен 17 – годишен стаж како стручен соработник. За сите ...
Во Фондот за здравствено осигурување се пристигнати 15 претставки од пациенти за сомнителни кардиохируршки интервенции, кои ги препраќаме до Министерството за здравство за натамошно постапување. Пет се индивидуални претставки, а десет се поднесени од установа. Ова денеска го истакна генералниот директор на ФЗО, Сашо Клековски, кој рече дека досега се пристигнати вкупно 25 претставки од пациенти за сомнителни кардиолошки интервенции. ...
Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, на прес-конференција вети итни мерки за решавање на проблемот со дивоградбите, нагласувајќи дека граѓаните кои биле измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија. Како што појасни Османи, работа на кризниот штаб, што ќе биде формиран за таа намена, ќе биде мапирање на дивоградбите и нивна темелна проверка за да се утврди дали ги исполнуваат стандардите за безбедно домување, стои во ...
Половина од министрите на премиерот Христијан Мицкоски имаат бугарски пасоши, а тој и неговите соработници се заплеткани во бугарски бизнис интереси, обвинија денеска од опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) откако вчера пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски рече дека токму лидерот на опозицијата е синоним за милионски шеми со бизниси и фирми кај источниот сосед. „Водат фирми во Бугарија, прават зделки за лична корист и додека се ...
Хип-хоп могулот Шон Диди Комбс напиша писмо до судијата помалку од 24 часа пред да му биде изречена пресудата, извинувајќи се и преземајќи целосна одговорност за секоја болка и страдање што ги предизвикал. Раперот призна дека направил грешки во минатото во писмото, вклучително и инцидентот од 2016 година во кој физички ја нападнал поранешната девојка Кеси Вентура, и рече дека се променил од тогаш, објави Скај њуз. Комбс беше прогласен за ...
Аеродромот во германскиот град Минхен денес повторно беше отворен откако беше затворен претходната ноќ поради прелет на дронови, што предизвика откажување или пренасочување на десетици летови пред националниот празник и покрена загриженост за ранливоста на клучната инфраструктура во Европа. Додека операциите продолжија рано утрово, сведок на Ројтерс видел патници како се пријавуваат за лет до Варна, Бугарија, а на таблата за заминувања се ...
Грејната сезона 2025/2026 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје официјално почнува на 15 октомври, информира Владата. Согласно постојните прописи, испораката на топлинска енергија може да почне и порано – конкретно, од 1 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени целзиусови, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи. ...
Државната изборна комисија денеска на 139. седница ги утврди изгледот и содржината на гласачкото ливче за претстојните локални избори. Како што појасни претседателот на ДИК, Борис Кондарко гласачкото ливче за градоначалник содржи назив на гласачкото ливче, број на гласачкото ливче, место и општина, име и симбол, доколку го има од подносителот на листата, реден број, име и презиме на кандидатите врз основа на податоците од матичната ...
Финскиот окружен суд пресуди дека нема надлежност да ги гони капетанот и двајцата офицери на танкерот за нафта „Игл С“, кои се обвинети за прекинување на подводните енергетски и интернет кабли во Балтичкото Море минатата година. Финска соопшти дека „Игл С“ е дел од руската флота во сенка составена од танкери што ги користи Русија за да ги заобиколи санкциите за нејзиниот извоз на нафта. Инцидентот од 25 декември беше еден од низата прекини ...
Новиот сој на коронавирус, означен како XFG и со прекар „Франкенштајн“, стана доминантен во Европа, а според податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), овој сој учествувал со повеќе од 80 проценти од регистрираните инфекции на почетокот на септември. Како што објаснува специјалистот за заразни болести Алесандро Дијана, експерт на платформата InfoVac, станува збор за варијанта што претставува комбинација од ...
Американскиот Сенат денес повторно ќе гласа за конкурентските планови од демократите и републиканците за прекин на блокадата на владата, која влегува во својот трет ден, иако нема индикации дека ќе биде усвоен ниту еден од плановите, објави Ројтерс. Демократите велат дека секој пакет за финансирање мора да ги продолжи субвенциите за здравствена заштита воведени за време на пандемијата, кои истекуваат на крајот на декември, додека ...
Во моментот од 96 планирани матични лекари во рурални подрачја, функционираат 44, а недостигаат 52. Тоа значи дека имаме помалку од 50 отсто исполнетост на руралните амбуланти. Неопходни се мерки кои треба да ги охрабрат младите доктори да започнат да работат во руралните подрачја, односно измени на правилникот кој тоа го регулира, да обезбедиме натамошна либерализација на условите за рурални матични доктори и да видиме кои се пречките кои ...
Мајките и новороденчињата во Газа се соочуваат со исклучително тешки услови, соопшти УНИЦЕФ. Болницата „Насер“ во јужната енклава е преполна со пациенти кои бегаат од север, додека медицинските ресурси се исцрпуваат, објави Ројтерс. „Ситуацијата за мајките и новороденчињата во Газа никогаш не била полоша. Во болницата „Насер“ гледаме ходници полни со жени кои штотуку се породиле“, изјави портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер, преку видео врска ...
Денес низ цела Велика Британија се издадени временски предупредувања за приближувањето на бурата Ејми, првата именувана бура во сезоната, која може да предизвика сериозни нарушувања на сообраќајот и да ја оштети инфраструктурата со силни ветрови и обилни врнежи од дожд. Бурата Ејми се развива над Северниот Атлантик и се очекува да се развие во форма на длабок циклон со ненадеен пад на притисокот од најмалку 24 милибари во рок од 24 часа, ...
Врховниот суд на Холандија денес објави дека одлуката за извоз на делови од борбените авиони Ф-35 во Израел останува во надлежност на техничката холандска влада, а не на судовите, и ѝ наложи на владата да ја преиспита својата одлука за извоз на оружје и компоненти во Израел, објави холандскиот јавен радиодифузен сервис НОС. Според одлуката на судот, министерот за надворешна трговија и развојна помош мора повторно да ги разгледа дозволите за ...
Променливо облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, а на некои од повисоките места од дожд и снег. На планините ќе врне повремен снег. Утринската температура ќе биде од -3 до 7 Целзиусови степени, а дневната од 0 до 11 степени. И во Скопје денеска ќе има облачно и студено време со врнежи од дожд, а на ...
За по два сантиметра се зголемени водостоите на Дојранското и на Преспанското Езеро, додека нивото на Охридското Езеро е повисоко за еден снатиметар во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа водостојот на Дојранското Езеро е за 54 сантиметри повисок од просекот за октомври, додека нивоата на другите две природни езера во земјава се пониски од просечните ...
Бројот на жртви од тајфунот Буалои во Виетнам се искачи на 51, објави владата. Централната банка ги повика банките да им помогнат на бизнисите погодени од катастрофата. Во понеделникот, Буалои предизвика лизгање на земјиштето во покраината Нге Ан. Државната агенција за управување со катастрофи соопшти дека најмалку 14 лица се водат како исчезнати, а 164 се повредени додека тајфунот ја погоди земјата со обилни дождови и силни ветрови. Според ...
Четири противпожарни возила и 15 пожарникари го гаснеа големиот пожар кој избувнал вчера околу 17:25 часот во објекти кои се користат како магацини на ЈПКД „Комуналец“, информираа од ТППЕ Струмица. -Пожарот беше во разгорена фаза и исклучително тежок за гаснење. Беше побарано од ЕВН да се исклучи струјата поради голема опасност за животите на пожарникарите-спасители кои беа навлезени длабоко во магацинските простории и го гасеа пожарот. Друг ...
СДС и Филипче пак се пазарат со Бугарија, еднаш веќе подметнаа француски предлог, сега повторно се пазарат на штета на македонските интереси. СДС и Филипче повторно виткаат кичма пред Бугарија, и испраќаат сигнали до Софија дека се спремни да направат се, само да дојдат до власт и Филипче да си ја задржи фотелјата на Бихачка, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се додава: „СДС и Филипче овој пат како параван за ...
ЕУ ги поддржува принципите од Планот за Газа на американскиот претседател Доналд Трамп за разоружување на Хамас, без негова улога во идното управување со Појасот, за елиминирање на каква било закана кон Израел и неговиот народ и дека Газа нема да биде окупирана и Палестинците нема да бидат раселени. Ова се наведува во изјавата на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас во име на Европската Унија ...
Францускиот премиер Себастијан Ле Корнеј во понеделник изјави дека неговата влада нема да го користи членот 49.3 од францускиот Устав за да наметне буџет без гласање во парламентот, но дека пратениците мора да најдат компромис. „Одлучив да се откажам од употребата на членот 49.3 од Уставот“, изјави Ле Корнеј пред новинарите во Париз, додавајќи дека во функционален парламент кој го одразува лицето на Франција, не е можно да се наметнуваат ...