Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
По постигнувањето на евентуално примирје, ќе бидат потребни 52 милијарди долари за обнова на опустошениот Појас Газа, изјави денес директорот на Канцеларијата на Обединетите нации за услуги и проекти (УНОПС), Хорхе Мореира да Силва, во интервју за Ал Џезира. „Ни требаат 52 милијарди долари за обнова на Појасот Газа. Околу 80 проценти од инфраструктурата во Газа е целосно уништена“, рече претставникот на ОН. Во исто време, да Силва нагласи ...
Во рамките на претставувањето на вториот столб од неговата изборна програма “Образование“, кандидатот за градоначалник на општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, соопшти дека започнува изградбата на кампусот на универзитетот “Маjка Тереза“, капитален проект во вредност од 40 милиони евра, поддржан од Владата, се вели во соопштението од ПР тимот на Меџити. Во текстот се додава: “За ваша информација, вчера Министерството за транспорт ја ...
Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права, денеска, во полн состав во Уставниот суд ја одржа втората седница. Комисијата со која претседава претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски изврши административна проверка на апликациите во однос на критериумите за пријавување и по проверката, врз основа на фактичката состојба ја утврди листата на апликанти кои ќе бидат ...
Кралската шведска академија на науките одлучи Нобеловата награда за хемија за 2025 година да ја додели на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар М. Јаги „за развој на метално-органски рамки“ Лауреатите на Нобеловата награда за хемија за 2025 година создадоа молекуларни конструкции со големи простори низ кои можат да течат гасови и други соединенија. Овие конструкции, метално-органски рамки, можат да се користат за собирање вода од пустинскиот ...
Со сослушување на сведок предложен од Основното јавно обвинителство, денеска продолжи судскиот процес против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, којшто заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Сведокот Александар Гаќев, сопруг на сега веќе почината пациентка пред Судот кажа дека по предлог на Васев, неговата сопруга примала терапија според експериментална програма. Лекувањето, посочи ...
Нешто ново и опасно се случува на нашето небо, при што само во последните две недели борбени авиони МиГ го нарушија воздушниот простор на Естонија, а дронови прелетаа над критични локации во Белгија, Полска, Романија, Данска и Германија, изјави претпладнево претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред европратениците во Стразбур за време на дебатата посветена на одговорот на ЕУ на неодамнешните руски ...
Длабоко сме загрижени и потресени од вооружениот напад врз нашиот кандидат и носител на советничката листа во Општина Липково, д-р Зеќирија Шахини, кој беше застрелан од маскирано лице и ранет. За среќа, неговиот живот е надвор од опасност, но самиот факт што во сред изборна кампања се случува ваков атентат претставува сериозен аларм за демократијата, јавниот ред и безбедноста во државата. Ова не е обичен инцидент, туку тежок, намерен и ...
Ако почине кандидат за советник, според Изборниот законик се предлага нов кандидат во период до десет дена пред денот на одржувањето на изборите, изјави денеска Емилија Петровска, претседател на Општинската изборна комисија во Кавадарци, за МИА по информацијата за смртта на Панчо Минов, носител на листа кандидати за советници на претстојните локални избори што ќе се одржат на 19 октомври. – Според член 67-а од Изборниот законик, ако некој од ...
Патувањето од Атина до Истанбул за само четири часа или скокањето од Мадрид до Милано со брз воз звучи како футуристички сон, но токму тоа ветува амбициозниот план за Европската мрежа за брзи железници. Заедницата на европски железнички и инфраструктурни компании (CER) најавува проект што треба да ги поврзе сите поголеми градови во Европската Унија со мрежа од повеќе од 49.400 километри пруга, со возови што сообраќаат со брзина од 250 до 350 ...
На десеттиот ден од изборната кампања за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, политичките партии, коалициите и независните кандидати продолжуваат со своите активности на терен – со митинзи и директни средби со граѓаните во повеќе градови и општини низ државата. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе ги претстават своите кандидати во Сопиште, Шуто Оризари, Бутел и Карпош, додека СДСМ продолжува со кампањата во Долнени, ...
Основното јавно обвинителство Скопје покрена истрага против две лица, сопственички на приватни домови за стари лица во Скопје, поради сериозни злоупотреби и нехуман третман на корисниците. Според обвинението, установите работеле над дозволениот капацитет, без соодветен стручен кадар, со сериозни пропусти во хигиената, исхраната и документацијата. -Со дејствијата што ги координираше јавниот обвинител во изминатите два дена, обезбедени се ...
Центрите за јавно здравје низ државава обезбедија 2.400 комерцијални вакцини. Од нив 1.000 дози има во Центарот за јавно здравје-Скопје. Примањето комерцијална вакцина ќе чини 700 денари, информираа за МИА од Министерството за здравство. Министерството за здравство вчера соопшти дека почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи население, кои може да се пријават со пополнување на апликацијата ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Струмица изјави дека по очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, логично би било да се размислува за можноста за предвремени парламентарни избори и нов четиргодишен мандат, но, како што посочи, за таа одлука ќе се водат не од политичкиот туку од интересот на државата. – Очекувам по овие локални избори да влеземе во еден циклус на засилен инвестициски бран и оној кој ја следи политиката ќе ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека таа и уште двајца министри се обвинети од Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради поддршката на Рим за Израел. „Јас, министерот Крочето (Гвидо, министер за одбрана), министерот Тајани (Антонио, министер за надворешни работи) и верувам дека извршниот директор на Леонардо, Роберто Чинголани, станавме предмет на тужба од МКС за соучество во геноцид“, рече таа во телевизиска емисија на 7 октомври. ...
Европската комисија(ЕК) предлага двојно да се зголемат царините за увоз на челик – на 50 отсто, за да се заштитат производителите од Европската унија (ЕУ) од евтина конкуренција од земји како Кина, објави комесарот за индустрија на ЕУ, Стефан Сежурне. Покрај тоа, обемот на увоз без царина треба да се намали речиси за половина, јави агенцијата ДПА. Целта е да се спасат европските производители на челик и работните места. „Ова е ...
Британскиот премиер Кир Стармер повика на построг полициски одговор на она што тој го нарече навредливи слогани слушнати за време на пропалестинските протести по повод годишнината од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година. „Мислам дека треба да се откажеме од некои од слоганите што се слушаат на овие протести. Полицијата треба да го преиспита начинот на кој се следат овие собири“, им рече Стармер на новинарите во авионот на ...
Бидејќи водата сочинува околу 60 проценти од нашите тела, јасно е зошто редовното пиење е клучно за здравјето. Експертите особено нагласуваат дека пиењето вода наутро, веднаш по будењето, има бројни придобивки за телото и умот, објавува „Индекс“. Нутриционистката Еими Шапиро истакнува дека утринската чаша вода помага во рехидрираноста по спиењето, го подобрува варењето, ги стимулира когнитивните и метаболичките функции и го поддржува ...
Лекарите развија стетоскоп управуван од вештачка интелигенција кој може да открие три сериозни срцеви заболувања за само 15 секунди, револуционизирајќи ја дијагностиката. Оваа надградена медицинска алатка има способност да препознава срцева слабост, заболувања на срцевите залистоци и неправилни срцеви ритми, пишува The Guardian. Традиционалниот стетоскоп, измислен во далечната 1816 година, е клучен дел од опремата на секој лекар повеќе од ...
82-годишна Кинескиња е хоспитализирана откако проголтала осум живи жаби во обид да ги ублажи болките во долниот дел од грбот. Постарата жена, позната само по презимето Жанг, изјавила дека се водела од народното верување дека јадењето живи жаби може да помогне во лекувањето на болката предизвикана од дискус хернија, објави денес британскиот Телеграф. Се наведува дека во септември побарала од членовите на семејството да ѝ помогнат да ги фати ...
Германија ќе ѝ дозволи на полицијата да соборува беспилотни летала што претставуваат закана по безбедноста, по серијата инциденти во кои „ловци на беспилотни летала“ го нарушија воздушниот сообраќај низ Европа, соопшти владата во понеделник. Новиот закон, кој беше одобрен од кабинетот и чека парламентарно одобрување, ѝ овластува на полицијата да соборува беспилотни летала во случаи на „акутна закана“ или можност за „сериозна штета“, објави ...
Поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, ќе се појави пред федералниот суд во среда за да се соочи со кривични обвиненија за давање лажни изјави и попречување на конгресна истрага, што е прво кривично гонење од страна на Министерството за правда на еден од политичките непријатели на претседателот Доналд Трамп. Се очекува Коми да се изјасни за невин по обвиненијата поднесени од поранешната лична адвокатка на Трамп, Линдзи Халиган, која беше ...
ЕУ им порача на европските бизниси во критичните сектори да го зголемат усвојувањето на вештачката интелигенција, и го повика блокот да ја намали својата зависност од странските добавувачи на вештачка интелигенција. Иако Европската Унија заостанува зад САД и Кина, Брисел верува дека блокот сè уште може да се натпреварува во глобалната трка со вештачка интелигенција. За да се постигне ова, Европската комисија соопшти дека мобилизира една ...
Компанијата ЈАНАФ (JANAF) објави дека добила лиценца со која се одобрува „учество во активности што се вообичаени и неопходни за транспорт на нафта“, до 15 октомври, што значи дека преку овој нафтовод ќе може да се транспортира нафта до Нафтената индустрија на Србија (НИС) во следните седум дена. Санкциите од страна на Соединетите Држави против Српската нафтена индустрија, најголемата нафтена компанија во земјата, се планирани од 8 октомври. ...
Двесте припадници на Националната гарда на Тексас пристигнаа во Илиноис, изјави во вторник официјален претставник на Пентагон, пред планираното распоредување во Чикаго, на кое остро се спротивставуваат локалните демократски претставници. Американскиот претседател Доналд Трамп веќе испрати војници на улиците на Лос Анџелес и Вашингтон и им нареди да одат во Мемфис, како и во Чикаго и Портланд, заканувајќи се дека ќе ги искористи вонредните ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека се обидува да ја дестабилизира Европа со користење беспилотни летала за саботажи и немири. Во видео обраќање во вторник вечерта, Зеленски рече дека Москва ја користи својата таканаречена „флота во сенка“ не само за финансирање на војната со транспорт на нафта со танкери, туку и за саботажи и разни напори за поткопување на стабилноста низ целиот континент. „Неодамнешните ...
Македонскиот државјанин Мартин Сипковски (21), модел по професија, е убиен во експлозијата што се случи минатата недела во стан на улицата Косовска во центарот на Белград, дознава Курир.рс. Вишото јавно обвинителство во Белград го сослуша Филип В. (26) во врска со експлозијата во која загина Сипковски под сомнение дека на 30 септември нелегално го стекнал, а потоа го носел експлозивот „пентрит“, кој го предал на државјанин на Северна ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека она што Израел го направил во Појасот Газа не било легитимна самоодбрана, туку „планиран геноцид и тероризам“ и повика на итен и сеопфатен прекин на огнот и брза испорака на хуманитарна помош. По враќањето од официјалната посета на Азербејџан, Ердоган, одговарајќи на прашања од новинари, ги означи израелските воени акции „кои го погазија владеењето на правото“ како „темна дамка во ...
Сите алпинисти кои беа заробени во снег во долината Карма, во близина на источната страна на Монт Еверест во Тибет, во текот на викендот се успешно евакуирани, соопштија денес кинеските власти. Спасувачката операција, во која учествуваа стотици спасувачи, беше опишана како една од најголемите во регионот, објави Ројтерс. Вкупно 580 алпинисти, заедно со повеќе од 300 локални водичи, одгледувачи на јакови и помошен персонал, беа донесени на ...
Францускиот премиер во заминување, Себастијан Ле Корнеј, денес изјави дека можноста за распуштање на парламентот изгледа „мала веројатност“. По рунди разговори со различни политички партии, Ле Корнеј изјави дека преговорите покажале општа подготвеност за усвојување на буџетот до крајот на годината, што „создава моментум и конвергенција, што го прави распуштањето малку веројатно“, објави Ројтерс. Тој рече дека подоцна ќе се сретне со ...
Израелската армија пресретнала група бродови во меѓународни води кои се обидувале да достават помош во воено разорениот Појас Газа, соопштуваат од коалицијата „Флотила на слободата“. Бродовите, како што додаваат од коалицијата, биле пресретнати на 220 километри од Газа. Бродовите презевувале помош во вредност од над 110 илјади американски долари во лекови, респираторна опрема и прехранбени производи што биле наменети за болниците во Газа. ...