Полицијата на Косово, во тесна соработка со Агенцијата за разузнавање (АКИ) и Јавното обвинителство, денес го уапси Фатмир Шехоли под основано сомнение за вмешаност во шпионажа. Министерот за внатрешни работи, Џелал Свечла, изјави дека случајот ќе се третира со највисок институционален сериозитет, бидејќи претставува едно од најтешките дела против безбедноста и уставниот поредок на Република Косово. „Очекувам сериозен институционален третман ...

Македонскиот автомобилски ас Игор Стефановски – Иџе продолжува да ја пишува историјата на македонскиот автоспорт! Трикратниот европски шампион во ридски патеки овој викенд ќе дебитира во ЕУРО НАСКАР ПРО, како дел од тимот Speed House S20 Team, во финалето на шампионатот што ќе се вози на легендарната патека Золдер во Белгија. Иџе станува првиот Македонец кој ќе настапи во оваа престижна серија под лиценца на американскиот Наскар, ...

Припадници на СВР Куманово ја лишиле од слобода сопругата на лекарот во кој вчера беше пукано во Куманово. Како што соопшти МВР, на ден 07.10.2025 полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода А.А. (43) од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг З.Ш. (43) од село Слупчане, липковско. „Исто така, во врска со настанот на службен разговор во СВР Куманово се повикани шест лица, а во ...

Владејачката коалиција ВЛЕН го оцени како особено загрижувачки обидот на ДУИ да му даде политичка димензија на случајот со доктор Зекирија Шаини, кој пред два дена беше ранет во пукање во Куманово. Дополнително ја обвинија опозициската партија оти манипулира со семеен конфликт среде изборна кампања, поттикнувајќи тензии. „ДУИ доживеа тежок пораз, бидејќи не ѝ успеа обидот да ја искористи ситуацијата за сопствена политичка корист. Тие беа ...

Во Кривичниот суд продолжува судењето против поранешните директори на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, обвинети за злоупотреба на службената положба, измама и проневера. На денешното рочиште се очекува да сведочат вработени од Клиниката кои ќе ги дадат своите искази за наводните неправилности. На претходното рочиште сведочеше медицинска сестра од Клиниката за онкологија која изјави дека во три случаи, кога имало недостиг на ...

Министерство за енергетика поднесе Иницијатива за заштита на македонскиот рубин. Како што информира денеска министерката Сања Божиновска, целта е рубинот да добие официјален статус како национално минерално наследство и правна заштита на потеклото. Овој рубин од цела Европа го има само кај нас. Нус производ е од мермерот и засега се продава како дел од накит. -Сметаме дека рубинот треба да се заштити, од него да направиме бренд по кој ќе ...

Обединетите нации ќе го намалат бројот на мировници во 11 операции низ целиот свет за една четвртина во наредните месеци поради недостаток на средства, изјави во среда висок функционер на ОН. Намалувањето за една четвртина значи дека бројот на „сини шлемови“ ќе се намали за 13.000 на 14.000 војници и полицајци. „Ќе мора да се повлечеме, да го намалиме за околу 25 проценти бројот на нашите воени и полициски мировници, како и нивната опрема, а ...

Францускиот вршител на должноста премиер Себастијан Лекорну во средата изјави дека гледа пат кон формирање нова влада, додавајќи дека е можно Франција да има нов премиер во следните 48 часа и да избегне предвремени избори. Себастијан Лекорну, петтиот премиер на Франција за две години, поднесе оставка во понеделник, само неколку часа откако го објави составот на својата влада, што ја прави најкратковечната администрација во поновата француска ...

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе Упатство за гласање на Локалните избори 2025. Гласањето е лично, а избирачите на гласање ќе можат да одат само еднаш, ќе се идентификуваат со лична карта или со пасош. Ќе можат да гласаат и лица чија важност на документите им истеклa од денот на распишување на изборите до 19 октомври. Пред да го добијат гласачкото ливче избирачите ќе биат проверувани со апаратите за биометриска ...

Доктор Зекирија Шаини, кој вчера беше ранет при оружен инцидент во центарот на Куманово, денеска е пуштен на домашно лекување од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје. Директорката на Клиниката Јасмина Ѓоргиевска – Павловска, во изјава за МИА потврдила дека пациентот се чувствувал добро. „Пациентот е во добра општа состојба. По санирање на раните е пуштен на домашно лекување“, изјави Ѓоргиевска – ...

Британската министерка за надворешни работи Ивет Купер ги пречека шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан во замокот Хилсборо во близина на Белфаст. На Самитот за Западен Балкан, кој е дел од Берлинскиот процес, со кој Обединетото Кралство претседава оваа година, ќе се разговара за безбедноста и стабилноста во регионот, економскиот просперитет и миграцијата, најави Купер. „Тука сме заедно да ја поддржиме стабилноста и ...

Над 45 концесии се раскинати од кои 34 еднострано, а за 11 договорите се истечени и не се продолжени, информира министерката за енергетика Сања Божиновска. На денешниот брифинг со новинарите, Божиновска рече дека причините за ова се непочитување на законските одредби и на еколошки мерки, неплаќање концесиски надоместоци, пренесување концесија без согласност и експлоатација надвор од дозволениот предел. Според министерката, сите концесии ќе ...

Потпишувањето на првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа е закажано за денес во 12:00 часот по локално време (08:00 GMT), изјави извор запознаен со деталите од договорот. Изворот за Ројтерс изјави дека прекинот на огнот ќе стапи на сила веднаш по потпишувањето. Израел и Хамас претходно соопштија дека се согласиле на договор за прекин на огнот и размена на заложници, што е првиот чекор во планот на Трамп за ...

Максимална казна од три години затвор добија денеска тројцата обвинети Мајсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи за создавање диви депонии на дел од локацијата во Вардариште. Како што беше посочено на денешното судско рочиште во Основниот кривичен суд, тројцата обвинети се виновни затоа што создале депонија спротивно од прописите, иако знаеле дека немаат дозвола согласно Законот за управување со отпад и немале основано правно лице за таква ...

Околу 200 припадници на Националната гарда на Тексас се распоредени во областа на Чикаго за да го заштитат федералниот имот, вклучувајќи ги зградите на Службата за имиграција и царина (ICE) и други федерални објекти, соопшти Северната команда на САД. Портпаролот на командата изјави за АП дека војниците пристигнале во Резервниот центар на американската армија во Елвуд, околу 55 милји југозападно од градот, каде што им се придружиле околу 300 ...

Британската министерка за надворешни работи Ивет Купер ќе биде домаќин на европските сојузници кои ќе разговараат за криминалот поврзан со миграции и безбедност во Западен Балкан, додека британската влада бара начини да го ограничи порастот на илегалните премини со мали чамци преку Ламанш. Како што пренесе ДПА, Велика Британија ќе вети финансиска поддршка за зајакнување на граничната безбедност и обуката на безбедносните сили во Косово, како ...

Бирото на Националното собрание на Франција денес го отфрли предлогот за импичмент на претседателот Емануел Макрон, сметајќи го предлогот за „неприфатлив“, јави францускиот сервис БФМТВ. Предлогот, поднесен од пратениците од крајно левичарската партија Непокорена Франција и неколку пратеници на Зелените, го товари Макрон дека е одговорен за тековната политичка криза во земјата. Сепак, иницијативата не ја помина првата процедурална фаза во ...

Светските лидери го поздравија мировниот договор меѓу Израел и Хамас постигнат со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „историски чекор кон завршување на двегодишната војна во Газа“. Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го поздрави објавувањето на договорот, кој предвидува прекин на огнот, ослободување на заложниците и отворање на хуманитарна помош за Газа. „Ги повикувам сите страни ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР. Минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 10 Целзиусови степени, а максималните од 14 до 21 Целзиусов степен. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од ...

Американскиот Сенат денеска повторно не успеа да усвои закон за финансирање на владата до 21 ноември, а прекинот на работата на владата влезе во осмиот ден. Сенатот го отфрли законот на Претставничкиот дом со 54 гласови „за“ и 45 „против“, со што не го достигна прагот од 60 гласови потребен за усвојување на законот, објави Си-ен-ен. Ова беше шести обид за усвојување на закон за финансирање. Сенатот, исто така, ја отфрли верзијата на ...

Парламентот на Шпанија изгласа закон со кој се забранува испораката на оружје на Израел, со цел да запре израелскиот геноцид врз Палестинците во Појасот Газа. Законот е усвоен со 178 гласови „за“ и 169 „против“. Законот предвидува итни мерки за поддршка на Палестинците, забранува секаков извоз на воена опрема, производи или технологии во Израел, нивниот увоз во Шпанија, го отфрла транзитот на авионско гориво со потенцијална воена примена и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека постои можност да го посети Блискиот Исток во текот на претстојниот викенд и дека е многу блиску до договор за прекин на огнот во Појасот Газа. Тој им изјави на новинарите во Белата куќа дека преговорите напредуваат добро и дека постои голема шанса да се постигне договор за прекин на војната во Појасот Газа врз основа на неговиот план. Трамп нагласи дека постои можност да го посети ...

На единаесеттиот ден од изборната кампања за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, политичките партии, коалициите и независните кандидати продолжуваат со претставување на своите програми и кандидати пред граѓаните. Денеска се најавени митинзи и директни средби во повеќе општини низ државата. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги претстават своите кандидати во Зелениково, Илинден, Центар и Кисела Вода, додека СДСМ ќе најавија ...

Американскиот претседател Доналд Трамп даде најјасен сигнал досега дека размислува за испорака на крстосувачки ракети „Томахавк“ на Украина, што би можело драматично да ја промени динамиката на војната меѓу Русија и Украина. Трамп рече дека „некако донел одлука“ да го стори тоа, но нагласи дека сака да ги знае плановите на Украина да го користи оружјето пред конечната потврда, плашејќи се од ескалација. Изјавата доаѓа во услови на зголемени ...

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Појасот Газа, и покрај тоа што е општ, во моментов е најдобрата опција на маса, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Во интервју за проектот „Мостови кон Истокот“, тој нагласи дека Русија го смета планот на Трамп за позитивен чекор, бидејќи главната цел е „брз крај на крвопролевањето, спасување животи и обнова на Појасот Газа, градот Газа ...

Војната во Украина не само што одзеде десетици илјади животи и принуди милиони луѓе да ги напуштат своите домови, туку предизвика и огромна штета врз климата, пренесе ДПА. Според студија на Иницијативата за пресметка на стакленички гасови во војна (IGGAW), објавена денеска(8 октомври), од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, војната има емитувано онолку штетни стакленички гасови колку што заедно испуштаат Австрија, ...

Возраста за пензионирање во Германија ќе мора да се зголеми од сегашните 67 на 70 години, изјави лидерот на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ, Јенс Шпан. Гостувајќи во емисијата „Мајшбергер“ на јавниот сервис АРД, Шпан рече дека сегашниот систем за пензионирање на 67 години ќе биде целосно воведен до 2030/31 година, но дека нема да застане тука, бидејќи, како што изјави, со подолгиот животен век на населението, мора да се продолжи и работниот ...

Владата треба да ја води државата или да си оди, изјави денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче. Според него, премиерот Христијан Мицкоски, треба да престане со спинови и да почне да се соочува со реалните проблеми во државата. – Премиерот треба да престане да спинува. Има сериозни проблеми и прашања на кои треба да одговори. Кога човек нема што да каже, кога нема со што да се пофали – ниту проект, ниту добра прогноза за земјата – па ...

Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, и поранешниот премиер на ентитетот, Радован Вишковиќ, како и актуелниот претседател на Парламентот, Ненад Стевандиќ, остануваат под истрага поради сомнение за сторено кривично дело обид за соборување на уставниот поредок, а Судот на БиХ затоа ги продолжи нивните мерки за забрана. Државниот суд во среда потврди дека Додик, Вишковиќ и Стевандиќ сè уште мора да се пријавуваат во ...

Во 91 кујна во градинки и во 23 во училишта, минатиот месец, бил спроведен вонреден надзор за проверка на условите во кои се подготвува и служи храната. Инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство издале девет решенија со наредби за отстранување на утврдените неправилности. При контролите било утврдено дека во две градинки, во кујните хигиената не била задоволителна, а во една градинка вработениот персонал во кујните немал направено ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
66%
1017
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
0.89
60%
1016
weather icon

Загреб

13ᴼ / 9ᴼ
2.06
51%
1020
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
49%
1016
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
6.1
57%
1014
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
57%
1019
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
4.12
58%
1015
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
54%
1016
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
47%
1016
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
51%
1012
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
6.17
56%
1016
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
76%
1015
Currency

61.6317

Currency

52.6828

Currency

71.0562

Currency

37.583

Currency

38.4534

Currency

66.9932

Currency

7.7178

Currency

0.69429

Currency

0.32976

Currency

0.52422

Currency

1.17288

Currency

0.55935

Калај

50.34

Рутениум

53788.20

Бакар

12.11

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.59

Цинк

0.00

Паладиум

46843.64

Кобалт

45.39

Злато

151336.48

Сребро

2399.81

Родиум

326330.08

Платина

64365.79