Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи за очекувани повисоки максимални дневни температури од утре до 27 јуни, Институтот за јавно здравје попладнево повика на почитување на мерките на заштита на здравјето на општата популација и на ранливите групи на население во услови на високи амбиентни температури. – Покрај другите, за ранливи категории на луѓе се сметаат лицата кои работат во надворешни услови и се повеќе изложени на ...

Професорот по уставно право Јетон Шашивари, кој беше дел од работната група што го изготви Законот за правична и соодветна застапеност, за Алсат изјави дека таков закон требало да биде одобрен во 2003 година. За разлика од Балансерот, овој закон го унапредува спроведувањето на застапеноста. „Овој закон го унапредува спроведувањето на уставниот принцип на соодветна и правична застапеност, односно од пополитичко ниво на уставно и правно ниво, со ...

Општинските противпожарни единици работат со половина од потребниот капацитет, нема центри за обука на нов кадар, се работи со возила од 40-тите години, а пожарникарите немаат ниту чизми, ниту соодветна работна облека. Третиот проблем со кој се соочуваме се возилата – во нашите противпожарни единици има возила од 40-тите, 50-тите години, нешто што останало од стариот систем, кои ги поправаме и се обидуваме со нив да извршиме што е можно повеќе ...

Мајка со трите деца ќе бидат евакуирани од Тел Авив, информираат од Министерството за надворешни работи. Местата се обезбедени преку израелското министерството за транспорт во рамки на организираните летови кои се користат за евакуација на странски државјани од Израел. Летот е планиран од Тел Авив до Атина. Министерство за надворешни работи: Вкупниот број на заинтересирани македонски државјани за евакуација од Израел изнесува 25. Меѓутоа, не ...

Првата хибридна нуклеарна батерија во светот може да напојува уреди со децении без повторно полнење Резултатот од најновата работа на научниците во Јужна Кореја е хибридна нуклеарна батерија која користи радиоактивен извор и “перовските” за долгорочно, стабилно напојување – идеално за вселената, медицината и војската. Истражувачите од Корејскиот институт за наука и технологија DGIST ја развија првата практична „бетаволтаична“ батериска ќелија ...

Координаторот на пратеничката група на Влен Беким Ќоку, денеска, на прес-конференција во законодавниот дом порача дека нема да има предвремени парламентарни избори заедно со локалните наесен, откако претходно координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт Блерим Беџети ги повика владејачките Влен и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори, притоа обвинувајќи ги за деградирање на албанскиот јазик и игнорирање на Законот за употреба на албанскиот ...

Дваесет и три завршени основци го бојкотираа квалификацискиот тест за упис во средното медицинско училиште и не полагаа. Нивните родители се револтирани, бидејќи како што кажаа, нивните деца ги исполниле условите и со максимален резултат од 75 бодови, а не беа примени во јунскиот рок за насоката медицински сестри во Средното медицинско училиште во Гостивар. Од училишната управа информираа дека станува збор за нова програма за која беа ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека утре од Тел Авив ќе биде евакуирано уште една семејство, мајка и три деца. Воедно, Министерството апелира до сите граѓани да се воздржат од патувања во земјите од Блискиот Исток каде што безбедносната состојба е сериозно влошена. По минатонеделното безбедно враќање на осум македонски државјани од Израел во земјава, МНР и НТ соопшти дека за утре е потврдена евакуација на ...

И овој јуни, тимот на Видеолотарија Касинос Австрија, по традиција, во хумана мисија. Во просториите на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, реализиравме уште една успешна крводарителна акција, 24 по ред. Видеолотарија Касинос Австрија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот крст, уште еднаш успешно ја реализираше и најновата крводарителна акција, со што повторно ја докажа својата хуманост на дело. Ова ...

Унгарскиот репрезентативец, Милош Керкез наскоро и официјално ќе стане нов фудбалер на Ливерпул со оглед на тоа што преговорите за негов премин од Бормут на „Енфилд“ се завршени. Останува уште младиот фудбалер да ги заврши медицинските прегледи, а тоа се очекува да биде во текот на денот откако тој ќе слета во Ливерпул и тоа од Белград, објави новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орнстејн. Трансферот на 22-годишниот лев бек се очекува да изнесува 40 ...

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите. Особено топло се очекува од среда до петок кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, а пад на температурата за неколку степени се очекува за време на викендот ...

Само ден и половина откако го предводеше Жалгирис до шампионската титула, италијанскиот тренер Андреа Тринкиери неочекувано доби отказ од управата на литванскиот клуб. Тој имаше конкретни планови за следната сезона, меѓу кои продолжување на договори со клучни играчи и ангажирање засилувања од Олимпијакос, но, сепак, дојде до пресврт. Управата на Жалгирис, предводена од Паулиус Јанкунас, имала поинаква визија за иднината, која и покрај освоениот ...

2025 година во светот на тенисот е година на Карлос Алкараз, младиот шпански тенисер кој освои четири титули (Монте Карло, Рим, Ролан Гарос и Квинс) на последните пет турнири (настапи и во финалето во Барселона). Со последниот триумф во Лондон, Алкараз дополнително ја намали предноста во однос на Јаник Синер на АТП ранг-листата, а со оглед на тоа што Италијанецот го очекува и тешка задача да ги задржи поените освоени во минатата година голема е ...

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, вели дека нападот на САД врз иранските нуклеарни постројки означува опасен пресврт во регионот кој веќе ја изгуби својата рамнотежа. „Пред два дена, од истото ова место, упатив директен апел – дајте му шанса на мирот. Тој апел не беше послушан“, рече Гутереш на вонредна седница на Советот за безбедност на ОН, пренесува Си-ен-ен. Тој додава дека наместо тоа САД ги бомбардираа иранските ...

Северна Македонија секогаш се заложува за мир! ВЛЕН ги поддржува напорите на стратешките партнерите за заштита на регионалната и глобалната безбедност. Како сериозен политички субјект дел од владата, сме против ширење и употреба на нуклеарното оружје и нуклеарните закани и во таа насока даваат поддршка на силната и одлучна активност и дипломатија на нашите партнери во насока на постигнување на целта. Северна Македонија е посветен партнер на ...

Повеќе од 30 години еден жител на Остин, Тексас, собира отпад и гради џиновска скулптура во својот двор. Позната како „Катедрала на ѓубрето“, локалната атракција е толку популарна што тука се организираат и прослави. Винс Хенеман почнал да го гради дворецот од ѓубре во своите дваесетти години и се проценува дека градбата содржи околу 60 тони отпад, вклучувајќи велосипеди, цедиња и друго. Рамките на структурата се исполнети со различни предмети, ...

Француската полиција приведе 12 осомничени откако 145 лица пријавиле дека биле избодени со шприцеви за време на годишниот уличен музички фестивал во земјата, соопштија официјални лица во неделата. Официјалните лица не кажаа дали станува збор за случаи на таканаречени боцкања со игли со дроги за силување, како што се флунитразепам или гама-хидроксибутират, познат и како „Џи“, кои напаѓачите ги користат за да ги онесвестат жртвите и да ги ...

Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, во неделата изјави дека ќе побара од Советот на ЕУ да го одобри суспендирањето на договорот што ги регулира односите меѓу ЕУ и Израел „во знак на протест против кршењата на човековите права во Газа“. Тој, исто така, рече дека ќе побара од Советот на ЕУ да одобри ембарго за продажба на оружје на Израел и да усвои санкции за поединци кои го поткопуваат решението за две држави, објави ...

Поранешниот француски репрезентативец Пол Погба му се враќа на фудбалот по допинг скандалот со кој се соочи и во новата сезона ќе биде дел од Монако со кого ќе потпише двогодишен договор. Преговорите се во завршна фаза па наскоро се очекува и официјализирање на соработката. Погба беше мета и на клубови од Саудиска Арабија, но ги одби богатите понуди со цел за прв пат во професионалната кариера да настапи во татковината. Претходно играчот од ...

Скопје оваа година станува мост на единството што обединува многу спортови, култури и настани. По 33 пат се одржува Европскиот Младински Олимписки Фестивал, а Скопје и Куманово ја добија честа да бидат домаќини. Како дел од овој голем настан стои и Горска вода. Горска и Македонскиот Олимписки комитет се долгогодишни партнери и гордо се грижат за младите и спортот. Водата е од суштинско значење кога станува збор за спортувањето, па затоа еден ...

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент утре треба да гласа за Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот за земјава Томас Вајц. Извештајот, првично, требаше да биде ставен на гласање на 4 јуни, но беше одложен на барање на Вајц поради притисоците од бугарските европратеници, кои не се согласуваат со тоа што во дoкументот децидно се наведуваат македонскиот јазик и идентитет. Вајц тогаш образложи дека бил сведок на ...

Финансиските пазари во светот утрово реагираа со пад, по веста за воздушни напади од САД на три ирански нуклеарни објекти. На ова се надоврза зголемена неизвесност околу состојбата на Блискиот Исток и можниот економски импакт. На берзата во Тајпеј, индексите нагло се намалија за речиси 500 поени, што е пад од 2,3% во првите часови на тргување. Во Сеул, индексите доживеаја намалување од 1,6% за само неколку минути по стартот на тргувањето. ...

Политичката партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја напушта коалицијата со СДСМ. Ова е една од трите одлуки донесени на седница на Централниот одбор на ДОМ одржана пред два дена, на која, како што велат од партијата, се донесени три важни одлуки кои ќе ја постават идната политичка насока на ДОМ, која води кон вредносна доследност, отвореност и одговорност. Изразувајќи целосна почит кон соработката во минатото, од партијата велат дека ...

Сончево и топло – вакво време најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од 7 до 18 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 25 до 36 степени. Времето во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од минимални 14 до максимални 35 степени. Во текот на ...

Еден ден по нападот на САД врз три нуклеарни посторојки во Иран, американскиот претседател Доналд Трамп во објава на својата социјална мрежа Трут соушл рече дека нанесената штета е монументална. „Како што покажуваат сателитските снимки, монументална штета е нанесена на сите нуклеарни постројки во Иран. Уништување е вистинскиот термин! Најголемата штета се случила длабоко под нивото на земјата“, напиша тој во објава на својата социјална мрежа. ...

Агротехника, техничар за агроменаџмент, техничар за фитомедицина и техничар за ветеринарна медицина се четирите насоки на средното стручно училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје каде што сè уште има слободни места за полуматурантите. Од училиштето велат дека покрај знаењето, ова училиште обезбедува здрава иднина за земјата кога станува збор за земјоделството и сточарство. „Исто така, ја имаме и програмата за агроменаџмент, ако ученикот ...

Зафаќањето на јавните простори од страна на уличните продавачи, како и делови од улицата „Илинден“ и булеварот „Илирија“ во Тетово, станува сè поголем проблем. Во различни делови од градот, како да не е доволно окупирањето на тротоарите со нивната стока, сега некои продавачи блокираат и дел од патот. Слободното движење на граѓаните не само што се отежнува, туку во делот во близина на градскиот пазар, тоа е речиси целосно невозможно. Општинскиот ...

Под топлото јунско сонце, над две илјади посетители викендов ја посетија Зоолошката градина во Скопје, каде одекнуваше детски џагор, а посетителите уживаа во друштвото на лавовите, жирафите, мајмуните и голем број други животни кои никогаш не би ги сретнале во природата во Македонија. Посетителите зборуваа за нивните омилени животни , а дел сметаат дека треба да се донесат повеќе видови.. Анкета „Кај лавовите, Мајмунот, Банани“ 0028 „Кај ...

Со Законот за правична и соодветна застапеност на Албанците и другите заедници во државната и јавната администрација, кој ќе биде донесен на владина седница, ќе биде затворена историска рана, велат од коалицијата Влен, додавајќи дека со закон ќе го напарават она што ДУИ не го направила 22 години. „Речиси три децении, Албанците во оваа земја беа недоволно застапени, угнетени и свесно занемарени од институциите кои требаше да им служат на сите ...

Недостаток на лекари, недостаток на терапии, недавање упатства, долги чекања и влегување без закажан термин или со врска, се проблемите со кои се соочуваат граѓаните во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Граѓани Велат дека здравствениот систем е уништен. Во врска со недостатокот на терапии што се јавува од време на време во клиниките, новиот министер за здравство Азир Алиу рече дека создава систем во кој тендерите за терапии ќе се објавуваат ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
56%
1008
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
2.68
67%
1008
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
78%
1009
weather icon

Софија

30ᴼ / 26ᴼ
2.57
35%
1006
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
4.36
26%
1003
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
91%
1009
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
3.58
72%
1011
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
64%
1009
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
83%
1010
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 30ᴼ
2.57
30%
1006
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
2.57
91%
1008
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
73%
1009
Currency

61.54

Currency

52.7356

Currency

70.9845

Currency

34.4774

Currency

38.3591

Currency

65.8658

Currency

7.37457

Currency

0.66228

Currency

0.35925

Currency

0.52578

Currency

1.28226

Currency

0.59842