Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа милионскиот криминал на Груби се со цел да останат ден повеќе на власт и да не им се растури коалицијата со ДУИ, се наведува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се додава: „Милионски криминали и злоупотреби се случувале во Државна лотарија под покровителство на СДС и ДУИ. По апсењето на Артан Груби, СДС се ...

Пратениците на тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ застана против работниците, одбија зголемување на минималната плата на 600 евра и не гласаа за Законот на СДСМ. Се потврди она што го говори СДСМ цело време. За ВМРО-ОКГ/ЗНАМ важни се само криминалните тендери и луксузирањето а работниците и граѓаните се неважни, пишува во соопштението од СДСМ. Во текстот се додава: „Има пари за нивните 161 тендер за една фирма, за 51 тендер за друга, има пари ...

Со нов анекс на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид што ќе го потпишат Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и изведувачот кинески „Синохидро“ треба да се овозможи дозвршување на градежните работи на автопатот во изградба, при што се предвидуваат дополнителни 186 милиони евра, а ревидираниот краен рок за завршување е 31 мај 2027 година, со којшто се обезбедуваат уште 151 ден за добивање употребна дозвола на автопатот. ...

Поради посетата на албанскиот претседател Бајрам Бегај во скопје денеска, утре и задутре ќе има посебен режим на сообраќај. -На 26, 27 и 28.02.2026 година (четврток, петок и сабота), во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува г-дин Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија. Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по ...

СВР Битола утрово информира дека е регистран нов случај на измама на возрасно лице од лажен лекар кој на 84-годишна битолчанка и одзел 9.600 евра. Од СВР Битола информираат дека вчера во 16:00 часот во СВР Битола, 84-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра. Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во вторник (3 март) доаѓа во официјална посета на земјава. Домаќин на Руте ќе му биде претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Предвидено е да се сретне и со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието, Африм Гаши. Руте ќе присуствува и на показна вежба на Армијата. Ова е прва посета на Руте како генерален секретар на НАТО на Скопје. Тој беше во земјава во ноември 2021 година како ...

И по 2028 ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери ќе ја формираат следната влада, а не гледам како вие со вакви ненародни политики и со тоа што претставувате меко ткиво ќе можете да добиете или да повратите дел од изгубенте гласачи, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на прашање од пратеникот и претседател на СДСМ Венко Филипче. Филипче го праша премиерот кој е Душан Адамовиќ, зошто е поставен за конзул во Белград и дали има лична ...

Повисокото јавно обвинителство го врши надзорот над законитото постапување на јавните обвинители и Советот на јавните обвинители во оваа фаза на постапката нема надлежност да врши надзор, објави Советот на јавните обвинители на РСМ по јавната прозивка од министерот за правда Игор Филков да свика итна седница и да го разгледа постапувањето на јавните обвинители во случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби. Советот на ЈО, во соопштение ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска изјави дека политиката не треба да се меша во судството и дека како прв човек на законодавниот дом нема да го коментира враќањето на Артан Груби во земјата, кој е поранешен вицепремиер од ДУИ осомничен за злоупотреби, и како тоа би се одразило врз опозициските партии, но и во коалицијата „Вреди“. – Собранието и јас како негов претседател не е добро да коментирам политички одлуки, но она што сум ...

Обвинителниот акт што Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) го поднесе против 13 полициски службеници во врска со пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ го помина филтерот во Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје. По одобрувањето на обвинението, сега, како што информираат од Судот, останува предметот да биде распределен преку Автоматизираниот систем за управување со судските ...

Меѓународниот аеродром во Виена привремено ги прекина летовите поради обилни снежни врнежи. Се очекува полетувањата да започнат во 9 часот наутро, а слетувањата во 10 часот наутро, но сепак се можни одложувања, објави Ројтерс. Од 117 летови закажани да полетаат до 9 часот наутро, 19 веќе се откажани, соопшти аеродромот. Меѓународниот аеродром во Виена привремено ги прекина летовите поради обилни снежни врнежи. Се очекува полетувањата да ...

Водачот на еден од најмоќните нарко-картели во Мексико, Немесио Осегера Сервантес, познат по прекарот Ел Менчо, е убиен за време на операција за негово апсење во местото Тапалпа во централно-западната држава Халиско, објави мексиканското Министерство за одбрана, пренесе Би-би-си. Водачот на картелот „Нова генерација Халиско“ и еден од најбараните нарко-босови, кој беше ранет во обидот за апсење во судирите меѓу неговите поддржувачи и ...

Утрово Министерството за внатрешни работи го уапси Артан Груби на граничниот премин Блаце. Артан Груби е поранешен прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците од редовите на ДУИ. Во декември 2024 година беше ставен на т.н. „црна листа“ на САД поради вмешаност во значителна корупција, конкретно поради примање поткуп во врска со судските процеси поврзани со ексдиректор на поранешната Управа за безбедност и ...

Врховниот суд на САД во петокот ги поништи царините на претседателот Доналд Трамп воведени според закон наменет за справување со вонредни состојби, во пресуда со големо влијание врз глобалната економија, со која се отфрли неговото барање за посебни претседателски овластувања. Во пресуда со 6-3 напишана од конзервативниот главен судија Џон Робертс, судиите ја потврдија одлуката на понискиот суд дека републиканскиот претседател ги пречекорил ...

Министерството за внатрешни работи објавува дека утрово во 06:10 часот на граничниот премин Блаце се појавил поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој веднаш бил лишен од слобода и приведен за понатамошно постапување, пишува Алсат. „На 23.02.2026 година во 06:10 часот, на влезот во Република Северна Македонија на граничниот премин Блаце, Артан Груби, роден на 07.06.1977 година, се појавил со мерка „Апсење“. Дотичниот е лишен од слобода за ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од -6 до 2 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 8 до 16 степени. Времето во Скопје ќе биде сончево и умерено облачно со слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе се движат од минимални -2 до максимални 11 степени. Според ...

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје го одби предлогот на одбраната поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, да бидат пуштени од притвор, и покрај понудената имотна гаранција во вредност од над 350.000 евра. Судијката Славица Наумова-Јосифовска, според образложението што го пренесоа медиумите, оценила дека во постапката нема променети околности и дека и натаму опстојуваат ...

Тропската болест чикунгуња треска, која предизвикува силна и долготрајна болка во зглобовите, може да се пренесе преку комарци низ поголемиот дел од Европа, според нова студија, а научниците предупредуваат дека ширењето на болеста кон север е само прашање на време. Поради глобалното затоплување, инфекцијата може да се јавува повеќе од шест месеци во годината во Шпанија, Португалија, Италија и Грција, додека во југоисточна Англија можноста за ...

Во организација на Фудбалска федерација на Македонија, во четврток со почеток од 14:00 часот во хотел „Хилтон“ во Скопје ќе се одржи свеченото доделување на ФИФА значките за македонските интернационални судии за 2026 година. Настанот ќе го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, на чија покана во Скопје ќе престојува и шефот на судии на УЕФА, Роберто Росети. Росети, кој воедно е и комесар за делегирање судии во рамки на УЕФА, ќе одржи ...

Откако на почетокот на сезоната телевизијата на Реал речиси секој ден навредуваше и повикуваше на отстрел на судии во сите натпреварувања во кои учествува мадридскиот тим, тотално се смени критериумот на казнување на играчите на овој клуб. Благодарение на штетните судиски одлуки, за кои има потврда и од судиската комисија во Шпанија, Реал се врати на првото место на табелата во Ла Лига, а очигледно за неговите фудбалери важат сосема поинакви ...

По поразот на Барселона на гостувањето кај Џирона (2-1), каталонците го загубија лидерското место, а таму се искачи Реал Мадрид кој има два бода предност. Најмногу реакции предизвика победничкиот гол на Белтран, бидејќи од таборот на Барселона тврдат дека во зачетокот на акцијата бил направен прекршок врз Жул Кунде. Главниот судија Сото Градо не реагираше, а ВАР собата остана нема, што дополнително ја зголеми нервозата во каталонскиот табор. ...

Македонската репрезенација в недела ќе ги почне подготовките за претстојните два натпревари од првата претквалификациска фаза за пласман на ЕП 2029, во кои прво ќе го пречекаме Луксембург, а потоа ќе му гостуваме на Азербејџан. Тоа ќе биде деби на новиот селектор, шпанецот Хозе Мариа Берокал, кој уште на стартот нема да смета на нашиот најдобар кошаркар во моментов, Ненад Димитријевиќ, кој воопшто не е на списокот повикани играчи за овие ...

Агентот на Леброн Џејмс, Рич Пол, предизвика бурни реакции во НБА јавноста со својата изјава дека според него најдобар играч во лигата во моментов е Ентони Едвардс. Пол гостуваше во подкастот „Game Over“, каде без многу размислување го избра лидерот на Минесота како број еден во НБА. „Најдобар е, да, најдобар е. Нема шанси да ги гледате сите играчи како играат и да кажете дека некој е подобар од Ентони Едвардс“, порача Пол. Во разговорот беше ...

На домашен терен, Лос Анџелес Лејкерс ги совладаа градските ривали Лос Анџелес Клиперс со 125-122. Лука Дончиќ ги предводеше Лејкерс со 38 поени, шест скока и 11 асистенции, Остин Ривс додаде 29, додека Леброн Џејмс запиша 13 поени и 11 асистенции. Кај Клиперс, Каваи Ленард постигна 31 поен, Бенедикт Матурин 26, а Брук Лопез 16 поени со 10 скока. Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер го победија Бруклин Нетс со 105-86. Натпреварот беше решен во ...

Норвешка го освои 17. златен медал на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо, со што постави нов рекорд за најмногу златни одличја освоени од една нација на едни Зимски олимписки игри. Со овој историски успех, Норвежаните уште еднаш ја потврдија својата доминација во зимските спортови, особено во дисциплините како крос-кантри скијање, биатлон и алпско скијање. Досегашниот рекорд исто така беше во нивна сопственост, што ...

Видеолотарија Касинос Австрија останува доследна на својата силна определба за промоција и поддршка на уметноста. Во рамки на партнерството со Национална опера и балет, со особено задоволство ја најавуваме безвременската опера „Травијата“ од Џузепе Верди, која вечерва од 19:30 часот ќе биде изведена на сцената на НОБ. Инспирирана од романот „Дамата со камелии“, операта „Травијата“ е длабока и потресна приказна за љубовта, жртвата и судирот со ...

НАСА повторно се обиде во четврток да го наполни со гориво својот џиновски ракетен носач откако протекувањето ја спречи првата генерална проба и го одложи првото патување на астронаутите на Месечината по повеќе од половина век. По втор пат овој месец, тимовите за лансирање пумпаа повеќе од 700.000 галони (2,6 милиони литри) суперладено гориво во ракета на лансирната рампа. Не беа пријавени значителни протекувања до половина од постапката. Ова ...

Најголемиот досега забележан машки примерок на голема бела ајкула во Атлантскиот Океан повторно привлече внимание откако беше забележан во близина на американскиот брег. Огромната ајкула, наречена Контендер, тежи околу 770 килограми и била регистрирана како плива во близина на Кејп Фир, на околу 70 километри од брегот на сојузната држава Северна Каролина, според податоците од уредот за следење што го носи, пренесува „Дејли мејл“. По ...

Со песок во боја на шеќерна волна, кристално чиста вода и рекорден број рецензии оценети како „над сите очекувања“, оваа плажа се искачи на врвот на листата Травелерс Чојс Авордс (Награди според патиците). Според анализата што ја пренесува онлај медиумот Тајм аут (Time Out), токму високата стапка на воодушевени посетители ѝ ја донела титулата за најдобра во Европа. Станува збор за плажата Елафониси (Elafonissi Beach), сместена на ...

Под најјужниот континент на Земјата се наоѓа една од најнеобичните гравитациски карактеристики на нашата планета, трајно намалување на гравитационото поле на Земјата. Иако е речиси незабележлива на површината, оваа „гравитациска дупка“ е дел од таканаречениот антарктички геоиден дно, феномен за кој сега е покажано дека се интензивира со текот на времето поради бавното движење на карпите длабоко во Земјата. Со подобро разбирање на тоа како ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
7.72
61%
1026
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
0.0
78%
1024
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
4.63
86%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.74
86%
1031
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
82%
1024
weather icon

Атина

10ᴼ / 7ᴼ
0.89
71%
1026
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
87%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
82%
1032
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
4.63
72%
1026
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
83%
1029
Currency

61.6317

Currency

52.9878

Currency

71.2243

Currency

37.4562

Currency

38.9754

Currency

68.1641

Currency

7.66747

Currency

0.6772

Currency

0.33623

Currency

0.52442

Currency

1.2025

Currency

0.57308

Рутениум

47358.05

Иридиум

231355.22

Сребро

2696.16

Злато

164352.04

Родиум

374556.20

Паладиум

52052.06

Алуминиум

3.42

Бакар

11.57

Цинк

3.24

Кобалт

66.14

Калај

50.61

Платина

68931.20