Министерот за здравство Азир Алиу денеска, одговарајќи на новинарски прашања за паркингот на Клиничкиот центар, рече дека некаде до мај ќе имаме паркинг што ќе биде потполно нов со „смарт“ инфраструктура и катна гаража. Тој појасни дека имало административен проблем во врска со инфраструктурата на паркингот на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Министерот информираше и дека заедно со Министерството за образование и ...

Научниците користеле вештачка интелигенција (ВИ) за да идентификуваат два нови биолошки подтипови на мултиплекс склероза, што би можело да го отвори патот за персонализирани третмани и подобри резултати за пациентите, објави списанието Brain. Студијата опфатила 600 пациенти и комбинирала крвен тест за лесен ланец на протеински серумски неврофиламент (sNfL) со МРИ скенирања на мозок, а податоците биле анализирани со алгоритам за машинско учење ...

Циметот е меѓу најомилените зимски зачини – се користи во кафе, чај и колачи, а често се споменува и поради неговите потенцијални здравствени придобивки. Богат е со антиоксиданси и соединенија што можат да имаат противвоспалително дејство, како и да влијаат врз метаболизмот на шеќерите во организмот. Овој зачин се добива од внатрешната кора на дрвјата од родот Cinnamomum. Главното активно соединение, циннамалдехидот, е одговорно за ...

Со спроведените контроли и утврдените недоследности во пресрет на новогодишните и божиќните празници, изречени се 60 парични казни во вредност од над 33 илјади евра во денарска противвредност за оператори и одговорни лица во нив. Изречени се и соодветни опомени и издадни решенија со наредби за отстранување на утврдените недоследности. Како небезбедни, уништени се над 624 килограми небезбедна храна, од кои 567 килограми производи од месо, ...

Истражувањата за ракот сè повеќе се свртуваат кон неочекувани извори, како што се бактериите во цревата на ладнокрвните животни. Научниците од Јапонскиот напреден институт за наука и технологија објавија дека микробите земени од водоземци и влекачи можат да ги потиснат туморите кај глувците, при што еден сој целосно ги елиминира туморите, без сериозни несакани ефекти. Бидејќи водоземците и влекачите ретко добиваат рак, тим од научници од ...

Грипот се шири кај децата, а клиниката за респираторни заболувања во Козле е речиси преполнета. Најчести симптоми се висока температура, кашлица и болки во грлото, а во потешки случаи се јавува пневмонија. Во моментов, 80 деца со пневмонија се на болничко лекување, а пет од нив се на кислородна поддршка. Дневно се прават до 250 прегледи. На детската клиника во Скопје се хоспитализирани 130 деца со различни заболувања. Лекарите предупредуваат ...

Ново истражување покажува дека крвта на луѓето кои живеат екстремно долго – како што се стогодишниците и оние кои живеат над 110 години (суперстогодишници) – има посебни карактеристики што ги разликуваат од другите луѓе. Научниците веруваат дека разбирањето на овие разлики би можело да им помогне на другите луѓе да живеат подолг и поздрав живот, пишува Science Alert. Новите наоди покажуваат дека поволните биомаркери во крвта на овие ...

И покрај тоа што изминатава година ја одбележаа кратење на буџетите и намалување на истражувачките тимови, науката извојува извонредни победи во 2025 година. Достигнувањата во медицината го преобликуваа начинот на кој го разбираме човековото здравје — а во некои случаи, го променија и начинот на кој денес се обезбедува здравствената нега. Научниците открија изненадувачки нови начини за спречување болести и за засилување на лекувањето на ...

Младите најчесто претеруваат со алкохол за празници, докторите апелираат за внимателност. Антоан Паракеов, раководител на Службата за итна медицинска помош во Кавадарци, потврди за МИА дека најчесто, млади се опијануваат и користат психоактивни супстанци пред и за време на новогодишната ноќ. Тој појасни дека околу 95 проценти акутни пијанства се случуваат за време викенди и празници, во неработни денови. – Најголеми се и интервенциите кај ...

Во современиот свет полн со загадувачи, обработена храна и секојдневен стрес, многу луѓе се чувствуваат изморени и без енергија. Тоа посебно се чувствува во зимските пост празнични денови, кога и не толку внимаваме на исхраната, а консумираме и алкохол. Природната детоксикација претставува процес на чистење на организмот од штетните материи и токсини, помагајќи му на телото да функционира оптимално. Во овој текст ќе ги истражиме ...

Нови студии спроведени на десетици илјади деца покажуваат дека користењето паметни телефони пред 13-годишна возраст значително го зголемува ризикот од нарушувања на спиењето, дебелина и психолошки стрес, велат истражувачите. Една од студиите ја водеше Ран Барзилаи, професор по детска и адолесцентна психијатрија, кој анализираше податоци за повеќе од 10.500 деца во Соединетите Американски Држави со својот тим, објавува порталот 24heures. ...

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски во моментов заздравува од повредата која се здоби додека играше за Лугано, а како што изгледа, блиску е враќањето на терените. Левиот бек објави фотографии на социјалните мрежи како ужива во зимска идила на планините во Швајцарија. Алиоски е во добро расположение, очигледно ужива и е спремен пак да се врати на фудбалот во 2026 година. 33-годишникот се повреди во месец октомври за време на ...

Гоце Седлоски и официјално го претстави стручниот штаб со кој ќе ја предводи македонската репрезентација во својот мандат, кој почнува со полуфиналето од баражот за СП 2026, закажан за во март на теренот на противникот. Во тимот на селекторот влегуваат неколку добро познати и докажани имиња од домашниот фудбал. Асистентски улоги ќе имаат Борче Христов, актуелен шеф на стручниот штаб на ФК Тиквеш и директор на Центарот за едукација, како и ...

Девин Букер беше херојот на Феникс Санс во драматичната победа над Оклахома со 108-105. Плејмејкерот на Санс погоди тројка на само 0,7 секунди до крајот на натпреварот и му донесе голема победа на својот тим против актуелниот шампион, кој го претрпе дури шестиот пораз сезонава. Кај Оклахома, Шеј Гилџес-Александер повторно ја надмина границата од 20 поени и натпреварот го заврши со 25 поени. Лука Дончиќ одигра уште една блескава партија во ...

Јошко Гвардиол се повреди во 20. коло од Премиерлигата каде Манчестер сити ремизираше 1-1 против Челси на „Етихад“. По еден дуел на средината од теренот, Јошко Гвардиол остана да лежи на теренот и откако му беше пружена помош го напушти теренот со помош на лекарскиот тим. Тежината на повредата сè уште е непозната, но начинот на кој го напушти теренот не изгледа добро. Тренерот Пеп Гвардиол ги даде првите предвидувања за повредата на ...

Челзи добива нов тренер и тоа во името на Лиам Росениор, кој досега беше на клупата на Стразбург. Речиси се е готово, останува само уште да се допрецизираат некои детали и “сините“ да го промовираат наследникот на Енцо Мареска. Meдиумите во Англија пишуваат дека Росениор би можел уште во среда да го има своето деби на клупата на некогашниот двоен европски и актуелен светски првак, и тоа на гости кај Фулам. Од друга страна и Стразбур е во ...

Ракометната репрезентација на Македонија го имаше последниот тренинг во Скопје пред заминувањето за Швајцарија каде ќе се темпира формата за ЕП 2026, а на него имаше и посета. Министерот за спорт, Борко Ристовски, беше присутен на тренинот на екипата на Кирил Лазаров. Во друштво на челните луѓе на РФМ, првиот човек Александар Стефанов и генералниот секретар Влатко Тасевски, Ристовски им посака среќа и успешни настапи на ракометарите на ...

Лиам Розениор и дефинитивно е изборот на Челзи за позицијата прв тренер. Младиот англиски стратег потврди дека ќе ја преземе клупата на „сините“, коментирајќи дека ова е можност која не се одбива. „Ќе станам тренер на Челзи, еден од најголемите клубови на светот. Да се биде тренер на „сините“ е неверојатна можност во така голем клуб, светски првак. Ова е понуда која не се одбива, иако имав одлични осумнаесет месеци во Стразбур“, изјави ...

Организаторите на Австралија Опен објавија дека вкупниот награден фонд за првиот гранд-слем во сезоната ќе изнесува 111,5 милиони австралиски долари, односно 74,9 милиони американски долари. Ова е зголемување од дури 16 проценти во споредба со минатата година. Победниците на турнирот во двете натпреварувања ќе соберат 2,79 милиони, што е за 19 проценти повеќе во споредба со претходната сезона. Наградниот фонд е зголемен во сите рунди, а само ...

Манчестер Јунајтед го отпушти Рубен Аморим по само 14 месеци, а неговиот неуспешен престој во редовите на повеќекратните европски шампиони го чинеше клубот речиси 32 милиони евра. Португалецот беше повикан во тренинг-центарот во Карингтон во понеделникот, каде што извршниот директор Омар Берада и спортскиот директор Џејсон Вилкокс му врачија отказ по несогласувањата со клупските челниви, пред сите со Вилкокс. Само отпремнината на Аморим е 10 ...

Ракометната федерација на Македонија извести дека е продолжена соработката со селекторот Кирил Лазаров. Непосредно пред патувањето во Швајцарија каде што ќе се темпираат силите за Европското првенство беше соопштено продолжувањето на договорот. Преку официјално соопштение беше соопштено дека досегашниот предводник на А-тимот останува на клупата уште три години. „На заедничко задоволство ја продолживме соработката со Ракометната федерација на ...

Биткоинот влегува во 2026 со мешавина од „институционална зрелост“ и класична крипто-нервоза. По силни движења во претходниот циклус и видлива корекција, главната разлика што инвеститорите ја следат сега не е само цената, туку структурата: колку од побарувачката е „брза“, а колку е долгорочно паркирана преку ETF-и, корпоративни биланси и пасивни стратегии. Еден од најцитираните банкарски сценарија за 2026, според повеќе медиумски преноси, го ...

Австралиската научна агенција CSIRO започна експеримент на Антарктикот кој првично изгледаше како целосен неуспех, но на крајот се претвори во голема научна добивка. Океански робот испратен да собира податоци на глечерот Тотен отстапил од курсот и завршил на место кое е исклучително тешко за истражување. Роботот е опремен со сензори за температура на морето и соленоста и требало да излегува на површина на секои 10 дена за да испраќа податоци ...

Студија од Универзитетот „Кембриџ“, базирана на скенирање на мозокот на речиси 4.000 луѓе, од бебиња до лица во 90-тите години, ги следела невронските врски и нивниот развој во текот на целиот живот. Резултатите откриле пет широки фази, со клучни пресвртни точки околу 9, 32, 66 и 83 години. – Кога ќе се свртиме наназад, многумина од нас чувствуваат дека нашите животи се поделени во различни фази. Разбирањето дека структурното патување на ...

1 јануари често го доживуваме како ден во кој „треба“ нешто да започне, но вистинското значење на 1/1 не е во големите гестови или во наглите пресврти. Она што го прави овој датум посебен е неговата едноставност и јасност. Еден и еден. Почеток што се повторува, без сложени пораки и без дополнителен товар. Тоа е ден што нè потсетува дека не мораме да носиме сè од минатата година со себе, ниту да имаме подготвен одговор за тоа што точно ќе се ...

Новогодишните обичаи низ светот се разликуваат од земја до земја и од континент до континент, а некои од начините за привлекување среќа во новата година вклучуваат јадење грозје, кршење чинии, правење што е можно повеќе бучава за да ги исплашите злите демони и маскирање во мечка. Во Данска, ако се разбудите на Нова Година и најдете куп скршени чинии на вашиот праг, би се сметале за многу среќни, според данските стандарди, пишува Sky News, ...

Утре, 3ти јануари 2026 година, љубителите на астрономијата и случајните набљудувачи на небото ќе имаат можност да сведочат на редок и впечатлив небесен феномен – супер полна месечина, која поради истовремено поклопување на три астрономски фактори ќе изгледа поголема, посветла и поинтензивна од вообичаено. Супер полната месечина е феномен кој се случува кога Месечината е најблиску до Земјата, во точката наречена перигеј. Токму тоа ќе се случи ...

Првиот специјализиран музички телевизиски канал во светот – MTV – официјално го заврши емитувањето на своите музички програми за Нова година, затворајќи едно од највлијателните поглавја во историјата на поп-културата. Последната песна што беше емитувана на MTV беше истата со која каналот започна во 1981 година – „Video Killed the Radio Star“ од групата The Buggles. Со овој симболичен избор, MTV направи јасна референца кон сопственото раѓање и ...

Кога е ладно надвор или врне снег, нема ништо подобро од дружење со пријатели на греено вино. Топли и опушта, а некои го нарекуваат народен лек. Во продолжение го имате најдобриот рецепт за едноставна подготовка на овој пијалок. Состојки: 1 литар црвено вино 15 лажици шеќер 2 кесички ванилин шеќер 1 кесичка цимет 1 лажичка мелено морско оревче 200 мл вода 1 портокал Подготовка: Во соодветно тенџере истурете вода, шеќер, ванилин шеќер, цимет, ...

Екстремните временски услови ја загрозуваат иднината на плантажите со какао низ целиот свет, претставувајќи сериозна закана за иднината на индустријата за чоколадо. Затоа, научниците истражуваат други култури кои се поотпорни на климатските промени, од кои би можел да се направи нов деликатес, пишува „Евроњуз“. Поголемиот дел од какаото (околу 60 проценти) доаѓа од Западна Африка, од влажни земји како што се Брегот на Слоновата Коска и Гана, ...

weather icon

Скопје

-5ᴼ / -5ᴼ
0.51
80%
1027
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
2.06
81%
1023
weather icon

Загреб

2ᴼ / 0ᴼ
3.09
77%
1019
weather icon

Софија

-7ᴼ / -7ᴼ
1.54
79%
1028
weather icon

Сараево

-7ᴼ / -7ᴼ
1.08
84%
1023
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -5ᴼ
2.57
90%
1021
weather icon

Атина

4ᴼ / 1ᴼ
0.89
47%
1024
weather icon

Тирана

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
64%
1027
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
69%
1028
weather icon

Букурешт

-7ᴼ / -11ᴼ
1.03
87%
1023
weather icon

Будимпешта

-4ᴼ / -6ᴼ
3.09
87%
1019
weather icon

Истанбул

-1ᴼ / -1ᴼ
3.09
74%
1024
Currency

61.555

Currency

52.7416

Currency

71.0102

Currency

35.4461

Currency

38.0051

Currency

66.1354

Currency

7.56348

Currency

0.67334

Currency

0.33349

Currency

0.52452

Currency

1.22372

Currency

0.58452

Злато

147759.41

Цинк

3.10

Алуминиум

3.14

Калај

44.71

Иридиум

169549.30

Паладиум

59575.33

Рутениум

44946.74

Родиум

313469.78

Платина

75300.49

Кобалт

59.52

Сребро

2703.41

Бакар

12.08