Полска официјално се повлече од Конвенцијата од Отава од 1997 година со која се забранува употребата на противпешадиски мини во среда и планира да го продолжи нивното производство за да ги брани своите источни граници од Русија, изјави заменик-министерот за одбрана на земјата, Павел Залевски. Полска претходно ги уништи своите домашни залихи од мини во 2016 година и го ратификуваше договорот во 2012 година, но сега има намера да произведува ...

Франција, Германија, Италија, Полска и Обединетото Кралство најавија дека сакаат да преземат поголема одговорност за безбедноста на Европа преку создавање „поевропски НАТО“. Изјавата беше усвоена по состанокот во Краков, каде министрите за одбрана нагласија дека НАТО останува темел на колективната одбрана, но дека европските земји треба повеќе да придонесуваат. Петте држави (формат Е5) се обврзаа на дополнително зајакнување на одвраќањето и ...

На 17.02.2026 во 07:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје привеле 17-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во автобус на ЈСП на подрачјето на Кисела Вода во Скопје со уште неколку лица физички ги нападнале Д.Б.(18) и Б.Ј.(18), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 17.02.2026 во 07:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје привеле 17-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна ...

Се укинува забраната за сообраќајот за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, која претходно беше воведена поради врнежи од снег, соопштија од Јавното претпријатие „Македонија пат“. Оттаму информираат дека останува воведената забрана за сообраќај на камиони на патниот правец на кракот Маврово – Дебар, како и таа за камиони и автобуси на патот Тетово – Попова Шапка. За другите видови возила се ...

Казна од околу 45 евра ќе се изрекува за возачи кои, иако влегле на зелено светло, остануваат заглавени на сред крстосница поради сообраќаен метеж, во рамки на системот „Сејф Сити“. Ова го потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во вакви случаи прекршокот нема да се третира како поминување на црвено светло, туку како забавување или отежнување на движењето во рамки на крстосница, што е посебно дефиниран сообраќаен прекршок. ...

Комисијата за надворешна политика при Собранието не ја одобри нацрт-резолуцијата за почитување на стандардите во кривичните постапки против поранешните водачи на ОВК, откако не беше обезбеден потребниот кворум за одлучување. Пратениците Македонци го бојкотираа состанокот, со што го оневозможија разгледувањето и евентуалното усвојување на Резолуцијата. На седницата присуствуваа само пратениците од Европскиот фронт, ВЛЕН, Алијанса за Албанците ...

Опозициската СДСМ го обвинува премиерот Христијан Мицкоски за директно мешање во изборот на нов државен јавен обвинител и „погребување“ на правната држава. Реакцијата доаѓа откако премиерот синоќа во телевизиско гостување изјави дека обвинителката Ленче Ристоска апсолутно не е во игра за оваа функција. Од СДСМ тврдат дека промената на јавниот обвинител била политичка цел на Мицкоски со цел воспоставување на целосна контрола врз судството и ...

Министерот за надворешни работи и надворешна тргвија Тимчо Муцунски на Фејсбук објави дека денеска телефонски разговарал со новоименуваната шефица на бугарската дипломатија Надежда Нејнски. – Упатив искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посакав успех во извршувањето на функцијата. Во разговорот нагласив дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка. ...

Поради врнежите од дожд и снег,во изминатите 24 часа на повеќе локации е забележано зголемување на водостоите на реките. Во Битола регистриран е одрон на магистралниот пат Е-65 и излевање на Сива Река во близина на локалитетот Хераклеја, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК информираат дека на подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане водостоите се зголемени, но засега нема опасност од излевање. Во ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. На точно неутврден датум во периодот од 27.01 до 12.02.2026 година, осомничениот 25-годишник во селото Челопек, општина Старо Нагоричане, со умисла на свиреп и подмолен начин ја лишил од живот ...

Просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во декември 2025 година изнесувала 46.889 денари и е повисока за 7,6 % во однос на декември 2024 година, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во секторите: Транспорт и складирање за 13,4 %, Земјоделство, шумарство и рибарство за 10,9 % и Трговија на големо и трговија на мало; ...

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во февруари се зголемени за речиси илјада денари во споредба со јануари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија, кој ја прави синдикалната потрошувачка кошничка. Синдикалната минимална кошница за февруари изнесува 67.382 денара и во однос на синдикалната минимална кошница во јануари е зголемена за 969 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати вредноста на синдикалната ...

На едно четиричлено семејство во февруари му биле потребни 969 денари повеќе во однос на претходниот месец за да ги покрие само основните потреби. Синдикалната минимална кошничка е зголемена за речиси 1.000 денари и сега изнесува 67.382 денари. Доколку семејството живее во изнајмен стан, вкупните месечни трошоци достигнуваат 82.757 денари. Според претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, за само два месеца ...

Помилувањето никогаш не треба да се води од казната што е одредена и од природата на делото, туку да го мери и да го оценува процесот на ресоцијализација на институцијата. Сите луѓе, па и кога ќе направат големи грешки во животот и ќе се најдат изолирани, имаат право на втора шанса. Впрочем, денес трендот во ресоцијализацијата оди рака под рака со осовременувањето и очовечувањето на условите во затворите – истакна денеска претседателката ...

Општина Центар, во рамки на проектот EU4Digital, обезбеди бесплатна Wi-Fi зона во Дебар Маало, поточно на улицата Боемска и на скверот пред Општината. Согласно програмата, наскоро се предвидува поставување слободни интернет зони (Wi-Fi) и во Капиштец, со што граѓаните ќе имаат полесен пристап до дигитални услуги и информации на отворено. Користењето на Wi-Fi зоните е достапно 24 часа, седум дена во неделата, бесплатно и без лозинка, со ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК) донесе наредба за спроведување истражна постапка против шест лица осомничени дека сториле кривично дело – неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори. Истражната постапка се темели на докази и од документација од оформен предмет на Јавното обвинителство за организиран криминал на Република ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) донел наредба за спроведување истражна постапка против дваесетгодишен жител на тетовска Мала Речица кој се товари за сторено кривично дело тероризам. Според описот на делото, осомничениот на крајот на минатиот месец преку социјалната апликација Дискорд (Discord) упатил сериозна закана дека е подготвен да изврши напад со огнено оружје – ...

Додека продолжува страдањето на стружани поради недостигот од вода, проблемот добива и политичка димензија. Градоначалникот на Струга, Менди Ќира, го обвини Зијадин Села дека во времето кога бил градоначалник на Општината биле доделени концесии за хидроцентрали над изворите во Горна Белица, од каде што со вода се снабдува и Струга. Alsat го контактираше Села, кој изјави дека нема дадено никаква дозвола за концесии за изградба на ...

Кај седум трговци биле пронајдени производи со изминат рок на употреба, додека кај двајца се продавала храна со непознато потекло Инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) неделава уништиле нешто повеќе од еден тон (1 010 килограми) небезбедна храна при засилени контроли во објекти кои произведуваат и продаваат т.н. здрава храна. При инспекциите на 373 субјекти кои продаваат т.н. здрава храна е утврдено дека 14 од нив воопшто ...

Помрачувањето на Сонцето на 17 февруари носи промени што ќе биде невозможно да се игнорираат. Во февруари ќе се случи редок спектакл, затемнување во кое Месечината нема целосно да го „покрие“ сонцето, туку ќе остави зад себе блескав круг светлина. Ова ретко помрачување наречено „Огнен прстен“ се случува во воздушниот знак Водолија и не носи големо спектакуларно финале, туку ресетирање на начинот на кој се поврзувате – со кого се усогласувате, ...

Мајката на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални изјави дека се докажало дека е во право по европската проценка дека нејзиниот син починал од труење и повика на „правда“, додека неговите поддржувачи одбележуваат две години од неговата смрт во затвор. Кремљ пак денеска, 16 февруари соопшти дека „остро ја отфрла“ проценката на пет европски земји дека Навални починал од труење пред две години. Навални, најжестокиот домашен противник ...

Веста за неговата смрт ја објави на Фејсбук преку соопштение на неговата сопруга, Лусијана Дувал. Тој беше најпознат по улогата на Том Хејген, заедно со Ал Пачино и Марлон Брандо, во „Кум“. Неговата сопруга Лусијана ја сподели тажната вест на Фејсбук: – Вчера се збогувавме со мојот сакан сопруг, драг пријател и еден од најголемите актери на нашето време. Боб почина мирно дома, опкружен со љубов и топлина – напиша таа. Адам Сандлер, кој ...

Слабости и неусогласености со законските прописи утврдила ревизијата на Клиниката за Онкологија, изјави на денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“ претставник од Државниот завод за ревизија, кој детално објасни како и зошто била извршена ревизијата на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) за 2021 година. -Ревизија се изврши согласно редовна годишна програма од ДЗР за 2021 година, донесена по редовна постапка на ...

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија државата изминатите денови предизвикаа значителен пораст на водата во реките. Според најновите податоци на Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на речиси сите поголеми водотеци е далеку над просекот за февруари, а на одредени мерни места се бележи зголемување и за повеќе од четири пати во однос на вообичаените вредности. Најдраматична е состојбата со реката Треска кај Македонски Брод, каде ...

Државната комисија за спречување на корупцијата, денеска, на 27. седница, го усвои посебниот извештај за утврдените состојби во финансирањето изборна кампања за избор на градоначалници и советници во општините во РС Македонија 2025 година, со препорака дека за идните изборни процеси потребно е унифицирање на стандардите за евиденција и јавните правила во однос на учесниците, како и врската за банкарски податоци, а се отвора и прашање за ...

Скопје влезе во нова фаза на синдикален притисок, откако Сојузот на синдикатите на Македонија денеска ги блокираше влезовите на Владата на Република Северна Македонија, со порака дека до крајот на февруари оставаат простор за договор, но дека трпението има рок. Барањето е поставено без дипломатски обланди: минималната плата да се крене на 600 евра, а останатите плати да се зголемат најмалку за 100 евра – односно, како што го формулира ...

Скијач од Данска, кој бил повреден од лавина, бил извлечен и спасен вчера на Попова Шапка, соопшти МВР. – На 16.2.2026, во 14.50 часот. во СВР Тетово е пријавено дека на Попова Шапка, кај местото наречено Церипашина, екипа од друштво за спортски и други услуги со специјално возило во 16.10 часот го пронашла лицето Ф. М. Л. (24) од Данска, кој бил повреден од снежна лавина додека скијал. По укажаната помош, лицето со амбулантно возило е ...

Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси (ДКСК) денеска на седница донесе одлука до надлежен орган да иницира постапка за случај спротивен на Законот за спречување корупција и судир на интереси во којшто за време на локалните избори автобуси на јавно претпријатие биле дадени за рекламирање на кандидат за градоначалник од истата општина. По проверката од ДКСК утврдено е дека нема склучен договор за издавање на ...

Употребата на лекови за синдром на дефицит на внимание и хиперактивност (АДХД) значително се зголемила низ цела Европа во текот на изминатата деценија, со најголем пораст кај возрасните, особено жените – според голема студија објавена во „Лансет регионално здравје – Европа“. Истражувачите анализирале електронски здравствени картони од пет европски земји: Белгија, Германија, Холандија, Шпанија и Велика Британија, опфаќајќи повеќе од 198.000 ...

Секој примерок на мозочно ткиво од Македонија испратен на Универзитетот Колумбија за истражување на самоубиство и шизофренија е земен целосно легално, со согласност на семејствата и со одобрение на етичките комисии во Македонија и САД, велат носителите на проектот. Професорот на Универзитетот во Колумбија, Горазд Росоклија, за Телма изјави дека за секое употребено ткиво постои писмо за согласност од семејството, додека грантовите ги поминале ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
61%
1025
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
63%
1026
weather icon

Загреб

12ᴼ / 8ᴼ
2.06
63%
1024
weather icon

Софија

5ᴼ / 1ᴼ
4.12
65%
1027
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.39
75%
1030
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 7ᴼ
0.51
82%
1024
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
3.09
71%
1027
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
71%
1025
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
62%
1025
weather icon

Букурешт

1ᴼ / -1ᴼ
3.6
79%
1031
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
3.09
67%
1026
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 3ᴼ
4.63
64%
1029
Currency

61.6417

Currency

52.2331

Currency

70.469

Currency

37.1461

Currency

38.1829

Currency

67.493

Currency

7.63486

Currency

0.67946

Currency

0.33454

Currency

0.52478

Currency

1.18966

Currency

0.57406

Сребро

2882.64

Платина

75972.21

Злато

166739.88

Алуминиум

3.15

Бакар

12.31

Цинк

3.34

Иридиум

212342.22

Рутениум

45750.51

Калај

53.83

Паладиум

57839.19

Кобалт

64.04

Родиум

380986.35