По една седмица тренинзи, екипата на Струга Трим Лум денеска го одигра вториот контролен натпревар во рамки од подготовките во Анталија, Турција. Mакедонскиот тим утрово силите ги одмери со еден од најдобрите руски клубови Рубин Казан и се покажа во одлично светло. Сепак, недоволно за поволен резултат, затоа што рускиот гигант со два гола во второто полувреме славеше со 0-2. Стружани во првото полувреме играа рамо до рамо против ...

Николче Колевски од Новаци стана дел од среќното ВЛТ семејство. Тој освои МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ од 1.713.055 денари! Николче Колевски од Новаци стана милионер во 2026. На 08 јануари во 17:47 освои МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ вреден 1.713.055 денари. МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ добивката е освоена на видеолотариските терминали кај нашиот деловен соработник Евротип во Новаци. Колевки во Видеолотарија пристигна во друштво на својата сопруга, сè уште под силни импресии од ...

На „ОНЕ Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор – ај – џи“ денеска (10:30) во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ќе му биде дадено одобрение за работа како трет мобилен оператор во државава. „ОНЕ Македонија телекомуникации“ ја добива дозволата откако го уплати еднократниот надомест за трите фрекфенциски опсези, што се доделуваа со тендерот на АЕК, во вкупен износ од 8.020.003 евра. Со тоа компанијата може да почне со работа ...

Една година алармираме за проблемот со транспортерите и со електронската евиденција во ЕУ и требаше состојбата да ескалира за да предизвика внимание. Се работи за огромен економски проблем, кој може целосно да ги колабира македонската и регионалната економија. Иако имав жестока размена на аргументи со надлежните во рамки на ЕУ директно во Брисел, за жал, не наидов на разбирање, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ...

Вработени во државната компанија „Македонски пошти“ денеска излегоа на протест на кој го искажаа својот револт поради доцнењето на декемвриската плата. Тие велат дека работат за минимална плата, но и таа не можат да ја добијат навреме, поради што најавуваат дека доколку и наредниот месец се повтори идентична ситуација ќе донесат одлука за следните чекори, а не ја исклучуваат и можноста од штрајк. Според тврдењата на синдикалните организации, ...

„ОНЕ Македонија“ денеска доби лиценца за 5Г-радиофреквенциски спектар од Агенцијата за електронски комуникации и официјално ќе работи како трет мобилен оператор во државата. Првично ќе почне да работи на територијата на Скопје, а ќе ја користи мрежата на постојните два оператора додека да изгради сопствена. Директорот на АЕК, Јетон Акику, му ги врачи одобренијата што се доделуваат со тендерот на Пал Заранди, претседател на одборот на ...

„Македонска пошта“ соопшти дека го смета за крајно тенденциозно и несериозно и политички мотивирано организиарањето штрајк во услови кога е обебзедена плата за сите вработени. – Крајно тенденционо и несериозно е органирањето штрајк од страна на еден од Синдикатот на вработените во „Македонска пошта“ во услови кога за сите вработени платата е веќе обезбедена. Од тие причини веруваме дека штрајкот е политички мотивиран, а вработените се ...

Проблемот со примената на правилото од 90/180 дена за професионалните возачи во товарниот патен транспорт (евиденцијата на влез и излез на граничните премини согласно EES системот) треба исклучиво да се бара преку институциите, а не со блокади на граничните премини, за да не се случи колапс на целата економија во државата и регионот на Западен Балкан во целост, е ставот на Стопанската комора на Северна Македонија. Според Комората, блокадите ...

Советот на ЕУ денеска во конечна фаза ја усвои Регулативата за постепено укинување на увозот на рускиот природен гас и течен природен гас (ЛНГ) во Европската Унија, која воедно вклучува и мерки за ефикасно следење на оваа забрана и за диверзификација во снабдувањето со енергија. – Од денеска, енергетскиот пазар на ЕУ ќе биде посилен, поотпорен и поразновиден. Се откажуваме од штетната зависност од рускиот гас и правиме голем чекор, во духот ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажната цена на дизел горивото, соопштија оттаму. Од вечерва на полноќ, цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 остануваат непроменети, цената на дизелот се зголемува за 1 денар по литар, екстра лесното масло поскапува за 0,50 денари по литар, а мазутот за 0,112 денари по килограм. ЕУРОСУПЕР БС-95 чини ...

Европската комисија е свесна за загриженоста што ја искажуваат транспортните оператори од Западниот Балкан, внимателно ја следи ситуацијата со блокадите на граничните премини и е во контакт со партнерите од регионот, изјави денеска портпаролот на ЕК за внатрешни работи Маркус Ламерт. Изјавата на Ламерт беше одговор на новинарско прашање за ставото на ЕК околу блокадите на граничните премини кон Шенген зоната од страна на балканските ...

Блокадата со камиони на товарниот сообраќај на граничните премини во државава продолжува и денеска, како дел од заедничкиот протест на македонските и превозниците од Западен Балкан кои бараат решение за проблемите поради електронската евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена од април годинава. Наспроти блокираниот товарен сообраќај на премините кон шенген зоната, кој, според најавите ќе трае најмалку седум ...

Индија и Европската Унија (ЕУ) успешно ги завршија преговорите за договор за слободна трговија, преговаран повеќе од 20 години, кој индискиот премиер Нарендра Моди го оцени за понуда на многу можности. По речиси две децении преговори со прекини, договорот ќе овозможи Индија да го отвори својот огромен и заштитен пазар за слободна трговија со 27 земји од Европската Унија, нејзиниот најголем трговски партнер. Индија и ЕУ се надеваат дека ...

За Бизнис-конфедерацијата е прифатливо зголемување на минималната плата во март со усогласувањето со законот, но секое друго покачување, без олеснети давачки за социјалните придонеси, ќе биде голем товар за стопанството, вели претседателот Миле Бошков. Тој вели дека досега неколкупати разговарале со претставници на Владата и со нивните колеги од Сојузот на синдикати на Македонија, каде што го искажале нивниот став. „Усогласувањето на ...

Минималната плата, согласно закон, ќе биде зголемена во март, односно со платата што ќе ја добијат работниците во април, рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање во врска со најавениот протест на Синдикатите преку кој ќе побараат покачување на минималната плата. „Рековме дека секое решение што ќе го постигнат во тој бипартитен дијалог синдикатит се работодавачите ќе го поддржиме’, рече Мицкоски. Минималната плата, ...

Асоцијацијата на автобуските превозници „Исток“ укажува дека новиот начин на евиденција во шенген-зоната ги отежнува нивното секојдневно работење и редовното одржување на секојдневните меѓународни линии за превоз на патници. Од европските институции бара фер и применливо решение што ќе го земе предвид специфичниот карактер на професионалниот превоз на патници и стока. Според претседателот на Асоцијацијата „Исток“, Горан Трпковски, подготвени ...

Играј одговорно – играта е забава, не ризик! Државна видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, како општествено одговорна компанија, посветено и континуирано работи на унапредување и примена на високи стандарди за одговорно приредување игри на среќа, во согласност со политиката за одговорно играње. Нашиот пристап е насочен кон создавање безбедна и информирана средина за играње, со јасен фокус за намалување на потенцијалните ризици и ...

Малите промени во секојдневниот живот можат да направат голема разлика во здравјето на мозокот и да го забават когнитивниот пад. Научниците проценуваат дека до 45% од случаите на деменција би можеле да се одложат или спречат со релативно едноставни промени во однесувањето. Најважно е да се започне на време, бидејќи оштетувањето на мозокот обично е неповратно. Еве ги советите избрани за „Њујорк тајмс“ од невролозите и невронаучниците. Штитете ...

НАСА ја поби бизарната теорија на заговор што кружи на социјалните медиуми, а која тврди дека на 12 август, точно во 14:33 часот по Гринич (9:33 часот по источно време), Земјата ќе ја изгуби гравитацијата седум секунди, пишува Дејли Мејл. Според нејзините поддржувачи, оваа „тајна“ е откриена во документ на НАСА наречен „Проект Анкор“, кој протече во ноември 2024 година. И катастрофата би можела да доведе до најмалку „40 милиони смртни случаи ...

Дали некогаш сте посакале да живеете подалеку од сè, во мало, уредено општество во кое сите се познаваат меѓу себе? Место каде што нема криминал, децата безгрижно трчаат каде сакаат, храната не се увезува, а сигналот за мобилен телефон речиси не постои? Таква, речиси утописка заедница навистина постои. Најизолираното населено место на светот Британскиот остров Тристан да Куња се наоѓа среде Атлантскиот Океан и се смета за најоддалеченото ...

Првите визуелни материјали прикажуваат соби со меки ѕидови кои би им овозможиле на гостите, во состојба на бестежинска тежина, лесно да се одбиваат од површините. Американската стартап-компанија „Галактик рисорс јутилизејшн спејс“ планира да го отвори првиот хотел на Месечината, наменет за богати вселенски туристи. Изградбата на хотелот би требало да започне во 2029 година, а првите гости ќе бидат примени околу 2032 година. Првите резервации ...

На Универзитетската клиника за детски болести се хоспитализирани 20-ина деца со симптоми на акутни вирусни инфекции од типот на грип и болести слични на грип, од кои, кај најголем број е изолирана инфлуенца А. Има неколку случаи на возраст до 23 месеци кај кои е изолиран респираторен синцицијален вирус и еден помал број заболени со докажан ентеровирус риновирус, изјави за МИА педијатар пулмолог Весна Мицевска од Клиниката. Заболените, посочи ...

Седумдесет деца се хоспитализирани на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле. Десетина од децата, како што вели директорката на Клиниката, проф. д-р Катерина Бошковска, се на кислородна поддршка. Таа додава дека се хоспитализирани и 15 деца кај кои е потврден вирус на грип од типот А и кои имаат компликации. Според Бошковска, на Клиниката дневно се прегледуваат 150 до 200 деца. Во однос на симптомите на ...

Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува регулирање на сите никотински производи, вклучувајќи цигари, електронски цигари (со и без никотин), загреани тутунски производи, бездимни никотински производи, како и производи што го имитираат пушењето, соопшти Министерството за здравство. Целта е, како што се посочува, да се регулира употребата и на новите никотински производи имајќи предвид дека тие создаваат чад или аеросол со штетни ...

Во Поликлиниката во Чаир, секој ден се јавуваат над 30 пациенти со симптоми на грип за преглед. Најчестите симптоми вклучуваат висока температура, затнување на носот и потешкотии при дишење, силна и продолжена кашлица, како и општа замореност. Во многу случаи, грипот не ги зафаќа само дишните патишта, туку предизвикува и компликации во носот, очите и ушите. „Доколку кај некого се појават компликации може да дојде до инфекција на увото, ...

Полицијата на португалскиот остров Мадеира бара маж кој запалил статуа на Кристијано Роналдо, го снимил чинот и го објавил на интернет. Инцидентот се случил во Фуншал, главниот град на Мадеира и родното место на Роналдо. На видеото се гледа како млад човек ја полева бронзената реплика на фудбалерот со запалива течност и ја запалува со запалка. Потоа танцува на рап музика. Видеото завршува со тоа што тој ѝ покажува среден прст на статуата. ...

Микро-пластиката не е повеќе само проблем на животната средина, таа влегува директно во нашите тела. Од воздухот, храната и водата, до пластичните садови и кесички, овие мали честички се наоѓаат во плунка, крв, мајчино млеко, а дури и во органи како црн дроб, бубрези, мозок и коски. Секојдневната изложеност на човекот веќе е факт, но последиците за здравјето се сè уште слабо разбрани. Од историскиот запис до модерното тело Истражувањата ...

Мандарините, односно клементините, се еден од оние зимски класици што се појавуваат токму кога ни се најпотребни – во сезоната на вируси, кога кожата станува сува и кога секојдневието ни бара барем малку „сонце“. Тие се лесни за лупење, најчесто без семки и идеални за брза ужина. Нивната врвна сезона трае од октомври до јануари, кога се и најслатки. Малку калории, многу витамин Ц Иако се мали по големина, мандарините се нутритивно богати. ...

Маслиновото масло се смета за една од најквалитетните и најздравите диететски масти, како и неопходна состојка во медитеранската кујна. Токму поради оваа „здрава слика“ многумина го користат без размислување, правејќи ја истата грешка и со тоа ненамерно намалувајќи ги неговите корисни ефекти. Најчеста грешка – прегревање Една од најголемите грешки е користењето екстра девствено маслиново масло за долготрајно пржење на високи температури. Иако ...

Академија за филмска уметност и наука објави дека вкупно 317 играни филмови се подобни за разгледување на 98. доделување на Оскарите, од кои 201 филм ги исполнуваат условите за категоријата Најдобар филм. Ова претставува благ пад во однос на минатата година, кога 323 филмови беа подобни во целина, а 207 конкурираа за најдобар филм. За разлика од другите категории, кандидатите за Најдобар филм мора да исполнат построги критериуми, вклучувајќи ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
65%
1026
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
64%
1026
weather icon

Загреб

12ᴼ / 7ᴼ
2.06
63%
1024
weather icon

Софија

5ᴼ / 1ᴼ
4.12
66%
1028
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
3.33
79%
1030
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 5ᴼ
1.03
81%
1024
weather icon

Атина

10ᴼ / 7ᴼ
3.58
71%
1027
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
1025
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
71%
1025
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
2.57
81%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
66%
1026
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 3ᴼ
6.17
68%
1029
Currency

61.6417

Currency

52.2331

Currency

70.469

Currency

37.1461

Currency

38.1829

Currency

67.493

Currency

7.63486

Currency

0.67946

Currency

0.33454

Currency

0.52478

Currency

1.18966

Currency

0.57406

Цинк

3.34

Родиум

380986.35

Сребро

2882.64

Злато

166739.88

Платина

75972.21

Паладиум

57839.19

Кобалт

64.04

Калај

53.83

Алуминиум

3.15

Рутениум

45750.51

Бакар

12.31

Иридиум

212342.22