Екипата на Лос Анџелес Лејкерс впиша важна победа над Филаделфија со 108-112, а мечот донесе и историски момент за Леброн Џејмс. Супер-ѕвездата се искачи на второто место на вечната листа по број на победи во регуларниот дел од сезоната, надминувајќи ја легендата на Бостон, Роберт Периш. Џејмс стигна до 1.015 победи во кариерата и сега пред него останува само Карим Абдул-Џабар, кој е на врвот со предност од 59 победи. Теоретски, Леброн може ...

Екипите на Орландо Меџик и Њујорк Никс закажаа меѓусебно полуфинале во НБА Купот, откако славеа во своите четвртфинални средби. Никси како гости во Торонто триумфираа со 101-117. Со одлична игра во втората четвртина тимот од Њујорк направи висока предност која потоа во второто полувреме ја одбрани. Најдобар поединец на средбата беше Џејлен Брансон со 35 поени зад своето име, додека кај Рапторси се истакна Брендон Инграм со 31. Орландо Меџик ...

Кошаркарската Федерација на Македонија информира дека на 21. декември (недела), 2025 година. ќе ги организира All Star натпреварите, кои повторно стануваат дел од официјалниот календар како симбол на современа, отворена и атрактивна кошарка. Планирани се три натпревари: Натпревар за македонските надежи (М20) – „Sвезди во подем“, Женски сениорски All Star натпревар, Машки сениорски All Star натпревар. Во двата сениорски натпревари ќе настапат ...

Извршниот комитет на Европската ракометна федерација на својот состанок во Ротердам во саботата, го отвори патот за нова ера на европскиот клупски ракомет. Веќе е познато дека Лигата на шампионите од следната сезона ќе се прошири на 24 екипи и ќе се воспостави нов формат, Извршниот комитет го потврди системот за распределба на местата за елитното натпреварување. Основата за распределбата е рангирањето на федерациите за клупските ...

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе се покажа како големо засилување за шпанскиот гигант Реал Мадрид, а тоа го докажуваат и бројките. Новинарот Фабрицио Романо објави статистика која покажува дека Мбапе постигнал дури 55,3 отсто од головите на „кралскиот клуб“ оваа сезона. Тоа значи дека Мбапе бил стрелец на повеќе од половина погодоци за шпанскиот клуб и дефинитивно е незаменлив во тимот на Чаби Алонсо. Мбапе оваа сезона настапи на 25 меча, а ...

Најдобриот македонски голман Столе Димитриевски ќе го пропушти крајот на 2025 година, поради повреда информираат од Валенсија. Димитриевски беше прв голман во шпанскиот Куп, меѓутоа нема да застане меѓу стативите на вечерашниот меч против Спортинг Хихон. Македонскиот чувар на мрежата вчера го пропуштил тренингот поради мускулната повреда која ќе го оддалечи од терените до крајот на 2025 година. „Лилјаците“ вечерва играат против Хихон во ...

АТП одобри воведување на ново правило поврзано со екстремно високите температури, кое ќе стапи на сила од сезоната 2026 година, со цел подобра заштита на здравјето на тенисерите. Новото правило се базира индексот на сончеви зраци и предвидува задолжителни мерки за ладење кога температурата ќе достигне 30,1 степени или повеќе во мечевите што се играат на два добиени сета. Во таков случај, по вториот сет може да се побара пауза од 10 минути, ...

Дисциплинската комисија при Ракометната федерација на Македонија (РФМ) во својот последен билтен ги соопшти казните за немилите настани по натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер во салата „Билјанини Извори“. Имено, двете екипи им е изречена парична казна од по 45.000 денари, а суспензии добија и актерите во инцидентот Крсте Андоновски и Дејан Манасков. На помошникот на Ројевиќ му е изречена дисциплинска санкција од забрана за настап на ...

Њујорк Никс е освојувач на НБА Купот, откако во финалето славеше победа над Сан Антонио Спарс со 124-113. На тој начин Никси за првпат го освоија овој трофеј. По Лос Анџелес Лејкерс и Милвоки Бакс, тие се третиот тим што го освоил ова ново натпреварување. Исто така, за славниот клуб од Њујорк ова е и прв трофеј по пауза од 52 години. Оваа титула е мини-одмазда за 1999 година и болниот пораз на Никси во финалето на НБА плеј-офот од Сан Антонио ...

Олександр Усик, светскиот шампион во бокс во тешка и крузер категорија, се најде во центарот на нов геополитички скандал, при што руските власти му го запленија имотот на Крим, тврдејќи дека тој ја финансирал украинската војска. Владимир Константинов, претседателот на кримскиот парламент назначен од Русија, објави на дека имотот на познатиот боксер Усик, заедно со 84 други физички и правни лица, е додаден на списокот на „национализирани“ ...

ФИФА во вторникот ги намали цените на билетите за Светското првенство што ќе се одржи догодина, наменети за организираните и најверни навивачи на националните репрезентации, откако минатата недела избувна протест против високите цени на влезниците, пренесуваат светските агенции. Пред неколку дена навивачите дознаа дека најевтините достапни билети за натпреварот за титулата на Мундијалот 2026, кој во јули ќе се игра во Њу Џерси, ќе чинат ...

Европската унија постигна правно обврзувачки договор за климата со кој ќе се намалат емисиите на стакленички гасови за 90 проценти до 2040 година во споредба со нивоата од 1990 година, вклучително и купување странски јаглеродни кредити за покривање на пет проценти од намалувањето на емисиите, соопшти Европскиот парламент во среда. Договорот ќе бара од европските индустрии да ги намалат емисиите за 85 проценти, а од 2036 година, ...

Десет години по потпишувањето на значајниот Париски договор за климата, научниците и еколошките групи предупредуваат дека светот е далеку од постигнување на климатските цели усвоени во тоа време. Договорот, усвоен од речиси 200 земји на 12 декември 2015 година, ги обврзува земјите да го ограничат глобалното затоплување на далеку под 2 степени Целзиусови, идеално 1,5 степени, над прединдустриските нивоа. Мартин Кајзер, раководител на Гринпис ...

Глобалните температури во 2026 година веројатно ќе бидат повеќе од 1,4 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа, соопшти британската Метеоролошка служба, предупредувајќи дека загадувањето од фосилни горива продолжува да ги поттикнува екстремните временски услови. Според централната прогноза на Метеоролошката служба, 2026 година ќе биде малку поладна од 2024 година, која со околу 1,55 степени Целзиусови над прединдустрискиот просек беше ...

Кремљ очекува САД да ја информираат Русија за исходот од преговорите со Украина и Европската Унија за украинската криза, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Песков изјави дека Москва сè уште не видела официјални информации за можното воведување нови американски санкции врз Русија, но дека Кремљ е свесен за таквите планови, пренесува „Спутник“. Песков ги коментираше наводите на „Блумберг“ дека Вашингтон разгледува нови санкции ...

Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски на денешната прес-конференција денеска во тренинг центарот на „црвено-црните“ индиректно потврди дека актуелниот тренер на клубот, Гоце Седлоски е и главниот кандидат за наследник на Благоја Милевски на клупата на македонската репрезентација. Неделковски истакна дека Вардар нема проблем Седлоски да биде во следните шест месеци и селектор на Македонија, но и да го води тимот до крајот на ...

Шефицата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, изјави дека блокот мора да донесе одлука за финансирање на Украина на клучниот самит оваа недела, при што лидерите се под притисок да се согласат за план за користење на замрзнатите руски средства. „Нема поважен чин на европска одбрана од поддршката на одбраната на Украина. Следните денови ќе бидат клучен чекор за обезбедување на ова, од нас зависи како ќе ја финансираме борбата на Украина. Ја знаеме ...

Венецуела ја осуди нафтената блокада наметната од американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека неговата „интервенционистичка и колонијалистичка“ реторика го докажува долгогодишниот план на Вашингтон да ги заплени природните ресурси на Венецуела. Трамп го објави потегот во вторник на платформата за социјални медиуми Истина, опишувајќи го како „тотална и целосна блокада на сите санкционирани танкери за нафта што влегуваат и излегуваат ...

Европскиот парламент денеска потврди постепена и целосна забрана за увоз на руски природен гас до крајот на 2027 година, која ќе се применува дури и по постигнувањето на евентуален мир во Украина. Парламентот гласаше за новиот закон во среда со 500 гласови „за“, 120 „против“ и 32 „воздржани“. – Аргументот дека не можеме да го замениме рускиот гас не е точен – можеме и веќе го направивме тоа, изјави еден од известувачите на Парламентот за ...

Поради реконструкција на пругата на делницата Скопје-Зелениково, од 2 јануари 2026 година до крајот на февруари 2026 година ќе има измени во сообраќајот на два воза, информираат од Железници на Република Северна Македонија-Транспорт АД-Скопје. -Возот број 642 кој ќе сообраќа на релација Битола-Велес време на тргнување предвидено со возниот ред (време на тргнување од станица Битола во 12:46 часот.) Возот број 643 ќе сообраќа на релација ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека ЕУ нема да ја принуди Белгија да прифати користење на замрзнатите руски средства. Кошта доцна синоќа во интервју за француската телевизиска станица RTBF изјави дека ЕУ нема да го наметне решението во четврток во Брисел доколку Белгија се спротивстави на тоа. „Нема да гласаме против Белгија“, рече Коста, објави Euractiv. Тоа е значајна промена на ставот на Кошта, кој минатата ...

Сообраќајна несреќа се случи вчера на магистралниот пат Кочани – Виница, на местото викано Сланечки дол, откако возач со патничко возило „пежо“ излетал надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Од здобиените повреди, на местото на настанот, починал возачот. „Патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ. (48) од Виница вчера во 17:35 часот излетало надвор од коловозот на патот ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, како дел од делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вчера и денеска престојува во работна посета на Брисел. Во рамки на посетата, како што се наведува во соопштението од МНРиНТ, се очекува денешниот самит да биде значајна можност за потврда на стратешката определба на Европската Унија за проширување кон Западен Балкан – порака која е ...

Во акцијата „Армагедон“ уапсени се осум лица поради поседување порнографски материјали и искористување малолетници за порнографија и полово вознемирување. Осомничените С. Ј. (24), А. Ѓ. (33), Е. Б. (40), Л. Т. (26), М. И. (32), М. Б. (64), В. С. (43) и државјанинот на Руската Федерација А. А. (41), во подолг временски период, преку интернет преземале, чувале и споделувале содржини настанати со искористување деца за порнографски цели, ...

Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека се надева дека казнените мерки што Европската Унија (ЕУ) ги воведе врз Косово во 2023 година наскоро ќе бидат целосно укинати. Таа ги даде овие забелешки за време на состанокот со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Брисел, пред самитот ЕУ-Западен Балкан. Еден ден претходно, косовскиот вицепремиер Бесник Бислими изјави дека бил информиран од Европската комисија дека ...

Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Преспанскиот договор нема да биде прифатен од грчката страна, пишува во соопштението на грчкото Министерство за надворешни работи (МНР) во врска со, како што се наведува, изјавите на премиерот на Северна Македонија. „Во меѓународните договори нема де факто ситуации, нивната примена е униформна и универзална. Напредокот во билатералните односи со Северна Македонија и непреченото ...

Собранието со 65 гласа „за“ и пет гласа „против“ попладнево ја донесе „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во образложението истакна дека парламентарното мнозинство и Владата имаат јасна, доследна и непроменлива политика против нелегалната миграција. Потенцира дека Владата никогаш не побарала, не ...

Добро е кога Западниот Балкан е во оптиката на Европската Унија и тоа е охрабрувачки и за граѓаните од регионот, затоа што на тој начин се покажува интересот за нашата заедничка иднина, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски при пристигнувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел. Западниот Балкан, посочи премиерот, географски припаѓа на Европа и логично е тој да се интегрира во рамките на Европската Унија. – Ние како држава тоа го ...

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, преку фејсбук-објава побара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче. „Македонското законодавство познава убиство од небрежност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само) убиство со умисла!!! Или тешка ви е одговорноста? Или ви тежи договорот? Или си СДСМ или си тезгарош!!! М?Прашањата ќе ги поставиме после празниците. Да не се разводиме во меѓувреме. Демек, добар ви е тајмингот. ...

Овие листи ги претставуваат филмовите што го поминале првиот круг на селекција и од кои ќе бидат избрани конечните номинирани, објави Варајети. Главни фаворити: Најголеми успеси постигнаа „Грешници“ на Рајан Куглер и мјузиклот „Wicked: For Good“. И двата филма беа номинирани во не помалку од осум категории, вклучувајќи шминка, звук, визуелни ефекти, музика, фотографија и кастинг. Интересно е што двата филма успеаја да се најдат на листата со ...

weather icon

Скопје

-5ᴼ / -5ᴼ
0.51
80%
1027
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
2.06
81%
1023
weather icon

Загреб

2ᴼ / 0ᴼ
3.09
77%
1019
weather icon

Софија

-7ᴼ / -7ᴼ
1.54
79%
1028
weather icon

Сараево

-7ᴼ / -7ᴼ
1.08
84%
1023
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -5ᴼ
2.57
90%
1021
weather icon

Атина

4ᴼ / 1ᴼ
0.89
47%
1024
weather icon

Тирана

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
64%
1027
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
69%
1028
weather icon

Букурешт

-7ᴼ / -11ᴼ
1.03
87%
1023
weather icon

Будимпешта

-4ᴼ / -6ᴼ
3.09
87%
1019
weather icon

Истанбул

-1ᴼ / -1ᴼ
3.09
74%
1024
Currency

61.555

Currency

52.7416

Currency

71.0102

Currency

35.4461

Currency

38.0051

Currency

66.1354

Currency

7.56348

Currency

0.67334

Currency

0.33349

Currency

0.52452

Currency

1.22372

Currency

0.58452

Кобалт

59.52

Родиум

313469.78

Сребро

2703.41

Калај

44.71

Платина

75300.49

Алуминиум

3.14

Паладиум

59575.33

Рутениум

44946.74

Иридиум

169549.30

Цинк

3.10

Бакар

12.08

Злато

147759.41