Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека она што Израел го направил во Појасот Газа не било легитимна самоодбрана, туку „планиран геноцид и тероризам“ и повика на итен и сеопфатен прекин на огнот и брза испорака на хуманитарна помош. По враќањето од официјалната посета на Азербејџан, Ердоган, одговарајќи на прашања од новинари, ги означи израелските воени акции „кои го погазија владеењето на правото“ како „темна дамка во ...
Сите алпинисти кои беа заробени во снег во долината Карма, во близина на источната страна на Монт Еверест во Тибет, во текот на викендот се успешно евакуирани, соопштија денес кинеските власти. Спасувачката операција, во која учествуваа стотици спасувачи, беше опишана како една од најголемите во регионот, објави Ројтерс. Вкупно 580 алпинисти, заедно со повеќе од 300 локални водичи, одгледувачи на јакови и помошен персонал, беа донесени на ...
Францускиот премиер во заминување, Себастијан Ле Корнеј, денес изјави дека можноста за распуштање на парламентот изгледа „мала веројатност“. По рунди разговори со различни политички партии, Ле Корнеј изјави дека преговорите покажале општа подготвеност за усвојување на буџетот до крајот на годината, што „создава моментум и конвергенција, што го прави распуштањето малку веројатно“, објави Ројтерс. Тој рече дека подоцна ќе се сретне со францускиот ...
Израелската армија пресретнала група бродови во меѓународни води кои се обидувале да достават помош во воено разорениот Појас Газа, соопштуваат од коалицијата „Флотила на слободата“. Бродовите, како што додаваат од коалицијата, биле пресретнати на 220 километри од Газа. Бродовите презевувале помош во вредност од над 110 илјади американски долари во лекови, респираторна опрема и прехранбени производи што биле наменети за болниците во Газа. ...
На 67-годишна возраст, денеска починал поранешниот градоначалник на Кавадарци и пратеник во македонското Собрание, Панчо Минов. Панчо Минов беше дипломиран правник и политичка фигура со повеќедецениско искуство. Тој два пати беше избран за градоначалник на Општина Кавадарци – прво како кандидат на Либералната партија (2000–2005), а потоа како независен кандидат (2005–2009). Минов имаше и пратеничка кариера, учествувајќи во повеќе состави на ...
Медицинскиот канабис во Шпанија ќе може да се употребува во болниците и да се препишува од лекари специјалисти за одредени болести кај кои другите лекови не покажале ефикасност. Советот на министри денес одобри декрет кој, од една страна, ја ограничува неговата употреба на болничка средина и ја исклучува продажбата во аптеките, додека од друга страна, не дефинира дефинитивен список на болести за кои може да се користи, објавува El Pais. Она што ...
Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. Според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на ...
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Одбраната на првообвинетиот Васев на минатото рочиште до Судот поднесе барање државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да го преземе предметот или делегира на друго обвинителство. Со оглед дека по предлогот е потребно да одлучи ...
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата против три лица за кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“, со што создале диви депонии на дел од локацијата во Вардариште. Обвинетите Мајсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи на минатото рочиште признаа вина за стореното дело – загрозување на животната средина и природа со складирање и создавање диви депонии на улицата „Зендел Џемаил“ во ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Кон крајот на денот тие ќе престанат. Ќе дува ветер од северен правец со брзина од над 60 километри на час. „Минималната температура ќе биде од 6 до 13 степени, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени“, се вели во соопштението од УХМР. И во главниот град ќе биде претежно облачно со повремен дожд. ...
Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф и советникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, денеска ќе се приклучат на преговорите за прекин на војната во Газа, кои се изминатите два дена се одржуваат во Шарм ел Шеик во Египет, пренесува Би-би-си. Нивното пристигнување доаѓа откако вториот ден од индиректните разговори меѓу израелските и палестинските делегации заврши без конкретен резултат. Сепак, Трамп на брифинг со ...
Двајца обвинители од Основното јавното обвинителство Куманово вршат увид на местото на оружениот инцидент во центарот на Куманово, во кој е повредено едно лице. Според ЈОРСМ, првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но обвинителството ги проверува сите околности. -Во однос на настанот во Куманово, двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Куманово излегоа на лице место и преземаат увидни ...
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити попладнево на прес-конференција информира дека Владата еднострано го раскинала договорот за концесија за експлоатација на варовник на локалитетот Лавинчеви во атарот на селото Страчинци во Општина Гази Баба, склучен со „Мелкам Инжинеринг“ од Скопје. Меџити соопшти дека одлуката е донесена поради сериозни пропусти. -Концесионерот не обезбедил минимална ...
Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи население, кои може да се пријават со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu или преку својот матичен лекар. Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, ...
Зграда во изградба денеска се урнала во самиот центар на Мадрид. Според првичните информации, најмалку тројца работници се повредени, а службите за итни случаи трагаат по уште двајца за кои се сомнева дека се заробени под урнатините, објави „Ел Паис“. Единаесет градски противпожарни служби биле испратени на местото на настанот. На тројца работници им била укажана медицинска помош, еден бил однесен во болница со скршена нога, додека други двајца ...
„Изразуваме длабоко жалење за настанот што се случи во Куманово, при што е повреден д-р Зекрија Шаини„, стои во соопштениетоп на Коалицијата ВЛЕН. „Како коалиција, најостро ја осудуваме секоја форма на насилство и упатуваме апел за смиреност, воздржаност и почитување на надлежните институции кои треба целосно да го расветлат случајот. Насилството нема место во нашето општество, а ниту една околност не може да биде оправдување за дела што го ...
Чешкиот популистички милијардер Андреј Бабиш изјави дека би можел да вклучи министри номинирани од евроскептични и крајно десничарски партии во владата што се обидува да ја формира, откако неговата партија АНО победи на парламентарните избори, но не успеа да обезбеди мнозинство. Бабиш првично по изборите на 3-4 октомври изјави дека сака малцински кабинет само со АНО, кој во парламентот е поддржан од евроскептичните Возачи и крајно ...
Единаесет градски противпожарни служби биле испратени на местото на настанот. На тројца работници им била укажана медицинска помош, еден бил однесен во болница со скршена нога, додека други двајца претрпеле полесни повреди Зграда во изградба денеска се урнала во самиот центар на Мадрид. Според првичните информации, најмалку тројца работници се повредени, а службите за итни случаи трагаат по уште двајца за кои се сомнева дека се заробени под ...
Новоизбраната градоначалничка на германскиот град Хердек, социјалдемократката Ирис Шталцер, е тешко повредена во напад со нож, објавија германските медиуми. Според полицијата, Шталцер претрпела повеќекратни убодни рани, а во градот во Северна Рајна-Вестфалија е во тек голема полициска операција, пишува германскиот „Шпигел“. Деталите за нападот и идентитетот на сторителот засега се непознати. Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази длабока ...
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2025 година во однос на август 2025 година изнесува -0.2 отсто, соопшти Државниот завод за статситика. Намалувањето на инфлацијата во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 3.3 %, Ресторани и хотели за 1.3 %, Рекреација и култура за 0.7 %, Облека и обувки за 0.3 %, Разновидни ...
Кандидатот на ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир Изет Меџити, денеска на прес-конференција го претстави, како што рече, првиот основен столб на неговата изборна програма, детален план за целосна модернизација на патната инфраструктура и конечното решавање на проблемот со паркирањето во Чаир. Меџити во своето обраќање истакна дека Чаир ќе биде модерна, уредена и функционална општина каде што, како што рече, секојдневниот живот на граѓаните ќе ...
Помали давачки и побрзи приливи за плаќања во евра добиваат од денес граѓаните и компаниите со започнувањето на СЕПА-системот. Девет банки во земјава се целосно подготвени да започнат со извршување плаќања во рамките на шемата за кредитни трансфери СЕПА, со што трансакциите стануваат повеќекратно поевтини од досегашните. Така, граѓаните ќе плаќаат околу 260 денари за електронско плаќање од 500 евра, наместо 1.600 денари преку кореспондентното ...
Кандидатот на ВЛЕН за општина Чаир, Изет Меџити, има предност од 3,3% во однос на кандидатот на АКИ, Бујар Османи. Ова го покажуваат податоците од анкетата на ИПИС спроведена за РТВМ во текот на октомври со 1.004 испитаници преку телефон со жителите на Чаир. Анкетата се фокусира на мислењето на граѓаните на Чаир за различни теми, додека на прашањето за кого би гласале на локалните избори, 27,5% од испитаниците одговориле за Меџити, додека ...
Се вршат контроли и надзори кај извозникот, откупувачите и индивидуалните земјоделски производители по нотификациите од RASFF системот и официјалното известување од Хрватска за утврдено присуство на пестицидот метомил во свежа црвена пиперка увезена од Македонија, информира Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ). Станува збор за пратка од околу 15 000 килограм пипер. Извозникот не е производител, пиперот го купил од други правни субјекти ...
Гувернерот на Народната банка попладнево соопшти дека се направени првите трансакции преку СЕПА системот. – Историски ден за нашата држава! Денес се направени првите трансакции преку СЕПА – системот што ја приближува Македонија кон европското платежно подрачје. До 6 пати пониски трошоци за граѓаните. До 8 пати пониски трошоци за компаниите, објави гувернерот Трајко Славески на платформата Х. Од денеска практично во државава почна примената на ...
Францускиот премиер во заминување, Себастијан Лекорну, во вторник започнува последен дводневен обид за разговори со другите партии, еден ден откако поднесе оставка во рекордно време. Лекорну, чија влада беше именувана во недела навечер, беше премиер до понеделник, кога беше отфрлена и од сојузниците и од опозицијата. Тоа стана владата со најкраток мандат во модерната француска историја. Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделник му ја ...
Кампањата на овие избори се претвори во борба за заштита на Охридскиот договор од страна на ДУИ, и покрај фактот што за неа, нормативниот дел и имплементацијата завршија откако го смени својот карактер во зелена партија, пишува Алсат. Лидерот на оваа партија, во низа јавни настапи, артикулира ставови дека е загрозен Охридскиот договор, иако за сите чувствителни прашања за Албанците, самата оваа партија даде зелено светло. „Договорот е сериозно ...
Легендарниот фолк пејач Халид Бешлиќ почина денес, 7 октомври, на 72-годишна возраст по кратка борба со тешка болест. Кон крајот на август, Халид Бешлиќ беше хоспитализиран во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде што беше под постојан надзор на лекарите. Со своите безвременски хитови одбележа неколку децении на музичката сцена на поранешна Југославија и регионот. Неговите песни како што се „Милјацка“, „Романи“, „Не можам да ...
Медицинските сестри реагираат дека не се вклучени во носењето закони во здравствениот сектор, иако како што велат давале предлози и биле дел од работните групи во кабинетите на сите министри за здравство досега. Најавуваат и меѓународен притисок врз здравствените власти за како што велат да не се дозволи да бидат маргинализирани. „Ова е преседан кој не можеме да го надминеме. Да не бидете во процес на сопствен закон, да не бидете на јавна ...
Ракетите „Томахавк“ можат да носат нуклеарно оружје, а испораката на овие ракети во Киев би можела да доведе до сериозна ескалација, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Претседателот Путин јасно го искажа ставот на Русија во врска со испораката на „Томахавките“. Ова би била сериозна ескалација, но нема да ја промени ситуацијата на двата фронта за режимот во Киев“, рече тој. Песков нагласи дека е потребно да се почекаат појасни ...