Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против в.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, како и против управителот за отпад за загрозување на животната средина со отпадот во Скопје. Поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Против осомничените, како што информира ...

Екипата на Баерн дојде до третата победа во Евролигата откако го победи Реал на домашен терен со 90-84. Германскиот првак одигра одлично второ полувреме во кое на Реал му дозволи само 27 поени и тоа беше клучно за големиот триумф. Гостите во првиот дуел не само што го диктираа темпото, туку имаа предност и од 16 разлика во финишот од вториот период (57-41). Баерн потоа направи две серии од по 8-0, а пред крајот на третата четвртина веќе го ...

Американскиот гигант во онлајн малопродажба „Амазон“ објави дека ќе отпушти околу 14 000 вработени како дел од поширокото реструктуирање, делумно поттикнато од инвестициите на компанијата во вештачка интелигенција. Официјалната причина за овој потег е желбата на компанијата да ги намали трошоците и да работи како најголемиот стартап во светот. Целта на извршниот директор на „Амазон“, Енди Џаси, е компанијата да остане агилна за да може брзо ...

Едно дете загина, а седум деца и еден маж се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Нови Сад – Белград утрово по три часот. На автопатот Нови Сад – Белград околу 3:30 часот наутро, по наплатната рампа во правец на Белград, се случила тешка сообраќајна несреќа кога комбе излетало од коловозот, пробило заштитна ограда и паднало во канал. Три екипи за итни случаи беа испратени на местото на настанот и интервенираа на ...

Лажни се сите пријави за поставени експлозивни направи во учичишта во Скопје и во Куманово, соопшти МВР по извршените проверки. – Во СВР Скопје и СВР Куманово вчера околу 18 часот пријавено е дека на емаил адресите во 30 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се ...

По ведрото и студено утро, во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб ветер од јужен правец, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе биде од -4 до 4 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се движи од 14 до 20 степени. Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. ...

Месечниот хороскоп за ноември 2025 година ве води низ космичките влијанија што го обликуваат вашиот живот во различни области, вклучувајќи ја љубовта, кариерата, здравјето и личниот раст. Истражете што ѕвездите ви подготвуваат во ноември 2025 година. Ноември 2025 година ветува дека ќе биде полн со настани и трансформација за многу хороскопски знаци. Овој месец ќе донесе нови можности, неочекувани откритија и промени што ќе влијаат и на ...

На 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој, министерката за енергетика Сања Божиновска порача дека енергетската отпорност денес значи способност системите да издржат и да се прилагодат на глобалната неизвесност и геополитичките предизвици. Таа истакна дека иднината припаѓа на диверзифицирани, одржливи и сигурни енергетски решенија и дека енергетската транзиција не е само технолошки, туку и општествен процес што бара храброст и ...

Од Општата болница во Охрид велат дека прво ќе се изврши санација, а потоа што побрзо ќе се стави во функција. Станува збор за објект со површина од 690 м², каде ќе се преместат дел од амбулантските одделенија. „Сепак, тука се соочуваме со некои административни проблеми, бидејќи тој објект е евидентиран како привремен, а не како траен објект, и јас веќе сум во напредна фаза заедно со Општина Охрид за да ги надминеме тие административни ...

Превентивните прегледи се најдобриот начин за рано откривање или спречување на многу заболувања, уште пред појавата на првите знаци или симптоми. Водени од искусен лекар и насочени индивидуално според вашите лични карактеристики, пол, возраст, медицинска и семејна историја, тие можат да откријат ризик- фактори за вашето здравје и да спречат развој на хронични заболувања. Ваквиот пристап овозможува превенција на болести и рано откривање со цел ...

Примероци земени од Кина од далечната страна на Месечината открија седум фрагменти од астероиди кои потекнуваат надвор од земјиниот систем, менувајќи го разбирањето за потеклото на водата и животот во Сончевиот систем. Кинеската мисија Chang-e-6, која ги врати првите примероци од темната и мистериозна далечна страна на Месечината во јуни 2024 година, откри нешто што никогаш порано не е забележано: остатоци од антички вонземјани кои не ...

Образованието е основа за раст и иновации. Јужна Кореја, Финска, Данска, Сингапур, Канада, Германија и Холандија го предводат глобалното образование во 2025 година. Тие комбинираат иновации, пристапност и силно управување за да создадат ученици подготвени за иднината. Дознајте повеќе подолу. Јужна Кореја – Академска извонредност и технолошка интеграција Јужна Кореја е рангирана на прво место во светот по квалитет на образованието во 2025 ...

Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за двајца раководители од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради основано сомнение за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 1 од Кривичниот законик. Притворот е изречен за Сабахадин Рустеми, в.д. директор на претпријатието, и Аки Саити, управител за отпад, поради ...

Неколку основни и средни училишта добија закани за бомби преку е-пошта попладнево. Полицијата е распоредена во сите училишта, а учениците се евакуирани. Полициски извори го потврдија инцидентот за Алсат, велејќи дека официјално соопштение ќе биде издадено по проверката. “Денеска (28.10.2025) околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на емаил адресите во неколку основни училишта пристигнати се пораки за поставени ...

Градоначалникот на Тетово и лидер на Движењето Беса, Билал Касами, реагираше на коментарите на премиерот Христијан Мицкоски во врска со неговата изјава за поддршка на кандидатот на АКИ во Кичево, Фатмир Дехари. Во интервјуто на Алсат, Касами нагласи дека не ја гледа реакцијата на Мицкоски како „опомена“, објаснувајќи дека неговата изјава е извадена од контекст. „Првично, не сметам дека имало каква било опомена. Мора да го земеме предвид ...

Околу 5.000 нови случаи со мозочен удар годишно има во државава и спаѓаме во земји со средна инциденца и преваленца, а тоа значи дека има 200 до 300 мозочни удари на 100.000 жители, а преваленцата изнесува 500 до 600 на 100.000 жители. Ниту една возраст не е поштедена од мозочен удар, значи може да се појави и во детската возраст, изјави проф. д-р Анита Арсовска, шеф на одделот за ургентна неврологија при Универзитетската клиника за ...

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, Сабахудин Рустеми, и уште едно лице од раководството на претпријатието сè уште се наоѓаат во полициска станица, откако вчера беа приведени во врска со проблемот со отпадот во главниот град. „Лицата се задржани и постапката е во тек“, велат од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, од каде повеќе детали најавуваат за подоцна. Рустеми и вториот приведен се во полициската станица ...

Разговорите меѓу Авганистан и Пакистан во Истанбул, со цел постигнување долгорочно примирје, завршија без договор, изјавија два извори запознаени со ситуацијата, што претставува удар врз мирот во регионот по смртоносните судири овој месец. Целта на разговорите беше да се постигне траен мир меѓу двата јужноазиски соседа откако десетици луѓе беа убиени по должината на нивната граница во најлошото насилство откако Талибанците ја презедоа власта ...

На денешната Владина седница помина предлог-буџетот за 2026 година, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Таа истакна дека буџетот ќе биде доставен до Собранието, а е насочен кон одржување на макроекономската стабилност, дисциплинирано управување со јавните финансии и поддршка на економскиот раст. Проекции се економски раст од 3,8 проценти и инфлација од 2,5 проценти. Вкупните приходи се планирани на 374,7 милијарди ...

Денеска СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Р. (38) и А.С. (55) до Основното јавно обвинителство Скопје поради сомненија за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, С.Р. како в.д. директор, а А.С. како управител за отпад во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, заедно постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на својата основна ...

Лабуристичката партија на британскиот премиер Кир Стармер го забележа својот најнизок рејтинг во историјата, додека најпопуларната партија во Велика Британија моментално е „Реформ УК“, додека Зелените се на рекордно високо ниво, според анкетата на „ЈуГов“ објавена денес. Исто така, покажа дека само 17 проценти од Британците изјавиле дека би гласале за Лабуристите доколку изборите се одржат утре, објави „Телеграф“. Десничарската популистичка ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја оцени состојбата на безбедносната архитектура во Евроазија на Меѓународната конференција за евроазиска безбедност во Минск, зборувајќи за „агресивните планови на Западот“, проширувањето на НАТО, перспективите за решение на конфликтот во Украина и односите со Вашингтон. Лавров предупреди дека Русија нема да дозволи Евроазија да стане „феуд на НАТО“, обвинувајќи ги западните земји дека „се ...

Играј одговорно – играта е забава, не ризик! Видеолотарија Касинос Австрија, како општествено одговорна компанија, континуирано ги едуцира играчите за опасностите што може да ги предизвика прекумерното играње игри на среќа. Нашата цел е зголемување на јавната свест за ризиците и промовирање на одговорно однесување при играње. Со постојани активности за информирање и поддршка, компанијата нагласува дека играта треба да остане само забава. ...

Уставниот суд на Шпанија ѝ наложи на владата на земјата да врати околу 26 милиони евра казни изречени за време на карантинот во 2020 година поради пандемијата Ковид-19. Судот пресуди дека делови од вонредните декрети се неуставни, што ги прави многу од казните неважечки, објави „Евровикли њуз“. На врвот на пандемијата во 2020 година, полицијата низ цела Шпанија изрекуваше казни за работи како што се излегување без дозвола или собирање во ...

Одржливата енергија не е политички избор, туку морална обврска кон идните генерации. Секоја нова технологија што ја воведуваме, секој киловат што го произведуваме без загадување е чекор кон економија што ќе ја напојува иднината – порача премиерот Христијан Мицкоски од отворањето на 14. Меѓународен форум за енергетика за одржлив развој што денеска се одржува во Скопје. Мицкоски изрази задоволство што Скопје е домаќин на Меѓународниот форум за ...

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, денес изјави дека земјата се надева дека ќе формира централноевропски сојуз со Чешка и Словачка, земји кои имаат патриотски и суверени влади и делат слични ставови за надворешната политика и украинското прашање. Зборувајќи на маргините на Третата меѓународна конференција за евроазиска безбедност во Минск, Сијарто нагласи дека Будимпешта дели заеднички ставови со Братислава ...

Седумдесет илјади граѓани се пријавиле досега за вакцинација против сезонскиот грип, а веќе се вакцинирани повеќе од 22 илјади лица низ државата, соопшти денеска Министерството за здравство, нагласувајќи дека интересот за вакцинација против сезонски грип континуирано расте. Вакцинацијата, како што се наведува во соопштението, се спроведува на 35 вакцинални пункта, од кои пет се во Скопје. Сите заинтересирани граѓани, додаваат од МЗ, можат да ...

Тежок политички скандал на овие избори се случува во Тетово. Фотографијата што кружи во медиумите, на која се гледа претставникот на НАИ во Тетово, Арди Исмаили, на средба со кандидатката на Левица, Катка Божиновска, е најјасен доказ дека оваа коалиција е подготвена да продаде каква било национална вредност само за да добие власт, стои во соопштението на ВЛЕН. Во текстот се додава: „Да не заборавиме која е Левица, партија која: јавно ги ...

По спроведената истрага, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднело обвинителен акт против едно лице за кривично дело убиство. Како што соопшти државното Јавно обвинителство, обвинетиот 43-годишник, на 27 јули годинава од користољубие го лишил од живот својот помлад брат. -На роденденот на жртвата, двајцата браќа започнале да се расправаат, бидејќи обвинетиот верувал дека неговиот брат сака да го преземе целиот имот. Поттикнат од ...

Првиот круг од локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник со освојување на 33 општини и мнозинство во совети во поголемиот дел од општините. Вториот круг е нов предизвик, но кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во трката влегуваат со значителна предност од противниците во 21 од 27 општини, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се додава: „Предноста на Орце Ѓорѓиевски во Скопје со разлика од над 60 илјади гласа е ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
81%
1017
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
5.14
58%
1014
weather icon

Загреб

11ᴼ / 5ᴼ
2.57
49%
1019
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1015
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
3.44
60%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
85%
1019
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.6
75%
1014
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
71%
1016
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
43%
1018
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 7ᴼ
1.03
60%
1010
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
50%
1014
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
3.09
80%
1014
Currency

61.6317

Currency

52.6828

Currency

71.0562

Currency

37.583

Currency

38.4534

Currency

66.9932

Currency

7.7178

Currency

0.69429

Currency

0.32976

Currency

0.52422

Currency

1.17288

Currency

0.55935

Злато

151336.48

Калај

50.34

Алуминиум

3.59

Родиум

326330.08

Паладиум

46843.64

Рутениум

53788.20

Бакар

12.11

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Платина

64365.79

Кобалт

45.39

Сребро

2399.81