Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Одѕивот на изборите за градоначалници и советници, според подфатоците на ДИК, за првпат нема да надмине 50 проценти во првиот круг. Излезноста во првиот круг на осмите локални избори, од независноста на земјава досега, што се одржаа вчера, најверојатно ќе биде најмала досега со 48.29% според обработени 99.94% избирачи од 3 472 избирачки места од вкупно 3 474. Најголема излезност во првиот круг на изборите за градоначалници во земјава имало на ...
Европската унија ја разгледува можноста идните членки да се приклучат кон блокот без целосни права на донесување одлуки, вклучително и право на вето, со цел да го забрза процесот на проширување, дознава Политико од Брисел од дипломатски извори. Предлогот, кој е сè уште во рана фаза и бара едногласно одобрување од сите 27 земји-членки, би им овозможил на новите држави да уживаат во поголемиот дел од придобивките од членството, додека тие би ...
Според досега целосно обработените резултати од гласањето, во 11 општини градоначалниците се избрани уште во првиот круг од локалните избори. Најмногу победи забележа ВМРО-ДПМНЕ, чии кандидати триумфираа во осум општини, СДСМ во прв круг засега победи во една општина, исто како и НАИ и ВЛЕН. Победници од ВМРО ДПМНЕ се Славе Андонов во Василево (73,97%), Коста Маневски во Зелениково (57,19%), Ѓорѓе Божинов во Ново Село (58,86%), Александар ...
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, доцна синоќа на прес-конференција изјави дека неговата партија станува новиот лидер на опозицијата во Македонија, нагласувајќи го континуираниот раст на поддршката од граѓаните во последните изборни циклуси. „Од 8 кандидати за градоначалници во 2021 година, сега имаме 20. Од 38 советнички листи – 53, во вкупно 80 општини. Од 50.000 гласови пораснавме на над 75.000. Од 48 советници, сега имаме над 70 ...
Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура се движи во интервал од еден до осум Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен ...
Меѓународните набљудувачи денеска на прес-конференција ќе ги презентираат своите наоди за Локалните избори 2025 во Република Северна Македонија. Меѓународното набљудување на изборите е заедничка мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), Конгресот за локални и регионални власти на Советот на Европа и Европскиот парламент. Мисијата вклучува вкупно 276 набљудувачи од 40 земји, составени од 254 експерти и ...
Според првичните резултати објавени досега од Државната изборна комисија (ДИК), кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, води со освоени 41,04% од гласовите. Зад него се Башким Бакиу од ВРЕДИ со 17,05% и Скендер Реџепи од НАИ со 15,56%. Следуваат Амар Мециновиќ од Левица со 10,47% и Каја Шукова од СДСМ со 9,42%. Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, исто така, бележат водство и во повеќето скопски општини. Во општина ...
Актуелниот градоначалник на Општина Карпош и кандидат на коалицијата „Искуство за успех“, Стевчо Јакимовски, објави дека влегува во вториот круг од локалните избори, каде што ќе се соочи со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски. „Јасно е изразена волјата на граѓаните. Гласовите на опозицијата се дупло повеќе во однос на ВМРО-ДПМНЕ. Очекувам во вториот круг поддршка од сите опозициски сили“, изјави Јакимовски на вечерашната ...
Сè поизвесно станува дека нашиот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, влегува во втор круг – изјави членот на Централниот комитет на Левица, Круме Богевски, на денешната прес-конференција. Богевски изјави дека во Левица постои исклучително задоволство од изборните резултати, кои постојано се ажурираат. Рече дека според информациите, Левица е втора партија во урбаните средини како Кисела Вода, Аеродром и Карпош, веднаш по ...
Независниот кандидат за градоначалник на Струга Менди Ќира и кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ) Арсим Далипи, според првичните информации на Државната изборна комисија ќе се борат за градоначалничката позиција во вториот круг на локалните избори. Ќира на прес-конференција вечерва се заблагодари до сите граѓани што гласале, како што рече, одговорно и не подлегнале на провокации, закани и манипулации. – Денес е ден кога ...
Не ни е важно со кој ќе се натпреваруваме во вториот круг, ЗНАМ ќе победи. Ова вечерва го соопшти кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски од ЗНАМ. „Им благодарам на партнерите од ВМРО-ДПМНЕ за поддршката, ние сме најбројни, а ВМРО-ДПМНЕ втори во Советот и тоа значи дека општината ќе функционира непречено“, рече Димитриевски. На славеничката атмосфера на плоштадот во Куманово, по прес-конференцијата на Димитриевски се ...
Од досега обработени 75,37 отсто од гласовите и податоци од 2 755 Избирачки места од вкупно 3 474, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата водат во вкупно 54 општини, СДСМ и Коалицијата во 8, Коалицијата ВЛЕН во 8 Националната алијанса за интеграција во 5. Кандидатот на ЗНАМ Максим Димитриевски води во Куманово, Курто Дудуш од Унијата на Роми во Шуто Оризари, Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците во Центар Жупа. ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва на прес-конференција објави победа во три општини во првиот круг од локалните избори – Крива Паланка, Кривогаштани и Богданци. Кандидатите на СДСМ, како што рече, водат и во девет други општини каде што ќе се оди во втор круг на 2 ноември. „Од пребројаните близу 70 отсто од гласовите водиме во девет општини – Центар, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново-Облешево, Валандово, Конче, Крушево, Лозово и ...
Кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, Петар Јанков, вечерва прогласи победа. Тој во своето обраќање истакна дека по 20 години падна бастионот на СДСМ во Струмица. -Според податоците од нашиот аналитички центар од обработените 82 отсто од обработените гласови ВМРО – ДПМНЕ води со 12.223 гласови наспроти противникот со 7.908 гласови. Тоа укажува на разлика од повеќе од 4.000 гласови. Очекувам во 17 избирачки ...
Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, му ја честита победата на својот противкандидат од ВЛЕН, Изет Меџити, и најави дека за следните политички чекори ќе ја информира јавноста наредните денови. „Честитки до мојот противкандидат и целата коалиција што застана зад него, тие се победници на изборите во Чаир и им посакувам успех во водењето на општината во следните четири години. За следните политички чекори, во следните ...
Јавните обвинителства во текот на целиот ден интензивно го следеа изборниот процес и сите известувања со евентуални индиции за сторено кривично дело поврзано со изборите, рече претседателот на привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење на постапувањето по евентуални кривични дела поврзани со изборите, јавниот обвинител Џељаљ Бајрами. „Генерално, бројот на такви информации кои упатуваат на сомненија за сторени кривични дела е мал ...
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, води со освоени 41,24 од гласовите според првичните резултати објавени досега од Државната изборна комисија (ДИК). Зад него се Башким Бакиу од ВЛЕН со 13,12 и Амар Мециновиќ од Левица со 12,09%, потоа Скендер Реџепи од НАИ со 11,84 и Каја Шукова од СДСМ со 10,78%. Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, исто така, бележат водство и во повеќето скопски општини. Во општина Аеродром, ...
Државната изборна комисија на својата веб-страница почна да ги објавува резултатите од првиот круг на Локалните избори 2025. Од досега обработени 30,68 отсто од гласовите и податоци од 1 278 Избирачки места од вкупно 3 474 кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата водат во вкупно 53 општини, Коалицијата ВЛЕН и СДСМ во 8 општини, Националната алијанса за интеграција во 7 и Демократската партија на Турците во една општина. ...
Разликата е некаде 3:1, а веќе победивме во: Кисела вода, Радовиш, Берово Ѓорче Петров, Гази баба, Пехчево Делчево Гевгелија Сопиште, Штип Велес, Јагуновце, Вевчани и многу други општини…Орце води убедливо, убедливо за Скопје. Бројките ги собираме и да бидеме прецизни, рече Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ. Разликата е толку убедлива и огромна што нема причина за алиби за СДСМ..за ДУИ – Али има време да си го анализира својот пораз..Макеоднија ...
Членови и симпатизери на коалицијата ВЛЕН веќе слават победа во Општина Чаир. Преполно е во седиштето на ВЛЕН што се наоѓа веднаш до плоштадот „Скендербег“ на влезот во Старата скопска чаршија. Насобрани има и на самиот плоштад „Скендербег“. По улиците се слушаат свирежи од возила. Погледнете ги видеата од седиштето на ВЛЕН и од атмосферата на плоштадот „Скендербег“. Прес-конференција одржа и Изет Меџити, кандидатот за градоначалник за Општина ...
Во Општина Центар Жупа не е обезбеден потребниот цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело кое изнесува 7551 лице, потврди за МИА, Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија. Во оваа општина во трка за градоначалник беа тројца кандидати, Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, кој се бореше за четврт мандат, Алил Емрула од Движење за национално единство на Турците и Инает Баки од Партијата за ...
Крадците што утрово го ограбија музејот Лувр во Париз украдоа осум непроценливи предмети, а деветтиот што се обидоа да го украдат беше пронајден на местото на настанот, изјави париската обвинителка Лорејн Беко. Беко за телевизијата BFM изјави дека крадците не го нишанеле ниту го украле светски познатиот дијамант Regent, кој се наоѓа во истата галерија во која провалиле и се проценува дека вреди повеќе од 60 милиони долари. Таа рече дека ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на прес-конференција зборуваше за апсењата што се случија денес. „Гордо велам дека денешните избори беа најмирни и најдемократски досега. Денес бевме сведоци дека кога институциите функционираат, демократијата расте. Пријавени се 91 случај низ цела Македонија, од кои повеќето се поврзани со купување гласови, фотографирање гласови и слично. 11 лица се уапсени, четворица се ослободени, додека ...
Француската министерка за култура, Рашида Дати, изјави дека еден од парчињата накит украден од Лувр утрово е пронајден, а француските медиуми објавија дека станува збор за круната на царицата Евгенија. Предметот е пронајден во близина на местото на грабежот, очигледно откако паднал во рацете на крадците, а Дати рече дека неговата вредност моментално се проценува. Според француските медиуми, од Лувр се украдени помалку од десет вредни предмети ...
ВМРО – ДПМНЕ во првиот круг од изборите ќе победат и ќе добијат градоначалници во Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, Аеродром, Охрид, Ресен, Градско, Василево, Радовиш, Штип, во Струмица, Босилово, Ново Село и Вевчани и Прилеп, најави вечерва членот на Извршниот комитет на партијата Антонио Милошоски повикувајќи се на прелиминарни резултати од Аналитичкиот центар на партијата. Милошоски истакна дека првпат по 20 години ВМРО-ДПМНЕ ќе добие ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по остварувањето на своето гласачко право на локалните избори рече дека верува оти тоа ќе го сторат и другите граѓани. Очекува триесетгодишното изборно искуство да се повтори, а тоа се пристојни, фер и демократски избори. „Очекувам демократски избори. Малку е покомплицирано на прв поглед, има повеќе листи, но според мене тоа им дава поголем демократски легитимитет на изборите“, рече таа. Посакува она ...
Арбр Адеми од Коалицијата Националната алијанса за интеграција (НАИ) попладнево на прес конференција истакна голема благодарност до граѓаните кои учествувале на гласањето. „Овие избори за нас беа повеќе од локални избори, досега е завршен еден многу важен дел од демократскиот процес, но сега започнува другата подеднакво важна фаза на броење, администрирање и зачувување на интегритетот на гласот“, вели Адеми. Тој упати повик до изборната ...
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ; Тимчо Муцунски изборниот ден го оцени како мирен и демократски, изразувајќи очекување дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат победници во најголемиот број од општините. „На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Ќе победиме во најголем дел во општините од државата. Денес Македонија имаше мирни и успешни избори кои ги задоволуваат највисоките критериуми за демократски изборен процес. За тоа ...
Во 19 часот се затвораат избирачките места, а неофицијалните резултати од Локалните избори што се одржаа денеска се очекува да бидат познати во следните неколку часа. Државната изборна комисија најдоцна за 12 часа по завршувањето на изборите треба да ги објави првичните резултати од гласањето. Ако во првиот круг ниту еден кандидат за градоначалник на општина не го добил потребното мнозинство гласови во согласност со член 132 став 1 од Изборниот ...
На прес конференцијата по затворањето на гласачките места, ВЛЕН го оцени дека изборниот ден поминал во мирна и демократска атмосфера и им се заблагодари на граѓаните за покажаната демократска и граѓанска свест. „Процесот на гласање на Локалните избори се одвиваше мирно и уредно во сите општини на земјата. Според информациите од теренот процесот беше реализиран без поголеми неправилности. ВЛЕН им се заблагодарува на сите граѓани кои денеска ...