Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Судот го продолжил притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за нови 30 дена, изјави бранителот на Нино Васев, адвокат Боби Спирковски, по денешното судење за случајот „Онкологија 2“, најавувајќи жалба на Апелација. Апелација, нагласи Спирковски, е таа што треба да го реши овој случај, бидејќи Апелација и го одреди притворот, потсетувајќи дека првостепениот суд првично го одбил предлогот на Обвинителство за ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровии Сања Божиновска не очекува проблем во снабдувањето со гас откако Советот на ЕУ вчера постигна договор за преговарачката позиција на земјите членки за Предлог-регулативата за прекин на увозот на руски енергенси. Божиновска, денеска на новинарско прашање рече дека до 2027 година треба да биде готов гасоводот со Грција и оти на ниво на ЕУ ќе се бара алтернативно решение. – Тоа важи за ...
Кабелот што се скина во смртоносната несреќа на жичницата во Лисабон минатиот месец не ги исполнувал потребните спецификации, според прелиминарниот извештај од истрагата. Видот на кабел што се користи од 2022 година не бил сертифициран за превоз на патници или погоден за жичници, соопшти во понеделник Генералната влада на Португалија за спречување и истрага на воздушни и железнички несреќи (GPIAAF). Шеснаесет лица загинаа, а 21 беа повредени, ...
Градежните работници во понеделник почнаа да рушат дел од Источното крило на Белата куќа за да ја изградат долгоочекуваната балска сала за американскиот претседател Доналд Трамп. Беше виден багер како ја урива фасадата на зградата, дел од комплексот на Белата куќа во кој се наоѓаа канцелариите на првата дама, театар и влез за посетители каде што беа пречекани странски достоинственици. Се очекува проектот за балската сала да чини повеќе од 250 ...
Доцна синоќа голем пожар избувна во рафинеријата за нафта на MOL во Сажаломбата, на околу 30 километри југозападно од Будимпешта. Медиумите во Унгарија пишуваат дека „небото поцрвенело“ и дека околу 50 пожарникари ја поминале целата ноќ обидувајќи се да го стават пожарот под контрола, што успеале да го направат дури во зори. Социјалните мрежи беа преплавени со фотографии и видеа од пожарот, кој бил видлив од сите околни места, вклучително и ...
Специјализираниот кривичен суд во словачкиот град Банска Бистрица го осуди Јурај Цинтула на 21 година затвор за обидот за атентат врз премиерот Роберт Фицо во мај минатата година. Цинтула (72) го застрела Фицо во Хандлова на 15 мај минатата година, каде што се одржуваше седница на словачката влада, и беше прогласен за виновен за тероризам, но пресудата сè уште не е конечна, објавува TASR. Пресудата што денес му е изречена на напаѓачот на ...
Второто коло од Европскиот клупски куп во шах, кој се одржува на грчкиот остров Родос, донесе убедлива победа од 6-0 за интернационалниот состав на ШК Алкалоид. “Жртва” на фармацевтите беа домашните шахисти од клубот Ипотитис Родос (Витезите од Родос), кои според просечниот рејтинг од 2.341 поен котираа во првата третина од стартната листа. Мечот беше отворен со првата победа, која се случи на последната шеста табла, на која ВМ Абиманју Пураник ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес објави дека ќе ги продолжи телефонските контакти со американскиот државен секретар Марко Рубио. „Се согласивме да ги продолжиме овие телефонски контакти со цел подобро да разбереме каде сме и како да се движиме во вистинската насока“, рече Лавров на брифинг за медиумите, пренесува РИА Новости. Еден ден претходно, Лавров и Рубио одржаа телефонски разговор во кој разговараа за можни ...
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денес изјави дека медиумските извештаи за можноста рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп да пристигнат со ист авион во исто време на самитот во Будимпешта се фантастично сценарио и далекусежна теорија. „Го сметам ова за фантастично сценарио“, рече Песков, пренесува ТАСС. Песков додаде дека ниту Путин ниту Трамп не зборувале за точните датуми на средбата, бидејќи такво ...
Мобилни царински тимови спречиле обид за криумчарење на пет мигранти на граничниот премин Богородица, соопшти денеска Царинската управа. Службата за мобилен скенер на граничен премин Богородица открила обид за криумчарење на мигранти, државјани на Сиера Леоне, Египет и Екваторска Гвинеја. Случајот е откриен при контрола на товарно возило со влекач со косовски регистарски таблички и приколка со македонски регистарски таблички. При извршен ...
Полските безбедносни служби приведоа осум лица, осомничени дека подготвувале саботажи во повеќе региони во земјата, соопшти премиерот Доналд Туск, пренесе Ројтерс. Како што јавува агенцијата, официјални претставници на земјата изјавиле дека Полска е цел на тактики што вклучуваат предизвикување пожари и кибернапади како дел од од „хибридната војна“ што ја води Москва за дестабилизација на државите што ја поддржуваат Украина во нејзината одбрана ...
Најбрзиот воз во светот, „ЦР-450“ почна со серијата пробни возења на брзата железница во Кина. За почеток, тој достигна брзина од 453 километри на час. Серијата возови дизајнирани за максимална тест-брзина од 450 км/ч и комерцијална брзина од 400 км/ч, моментно се подложени на квалификациски тестови на брзата железница што го поврзува источниот град Шангај со западниот град Ченгду, објави „Шинхуа“. Брзиот воз достигнува забрзување од 350 км/ч ...
Средбата меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио бара подготовка, објави државната новинска агенција РИА, повикувајќи се на рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков. Очекуваната средба меѓу Рубио и Лавров се смета за клучен подготвителен чекор за вториот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин оваа година во Унгарија. ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, бара Владата да прогласи вонредна состојба поради состојбата со сметот во градот. Информира дека јавното комунално претпријатие изминатите пет дена воопшто не се појавило на улиците во Центар за да го собере ѓубрето и вели оти состојбата е алармантна. „Ова ги надминува сите граници. Се соочуваме со огромни проблеми, а набрзо не дај Боже и зарази. Нашите хигиеничари се во две смени, имаме ...
Кошаркарот на Хјустон, Кевин Дурант, се искачи на врвот на листата на играчи со најголема заработка само од клупски договори во НБА лигата. Досега, таа позиција ја држеше Леброн Џејмс со 583,9 милиони долари. Двегодишниот договор на Дурант со Рокетси, вреден 90 милиони долари, му донесе и поместување на врвот на оваа престижна листа на најплатени играчи во историјата на најсилната лига. Со новиот потпис, Дурант заработил 598,2 милиони долари во ...
Унгарија ќе ги искористи сите политички и правни алатки за да спречи усвојување на предлогот REPowerEU кој има за цел забрана на увоз на руска енергија во Европската унија, изјави вчера во Луксембург унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто. Според соопштение на унгарското Министерство за надворешни работи и трговија, кое го пренесе mfor.hu, министерот на прес-конференција по состанокот на Советот на ЕУ за надворешни работи и ...
Врз основа на бројот на освоени општини и на општините во кои одиме во втор круг, политички победник на овие избори е коалицијата ВРЕДИ и ние сме втората политичка сила во Македонија, изјави Башким Бакиу од ВРЕДИ попладнево на прес-конференција на која присуствуваа лидерите на четирите политички субјекти во оваа коалиција. Како што рече, „ВРЕДИ е победник во пет општини во првиот круг, во шест оди во втор круг и сме победници за градоначалник и ...
Поранешниот француски претседател Никола Саркози утрово пристигна во парискиот затвор Санте, каде што ќе отслужи петгодишна затворска казна, објавија француските медиуми. Саркози рано утрово го напушти својот дом, придружуван од сопругата Карла Бруни и децата, додека неговите собрани поддржувачи му аплаудираа, го извикуваа неговото име и ја пееја „Марсељезата“, објавува порталот BFMTV. По кратката средба со поддржувачите, Саркози влезе во ...
Цените на нафтата паднаа под 61 долар на меѓународните пазари денес, поради мрачни проценки за вишок понуда и знаци за затоплување на односите меѓу САД и Русија што би можело да значи полесен пристап до руска нафта. На лондонскиот пазар, цената на барел по пладне беше за 72 центи пониска отколку на затворањето на трговијата на крајот од минатата недела, на 60,57 долари. На американскиот пазар, барелот се тргуваше по цена за 66 центи пониска, на ...
Известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц, изрази надеж дека по локалните избори, земјава ќе ги направи потребните уставни измени за вклучување на бугарската заедница како малцинство во македонскиот Устав, со цел откочување на евроинтеграциите. Во изјава за Европската новинска редакција (ЕНР), чиј дел е и Медиумската информативна агенција (МИА), Вајц вели дека усвојувањето на уставните измени ќе го отвори патот за ...
Полска го предупреди рускиот претседател Путин да не лета над нејзиниот воздушен простор за средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, велејќи дека може да биде принудена да изврши меѓународна потерница ако тој го стори тоа. Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изјави дека не може да гарантира дека независен полски суд нема да ѝ наложи на владата да придружува таков авион за да го предаде Путин на ...
Во периодот од 2017 до 2025 година, бројот на неважечки ливчиња на локалните избори во Македонија расте, со особено нагласен пораст во последниот изборен циклус. Во 2017 година, во првиот круг од локалните избори за градоначалници биле регистрирани 45.551 неважечки ливчиња. Овој број се намалил во 2021 година, кога беа евидентирани 19.127 неважечки ливчиња за градоначалници, но истовремено имало 37 959 неважечки ливчиња за советнички листи. На ...
Лидерите на европските земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција, Германија, Украина и Европската Унија, денес издадоа заедничка изјава во која изразија поддршка за напорите на Украина и американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување договор за прекин на огнот на украинскиот фронт. „Цврсто го поддржуваме ставот на претседателот Трамп дека борбите мора веднаш да престанат и дека сегашната линија на контакт треба да биде почетна ...
Од јуни 2026 година, Црна Гора и Албанија ќе се приклучат на единствениот пазар на ЕУ за телекомуникациски услуги, со што ќе се стави крај на роамингот меѓу овие земји и ЕУ. Граѓаните ќе можат да остваруваат повици и да користат мобилни податоци по цени како да се во својата матична земја. Патувањето во Црна Гора и Албанија од ЕУ ќе стане поевтино благодарение на укинувањето на трошоците за роаминг. Овој потег е дел од поширока иницијатива за ...
Нереализирањето на цензусот во општините Гостивар и Врапчиште е најјасниот одговор на политичките акробации што со месеци се правеа во име на Албанците, но за лични интереси, се наведува во соопштението од ВЛЕН. Во текстот се додава: „Ова е, пред сè, порака до Арбен Таравари, а потоа и до Исен Шабани, кои помислија дека Албанците ќе ги следат во нивните политички игри, менувајќи ги принципите како ситни пари. Иако се обидуваат да најдат ...
Филипче, клонот на Заев, ја руинира СДС, историски дебакл на некогаш големата СДС. Дебаклот што се случи на локалните избори е знак дека СДС тоне во нивната ароганција, аздисаност и водење политики спротивно на интересите на народот, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се додава: „На локалните избори СДС освои околу 126 илјади гласови на советничките листи, што претставува убедливо најлош резултат во историјата. Или во број на ...
Белата куќа се обидува да го зачува договорот за прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас и покрај загриженоста дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху би можел да започне целосен напад врз окупираната палестинска енклава и со тоа да го поништи договорот постигнат со посредство на САД, изјавија денес неименувани американски претставници. Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, треба да отпатува во Израел денес за да им ...
Најмалку едно лице загина, а десетина се повредени откако силно торнадо синоќа ја погоди општината Ермон во францускиот департман Вал-д’Оаз. Невремето остави зад себе сцени на пустош, предизвикувајќи голема материјална штета и целосен прекин на сообраќајот, јавува BFMTV. Силниот ветер корнеше дрвја, креваше покриви од куќи и превртуваше автомобили. Особено драматични беа сцените од три срушени градежни кранови кои паднаа врз ...
Надежите на американскиот претседател Доналд Трамп за средба со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта бледнеат откако беше одложен подготвителниот состанок меѓу министрите за надворешни работи на двете земји оваа недела, објави Си-ен-ен. Повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање, Си-ен-ен објави дека причината за одложувањето на состанокот меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни ...
Променливо облачно со сончеви периоди – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Во крајните јужни и источни делови од земјава ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 10 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 12 до 19 степени. Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од ...