Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Италијанската премиерка Џорџија Мелони денес повтори дека нејзината влада нема да ја признае државата Палестина сè додека Хамас не биде разоружан и не престане да има каква било улога во управувањето со Газа. „Хамас мора да прифати дека нема никаква улога во привремената администрација и во идната палестинска држава и мора да биде разоружан за да се спречи да продолжи да претставува закана за регионалната стабилност“, изјави Мелони пред ...
СДСМ ја продолжува битката за уште 17 општини, ги повикуваме граѓаните масовно да излезат на галсање во вториот круг и да гласаат за кандидатите на СДСМ, докажани и чесни луѓе кои уште во првиот круг јасно докажаа дека имаат што да понудат, се наведува во соопштение на СДСМ. Во текстот се додава: „ВМРО-ДПМНЕ не може да го скрие падот а бројките се јасни и немилосрдни кон нив. Анализата на пратенички места според гласовите е прецизна математичка ...
Кинеската влада усвои нови правила што влијаат врз инфлуенсерите и креаторите на содржини на социјалните мрежи, барајќи од оние што се занимаваат со теми како што се медицината, правото, финансиите, образованието или здравството да имаат соодветни дипломи или квалификации. Според најавата, платформи како што се Douyin (кинеската верзија на TikTok) и Weibo ќе бидат обврзани да ги потврдат овие акредитиви. Во случај на прекршоци, казните можат да ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо денес изјави дека Братислава веројатно ќе го поддржи 19-тиот пакет санкции на Европската Унија против Русија доколку нејзините барања бидат вклучени во заклучоците од самитот на лидерите на блокот оваа недела. Фицо, исто така, најави дека ќе се сретне со германскиот канцелар Фридрих Мерц пред самитот. „Значи, ако ги видиме заклучоците што ги протуркавме, ќе ги разгледам повторно вечерва и веројатно ќе му кажам на ...
Ерлинг Халанд вчера постигна еден гол за својот тим на гостувањето кај Виљареал во триумфот од 0-2. Со тоа Халанд го израмни рекордот на Кристијано Роналдо, а следниот меч може и да го урне. Норвежанецот погоди на 12 последователни меча во сите натпреварувања, и така сега е на исто рамниште со легендарниот португалски стрелец. Халанд постигнуваше голови против Брајтон, потоа против Финска, Молдавија, со Манчестер Јунајтед, против Наполи, ...
Серија на земјотреси ноќеска се случиле на тлото на Средна и на Јужна Америка. Првиот земјотрес беше во Аргентина, во провинцијата Ла Риоха со јачина од 5,7 степени. Епицентарот се наоѓал приближно 188 километри северозападно од градот Сан Луис, дом на околу 183.000 жители. Шест минути подоцна се случил моќен земјотрес во Костарика, во провинцијата Сан Хозе со јачина од 5,9 степени. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), ...
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус, предупреди дека здравствената криза во Газа е „катастрофа“ што ќе трае со генерации. Тој повика на значително зголемување на хуманитарната помош за да се задоволат непосредните и долгорочните потреби на населението на територијата, објави Би-Би-Си. Гебрејесус нагласи дека прекинот на огнот што стапи на сила на 10 октомври овозможи поголем проток на медицинска ...
Француската полиција сè уште интензивно трага по четворицата осомничени кои во неделата извршија дрска кражба во прочуениот Лувр, при што успеале да побегнат со непроценлив накит. Според весникот „Ле Фигаро“, во потрагата се вклучени шеесет истражители од специјалната единица BRB, кои ги следат сите можни траги, вклучително и ДНК материјали пронајдени на предмети што крадците ги оставиле зад себе. Како што јавува „Ле Паризиен“, полицијата ...
Лука Дончиќ маестрално ја отвори новата сезона во НБА лигата, но Голден Стејт Вориорс лесно триумфираше над Лос Анџелес Лејкерс, со резултат 119-109. Плејмејкерот од Словенија постигна 43 поени, со 12 скока и девет асистенции, но ниту тоа не беше доволно за почетно славје. Проблемот беше што имаше поддршка само во Ривс, кој постигна 26 поени, со пет скока и девет асистенции. Двајцата заедно постигнаа 69 поени, остатокот од тимот заедно 40! На ...
Цените на златото денес малку закрепнаа откако нивниот спектакуларен пораст беше нагло запрен претходниот ден. Вчера, цената на овој благороден метал падна за повеќе од 5 проценти, што претставува најголема распродажба во повеќе од една деценија, пишува CNN. Падот на цената на златото, кое традиционално се смета за безбедно засолниште во неизвесни времиња, дојде откако инвеститорите одлучија да го заработат профитот по рекордниот пораст. Друга ...
Просечната цена за закуп на метар квадратен станбен простор во општина Карпош во третиот квартал изнесува 357 денари, во Центар 355, а во Аеродром 327, покажуваат денеска објавените податоци од Регистарот на цени и закупнини во третиот квартал годинава. Од 1 јули до 30 септември евидентирани се вкупно 2.184 закупи. Најголем број, 787, се закупи на станови (36 проценти), по што следуваат закупите на деловни простори, 740 (34 проценти), на куќи, ...
Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинителен предлог против поранешната директорка на Државниот ученички дом „Мирка Гинова“ за продолжени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување исправа, како и прекршувања на Законот за трансформација во редовен работен однос. Обвинителството утврдило дека со повеќе злоупотреби во текот на 2022 и 2023 година, обвинетата предизвикала штета на домот преку неколку ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). „Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени“, се вели во прогнозата на синоптичарите. И во главниот град ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. „Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени“, ...
Во обраќање од Белата куќа, Трамп нагласи дека Москва одбива да се согласи на прекин на огнот долж постојната линија на фронтот, што, според него, претставува клучна пречка за одржување на самитот. „Им реков: ‘Пресечете и запрете ги сите активности на линијата на фронтот. Одете дома. Престанете да се борите, престанете да убивате луѓе’“, изјави Трамп, поддржувајќи го предлогот за замрзнување на конфликтот што веќе доби поддршка од Киев и ...
Во астрологијата, октомври традиционално се смета за период на барање рамнотежа и преиспитување на вредностите. Тоа е момент на транзиција од меката енергија на Вага кон трансформирачката моќ на Скорпија – време кога, според хороскопот, е важно не само да се зачува внатрешниот мир, туку и да се биде подготвен за длабоки промени. Младата месечина на 21 октомври 2025 година се јавува во знакот на Вага, што значи дека главните теми на овој циклус ...
Секој може да биде херој во очите на своето дете, но само еден е семеен херој во очите на сите! Новата Opel Frontera е совршен SUV! Од Еуроимпекс бевме поканети да се запознаеме со најновиот модел на Opel, новата Opel Frontera во дворот на Roosty во прекрасна германска атмосфера. На самата прмоција на моделот имавме можност да видиме две прекрасни верзии. Едната во промотивната Kanyon портокалова боја во GS ниво на опременост, а другата во ...
Од Обвинителството информираат дека дејствијата се во тек, а повеќе детали ќе бидат објавени утре По наредба на Основното јавно обвинителство Прилеп, Управата за финансиска полиција започна постапка поврзана со наводи за злоупотреби во работата на прилепската болница. Од Обвинителството информираат дека дејствијата се во тек, а повеќе детали ќе бидат објавени утре. Се очекува активностите да вклучат преглед на документација и други мерки кои ќе ...
Новоизбраниот градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, најави нов циклус на инфраструктурни инвестиции, нагласувајќи дека градежните активности во Стар Чаир се одвиваат со силен интензитет и според највисоки стандарди. „Со голем интензитет и целосна посветеност продолжува изградбата на улиците во Стар Чаир. Секојдневно се работи по план и со одговорност, за Чаир да го добие развојот што го заслужува. Уредна и достојна ...
По двонеделната репрезентативна пауза, денеска со четири меча од 1/8 финалето во Купот на Македонија, домашниот фудбал се враќа на сцената. Во Куманово составот на Башкими го пречекува Силекс и посакува реприза од оној првенствен меч во ПМФЛ сезонава кога кумановци славеа против кратовци. Тешко гостување и за Пелистер под водство на новиот стратег Милан Стојаноски и тоа кај Шкендија Арачиново во Скопје. Струга ТЛ гостува во Ѓорче каде се ...
Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп, што ве очекува во следните седум дена на работа, во љубовта, во вашиот дом и семејство, дали ќе се сложувате со вашето семејство и пријатели, како ќе ви служи вашето здравје. Овен (21.3 – 20.4) Работа: Обидете се да поработите на вашата самодоверба. Нема причина да се чувствувате инфериорно кога се среќавате со вашите колеги. Работете на градење на себеси и дополнително едуцирање. Имате сите ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека им рекол на регионалните земји и на Израел „сè уште не“ кога понудиле да влезат во Појасот Газа „со силна сила“ за да се справат со Хамас. Трамп напиша на мрежата Truth Social дека бројни сојузници на Блискиот Исток „експлицитно и силно“ ја изразиле својата подготвеност, на негово барање, да влезат во Газа и да го „поправат Хамас“ ако групата продолжи да го „крши својот договор“. Американскиот ...
Српските власти го прифатија барањето на Основното јавно обвинителство Битола, преку Канцеларијата за поврат на имот во Јавното обвинителство на РСМ, за замрзнување имот – 10 нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година за правно лице со седиште во Белград за кое е утврдено дека има сопственичка поврзаност со лице осомничено за злоупотреби во РЕК Битола против кое беше поведена истрага на 9 октомври. Од српските органи беше побарано ...
Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, кои биле членови на Управниот одбор на Клиниката за онкологија од 2018 до 2024 година, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за „Онкологија 2“, кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал. Сведокот, кој од 2018 до 2024 година бил ...
Основното јавно обвинителство Скопје веќе постапува и презема дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело во врска со состојбата со отпадот во Скопје. Како што информираат од ЈОРСМ, јавниот обвинител издал наредби до МВР и до други надлежни органи за итно постапување и проверки во однос на работењето на ЈП „Комунална хигиена“. Доставени се барања до комуналните инспекциски служби да извршат вонреден инспекциски надзор и да ја ...
За вакцинација против сезонски грип се пријавени околу 60 илјади граѓани, а досега се вакцинирани над 8 илјади лица, информираат од Министерството за здравство. Вакцинацијата, како што се наведува во соопштението, се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет се во Скопје. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку матичниот лекар. -Со бесплатната вакцинација се опфатени ...
Одлуката на Советот на Европската Унија за забрана на транзит на руски гас преку EУ до трети земји, меѓу кои е и Македонија нема да има влијание врз државава – изјави Министерката за енерегетика Сања Божиновска. Таа истакна дека земјава троши околу 500 илјади кубни метри гас годишно, а до 2027 година се очекува да биде завршен гасоводот со Грција. Иако интерконекторот се уште не функционира, државата веќе една година плаќа по 250 илјади евра ...
Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи во координација со Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје да извршат вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и во Комунална хигиена со цел да се утврди состојбата со отпадот во главниот град и да се преземат соодветни мерки. – Состојбата е алармантна и иако надлежноста е на Град ...
Јапонскиот парламент официјално ја избра Санае Такаичи за премиерка, со што стана првата жена на оваа позиција во историјата на Јапонија. Такаичи, 64-годишна ултраконзервативна политичарка, ја презеде функцијата откако нејзиниот претходник Шигеру Ишиба поднесе оставка. Такаичи беше избрана откако нејзината партија, Либерално-демократската партија (ЛДП), формираше коалиција со десничарската Јапонска партија за иновации (Ишин но Каи), ...
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс слета во Израел во вторник (21 октомври)за да го поддржи кревкиот договор за прекин на огнот во Газа, откако претседателот Доналд Трамп го предупреди Хамас дека ќе биде уништен доколку го прекрши примирјето. САД и ЕУ ја прогласија Хамас за терористичка организација. Специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф и зетот Џаред Кушнер, веќе беа во Тел Авив, каде што се сретнаа со израелските заложници ...
Водите на Северниот Пацифик го забележаа своето најжешко лето досега, а мистериозен морски топлотен бран ги збунува климатолозите, покажа анализа на Би-Би-Си. Температурите на површината на морето од јули до септември беа за повеќе од 0,25°C потопли од претходниот рекорд поставен во 2022 година, што е огромен пораст на површина околу десет пати поголема од Средоземното Море. Иако е познато дека климатските промени ја зголемуваат веројатноста за ...