Францускиот претседател Емануел Макрон ќе се сретне со претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас во Париз во вторник за да разговараат за целосното спроведување на договорот за прекин на огнот во Газа, соопшти денес француското претседателство. Во соопштението, Абас се споменува како претседател на Државата Палестина, откако Франција официјално ја призна Палестина како држава на Генералното собрание на Обединетите нации во ...

Париз, 11 ноември 2025 (МИА) – Плановите за делумна или целосна израелска анексија на Западен Брег се црвена линија, на која силно ќе реагираме со нашите европски партнери, изјави претседателот на Франција, Емануел Макрон на денешната средба во Елисејска палата со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Според него „насилството на доселениците и забрзувањето на проектот на населување достигнуваат нови нивоа кои ја загрозуваат стабилноста на ...