
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Во знак на благодарност за вакцините, Владата размислува летово да ги ослободи српските државјани од плаќање патарина во земјава. Ваквите најави синоќа ги даде премиерот Зоран Заев во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5. „Не можете да се раздолжите кон ваков чин пријателство. Се размислува летово на возилата со српски регистрации да им поделиме картички за патарини за да не плаќаат, да се оддолжиме некако, иако тоа нема цена, но ...
Целта на летот беше на владините претставници да им се овозможи навреме да се вратат од терен во Скопје за да продолжат со кабинетските обврски, велат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Премиерот Зоран Заев и министрите денеска летаа со хеликоптер до Прилеп и назад во Скопје за да се исполнат часовите за летање, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), објави Телма. „Премиерот Зоран Заев и министрите Јагода Шахпаска и ...
Денеска во Бугарија ќе се одржат парламентарни избори, а во трката за 240-члениот бугарски парламенти ќе се натпреваруваат 6.895 кандидати, предложени од 30 партии и коалиции. Денот на изборите во Бугарија почна во 7 часот утринава и ќе заврши во 20 часот по локално време. Први што гласаа на парламентарните избори беа бугарски државјани кои живеат во Нов Зеланд, а последни ќе бидат Бугарите на Западниот брег на САД. Во Република Северна ...
На индискиот екипаж и капетан на контејнерскиот брод Евер кој минатата недела заглави во Суецкиот канал, им се заканува куќен притвор и кривично гонење. Тие би можеле да бидат ставени во домашен притвор сè додека не заврши истрагата за причините за несреќата. Менаџментот на бродот, сепак, не објасни ништо во врска со законските процедури што ќе треба да ги помине екипажот, освен дека „постои реална опасност екипажот да стане жртвено јагне“. Член ...
Претседателката на француската партија на крајната десница Националното движење, Марин Ле Пен најави дека ќе се повлече од таа позиција за да биде кандидат на „секој што сака да ја води националната битка“ на претстојните претседателски избори. Ле Пен претходно изјави дека планира повторно да учествува на изборите и изрази надеж дека ќе успее да го победи сегашниот претседател Емануел Макрон, од кого загуби пред четири години. Резултатите од ...
Властите во градот Скопје и владата се разбира дозволија како и за многу други нешта најпознатиот симбол на градот Скопје – Калето не само да стои на забот на времето туку и во самата тврдина да “никнуваат” марокански хотели!, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ. Кале културна тврдина или Кале бетонска тврдина ?! Иако им е пред нос за жал како и за се друго властите во градот Скопје и владата се разбира ...
ОВЕН Внимателно проверете ги сите информации што ви ги послужуваат вашите соработници, бидејќи постои можност да не се точни. Односот со брачниот другар е задоволителен. Таа сака да ве задоволи и да ве направи среќни. Склони сте на прејадување. БИК Вие сте целосно фокусирани на деловни обврски и успешно ги совладувате. Вие го сметате бракот за стабилен. Саканата личност не ви кажува дека е загрижена за детето за да не ве вознемири. Здравјето е ...
Важен е начинот на кој го започнуваме денот, затоа е важно е да се усвојат некои ритуали кои ќе ја подобрат целокупната состојба на организмот. Консумирањето чаша топла вода на празен стомак има бројни здравствени придобивки, затоа нека биде првото нешто што ќе го направите откако ќе станете од кревет. Помага при слабеење Вистина е дека пиењето чаша млака вода наутро нема да го намали бројот што ќе го покаже вагата , но овој ритуал го забрзува ...
Бугарија од вечерва на полноќ е во предизборен молк до неделното гласање. Апсолутниот фаворит и извесен победник Бојко Борисов последните часови од кампањата ги мина во придружба на неговата блиска соработничка, бугарската Министерка Захариева. Владејачката централно-десничарска партија ГЕРБ во Бугарија го зголеми водството пред опозициските социјалисти пред парламентарните избори, покажуваат две анкети. Бугарија ќе одржи парламентарни избори на ...
Бомбаш самоубиец во Тунис се самоуби со своето бебе со активирање на експлозивниот појас за време на антитерористичката акција, објави туниската влада. Министерството за внатрешни работи во четвртокот соопшти дека уште двајца исламистички екстремисти се убиени во посебна операција, според АП. Туниските сили ја следеа екстремистичката група во областа Маунт Салум во Касерин, објавија официјални лица на АП, кога наидоа на осомничен џихадист и ...
Министерот за здравство, Венко Филипче повтори дека засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки поради ковид панедмијата. Како што рече по отворањето на модуларната болница во Прилеп, нема знаци дека има ризик од некаков експлозивен раст што би било знак дека треба да се воведат такви мерки. Сепак, предупреди, здравствениот систем е под огромен притисок каков што не бил никогаш во историјата. Се соочуваме со пикот и со ...
Просечната каматна стапка на кредитите во февруари бележи минимален пад од 0,01 процентен поен и изнесува 4,61 отсто, додека на годишно основа е намалена за 0,03 процентни поенти, покажуваат податоците на Народната банка. Податоците покажуваат дека намалување има и кај просечната каматна стапка на депозитите и тоа на меечно ниво од 0,01 процентен поен и изнесува 0,92 отсто, додека на годишно нниво пониска е за 0,27 процентни поени. Просечната ...
Половина од граѓаните во Македонија би се вакцинирале против вирусот Ковид-19, покажува теренската анкета која ја спроведе Институтот за демократија. 34 отсто од граѓаните рекле дека нема да се вакцинираат, а 16 проценти одговориле со „не знам“ или немале договор. На прашањето која вакцина ја преферирате, речиси 40 отсто одговориле „Фајзер“. Најмалку ја преферираат АстраЗенека, само 3 отсто. 21 процент се изјасниле за Спутник, 6 отсто за ...
Постарите хронични пациенти генерално се изложени на поголем ризик од посериозни симптоми доколку се заразат со коронавирус, но постои и друг фактор на ризик. Во студија објавена во „Анали на интерна медицина“, научниците покажаа дека луѓето со нулта крвна група имаат малку помала веројатност да бидат заразени со коронавирус отколку другите крвни групи. Истражувачите анализирале податоци од 225.556 испитаници од Канада. Просечната возраст на ...
Повеќето различни апликации можат многу да ни го олеснат животот, сепак помеѓу илјадниците легитимни апликации се оние што немаат чисти намери. Ова на своја кожа го почувствува Филип Христодулу, кој сакаше да ја инсталира апликацијата Трезор на својот iPhone која служи како паричник за крипто-валути. Кога ја пронашол апликацијата која го имала логото на Трезор Христодулу се одлучил да ја преземе апликацијата и да ја инсталира на својот уред, ...
Воз кој патувал за Таитунг излетал од шините во тунел северно од Хуалиен, поради што неколку вагони удриле во ѕид на тунелот, се вели во соопштението на противпожарната служба. На сликите од местото на несреќата може да се видат вагони во тунелот кои се разбиле од ударот, додека другите толку биле деформирани што спасувачите не можеле да стигнат до патниците. Train crashes in Taiwan 🇹🇼 , causing 72 injuries, 40 deaths ...
Светска банка во најновиот извештај предвидува раст на македонската економија од 3,6 отсто. За следната година, предвидувањата на Светска банка се дека економијата ќе порасне за 3,5 отсто. Од земјите во регионот најголем раст за годинава е предвиден за Црна Гора од 7,1 отсто, потоа Србија од 5, Албанија 4,4 , Косово 4 и Босна и Херцеговина од 2,8 отсто. За 2022 година Светската банка прогнозира раст на економијата во Црна Гора и Косово од по 4,5 ...
Британката Беки Холт има тетоважи на 95% од своето тело. Таа потроши неверојатни 35 илјади фунти на тетоважи кои го покриваат дури и нејзиното лице, пазувите и интимните делови. View this post on Instagram A post shared by B E C K Y H O L T ϟ (@becky_holt_bolt) Беки во декември минатата година роди девојче Аурора, а оваа недела ги откри најлошите реакции на луѓето со кои се соочи на Инстаграм. „Луѓето коментираат дека ќерка ми ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и со градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски, денеска го означија стартот на работите на нова градинка во Прилеп, во населбата „Точила“, како прв ваков објект после 40 години. Претседателот на Владата Заев во својата изјава за медиумите истакна дека особено важна карактеристика на овој проект е што ги ...
Остатоците на 22 антички египетски кралеви и кралици ќе бидат пренесени во прекрасна поворка низ улиците на Каиро до нивното ново почивалиште. Остатоците од 18 кралеви и четири кралици ќе бидат подредени по возраст, на одделни платформи украсени во антички египетски стил во поворка наречена „Златна парада на фараоните“. Остатоците се префрлени од Египетскиот музеј во центарот на Каиро, каде што престојувале со децении, во Националниот музеј на ...
СЗО смета дека процесот на вакцинација во Европа е исклучително бавен и побараа да се забрза производството на вакцини, особено поради фактот што вирусот може да направи следни мутации кои ќе бидат многу позаразни. „Континентот мора да го забрза процесот на производство, да ги отстрани административните бариери, и да го искористи секој фармацевтски погон, се наведува во соопштението на д-р Ханс Клуге, директор за Европа при СЗО. Клуге посочува ...
Двократниот европски шампион Вардар е пред невозможна мисија во обидот за пласман во четвртфиналето откако загуби од Веспрем во вовоедниот осминафинален натпревар со 41:27 во Скопје. „Честитки до Веспрем за големата победа во Скопје. Мечот лошо го отворивме во ситуации кога имавме двајца играчи повеќе на теренот, Веспрем направи 4-0. Меѓутоа тоа што е, мора од секој натпревар да се извлечат поуки. Треба сите да се погледнеме во очи, да видиме ...
Многу фактори можат да влијаат на процесот на слабеење, па иако одредена диета или фитнес рутина може да функцинора за некој што го познавате, тоа може да биде сосема поинакво во вашиот случај. Од хормони, возраст, до начин на живот, многу работи можат да влијаат на успехот во слабеењето. Висината исто така може да влијае на процесот на слабеење. Многумина веруваат дека слабеењето е многу потешка задача за пониските луѓе. Дали има вистина во ...
Оштетените штедачи на Еуростандард банка денеска објавуваат сведочења на сопственици на фирми-должници во Еуростандард банка, кои сведочат како е организиран и направен криминалот во банката. Како е формирана мрежа на фирми, како се делеле и трансферирале „позајмици“, како се одобрувале ненаплатливи кредити, кој на кого и кога му се јавил, како биле подарувани кредити без соодветни покритија за одредени солени надоместоци, како се делеле меници, ...
Oколу 15 милиони дози вакцина против коронавирус од фармацевтската компанија Johnson & Johnson мораа да бидат фрлени поради мешање на компонентите во производствениот погон, пренесува Анадолија. Поради ова запредна е дистрибуцијата на милиони дози на вакцини Johnson & Johnson, а околу 15 милиони дози вакцини завршија во отпад, додека Администрацијата за храна и лекови (ФДА) започна истрага за овој случај. Вакцината со една доза на ...
Долги години приврзаниците на здрав начин на живот тврдат дека зелениот чај е оној што има многу корисни својства. Една од нив е тоа што го забрзува метаболизмот, a помага и да се намали телесната тежина. Но, дали е тоа навистина така? Разликата помеѓу зелениот и на пример црниот чај не е само по вкус. За време на производството на црн чај, на лисјата им е дозволено да оксидираат, елиминирајќи ги многу придобивки на растението за здравјето. ...
Претседателот на Србија Александар Вучиќ, во интервју за американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен истакна дека за Србија вакцинацијата не е геополитичко прашање, туку спасување човечки животи. „Ние се подготвивме на најдобар начин. Инвестиравме многу во дигитализацијата на Србија. Денес можете да видите на Белградскиот саем колку е организирана вакцинацијата. Ова значи дека нашиот софтвер е меѓу најдобрите во светот и јас сум длабоко горд што ...
Пратеникот Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Утрински Брифинг“уште еднаш го потврди ставот на опозициската партија дека нема да го признае пописот доколку не во согласност со ЕУРОСТАТ. Николоски рече дека во изминатите недели тоа што се прави личи на сè, само не на попис каде еден човек со дваесет-триесет пасоши да внесува во компјутер податоци и дека е тоа манипулација на целокупниот систем. – Нема да дозволиме попис кој што е ...
Русија ја регистрираше првата вакцина против ковид-19 за животни во светот, објави Дирекцијата за контрола на безбедноста во земјоделството Роселхознадзор. Русија веќе има три вакцини против коронавирус, од кои најпознат е Sputnik. Москва итно одобри уште две вакцини, EpiVacCorona и CoviVac. Вакцината за животни изработена од Роселхознадзор се вика Карнивац-Ков. „Клиничките испитувања на Карнивац-Кова кои започнаа во октомври минатата година ...
Сојузот на синдикати на Македонија не се согласува со предлогот на Министерството за труд и социјална политика, правото недела да биде неработен ден, да се уреди и со Законот за трговија, освен со Законот за работни односи. Синдикатот смета дека ова право треба да се уреди само со Законот за работни односи како основен закон од трудовото право, а не да се уредува со посебни закони, затоа што тоа може да доведе до нееднаквост на правата на ...