(Видео) Тошковски: Дискотеката немала лиценца! Приведени се повеќе лица

Приведено е едно лице кое е организатор на настанот, има и повеќе приведени, меѓу нив и поранешен државен секретар на Министерство за економија, раководител на сектор во рамки на Министерство за економија, поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и вработени во дирекцијата, истакна денеска на прес-конференција министерот Панче Тошковски.

Легална лиценца за работа оваа фирма нема, вели Тошковски кој не сака да открива детали во таа насока затоа што истражната постапка е во многу рана фаза.

Во дискотеката имало повеќе од 500 лица, околу 250 карти се продадени, откри Тошковски. Идентификувани се голем број од жртвите, имињата ќе бидат доставени до семејствата на жртвите.

22 лица се во критична состојба и дел од нив ќе бидат пренесени во Турција, Бугарија, Грција на медицински третман.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.