
Скопје



Вториот ден од Конференцијата за климата на ОН КОП28 во Дубаи започна во петокот со остри разлики во однос на идната употреба на фосилни горива видно на екранот. Еден ден откако претседателот на КОП28, султанот ал-Џабер на Обединетите Арапски Емирати - исто така шеф на државната нафтена компанија на ОАЕ - го отвори состанокот со повик да не се елиминира, туку да се укине употребата на фосилните горива, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ...
Авганистанската талибанска влада во петокот објави дека Кина официјално го прифатила нејзиниот амбасадор во Пекинг, поздравувајќи го потегот како „важно поглавје“ во растечките врски меѓу двете соседни земји. Најавата, која допрва треба да биде потврдена од Кина, ќе ја направи првата земја што ќе биде домаќин на талибански амбасадор откако исламистичката група ја врати власта од владата поддржана од Америка во Кабул пред две години. Ниту Кина, ...
Новинарките ја напуштаат професијата или се самоцензурираат поради заканите кон нив во „онлајн“ просторот, предупреди Тереза Робеиро, претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите во рамките на Министерскиот совет во Скопје. „Ако половина од човештвото е лишено од правото за пристап до јавниот простор, лишено од слободниот говор, тоа значи дека нашиот плурализам и нашите демократии ќе страдаат“, посочи Рибеиро која учествуваше на дискусија за ...
Борбите меѓу Хамас и Израел се обновени во Газа по седумдневниот прекин што ја олесни размената на заложници и палестински затвореници и протокот на хуманитарна помош во опустошената енклава. Израелските одбранбени сили во петокот соопштија дека продолжувањето на борбите е по прекршувањето на привременото примирје од страна на Хамас и ракетниот напад на милитантната група врз Израел. Обновеното насилство доаѓа во време на извештајот на „Њујорк ...
Државниот секретар на САД Ентони Блинкен денеска се сретна со претседателот на палестинската управа Махмуд Абас во Рамала, соопшти Стејт департментот. „Секретарот Блинкен разговараше за тековните напори за забрзување на испораката на хуманитарна помош во Газа, вклучително и преку максимизирање на хуманитарните паузи. Секретарот го осуди екстремистичкото насилство врз палестинските цивили на Западниот Брег и рече дека ќе продолжи да инсистира на ...
Западот е виновен за ситуацијата во која се наоѓа Европа – накусо на тоа се сведува денешната прес-конференција на првиот руски дипломат. Сергеј Лавров, во Скопје, на последниот ден од Министерскиот совет на ОБСЕ, во настап од безмалку час и половина ги повторуваше познатите позиции на официјална Москва за војната во Украина, за состојбата на стариот континент, за односите и влијанијата на Балканот, за тоа зошто ОБСЕ се соочува со такви проблеми ...
Израел го даде својот прв јавен коментар за очигледната принуда на Иран врз неговото еврејско малцинство да организира невидени антиизраелски собири пред еден месец, велејќи му на Гласот на Америка дека верува дека иранските Евреи кои учествувале во нив „немале избор“. „Ние совршено ги разбираме [нивните] околности“, рече заменик-генералниот директор за јавна дипломатија на израелското Министерство за надворешни работи, Емануел Нахшон, во ...
Со студен израз на лицето, македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи се поздрави со рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, на денешното отворање на 30. Министерски совет на ОБСЕ во Скопје. Голем дел од претставниците на другите делегации воопшто не се поздравија со Лавров, а некои и ја напуштија салата додека шефот на руското Министерство за надворешни работи се обраќање на првиот дел од пленарната сесија на советот. Во ...
Израел и Хамас соопштија дека се договориле да го продолжат примирјето за уште еден ден. Израелските одбранбени сили твитнаа на хебрејски дека: „Со оглед на напорите на посредниците да го продолжат процесот на ослободување на киднапираните и предмет на условите од договорот, прекинот на огнот ќе продолжи“. Изјавата дојде околу 15 минути пред да заврши примирјето. Се наведува дека Израел не бил задоволен од првичната листа на заложници што треба ...
СКОПЈЕ – Шефовите на дипломатиите на Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина попладнево, во рамките на Министерскиот совет на ОБСЕ потпишаа заедничка изјава за борба против корупцијата во Југоисточна Европа. Потпис на изјавата, чиј текст беше усогласен на 31 октомври во Скопје за време на Регионалната конференцијаза борба против коруцијата и перење пари која ја организираше Северна Македонија како претседавач со ...
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денес му рече на Израел дека мора да се погрижи палестинските цивили во јужна Газа да бидат безбедни и да се задоволат нивните хуманитарни потреби пред да продолжат со воените операции таму, рече неговиот портпарол. Блинкен се сретна со премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговиот воен кабинет во Ерусалим, пред да се упати кон Рамала на окупираниот Западен Брег за да се сретне со палестинскиот претседател ...
Помина покрај медиумските екипи, ги изигнорира и влезе во салата пред почетокот на Министерскиот совет на ОБСЕ. Но, доаѓањето на Сергеј Лавров во Скопје, што од една страна се смета за успех на ОБСЕ, од друга страна има и негативни последици оти поради присуството на шефот на руската дипломатија не дојдоа министрите за надворешни работи на Украина и балтичката тројка. Како тоа го гледа земјата-домаќин, Северна Македонија? „Треба да бидеме свесни ...
Потпретседателката на САД Камала Харис ќе ја предводи американската делегација на светскиот самит за климата, соопшти вчера Белата куќа. Белата куќа нагласи дека претседателот Џо Бајден ја смета климатската криза меѓу неговите главни четири приоритети, но неодамнешниот конфликт меѓу Израел и Хамас одзема голем дел од неговото време и внимание. „Во текот на нејзините ангажмани, потпретседателката ќе го нагласи успехот на администрацијата на ...
Почина поранешниот дипломат и претседателски советник Хенри Кисинџер, чија служба под двајца претседатели остави неизбришлива трага во надворешната политика на САД. Кисинџер починал во својот дом во Конектикат, соопшти Кисинџер Асошиејтс. Кисинџер беше активен и откако наполни 100 години, присуствуваше на состаноци во Белата куќа, објави книга за стилови на лидерство и сведочеше пред комисијата на Сенатот за нуклеарната закана што ја претставува ...
Паузата во борбите против Хамас ќе продолжи додека не се ослободат заложниците, но после тоа борбите против Хамас ќе продолжат, порача израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен, пред почетокот на 30. Министерски совет на ОБСЕ во Скопје. Embed share Ели Коен, израелски министер за надворешни работи: Ќе продолжиме со борбата против Хамас Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your clipboard ...
Ова апсолутно не е никаква дипломатска победа на Русија, ова е дипломатска победа на ОБСЕ, со оглед на тоа дека беше доведено во прашање функционирањето на ОБСЕ. Тоа го истакна премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што дел од државите го откажаа учеството на Советот на ОБСЕ во Скопје, поради присуството на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. Embed share Ковачевски на отворањето на советот на ОБСЕ: Нема ...
Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш денес ги повика Израел и Хамас да го продолжат привременото примирје, велејќи дека е потребен „вистински хуманитарен прекин на огнот“ во војната која веќе трае осум недели. „Народот во Газа се наоѓа среде епска хуманитарна катастрофа пред очите на светот“, рече Гутереш на состанокот на министерско ниво на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата. „Не смееме да ги затвориме очите“. ...
САД инвестирале повеќе од 1,3 милијарди долари во помош за Северна Македонија од 1993 година, соопшти Стејт департментот, пред државниот секретар Ентони Блинкен да отпатува во Скопје на 30. Министерски самит на ОБСЕ. „Американската помош работи на зајакнување на владеењето на правото и доброто владеење преку системски реформи низ секторите, напори за борба против корупцијата и поголема транспарентност; промовираат економски реформи и можности, ...
САД силно ја поддржуваат евроатланска интеграција на Северна Македонија и нејзината работа да ги зајакне демократските институции, изјави државниот секретар на САД Ентони Блинкен во Скопје. „Имаме стратешко партнерство кое е навистина фокусирано на работата што ја работиме заедно како сојузници и партнери, но и на работата што ја работиме заедно на билатерална основа. И како што знаете, ние силно ја поддржуваме вашата евроатланска интеграција и ...
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна во Тел Авив, негово трето патување во регионот по нападот на Израел на 7 октомври од страна на Хамас, и треба да се сретне со израелските лидери за да разговараат за продолжување на привременото примирје и зајакнување на хуманитарната помош во Газа. „Гледајќи ги следните неколку дена, ќе бидеме фокусирани да направиме сè што можеме за да ја продолжиме паузата за да продолжиме да извлекуваме ...
САД вчера го испратија првиот од трите воени авиони во Египет со хуманитарна помош за Газа, ветувајќи дека ќе им помогнат на Палестинците за време на примирјето меѓу Хамас и Израел. Летовите за помош со храна, медицински материјали и зимска опрема се први на американската војска од почетокот на конфликтот со нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври. Летовите започнаа еден ден откако претседателот Џо Бајден рече дека ќе го искористи ...
Милитантите на Хамас ослободија повеќе израелски заложници денес, на шестиот ден од примирјето меѓу завојуваните страни, додека преговарачите работеа на продолжување на паузата во борбите и ослободување на уште повеќе заложници во замена за Палестинците држени во израелските затвори. Со официјалното завршување на примирјето в четврток наутро, највисоките функционери од Катар, САД, Египет и Израел се состанаа во Катар за да разговараат за тоа ...
„Билатералната соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија е силна и се фокусира на зајакнување на демократските институции, реформите на владеењето на правото и економскиот развој кој ја поддржува регионалната интеграција и енергетската безбедност“, се вели во соопштението од Стејт департментот. САД ги поддржуваат аспирациите на Северна Македонија за целосна интеграција во евроатлантските институции. САД се посветени да и ...
Со фамилијарна фотографија и неформална вечера, шефовите на дипломатиите од земјите членки на ОБСЕ вечерва неофицијално го почнаа 30-от министерски совет во Скопје. Во централната позиција на фотографијата беа македонскиот министер за внатрешни работи, Бујар Османи, како и државниот секретар на САД, Антони Блинкен. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, и руската делегација не присуствуваа на неформалниот почеток на Советот на ...
СКОПЈЕ - Силна осуда за руската воена агресија и цврста поддршка за украинскиот народ е пораката која ја испратија американскиот државен секретар Ентони Блинкен и претседавачот на ОБСЕ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, по нивната официјална средба која се одржа попладнево во министерството за надворешни работи (МНР). На средбата се разговарало за актуелните меѓународни случувања, со посебен фокус на состојбите во Украина. “Како ...
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен попладнево допатува во Скопје каде ќе присуствува на триесеттиот Министерскиот ссовет на ОБСЕ а прв му посака добредојде премиерот Димитар Ковачевски со кого ја имаше и првата средба во рамките на престојот во Северна Македонија. На средбата, државниот секретар Блинкен го поздрави успешното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ и нејзиниот конструктивен пристап во реализацијата на агендата и ...
СКОПЈЕ – Од попладнево пристапот до салата „Борс Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“ е блокиран а затворен е и сообраќајот на дел од околните сообраќајници и булевари како што веќе најавија надлежните и МВР заради непречено одвивање на триесеттиот Министерски совет на ОБСЕ. Официјалните делегации веќе почнаа да пристигаат во Скопје а вечерва ќе се одржи неформална вечера во хотелот „Александар Палас“. Сообраќајот во Скопје полека стивнува и ...
СКОПЈЕ – Комисијата за селекција за избор на претседател и членови на Антикорупциската комисија ги заврши интервјуата на 41 кандидат и ги исфлитрираше предлозите за членовите на новиот состав на Антикорупциската комисија кои треба да стапат на функција на 8 февруари. Седуммината селектирани се Билјана Каракашова Шулев, Зоран Богоевски, Сервет Демири, Софија Спасова Медарска, Цвета Ристовска, Татјана Димитровска и Бесник Џемаили. Овие седуммина ...
Виш функционер на Стејт департментот рече дека не очекува американскиот државен секретар Антони Блинкен да има каква било средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на состанокот на министрите за надворешни работи на ОБСЕ во Северна Македонија, пренесе дописничката од Гласот на Америка од Стејт департментот. „Не очекуваме средба“, потврди функционерот од Стејт департмент на прашањето за можноста за каква било средба ...
Привременото примирје меѓу Израел и Хамас го постигна својот шести ден во средата, при што се очекува двете страни да ослободат повеќе заложници и затвореници додека преговарачите се залагаат за продолжување на договорот. „Би сакале да видиме продолжување на паузата бидејќи она што го овозможи, пред сè, е ослободување на заложниците, враќање дома, повторно обединување со нивните семејства“, рече во средата американскиот државен секретар Антони ...