Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 мај. Денеска е Св. Епифаниј Кипарски. Епифаниј беше по род Евреин, но откако ја увиде силата на Христовата вера се крсти заедно со сестра му Калитропија. На свои 26 години се замонаши, а подоцна основа и свој манастир. Неговите подвизи, мудроста и дарот на чудотворство го прославија низ цела Палестина и Египет. Бегајќи од човечката слава тој се сретна со свети Пафнутиј, кој му прорече ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 мај. Денеска е Преподобен Пахомиј Велики. Свети Пахомиј по род беше Египќанец, а се роди во незнабожечко семејство. Во времето на Великиот Константин служеше во неговата војска. Некаде во тоа време тој поверува во Христа и набргу, желен за подвиг, отиде во Тиваидската пустина кај познатиот подвижник Паламон. Овој го прими и го учеше на подвижнички живот 10 години. Во тоа време на ...

Охрид, 27. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат споменот на Свети маченик Исидор. Во времето на царот Декиј, Исидор беше насила земен во војска од островот Хиос. Од малечок се држеше за Христовата вера и животот го минуваше во пост, во молитва и во добри дела. Во војската штом се прокажа како христијанин, војводата му побара отчет и го советуваше да се одрече од Христа и да им принесе жртва на идолите. Светителот ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 мај. Денеска е Св. маченик Исидор. Овој Исидор потекнуваше од островот Хиос и уште од мал се држеше до Христовата вера. Кога стана маж го зедоа сосила во војската. Но, таму набргу дознаа дека е христијанин, па војводата го повика кај себе и го советуваше да се откаже од Христа и да им принесе жртва на идолите. Кога овој тврдо ја исповеда својата вера во Христа, војводата го стави на ...

Охрид, 26. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат споменот на Света маченичка Гликерија. Ќерка на еден гувернер на Рим. По смртта на татко ѝ, осиромаши и се насели во Трајанопол во Тракија. Во времето на нечестивиот цар Антонин Гликерија беше изведена да му принесе жртва на идолот на Диј. Таа си нацрта крст на челото, па кога царскиот намесник ја запраша каде е нејзината лампада (зашто сите носеа лампади во ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 мај. Денеска е Св. маченичка Гликерија. Света Гликерија живееше и пострада за Христа во вториот век. Беше ќерка на некој римски гувернер. Татко и умре уште додека Гликерија беше млада. По ова таа се пресели во Тракија, во градот Трајанопол. Тука света Гликерија беше изведена да принесе жртва пред идолите на градот, но по нејзина молитва Господ го урна идолот со гром. Потоа ја фрлија ...

Охрид, 25. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат споменот на Свети Герман, патријарх Цариградски. Син на првиот царски сенатор, кого што го уби царот Константин Погонат. Истиот овој зол цар го кастрираше сенаторовиот син Герман и насилно го протера во манастир. Како монах Герман засветли со својот добродетелен живот како ѕвезда. Заради тоа беше избран прво за епископ Кизички, а потоа, кога се зацари Атанасиј II,и ...