Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Еден од симболите на јадранскиот брег, секако е населбата Ада Бојана сместена на вливот на реката Бојана во морето, а со децении беше позната како нудистички рај за туристи од сите земји од регионот, како и од Европа. Препознатлива по својата впечатлива плажа, нереални зајдисонца и куќи на самиот брег, Ада Бојана долго време беше место во кое не е вложен ниту еден денар. Сега, по повеќе од три децении, работите конечно се менуваат на подобро. ...
Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе започне порано од вообичаеното, откако Фудбалската федерација на Македонија потврди дека шампионатот за сезоната 2026/2027 ќе стартува на 25 јули. Причината за пораното отворање на сезоната е воведувањето на нов систем на натпреварување. Во елитното друштво ќе настапуваат десет екипи, а првенството ќе се игра според четирикружен систем, што значи дека секој клуб ќе се сретне четири пати со ...
И покрај тоа што Башкими успеа да го зачува прволигашкиот статус минатата сезона, неизвесно е дали кумановскиот клуб и наредната година ќе биде дел од македонската фудбалска елита. Причина за тоа е судската постапка што се води по сериозните сомневања за местење натпревари, отворена по иницијатива на УЕФА и во координација со ФФМ и надлежните државни институции. Башкими се најде во фокусот на јавноста уште пред крајот на претходната сезона, ...
Легендарниот американски тенисер, Андре Агаси, имаше порака за новиот шампион на гренд – слем турнирот Ролан Гарос, Германецот Александар Зверев. Тоа беше првата гренд слем титула за Зверев, кој има изгубено дури три гренд слем финалиња. „Можеш да освоиш гренд слем, но дали тоа навистина ќе ти го промени животот? Можеш да кажеш дека е така, но лесно е да се каже, сепак не знам дали ќе го стори тоа“, рече Агаси и додаде: „Имавме многу ...
Тениската репрезентација на Македонија со победа против Молдавија го почна првиот дуел од Третата Европска група од Дејвис купот. Во првиот сингл меч Калин Ивановски го победи Иља Снитари со 2-1 во сетови и со тоа му се реваншираше за ланскиот пораз во истото натпреварување во Скопје. Мечот траеше 2 часа и 15 минути. Првиот сет го доби Снитари со 6-4 во гемови, откако резултатот беше изедначен до 4-4. Во десеттиот гем на сервис на Ивановски ...
Кошаркарската федерација на Македонија изразува искрена благодарност до Комерцијална банка АД Скопје за одлуката да ја продолжи соработката и поддршката на машката сениорска А репрезентација на Македонија. Продолжувањето на ова партнерство претставува значајна потврда за довербата што Комерцијална банка ја има во македонската кошарка и во националниот тим, кој со гордост ја претставува нашата држава на меѓународната сцена. Поддршката на ...
Техничкиот директор на националните младински селекции, Ѓорѓи Христов, говореше за состојбите во младинскиот фудбал и активностите што се преземаат за создавање подобри услови за развој на младите играчи. „Не бев изненаден од ситуацијата што ја затекнав, бидејќи добро знаев што нѐ очекува. Откако дојдовме, презедовме неколку конкретни чекори, меѓу кои и формирањето на репрезентацијата до 20 години, а веќе можат да се забележат и првите ...
Толку многу од нив се родени на нејзина територија, во државата Франција и нејзините колонии, а повеќето од нив на Светско ќе играат за други држави... Светското првенство секој нов ден дава некој интересен и навидум неверојатен факт, а овој е зачудувачки: секој 13-ти фудбалер кој бил на списокот на својата репрезентација е роден во Франција?! Не е ни чудо, бидејќи тоа била колонијална сила. Информации како оваа само нè потсетуваат на тоа. ...
Во пресрет на Светското првенство 2026, истражување спроведено меѓу повеќе од 4.600 навивачи покажало дека фудбалските резултати често влијаат и врз расположението надвор од теренот. Според анкетата, речиси 32 отсто од испитаниците сметаат дека победите на нивната репрезентација позитивно влијаат врз романтичниот и сексуалниот однос со партнерот, додека повеќе од 38 отсто велат дека головите и победите предизвикуваат силен адреналин и ...
Светското првенство во фудбал пристигнува со нова димензија! Најголемиот Мундијал во историјата ќе донесе незаборавни натпревари, нови херои и спектакуларни моменти од трите земји домаќини – Канада, Мексико и САД. Следете нè секој ден за анализи, приказни и сè што треба да знаете за патот кон светскиот фудбалски трон! Gol.mk ви носи и прогнози на наши фудбалски легенди и работници за спортскиот настан. Серијалот продолжува со човекот кој ја ...
Лука Модриќ (40) отпатува со хрватската репрезентација на Светското првенство, каде што ќе игра против Англија, Гана и Панама во Групата Л. Тој пристигна во САД како играч на Милан, но е прашање каков ќе биде неговиот статус по 30 јуни, кога му истекува договорот со италијанскиот гигант. Капитенот на хрватската репрезентација има можност да го продолжи договорот за дополнителна сезона, но италијанските медиуми не се сигурни дали ќе ја прифати ...
Новата официјална топка за Светското првенство беше претставена како технолошки најнапреден модел што некогаш бил користен на најголемиот фудбалски турнир. Адидас, кој произведува топки за Светското првенство од 1970 година, овој пат комбинираше дизајн посветен на трите домаќини на турнирот и систем што треба да им помогне на судиите во спорни ситуации. Името Трионда значи три бранови, што е директна врска со Канада, Мексико и Соединетите ...
Ждрепката за Светското ракометно првенство 2027 ќе се одржи вечерва од 18 часот во Минхен, а тоа значи дека Македонија уште вечерва ќе знае против кого ќе игра на Мундијалот во Германија. Нашата селекција ја чека ждрепката од вториот шешир, што е одлична можност за добар резултат, бидејќи од првата фаза по три репрезентации ќе продолжат во главната рунда. Во првиот шешир се селекциите на Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, ...
Фудбалската федерација на Македонија го одреди календарот за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Елитниот македонски шампионат ќе тргне на 25 јули со натпреварите од првото коло. Во него шампионот Вардар ќе ја дочека Брегалница, Шкендија новајлијата Скопје, Струга отвора со Шкендија Арачиново, Силекс е домаќин на Башкими, а Тиквеш ќе се судри со Арсими. Првото големо дерби меѓу шампионот и вицешампионот ќе се одигра во осмото ...
Селекторот на машката репрезентација за ракометари до 20 години, Игор Илиевски го објави списокот за претстојното Европско првенство во Романија. Собирот ќе се одржи на 15. јуни (понеделник) во 13 часот во Хотел Русија. На списокот не се Дамјан Митев од Алкалоид и Самоел Ристески од Пелистер, на кои смета селекторот на сениорската репрезентација, Кирил Лазаров. СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...
Унгарија го заокружи овој јунски ФИФА прозорец со втора победа во период од неколку дена, а онаа вчера ја оставри над Казахстан на домашен терен. Унгарците нема да бидат дел од Светското првенство кое следи, но селекторот Роси извади најдобар можен состав против Казахстанците и неговите избраници славеа со 3:1. Собослаи како најголема ѕвезда во домашниот тим го постигна првиот гол за Унгарија и израмни на 1:1, но потегот на средбата го изведе ...
Аргентинската репрезентација, актуелен светски шампион, ги заврши подготовките за Светското првенство со убедлива победа од 3:0 против Исланд во Обурн. По натпреварот, вниманието го привлече средбата меѓу Лионел Меси и синот на неговиот поранешен соиграч од Барселона, Еидур Гудјонсен. Исландскиот репрезентативец Даниел Тристан Гудјонсен му пришол на аргентинскиот ас и го потсетил на нивното старо познанство. „Ми рече: ‘Здраво, играше со ...
Новата сезона во ПМФЛ стартува на 25 јули, Вардар одбраната на титулата ја почнува на домашен терен против Брегалница. Веќе во следното коло „цврено-црните“ повторно се домаќини и тоа на големото дерби против Шкендија. Актуелниот првак и во третото коло го чека тежок меч, а тоа е првото гостување во новата сезона – кај Струга Т.Л. Првиот дел од сезоната ќе заврши на 12/13 декември. Новата сезона во ПМФЛ стартува на 25 јули, Вардар ...
Првиот човек на македонскиот фудбал Масар Омерагиќ зборуваше отворено на повеќе теми на денешниот брифинг во организација на Фудбалската федерација на Македонија. Претседателот доби прашање за Башкими, па реши да ги расчисти сите дилеми. Омерагиќ откри дека ФФМ нема право да дејствува со исфрлање на било кој клуб од лига, сѐ додека не се добие правосилна судска одлука. „Секогаш ќе има сомнителни натпревари. Ние добиваме дописи од УЕФА, ...
Светското првенство во фудбал, кое почнува утре, 11 јуни, е повеќе од само спортско натпреварување, меѓу другото и затоа што е настан во кој се вртат милијарди. Овој куп, кој ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, според сите проценки ќе биде најголемото и најскапото Светско првенство во фудбал досега. Најголем трошок е секако самата организација на натпреварот – 3,8 милијарди долари. Шампионатот, веројатно најважното натпреварување во ...
Македонскиот вицешампион Шкендија на 23 јуни ќе ги започне подготовките за новата сезона во Словенија, каде што ќе одигра неколку контролни натпревари, меѓу кои и дуел против хрватскиот гигант Хајдук од Сплит. Тетовскиот клуб во словенечката база ќе ја гради формата за претстојните европски предизвици и настапот во Конференциската лига на УЕФА, а натпреварот со Хајдук се очекува да биде еден од најсилните тестови во подготвителниот период. ...
Светското првенство започнува утре со натпревар помеѓу Мексико и Јужна Африка, а мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум издаде посебен декрет за подобрување на сообраќајот на улиците на Мексико Сити. Шајнбаум издаде декрет со кој им наредува на федералните вработени во главниот град да работат од дома на 11 јуни и да ја суспендираат наставата во училиштата со цел да се олесни сообраќајот за време на церемонијата на отворање на ...
Само неколку дена пред почетокот на Светско првенство во фудбал 2026, центарот на Мексико Сити е блокиран од масовни протести на наставници. Околу 12.000 демонстранти поставија камп во центарот на градот и блокираа неколку клучни сообраќајници, меѓу кои и авенијата „Пасео де ла Реформа“. Во текот на протестите беа урнати и дел од фигурите поставени за промоција на Светското првенство. Преговорите меѓу владата и наставничкиот синдикат CNTE ...
Една од најинтересните групи со четири селекции кои имаат сосема различни стилови на игра е групата Г. Белгија е главен фаворит, а останатите три селекции си имаат свои калкулации и желби за освојување на позиции кои носат место во нокаут-фазата. Има по една селекција од Африка, Азија и Австралија и Океанија. Белгија го има можеби последното големо натпреварување на една одлична генерација која никогаш не блесна и не постигна некој значаен ...
Дека македонската креативност и уметност одамна ги пробија границите на светскиот спорт е веќе добро познат факт, но најновиот проект на нашето меѓународно познато студио Swithadot Studios, предводено од дизајнерот Сатја Грабулоски, донесе вистински естетски спектакл непосредно пред почетокот на Светското првенство. Фудбалската легенда на Босна и Херцеговина и еден од најголемите балкански напаѓачи на сите времиња, Един Џеко, официјално стана ...
Роберто Мартиез направи уникатен потег и го вклучи Диого Жота како почесен член на неговиот список на 27 повикани фудбалери за мундијалот во САД, Мексико и Канада, а сега во пресрет на последната контролка која следи денеска со Нигерија, проговори и за значењето кое го има трагично загинатиот фудбалер за цел негов тим. Духот на Жота ќе биде дел од португалскиот тим на мундијалот кој следи, а Мартинез на целата ситуација гледа доста емотивно и ...
Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ќе биде продолжена и ќе започне многу рано. Поради тоа што ќе се натпреваруваат само десет екипи во елитата следната сезона се преоѓа во четирикружен систем. Шампионатот ќе биде продолжен и во новата сезона ќе се одиграат 36 кола. Стартот на новата натпреварувачка сезона во ПМФЛ е закажан за 25 јули. Извлекувањето за календарот ќе се одржи една седмица порано. Новата сезона во Првата ...
Рој Кин влезе во вербална расправија со Бруно Фернандеш на крајот на сезоната и го обвини дека брка лични рекорди, наместо да се грижи за тимскиот успех на Манчестер Јунајтед, јасно алудирајќи на потерата која ја имаше Португалецот по бројот на запишани асистенции во Премиер лигата. Бруно постави нов рекорд и стигна до 21-на асистенција во една натпреварувачка сезона, но иако стануваше збор за историски потфат, легендарниот Рој Кин не остана ...
Висок функционер на Белата куќа ја бранеше одлуката на американската администрација за забрана на влез во САД на неколку меѓународни учесници на претстојното Светско првенство во фудбал 2026 година, нагласувајќи дека мерките се неопходни за да се осигури максимална безбедност за време на турнирот, јавува агенцијата Анадолија. Ендрју Џулијани, извршен директор на Работната група на Белата куќа за Светското првенство, изјави дека одлуката за ...
6780 Англија – Костарика (22 ч.) Последен контролен меч за Англија пред почетокот на СП и сигурно дека европскиот гигант ќе сака триумфално да стави печат пред Мундијалот. Костарика е во многу лоша форма и има само една победа во последните 11 дуели што ги одигра. Во овој период губеа од Иран со убедливи 5:0, потоа од Хаити, од Колумбија, а дури седумпати ремизираа. Англичаните на последните пет меча постигнаа само шест гола, што е еден вид ...