Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Учениците во Мексико Сити утре ќе имаат слободен ден, а од државните службеници е побарано да работат од дома со цел да се спречи сообраќаен хаос во главниот град пред свеченото отворање на Светското првенство во фудбал на стадионот „Ацтека“, јави ДПА. Како еден од кодомаќините на турнирот, селекцијата на Мексико во првиот натпревар ќе ги одмери силите со Јужна Африка, поради што владата со вонредни мерки се обидува максимално да го растовари ...
Македонската ракометна репрезентација денеска ќе ги дознае ривалите за Светското првенство. Ждрепката ќе се одржи во Минхен со почеток од 18:00 часот. Веќе по комплетирањето на квалификациите беа одредени и шеширите, а со доделувањето на „вајлд-картите“ целосно се комплетираа. Нашата селекција се наоѓа во вториот шешир, што значи дека во првата фаза нема да може да игра против Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија, Фарските ...
Поранешниот шпански репрезентативец Гаиска Мендиета верува дека Ливерпул би можел да го потпише Нико Вилијамс, објави „Ливерпул Ехо“. Шпекулациите за заминувањето на Нико Вилијамс од Шпанија траат веќе долго време, но минатата година тој потпиша долгорочен договор со Атлетик Билбао кој вклучува клаузула од само 77 милиони фунти. Мендиета верува дека со активирање на таа клаузула, Ливерпул би можел да го доведе шпанскиот офанзивец како замена ...
Македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ игра во врвна форма во дресот на Баерн Минхен! По брилијантните настапи во полуфиналната серија против Бон, Нено сосема заслужено го доби своето место во идеалната петорка (Best 5) за полуфиналето во германската Бундеслига (ББЛ). Она што е за вистинска гордост е фактот дека нашиот репрезентативец е најдобро оценетиот играч во овој елитен избор, со највисок индекс на корисност, оставајќи ги зад себе ...
Вулверхемптон испадна од Премиерлигата по осум сезони и оваа сезона ќе играат во Чемпионшип, но клубот одлучи да биде подготвен за таа борба и веќе потпиша две сериозни засилувања. Вулверхемптон сака веднаш да се врати во елитата, и затоа веќе почнаа да го составуваат мозаикот за втората лига на англискиот фудбал. Доведени се Раул Хименез и Киран Трипие. Мексиканскиот напаѓач, кој го играше фудбалот на својата кариера во Вулверхемптон, се ...
Најдобриот српски тенисер и светски шампион Новак Ѓоковиќ сподели серија фотографии и видеа од своите денови во Париз, покажувајќи уште еднаш дека покрај професионалните обврски знае како да најде време и за семејството. На објавените снимки може да се види како ужива во прошетка низ улиците на француската престолнина заедно со својот син и ќерка, а во еден момент ја носи и во раце додека двајцата се смеат и забавуваат. Освен семејната ...
Баерн Минхен е на чекор до именување на нов главен тренер, а според најавите, Антон Гавел ќе биде наследникот на Светислав Пешиќ на клупата на германскиот кошаркарски гигант. Гавел, кој во последните години се профилираше како еден од најперспективните тренери во германската кошарка, зад себе има успешна работа во домашното првенство. Најголемиот успех го оствари со Улм, со кој ја освои шампионската титула во 2023 година, додека сезонава ...
Лионел Меси се уште прави разлика на највисоко фудбалско ниво и тоа го покажа рано утрово во Алабама, стадион на кој капитенот на Аргентина постигна гол и ја започна акцијата по која „гаучосите“ ги поставија конечните 3:0 против Исланд. На Меси доволни му беа само 20 минути за да дојде до израз и да ја разбие одбраната на Исланѓаните, па иако главна вест е тоа што целосно ја санираше повредата пред стартот на Светското првенство, огромно ...
Резултатот беше отворен уште во осмата минута, а стрелец на голот беше Барко за водство на Аргентина од 1-0. Меси мечот го почна од клупата и во игра влезе дури во 70. минута. А веднаш, со својот прв допир на топката асистираше фантастично по што беше направен пенал. Messi literally 45 seconds after subbing on 🔥 pic.twitter.com/bTI3gv3mB4 — ESPN FC (@ESPNFC) June 10, 2026 Тој ја изведе најстрогата казна и постигна гол од белата точка за ...
Португалскиот гигант Бенфика доцна синоќа и официјално ја затвори најновата трансфер-сага на клупско ниво. Преку прецизно структурирано соопштение до јавноста, клубот од Лисабон потврди дека е постигнат дефинитивен договор со Реал Мадрид за заминувањето на шефот на стручниот штаб, Жозе Мурињо (63). „Кралевите“ веднаш се согласиле да ја исплатат бараната отштета од 15 милиони евра за да го вратат трофејниот стратег на „Сантијаго Бернабеу“, а ...
Во Мексико Сити, 117.000 луѓе поминале специјална обука за добредојде на туристите за време на Светското првенство во 2026 година. информира Алехандра Фраусто, министерката за туризам на мексиканската престолнина. Според Фраусто, Министерството за туризам ја промовира програмата за обука. Меѓу обучените се работници во услужната индустрија, персонал во хотели и ресторани, транспортни работници, водичи, специјалисти за општествено корисна ...
Разновидна е денешната понуда во Супер типот на Sport Life. По шест фудбалски меча и тениски пресметки и по две кошарки и одбојки се со зголемени коефициенти. Возбудувањата ќе започнат во пладневниот термин дури со пет тениски дуели, каде што квотите за победи на фаворитите се движат меѓу 1.38 до 1.48. Меѓу фаворитите се Бублик, Снигур, Анисимова, Фриц и Хуберт. Од фудбалите, речиси идентички квоти има за победи на Купс и на Интер Турку, само ...
Најголемата фудбалска ѕвезда на Босна и Херцеговина, Един Џеко, на претстојното Светско првенство ќе настапи во уникатни „OneOfAKindS“ копачки, кои се дело на познатиот македонски уметник Сатја Грабулоски и неговото студио „Swithadot Studios“. Дизајнот на овие спортски уникати е инспириран од препознатливиот прекар на фудбалерот „Босанскиот змеј“. Ексклузивните копачки содржат рачно изработени елементи во сина боја, мотиви од босанското знаме ...
Денешното модерно Светско првенство е стерилен, хипер-регулиран и милијардерски производ каде што секој чекор на фудбалерите, навивачите и судиите е контролиран од безбедносни камери, ПР-агенции и строги протоколи. Но, пред речиси еден век, во летото 1930 година, кога во прегратките на Монтевидео се раѓаше најголемата спортска приказна на планетата, фудбалот не беше корпорација. Беше чист, нефилтриран „Див Запад“. Првиот Мундијал во Уругвај ...
Бенфика објави на својата официјална веб-страница дека Жозе Мурињо ја напушта позицијата главен тренер. Шеесет и тригодишниот португалски тренер ќе ја продолжи кариерата во Реал. Клубот од Мадрид официјално ја изрази својата намера да го потпише Жозе Мурињо за надомест од 15 милиони евра, а тренерот ја прифати. -Ти благодариме Жозе Мурињо – се вели во соопштението за медиумите. Португалскиот тренер ја предводеше Бенфика од 15 септември 2025 ...
Нереални сцени ни доаѓаат деновиве од Соединетите Американски Држави пред почетокот на Светското фудбалско првенство. Додека некои фудбалски тимови во Мексико, каде што исто така се одржува и Светското првенство, се пречекани со музика, маријачи и локални навивачи, некои тимови во САД минуваат низ вистинска голгота, за што зборуваше и легендарниот селектор на Узбекистан, Фабио Канаваро. Неговиот тим и тој беа пречекани со сцена од најлошите ...
Американските власти ги засилија безбедносните мерки во пресрет на почетокот на Светското првенство во фудбал и најавија нулта толеранција за дронови кои ќе летаат над или во близина на стадионите во 11-те градови домаќини. За навивачите звукот на беспилотно летало над стадион може да изгледа само како обична непријатност, но безбедносните служби веќе со години ги сметаат овие летала за сериозна закана. За време на 78 натпревари и ...
Фудбалскиот клуб Бенфика потврди дека Жозе Мурињо ќе стане нов тренер на Реал Мадрид, откако кралскиот клуб плати 15 милиони евра отштета. „Ти благодариме, Жозе Мурињо“, пишува во соопштението на Бенфика. Веднаш потоа, Бенфика објави дека постигнала договор со Марко Силва, кој ќе седне на клупата на „орлите“. Потпишан е двегодишен договор со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. Acordo com Marco Silva A Sport Lisboa e ...
Додека сите сме во исчекување да започне Светското фудбалско првенство, во Европа се играат и клупски натпревари. Пет такви пресметки денеска се дел од понудата во Квоти на ден. Доколку сите пет понудени комбинации ги одиграте на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 36.73. Купс на свој терен против ВПС треба да постигне меѓу еден и два гола во првото полувреме за да биде добитен коефициентот од 1.95. Интер Турку гостува кај СЈК ...
Повеќе кошаркари кои настапуваат во израелските клубови, особено оние во Тел Авив, најавија заминување по новите ракетни напади на Иран врз Израел. Повеќе спортски медиуми во земјата пишуваат дека странските кошаркари побарале експресно заминување и евентуален раскин на договорите, со што би им се овозможил трансфер во други европски или азиски клубови. Иако многумина дојдоа во Израел поради богатите договори, сепак, безбедноста секогаш доаѓа ...
Фудбалската репрезентација на Хрватска отпатува на Светското првенство кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, а во таборот на „коцкестите“ владее голем оптимизам пред почетокот на турнирот. Дефанзивецот Мартин Ерлиќ истакна дека репрезентацијата има големи амбиции и дека е подготвена да го даде максимумот на секој натпревар. Тој нагласи дека хрватската јавност е навикната на високи очекувања и дека тимот ќе се бори до последен атом сила за ...
Македонската универзитетска карате репрезентација продолжува со одличните настапи на Светската универзијада во Бразилија, каде што и вториот натпреварувачки ден донесе нов медал за нашата селекција. Младиот каратист на Макпетрол Вукашин Јовановиќ во категоријата до (-67кг), денеска беше брилијантен, тој обезбеди пласман во големото финале и најмалку сребрен медал, откако во полуфиналната борба оствари импресивна победа над еден од фаворитите ...
Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид одговори со соопштение на соопштението на Реал Мадрид. Кралевскиот клуб објави дека „јорганџиите“ одбиле понуда од 150 милиони евра за Хулијан Алварез. „Официјално соопштение со наши појаснувања во врска со официјалното соопштение на нашите соседи: 1. Го прекинавте видеото со Папата на местото каде што вели дека е и навивач на Атлетико. 2. Се чини дека сте ја измешале учтивоста со благодарноста, но само да ...
Аргентина успешно ја положи генералката за Светско првенство и со победа ќе го пречека новиот фудбалски мундијал, турнир на кој ја брани титулата на актуелен светски шампион. Избраниците на Лионел Скалони рано утрово играа тест натпревар против Исланд во Алабама, а пред речиси 90 илјади фанови на трибините, „гаучосите“ се прикажаа во доминантно издание. Резултатот го отвори Барко со гол во раната фаза на мечот, но за вистинските возбудувања ...
Во последниот натпревар пред почетокот на Светското првенство, Аргентина го победи Исланд со 3:0 во Обрн, Алабама. Последните 20 минути ги одигра и најдобриот Аргентинец, Лионел Меси. Меси, кој имаше проблем со повредата е здрав, влезе на теренот против Исланд и постигна гол од пенал во 72-та минута. Аргентинците поведоа со голот на Валентино Барко во осмата минута. А конечните 3:0 ги постави Тијаго Алмада во 86-та минута. Аргентина ќе се ...
Шкотска за прв пат по 28 години ќе биде дел од Светското првенство, а голманот Крег Гордон дочека на 43 години да му се исполни сонот. Гордон е дел од експедицијата на Шкотска на планетарниот собир и е убедливо најстариот фудбалер на овој турнир. Тој сега има шанса да испише и еден посебен подвиг. Доколку Гордон брани на еден од дуелите во групната фаза против Хаити, Мароко или Бразил, ќе стане вториот најстар фудбалер кој заиграл на едно СП, ...
Насер Ал Келаифи во повеќе наврати нагласи дека Луис Енрике е најдобрата одлука која ја донел за ПСЖ во својата етапа како мандатар на „светците“, заклучок кој уште еднаш го повтори во најновото интервју кое го направи во Катар. Првиот човек на старо-новиот европски шампион не може да биде посреќен што неговиот тим ја одбрани титулата во Лигата на шампиони, а како што вели самиот, смета дека производ на тоа е извонредната работа која ја ...
Поради исполнување на обврските кон португалските власти, секој клуб од оваа земја е должен да ги открива сите финансиски детали од операциите во јавноста, па така Бенфика како клуб прв ја соопшти веста за заминувањето на Жозе Мурињо. Пред да дојде официјалното соопштение на Реал Мадрид за кам-бекот на Жозе, Бенфика ја информираше јавноста дека „кралевите“ доставиле гаранција дека ќе ја исплатат откупната клаузула, која поради одложеното ...
САД, Мексико и Канада се домаќини на Светското првенство кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули и тоа со рекорден број на учеснички, 48 репрезентации. Ова значи повеќе натпревари, повеќе возбудувања и оној кој на крајот ќе ја подигне титулата ќе испише историја затоа што ова е нов форма со оглед на бројот на национални тимови кои ќе бидат дел од настанот. Суперкомпјутерот на Опта излезе со прогноза за тоа меѓу кои селекции треба да се бара ...
Џо Роган верува дека УФЦ треба сериозно да го преиспита начинот на кој ги наградува своите борци. Популарниот коментатор и водител на поткаст го критикуваше системот за бонуси за победа, во кој значителен дел од платата на борецот е поврзан со исходот од борбата. Според Роган, овој модел е неправеден бидејќи контроверзните одлуки на судиите или грешките можат да го чинат борецот голем дел од неговата плата. „Ако направам грешка како ...