Младиот фудбалер Зани Назифи кариерата ќе ја продолжи во странство, односно во дресот на Лапи од Косово. 21-годишниот фудбалер во пролетниот дел од минатата сезона настапуваше за Шкендија Арачиново и успеа со овој тим да избори историски влез во Прва лига, а во есенскиот дел на минатата сезона настапуваше за Шкупи. Назифи кој игра како крилен напаѓач кариера ја започна во прилепска Победа, потоа беше дел од Њу Старс и Шкендија Арачиново, ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино конечно го прекина молкот и го даде своето мислење околу интернационалниот судија од Сомалија, Омар Абдулкадир Артан кој што е делегиран да дели правда на претстојниот Мундијал но сепак, му беше забранет влез во САД, па тој се врати дома. Најдобриот африкански арбитар едноставно нема дозвола да влезе во САД, и тоа е конечно. Инфантино пак ја објасни целата ситуаиција дека истата не е во рацете на ФИФА. ...

По губењето на шампионската трка од Арсенал, раководството на Манчестер Сити е подготвено да исплати вистинско деветцифрено богатство со цел експресно да го засили својот среден ред. Како што ексклузивно пренесува најсигурниот новинарски извор во Велика Британија, Дејвид Орстин од „The Athletic“, на адреса на Нотингем Форест пристигнала огромна вербална понуда за услугите на Елиот Андерсон (23), која изнесува неверојатни 106 милиони фунти ...

Хрватското првенство заврши со неочекуван епилог на мајсторката во финалето на плејофот, каде Цибона како гостин славеше над фаворизираниот Задар. Тимот на нашиот репрезентативец Адем Мекиќ имаше можност да ја продолжи позитивната серија и да потврди нова титула на домашен терен, но Цибона вечерва ја стопи почетната негатива и на крајот победи со комотни 75:82. Мекиќ поминал 19 минути на теренот и не успеал да погоди во ниту еден од трите ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, го коментираше учеството на иранската репрезентација на Светското првенство. „Три теми постојано се појавуваат во последните неколку недели: Иран, билети, визи. Тие немаат никаква врска со фудбалот. Што се однесува до Иран, многу сум среќен. Во март отидов во Турција да го гледам иранскиот тим. Луѓето велеа дека ќе биде невозможно Иран да дојде. Им ветив дека ќе дојдат, дури и ако треба да возам автобус ...

Алваро Мората е еден од фудбалерите кои нема да бидат дел од претстојното светско првенство, односно играч кој го загуби местото во националниот тим на Шпанија и ќе може само да навива за „фуријата“. Мората последната сезона настапуваше во дресот на Комо, а комбинацијата на повреди и послаба форма го елиминираа од составот на Луис де ла Фуенте. Во последното подкаст гостување, напаѓачот искрено зборувал на интересни фудбалски теми, ...

Досегашниот член на тимот на Тиквеш, и некогашен македонски младински репрезентативец, Никола Најдовски е пред својот прв интернационален трансфер. Левиот бек, кој што во моментов има 22. години дефинитивно заминува од својот матичен клуб, и има опција да замине во странство. Спортпорт дознава, дека Најдовски има две опции на рапсолагање. Да замине во тимот на Лапи во соседството, или пак да премине во малку подалечна дестинација, а тоа е ...

Легендарниот француски тренер Арсен Венгер е убеден дека Дидие Дешан има доволно искуство за да го пронајде идеалниот баланс во нападот на француската репрезентација и да ги предводи „триколорите“ до титулата на Светското првенство во 2026 година. Поранешниот менаџер на Арсенал зборуваше за „Ле Фигаро“ за огромниот квалитет што Франција моментално го поседува во офанзивниот дел од тимот, но предупреди дека премногу напаѓачки ориентирани ...

Ракометниот клуб Младост од Богданци и во новата сезона ќе биде предводен од охридскиот стратег Горан Андоновски. Повратникот во македонската Супер лига официјално потврди дека соработката со искусниот тренер е продолжена, откако тој успешно ја реализираше мисијата за враќање на клубот во елитното друштво. Андоновски минатото лето пристигна во Богданци со јасна цел – Младост повторно да биде дел од најсилната ракометна конкуренција во ...

Џејми Варди се врати во родната Англија откако ја помина сезоната во Кремонезе, но јасно стави до знаење дека нема намера да се врати во Италија и вели дека преселбата во Серија А била „тешка борба, мачење, а преселбата во странство со семејство е навистина, навистина тешка“. Варди се приклучи на Кремонезе како слободен играч минатото лето, откако го заврши 13-годишен престој во својот омилен Лестер. Тој потоа постигна 7 гола и имаше три ...

Поранешниот претседател на ФИФА, Џозеф Балтер, одговори на забраната за влез во Соединетите Држави на сомалискиот судија Омар Артан да суди на натпреварите од турнирот. Тој кажа дека ова е апсурдна одлука, и порача во иднина Мундијалот да не се одржува во земја во која се одбиваат визи за учесниците. „Ова е неверојатно и апсурдно. Кога на една земја ѝ е доверено домаќинството на Светското првенство, постојат два свети и фундаментални ...

Англиските фанови се надеваат дека актуелната генерација конечно може да стигне до голем трофеј и очекува да биде во битка за титулата на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Од друга страна, Рој Кин како редовен стручен коментатор за англиските медиуми не е воодушевен од квалитетот на ростерот на Томас Тухел и не гледа како Англичаните би станале светски шампиони. – Англија има квалитетни фудбалери, сигурен сум дека лесно ќе ја ...

Грчката кошаркарска федерација донесе одлука со која сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, е суспендиран шест месеци од присуство на натпревари и кошаркарски објекти, а дополнително е казнет со 50.000 евра. Санкцијата е изречена поради серија инциденти и несоодветно однесување поврзано со неговите јавни настапи и реакции кон судењето и официјалните лица во грчката кошарка, особено по големиот инцидент на третиот натпревар од ...

Екипата на Панатинаикос го совлада Олимпијакос дури по две продолженија (93-86) во четвртиот натпревар од финалето на грчкото првенство, со што ја одведе серијата во петти решавачки натпревар. Избраниците на Ергин Атаман одиграа тежок меч против вечниот ривал и мораа добро да се испотат за триумфот, кој дојде по дополнително време од вкупно десет минути. На паузата меѓу двете полувремиња, ПАО имаше шест поени предност, а резултатот во ...

Киран МекКена, тренерот кој го предводеше Ипсвич Таун до враќање во Премиер лигата по пауза од 22 години, одлучи да ја напушти функцијата и да направи пауза во својата тренерска кариера. Според информациите од англиските медиуми, 38-годишниот стратег ја донел одлуката по интензивниот период и големиот успех со клубот, кој под негово водство обезбеди историска промоција во елитниот ранг на англискиот фудбал. МекКена во Ипсвич пристигна во ...

Поради исклучително лошо време, врнежи и грмотевици, пријателскиот меч помеѓу репрезентациите на Англија и Костарика кој што вечерва треба да се одигра во Орландо, САД, засега е одложен. Поточно, од англиската федерација јавија дека дуелот е одложен, не конечно, барем засега и дека ако временските услови дозволат, ќе започне во 23:00 часот. Ова секако треба да се последниот дуел за Англија пред утрешниот официјален старт на Мундијалот. An ...

Само еден ден пред почетокот на Светското првенство, ФИФА забрани репрезентацијата на Хаити да игра во дресовите кои ги имаше планирано и мора да направат редизајн, без никаква скриена политичка заднина. Оваа карипската нација има хоризонтално сино-црвено знаме, a на дресовите за СП има и дел каде што има развеано бело-црвено знаме. ФИФА го протолкува ова како политичка изјава според своите прописи. Дизајнот го одразува првото знаме што Хаити ...

Македонскиот репрезентативец, Андреј Митревски е на добар пат да стане член на актуелниот првак, МЗТ Скопје. Еден од најперспективните домашни кошаркари веќе е во преговори со тимот од Аеродром и има голема желба да го облече „сино-белиот“ дрес, дознава СПОРТСПОРТ. Според нашите информации, Митревски во моментов разгледува опции да замине во НЦАА-лигата, доколку не се случи да го направи овој чекор, во тој случај ќе стави потпис на договор ...

Масовниот четиридневен настан на ФИБА, Европската минибаскет конвенција и курс за тренери, заврши со огромен минабаскет хепенинг во неделата во Скопје. Конвенцијата, која е годишен настан организиран од ФИБА Европа во соработка со програмата „Кошарка за добро“ на Фондацијата ФИБА, по прв пат беше домаќин на Кошаркарската федерација на Македонија. На фестивалот учествуваа над 300 деца од 50 младински клубови, кои се натпреваруваа и учествуваа ...

На Евертон му е наредено да плати 35 милиони фунти (40 милиони евра) отштета на Барнли за кршење на Правилата за профитабилност и одржливост (PSR), а клубот од Гудисон Парк реагираше со негодување и најави жалба. Независен панел од Премиер лигата пресуди дека кршењето на финансиските правила од страна на Евертон во сезоната 2021/22 придонело за испаѓањето на Барнли од лигата. Клубот издаде соопштение во среда попладне во кое јасно ја наведува ...

Непријатни сцени ја одбележаа атмосферата во пресрет на Светското првенство, откако дел од мексиканските навивачи упатиле навреди кон капитенот на Јужна Кореја, Хеунг Мин Сон. Според информациите, навредите биле насочени кон корејскиот лидер за време на јавен тренинг и појавување пред медиумите, при што дел од навивачите го исвиркувале и упатувале провокации на негова сметка. И покрај непријатната ситуација, Сон не реагирал на провокациите и ...

Големата италијанска оперска звезда, и еден од најголемите во својата бранша, Андреа Бочели, ќе биде дел од церемонијата на отворањето на претстојниот Мундијал во САД, Мекиско и Канада, кој што започнува утре со премиерниот дуел Мексико и Јужна Африка. Покрај Бочели на отворањето ќе се појават и Дејвид Гета, светски познатиот ди џеј кој што патем летово ќе гостува и во Скопје, потоа EJAE, ултра популарната пејачка од корејско потекло како и ...

За пет години колку што настапуваше во Леванте во шпанската Ла Лига, Енис Барди остави неизбришлива трага. Македонскиот интернационалец постигна многу убави голови, бележеше одлични настапи во Шпанија. Енис Барди се најде во осамено друштво со легендарниот Лионел Меси. Двајцата се единствени кои од 2015 година па наваму постигнале најмалку пет голови од слободни удари во најдобрите пет првенства во Европа. На Енис Барди тоа му успеа во ...

Силен дожд го поплави теренот на стадионот во Орландо и во моментов неизвесно е дали средбата воопшто ќе се игра. Мечот требаше да почне во 22 часот, но невремето ги поремети плановите, и според најновите информации, нема да почне пред 23. За Англија ова треба да биде генерална проба пред СП, а на потешкиот начин се запознаа и со потенцијалните проблеми и опасности кои ги носат играњето во Флорида во овој период од годината. Освен дожд и ...

Омар Артан, судијата од Сомалија кој деновиве стана светска вест откако беше запрен на аеродромот во Мајами, добил забрана за влез во САД поради сомнежи за врски со членови на терористичка организација. Така тврдат американските власти, кои првпат ја објаснија причината за инцидентот што предизвика реакции и во фудбалската јавност и во Сомалија. Артан во понеделникот бил задржан на аеродромот во Мајами и покрај тоа што поседувал дипломатски ...

Македонија и оваа година ќе има свој претставник во Лигата на шампионите на ЦЕВ. Новиот одбојкарски шампион на Македонија во машка конкуренција, Штип УГД, денеска и официјално донесе одлука да го пријави своето учество во најсилното европско натпреварување. Овој потег на управата на штипјани само потврдува дека градот и клупското раководство сериозно ја сфатија задачаа за продолжување на патот на овој колектив, кој по историската домашна ...

Словенечкиот тренер со македонско потекло Оливер Богатинов, е назначен за нов тренер на Тиквеш. Кавадаречкиот клуб му ја довери довербата на Богатинов, кому ова му е прв предизвик во македонски клуб. Роден во Јесенице во 1978 година, последен клуб му бил Горица, а претходно ги водеше Копер, Радомље, Алуминиј, Мура и Изола. Исто и играчката кариера ја мина во Словенија, а настапуваше и за младинските селекции на оваа земја. Во 2020 година беше ...

Партизан го одбрани домашниот терен против Дубаи и со победа од 84-70 се избори за четврти меч во финалето на АБА лигата. И тој четврти дуел ќе се игра во Белград, и тоа задутре, а евентуалната мајсторка би се играла во вторник на 16-ти јуни во Дубаи. Црно-белите после двата порази на гостински терен, покажаа друго лице пред речиси 12.000 свои фанови и веднаш уште во првата четвтина покажаа решеност да триумфираат. На крај, кога и Дубаи да ...

Аргентинецот Маркос Сенеси е првото летно засилување за премиерлигашот Тотенхем, јави лондонскиот клуб. Стоперот пристигнува од редовите на Борнмут, каде со голем успех настапуваше изминатите четири години. Во Тотенхем ќе го носи дресот со бројот пет. Договорот е веќе потпишан, а играчот ќе му се приклучи на новиот клуб на први јули. Сенеси ја започна кариерата во Сан Лоренцо, а потоа настапуваше и за холандскиот Феенорд. Во дресот на ...

Партизан на трогателен начин му оддаде почит на прерано починатиот спортски коментатор Един Авдиќ пред почетокот на финалниот натпревар од АБА лигата против Дубаи. Во белградската арена владееше емотивна атмосфера додека „црно-белите“ се потсетуваа на човекот кој со години беше препознатлив глас на регионалната кошарка и уживаше голем респект меѓу навивачите, играчите и спортската јавност. На покана на клубот, на натпреварот присуствуваа ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
0.31
67%
1016
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
0.45
84%
1017
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
0.6
84%
1018
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.0
94%
1017
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.99
84%
1016
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
0.28
92%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
0.45
58%
1014
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.6
56%
1015
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.93
61%
1016
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
1.34
76%
1014
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.34
81%
1016
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 21ᴼ
1.92
59%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.1136

Currency

71.3281

Currency

37.6014

Currency

38.01

Currency

66.9133

Currency

7.86505

Currency

0.73363

Currency

0.3316

Currency

0.52522

Currency

1.14871

Currency

0.56123

Платина

57324.78

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Бакар

13.10

Паладиум

42535.44

Сребро

2269.46

Злато

139690.59

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Алуминиум

3.46