Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Четириесет и едногодишниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо е најплатениот фудбалер кој учествува на Светското првенство 2026, објави „Форбс“. Годишниот приход на напаѓачот на португалската репрезентација (јуни 2025 – јуни 2026) изнесуваше 300 милиони долари, од кои 235 милиони долари дојдоа од плата на теренот и бонуси, а 65 милиони долари од заработка надвор од теренот. Второто место му припаѓа на 38-годишниот Аргентинец Лионел Меси, ...
Двата меча од групата „А“ на Светското првенство, како и натпревари од Финска и Шведска, се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози е 46.3, додека поединечно квотите се движат помеѓу 2.00 и 2.45. Квотата од 2.10 за дуелот на Тампере и ОЛС ќе биде добитна само ако домашниот состав не загуби, но и ако нема повеќе од еден гол во првото полувреме. Голови се очекуваат на дуелот помеѓу Хелсинборг и ...
Англиските репрезентативци ја победија Костарика со 3-0 (1-0) на „генералката“ пред Светското првенство. Натпреварот го одбележа новиот ас на Барселона, Ентони Гордон, кој постигна гол од пенал и му асистираше на Деклан Рајс за уште еден поигодок, додека Оли Воткинс беше автор на третиот гол. Томас Тухел го постави на теренот она што многумина веруваат дека ќе биде почетниот состав на почетокот на турнирот - Пикфорд, Џејмс, Конса, Стоунс, ...
Иранската фудбалска федерација предупреди дека може да ги прекине натпреварите на Светското првенство, доколку на стадионите се слушаат политички пораки, пароли или навреди насочени кон тимот. Според изјави пренесени од иранските медиуми, од Фудбалската федерација на Иран (FFIRI) е испратено предупредување до ФИФА дека тимот нема да продолжи со игра ако на трибините се појават политички слогани или симболи кои се сметаат за провокација. ...
Кошаркарите на Њујорк Никс издвојуваа драматична победа над Сан Антонио Спарс од 107:106 во четвртиот меч од финалната серија во НБА лигата. Домаќините беа комплетно надиграни во првиот дел, на стартот на второто полувреме губеа и со 29 разлика (52:81), но од тука тргна неверојатниот кам-бек за кој ќе се зборува со години особено ако Никси го освојат трофејот во најсилната кошаркарска лига на светот што ќе биде нивен прв по 1973 година, ...
Португалија во Леирија ја пречека и ја совлада Нигерија со 2:1 во последната проверка пред почетокот на Светското првенство. Домашната селекција поведе во 23-тата минута со голот на Педро Нето. Во 37-мата минута Акор Адамс погоди за Нигерија и израмни на 1:1, а победата за Португалците ја обезбеди Франциско Консеисао со гол во 75-тата минута. По натпреварот, во Португалија најмногу се зборува за неверојатните промашувања на Кристијано ...
Македонската тениска репрезентација денес го игра вториот дуел од Третата Европска група од Дејвис Купот. По вчерашниот несреќен пораз од Молдавија 1-2, противник сега ни е Косово. Ова е репрезентација која е една од најмладите во ова натпреварување и почна да се натпреварува од 2016 година и првата победа ја постигнаа во 2019 година во четиринаесеттиот меч. Во меѓусебните мечеви Македонија има две победи против Косово во двата дуела во 2021 ...
Вечервашниот натпревар (21.00 часот по средноевропско време) помеѓу домаќинот Мексико и Јужна Африка го отвора 23-то Светско првенство во фудбал. Во следните пет недели (39 дена), нè очекуваат рекордени 104-ти натпревари. Финалето ќе се одигра на 19 јули во Њу Џерси кога ќе добиеме нов светски шампион. Дали Лионел Меси и неговите „гаучоси“ ќе ја одбранат титулата освоена пред четири години во Катар? Или Кристијано Роналдо конечно ќе се ...
Со натпреварот Мексико – Јужна Африка вечер (21 часот) ќе почне Светското првенство во фудбал 2026 година. За прв пат во историјата на турнирот, натпреварите ќе се одржат во три земји: САД, Канада и Мексико. Мундијалот ќе се игра во 16 градови (11 во САД, три во Мексико и два во Канада). Градови домаќини на Светското првенство во фудбал 2026: САД: Њујорк, Далас, Лос Анџелес, Атланта, Сан Франциско, Сиетл, Филаделфија, Хјустон, Мајами, Бостон, ...
Кошаркарите на Њујорк никс се на само победа до освојување на титулата во НБА лигата откако поведоа со 3-1 во финалната серија против Сан Антонио спурс. Никс во Медисон сквер гарден синоќа славеа во трилер меч со 107-106. Уште поголема е победата бидејќи гостинот во еден период од мечот, на стартот на третиот период имаше и предност од 52-81. Сепак до крајот избраниците на Мајк Браун одиграа неверојатно и стигнаа до триумф од 107-106 за ...
Њујорк направи историски камбек и се најде на чекор до првата шампионска титула од 1973 година. Во четвртиот натпревар од финалето на НБА славеше против Сан Антонио Спарс со 107:106, откако заостануваа со дури 29 поени. Никс сега водат со 3-1 во серијата „најдобар од четири“. Никс беа предводени од Ануноби, кој постигна тројка на 1,2 секунди до крајот за да го комплетира камбекот што изгледаше невозможно. Спарс водеа со 27 поени на ...
Со натпреварот Мексико – Јужна Африка вечер (21 часот) ќе почне Светското првенство во фудбал 2026 година. За првпат во историјата на турнирот, натпреварите ќе се одржат во три земји: САД, Канада и Мексико. Мундијалот ќе се игра во 16 градови (11 во САД, три во Мексико и два во Канада). Градови домаќини на Светското првенство во фудбал 2026: САД: Њујорк, Далас, Лос Анџелес, Атланта, Сан Франциско, Сиетл, Филаделфија, Хјустон, Мајами, Бостон, ...
Поранешниот селектор на Жалгирис и репрезентацијата на СССР, Владас Гарастас, почина на 94-годишна возраст, соопшти литванскиот клуб. – Во име на целата организација, изразуваме најдлабоко сочувство до семејството, пријателите и најблиските на тренерот“, се вели во соопштението на клубот. Гарастас го тренираше Жалгирис од 1979 до 1989 година, водејќи го тимот до три шампионски титули на СССР. Во 1986 година, под негово водство, клубот го ...
Светскотo првенство во фудбал започнува денеска и ќе трае до 19 јули, завршувајќи со финалниот дуел во Њујорк, ќе видиме дури 104 натпревари. Никогаш повеќе репрезентации, никогаш повеќе натпревари. Светското првенство ќе се игра на 16 стадиони во три земји – САД, Канада и Мексико, а 1.248 играчи се наоѓаат на списоците на 48 репрезентации учесници. Титулата освоена пред четири години во Катар ја брани аргентинската репрезентација, додека ...
Светската автомобилистичка федерација (ФИА) ќе ги разгледа аргументите на Алпин во врска со казните на трката во Монако одржана во неделата. ФИА го прифати барањето на тимот Алпин за преиспитување на казните на Пјер Гасли на Големата награда на Монако. Гасли заврши трет, но падна на седмото место поради две казни за пребрзо возење во боксот. ФИА ќе го разгледа случајот утре (11 јуни). Состанокот ќе се одржи виртуелно и ќе биде поделен на два ...
Македонската ракометна репрезентација ги доби ривалите во групата за Светското првенство што од 13 до 31.јануари 2027 година ќе се одржи во Германија. Противници во групата Х што ќе се игра во Магдебург се: Исланд, Бахреин (шампион на Азија) и Јапонија (четвртопласирана на последниот шампионат на Азија). РАСПОРЕД НА ГРУПИТЕ: А група (Минхен): Германија, Србија, Тунис, Уругвај. Б група (Штутгарт): Египет, Италија, Република Зелен РТ, Саудиска ...
Маркус Рашфорд имаше добра сезона во дресот на Барселона, но по се изгледа недоволна за да шпанскиот клуб го откупи неговиот договор од Манчестер Јунајтед под договорените услови. Каталонците требаа да платат околу 30 милиони евра до 15 јуни за да го ангажираат напаѓачот, меѓутоа тоа нема да се случи иако наводно Барса не се откажува целосно од англискиот интернационалец, ама ако премиерлигашот прифати да се разговара за нов договор, услови. ...
Македонскиот фудбалски прволигаш Тиквеш реши клучно прашање и доби нов тренер, стратег со македонски години кој долги години работи во Словенија. Се работи за 47-годишниот Оливер Богатинов кој низ целата своја играчка и сега тренерска кариера работи, функционира во словенечки клубови. Последниот ангажман му бил во Горица, претходно ги водел Копер, Радомље, Алуминиј, Мура и Изола. -Ова не е одлука донесена за краткорочен успех, туку чекор кој ...
Инцидентот се случи за време на првата четвртина во „Медисон Сквер Гарден“, кога францускиот центар од зад грб го турна капитенот на Никс и го собори на подот, додека судиите останаа неми Шефот на судиите во НБА, Монти МекКачин, се појави на ESPN и призна дека одлуката била погрешна. „Пропуштен е прекршок на Виктор Вембанјама врз Џејлен Брансон“, рече МекКачин, потврдувајќи дека лигата сè уште разгледува дали ситуацијата последователно ќе ...
Лесно може да се случи по пауза од три години Ќатип Османи да се врати во Шкендија, и тоа повторно како шеф на струката, како тренер на тимот со кој освои дури три шампионски пехари во ПМФЛ. Како што дознаваме, покрај Благоја Милевски и Арсим Тачи, и Османи кој важи за еден од нашите најдобри и најтрофејни тренери е во игра за клупата на Шкендија. Да потсетиме дека популарниот Ќато со Шкендија беше шампион во 2011, потоа и во 2018 и 2019, а ...
Раководството на Портланд Треил Блејзерс покажува сериозен интерес за тренерот на Париз Баскет, Јулиус Томас, кој сезонава се наметна како едно од најинтересните млади тренерски имиња во европската кошарка. Томас го презеде кормилото на францускиот клуб во март годинава и со само 28 години стана најмладиот главен тренер во историјата на Евролигата. Претходно работеше како помошник во стручниот штаб на Париз и беше дел од проектот кој му ...
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, потврди дека Лионел Меси ќе игра на последниот пријателски натпревар пред настапот на Светското првенство 2026 против Исланд. – Меси ќе игра, само не знам колку минути. Сè уште треба да разговарам со него на денешниот тренинг, па ќе видиме колку минути ќе игра за да избегнеме какви било ризици. Ќе одлучиме, но во принцип, тој ќе игра, изјави Скалони за „ESPN“. Меси беше на клупата, но не играше на ...
Иако Светското првенство во фудбал официјално стартува утре, временските неприлики веќе почнаа да создаваат проблеми за учесниците на турнирот. Генералната проба на англиската репрезентација пред почетокот на шампионатот беше нарушена поради силно невреме во Орландо. Англија и Костарика требаше да одиграат контролен натпревар во Орландо со почеток во 22 часот по средноевропско време. Сепак, поради обилни врнежи, силен ветер и грмежи во ...
Идејата да се ангажира скап и докажан странски тактичар со цел да се нападне светскиот трон е редовна пракса во модерниот фудбал. Големи фудбалски нации низ годините верувале во знаењето на елитни странски стручњаци на својата клупа за да стигнат до самиот врв. Сепак, историјата на Светските првенства крие едно сурово и фасцинантно правило кое остана стопроцентно точно низ сите досегашни 22 турнири – ниту една репрезентација никогаш не ...
Управата на Манчестер Сити испратила официјална понуда до Нотингем Форест за трансфер на Елиот Андерсон, вредна дури 120 милиони фунти! Првичната понуда изнесува 106 милиони фунти, плус дополнителни 15 милиони кои би се „активирале“ низ одредени бонуси и клаузули. Сега на потег се „шумарите“, кои треба да одлучат дали ќе го продадат големиот талент во ривал од Премиер лигата, но јасно е дека интересот на „граѓаните“ нема да запре тука. Сити ...
Светското првенство нема да биде само пресметка на најдобрите репрезентации во светот, туку и сцена на која ќе се испишуваат интересни семејни приказни. Неколку братски двојки ќе настапат на турнирот. Има четири братски тандеми кои настапуваат за исти репрезентации. Франција ќе ги има Лукас и Тео Хернандез, Холандија ги има Јуриен и Квинтен Тимбер, но бекот на Арсенал отпадна поради повреда. Освен нив, Зеленортските Острови ги има Ларос и ...
Португалската репрезентација ја доби „генералната проба“ пред Светското првенство, победувајќи ја Нигерија во Леирија со 2-1 (1-1). Дуелот започна со одлична шанса од Кристијано Роналдо, кој имаше ситуација „еден на еден“ со нигерискиот голман, но шутираше покрај голот. Португалците поведоа во 23. минута од натпреварот, кога Диого Далот врати до Нето, кој шутираше резантно и ја погоди мрежата. Во 37. минута, Нигерија го израмни резултатот, ...
САД, Мексико и Канада ќе бидат домаќини на 23-то Светско првенство од 11 јуни до 19 јули. Турнирот ќе се одржи во 16 градови, во овие три земји, 78 натпревари ќе се играат во САД, додека 13 ќе бидат во Канада и Мексико. Фудбалските фанови го следат секој детаљ од Светското првенство, а рекордите се нешто за кое многу се зборува, ви ги презентираме најважните. Најубедливите победи Во историјата на светските првенства имало три натпревари со ...
На 13 јуни во спортскиот центар „Тими“ во Струга ќе се одржи семинарот за стекнување на тренерска лиценца за натпреварувачка 2026/2027 сезона. Семинарот ќе се одржи на 13 јуни, а ракометните тренери кои ќе ја обновуваат тренерската лиценца ќе треба да пристигнат до 10 часот. Според програмата од 10 до 10:30 часот воведен збор ќе има Претседателот на Здружението на ракометни тренери на Македонија, проф. д-р Гино Стрезовски. Од 10:30 до 11:30 ...
Икер Касилјас се појавил пред португалскиот суд на почетокот на судскиот процес во кој бара отштета од Порто за здравствените проблеми кои му се случија како член на овој клуб и порад кој подоцна ја заврши кариерата. Шпанскиот голман доживеа срцев удар и сега бара мулти-милионска отштета од Порто, затоа што смета дека причина за срцевиот удар биле преинтензивните тренинзи и подготовки на првиот тим. Од изјавите пред судот станало јасно дека ...